Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Намалена самодоверба поради килажата

Дискусија во 'Сингл' започната од Dragana96, 27 април 2012.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.591
    Пол:
    Машки
    Vo moeto drustvo od 5 dushi, 3ca sakaat slabi so tesen struk zenski, jas sakam pogabaritni haha
     
  2. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    4.050
    Пол:
    Женски
    ехх ништо не знат со коски само кучињата си играат:D
    шала на страна, индивидуално е
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    19.591
    Пол:
    Машки

    Mene merna edinica mi se racete :D(malku glupi shali)
     
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.564
    Пол:
    Женски
    Иначе, на самодовербата ако е вистинска, и базирана на она што има да понуди личноста и покрај тоа, нема да влијае до толку. Поготово ако се до +/-5кг во прашање.
    Ако е базирана само на физички изглед ќе има огромна.
    Е сеа ако нема ништо од ова, тоа е веќе поозбилен проблем/за личноста. И џабе колку и да се замаскирани позади "самодоверба", кога вриштат комплекси и несигурности.

    Како и да е, лично за мене, имам и пишано, секад сум била +/- 5 кг, евентуално се дешавало и до - 10, и иако не ми влијаело претерано, сепак најдобро се чувствувам кога сум таман на килажа како сега.
     
    Последна измена: 17 август 2024
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    13.263
    Пол:
    Женски
    Е точно тоа дека поради вишок килажа се намалува самодовербата, нејќам да лажам. Барем за себе си кажувам, од искуство.
    Не зборам другите што би рекле, дали би коментирале, маани дали би ми наоѓале, или на дечковци дека не сум им била привлечна, мене првенствено не ми било добро во својата кожа.

    Како прво не е здраво, факт е, нема што да негираме тука, ако за инат збориме, тогаш може, инаку не.
    И тежи бе, дајте не заебавајте со 10, 20, 30 да не зборам и поише вишок како може лесно да ти е, да се осеќаш добро и нормално да функционираш? Не може и точка. Вас можеби ви се причинува дека се си е во ред, но не е. Мора да го прифатите тоа.

    Е сеа, сите се неаме задебелено од исти причини, кои можеби некој ќе ги оцени како оправдани, друг како неоправдани. Која и да била причината, гадно и одвратно е да му се суди на човек. Си покажува тоа лице колку е дно дна во секој поглед.

    Има личности кои и кило или две одма им влијаат негативно, се фрустрираат, се бедираат ко којзнае што да се десило, а ниту реално се дебели ниту имаат сериозен проблем со тежината. Тука веќе подлабок психолошки проблем е во прашање.
    Да не го занемаруваме и фактот какво влијание има светов во кој живееме, кај што нели ни се презентира секојдневно дека треба да бидеме „совршени„ и „перфектни“. Многу ни влијае, да не се лажеме, сакале признале сакале не, вистина е и мораме да сме многу јаки карактерно па да не дозволиме толку сето ова да ни се одразува во животот ама ретко кој останува имун и не го тангира. Вистинска борба со самиот себе си внатрешно си водиш, барем јас еве.

    За тоа дали некој ќе ве сака вакви или онакви, преференци си се тоа и нема што да се лутиме тука.
    Не може привлечни на сите да сме им, според мене мислам дека и не треба и подобро е што е така.
    Добро кажаа погоре, ако некој те сака, ќе те сака и прифати онаков каков што си, ама проблемот е ти да се прифатиш со сите твои маани и несовршености што ги поседуваш, а овој момент е потешкиот дел.
    Штом тоа си го постигнал тоа, на прав пат си. Зборам најискрено да си се прифатиш без самосебезалажување и лажна самодоверба која ти е на некој начин одбранбен механизам.

