Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.879
    Несакам некој да се навреди од темава, ја поставив во психологија за да дискутираме малку продлабочено. Што мислите за оние дебели луѓе кои за себе велат дека не им е проблем дебелината, дека немаат комплекс од тоа? Јас мислам дека не постои човек што му е убаво затоа што е дебел!

    Велат дека не им е проблем, само колку изговор да не престанат да јадат...

    Дали дебелите се навистина среќни, дали си ствараат маска за околината? Колку е ова лицемерно? :^)
     
    На cipoihipo, Boomgirl и ELLen им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    40.720
    јас би кажала ова им е утеха на поголемиот процент :tmi: ајде ќе си се тешиме, сало ми фрчи од спојлер, месоини, бутоини, супер сум јас бе нишо не ми е ќе јадам чоколади слаткиши! (супер си мала, ти само спушти се долеееее :D мала шала) .... па некои уште и се облакаат у некои облеки што дефинитивно не се за нив!леле кога ќе видам значи ми се темни :puke: имаш ли огледало дома, види се на што личиш! пред некој месец видов една, девојчево може имаше 100кила ставила панталони со низок струк, рецката од газот и се глеаше да ми простите, тоа тесни тесниии пукаат на неа, мислиш кој знае што облини има да покаже....и врв беше тесната маичка месо боја со гол стомак, и гумата за спасување од страните! значи јас немам ништо против дебели луѓе, но да, невкусно личи со 100 кила да се облакаш ти со нешто што не те личи... а секој може да ослабе ако сака, само воља на карактер е! јас во последно време варирам со вишок, поготово на одмор од 57 на 64 за 1 месец рипнав, кажав пијам апчиња и пак сум сега 57 што за висината ми е ок! немав воља искрено да се замарам да слабеам да гладувам, не можев, ама ако апчињата не ми го утепаа апетитот, и не делуваа, е тогаш богами ке потев газе и ќе гладував!!! а да сум 80-90 (што никогаш не би си дозволила свесно да се здебелам толку. ок, во бременост или при болест е друго) е тек тогаш???? :^: :pizza: :d: - ќе се збогувам за сва времена со ова
     
    На bibiiii и Mia.MGK им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.189
    Допаѓања:
    40.720
    и само нешто да ви кажам, се облакаат разголени, со гол мев, и тесно, зашто мислат дека се послаби така и поубаво изгледаат, и јас така правев :$ кога бев подебела и мала се додека мајка ми не ме истепа убаво и не ми ги искина сите кратки маички по дома :lol: а, дали се среќни, не верувам, не верувам дека некој човек се сака себеси со сало целулит итн...ама самите се криви, никој не им е крив,кога јадат неконтролирано,,, само уште ова-

    женава се обидува да влезе во гинис, како најдебела жена на светот, бидејќи треба да јаде мноооогу, а тоа чини многу пари, има онлајн страна каде луѓе и плаќаат по 2-3 долари, да јаде и да ја гледаат онлајн„ :puke: и ајде сега кажете ми дека ова не е очајно! гарант предходно имала 100кила не се сакала себе си, па решила да се праи најдебелата жена на планетета и да влезе во гинис зашто?- гарант за да си се теши себеси дека успеала да постигне нешто во животот!!! а тоа дека има маж и деца не ја интересира, дека ако се напраи како шатор може и да умре па мали деца да остави сирачиња!! јас ова го гледам како очај и депресија, комплекс и немоќност да се справи со дебелината!

    п.с не би сакала да го држам рекордот во гинис како најголемата вреќа со сало! би се срамела искрено
     

    Прикачени фајлови:

    • stoka.png
      stoka.png
      Големина на фајлот:
      288,8 KB
      Прегледи:
      4.269
    На SaraTrajkovska и eleni23 им се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.255
    ^^ Ебате слонот, ебате.

    Да се надоврзам на темата- не верувам дека се среќни, дури можам да кажам дека се и злобни, се прават фини со сите и демек не се срамат од тежината, а всушност ги мразат сите што се слаби.
    И место да преземат нешто, тие посегаат по најлесното ама смртоносно оружје- голем сендвич со екстра кечап и мајонез- и се разбира не со шунка, ами со врат.

    Имам многу да зборувам на темава, ама сега немам концентрација.

    Без навреда за оние кои се дебели, нашите мислења сфатете ги како една шлаканица, како еден студен туш кој ќе ве освести да се фатите за справа, место за калорична храна.
     
    На Anacid, Lotus-14, ColoursOfTheRainbow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    според мене се е ствар до психата на човек,мозеш и да си дебел,а да се осекаш добро во својата кожа со својот изглед,а може и да изгледаш супер да имаш идеална тежина а пак да си полна со комплекси,дека си дебела дека имаш спојлери,сало на стомак или стрии.јас лично сум гледала такви примери во моја околина,девојче слабо слабо,а си утивило во глава дека имало сало и треба да гладува и и велев девојче кај го глеаш салото кога го нема,-е како нема-вели-и ке си ја стисне кожата на стомак-ало и викам шо сакаш ти.и кожата да ја немаш?и ко заврши еден ден у болница од изгладнување,свати дека не треба така. :?:
    така да мој став е дека не мора да значи ако е некоја дебела а вели дека е задоволна со себеси и своето тело,дека мора тоа да е лицемерно,или маска за пред другите,можеби дебелото девојче навистина се осека задоволно со себеси и својот изглед,зарем треба сите да бидеме исти,делкани као по калап,90-60-90,високи и што знам што.јас мислам не(а и неможе нели)треба да не има разни.е сега ако веке се минат границите и почиња дебелината да ти шкоди на здравјето,тогаш навистина треба да се преземат мерки за слабеење.
    јас лично не сум дебела,цел живот бев слаба,е сега последнава година се поправив и сега сум крупна,али далеку сум од дебела.јас со моето тело сум задоволна е сега би сакала малце да ослабнам,ама искрено не ми се гладува пошо сум си гурман и стрвна :D е ме нервира сестрами секое видување-зашо не ослабиш,си се здебелила,нели ти смета дрн дрн..и викам јас за себе сум си арна,а тебе ако ти смета не ме гледај :D се шегувам,ама навистина ако некој нема иделана тежина не значи дека неминовно има и комплекс поради тоа ;)
     
    На maryjej, zellenko, myst и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    Тешки глупости.
    Ја подржувам Сесилија.
    Јас ја мразам дебелината воопшто,тоа ми е знак на неодговорност спрема своето тело и здравје...А за тоа какви модни утки прават,тоа не е за коментар..
    Ако зборуваме за девојки,девојките и жените ги личи да бидат слаби,згодни,секси..Затоа што ако е дебела,губи од својата женственост и не може да ја покаже истата доколку би била слаба.
    Немам ништо против дебелите луѓе,напротив..Познавам многу такви,еден дури и премногу добро...
    Но да не се лажеме.
    Точно е дека карактерот задржува,но изгледот е пред него.И тој вели привлекува.
    Не звучи убаво,но тоа е мое мислење.
    Ништо лично. :wasntme:
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    mysterious,ova "teski gluposti"ti se odnesuva na postavenata tema ili na mojot post nemozev da te svatam izvini :?: :)
    deka slaba zena