    Нормална здрава тежина, доколку малку повеќе се потруди, секој би можел да има. Така што не би требало да тежнееме кон тоа да изгледаме „совршено“ туку најпрво здраво пред се.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.564
    Пол:
    Женски
  7. Cindy.A99

    Cindy.A99 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Ослободи се од мислата дека поради вишок килограми не си во врска и живеј неоптоварена од килограмите ќе дојде и некој шо ќе те сака таква каква шо си. А за тие што ти рекле дека поради тежината не се врска со тебе не вреди да се коментираат само ќе кажам тие не се сакаат ни сами себе, ни па знаат да сакаат. И немој да мислиш дека сите шо се слаби се заљубени и имаат поголем избор и дека не добиле вакви коментари од креатури како горе споменатите двајца во животот.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Само од еден параграф можам да видам дека дебелината не е причината зошто си сингл, туку горчината што ја чувствуваш спрема други девојки. Не е убаво така што збориш. Фокусирај се на своите квалитети. 95% од мажите да сакаат послаби девојки, тоа е океј, затоа што само еден е доволен од тие 5% да се заљуби во тебе. На него ќе си му најубава.

    Дефинитивно намали со горчината, љубомората и лошо зборење спрема други девојки. Одма се чувствува лоша енергија.
     
    На Just.do.it, pravnicka_2604, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    23.059
    Пол:
    Женски
    Тие мажи се тешки идиоти, и после се лутат зошто женските ги сакале само за пари. Па батенца, освен пари, нема шо друго да понудете.

    Ти имаш среќа шо те заобиколуваат такви. Голема среќа. Има и паметни мажи, ќе најдеш некој, не се сомневам.
     
  10. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    1.564
    Со истиот проблем се соочуваат двата пола и многу ретко се случува некој да сака да биде со личност која има прекумерна тежина. Дека влијание на самодовербата на личноста во тоа нема никаков сомнеж.
     
  11. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    3.880
    Пол:
    Машки
    Дечки ич да не се замарате, бидите си тоа шо сте си, ако веќе вас ви пречи сменете се ако му пречи на друг да се менувате нека си го фаќа патот. Можете да вежбате да си внимавате на исхрана ако веќе сте решиле. Секогаш ќе се најде некој кој во вашите очи ќе го види рајот, до тогаш бидете си свои и бидете среќни и исполнети!
     
    На INNERBEAUTY и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Дебелината е болест и тука не станува збор за 5кг +/-. Не очекувам од луѓе кои не се грижат и покажуваат одговорност кон себе, да се грижат за друг.
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    4.050
    Пол:
    Женски
    многу луѓе се дебели пради здравствени проблеми не од јадење, како мислиш не се грижат, едноставно неможат да ослабат а јадат три пати помалце од некој слаб со брз метаболизам.
     
  14. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Е баш не се многу, туку малцинство од дебелите.
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    А, ако дебелината е болест, зошто треба да е третирана поразлично од било која друга болест, во смисла, обично кога некој е болен не го кривиме што е болен?

    Мислам дека не може некој да има голем број на вишок кг само затоа што го мрзи да се грижи на себе, секогаш е некој психички проблем во позадина, пример нагон за самоуништување, емотивно прејадување или нарушување во исхрана за кои да, секој треба да си превземе одговорност и да работи на регулирање на емоциите кои ги предизвикуваат тие работи, но тоа се комплексни проблеми кои бараат стрпливост и нежност. Не значи автоматски дека тоа прави некој да е лош партнер.
     
    На Angie1432 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    4.050
    Пол:
    Женски
    тогаш слабите шо имат црево скинато се грижат многу за себе ?
     
  17. Trexane

    Trexane Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Дебелината е болест над одредени граници со мултифакториелна позадина. "Бавен метаболизам" да, ама гените не се судбина. И нема оправдување во голем дел од ситуациите. Јас не ги кривам тие што активно работат на себе.
     
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.564
    Пол:
    Женски
    Точно, може да се менуваме само на подобро, не и полошо. Кој не е спремен за тоа, да си го фаќа патот. :)
     
  19. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    3.880
    Пол:
    Машки
    Не разбирам коа е целта на репликата ама ок
     
    На INNERBEAUTY и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Не се замарајте, на никој до толку не му е битно како изгледате, него всушност какви сте во карактер, јас прво гледам да е човек ведар, со насмевка на лицето, да е добар, а не како изгледа физички мене тоа не ми смета.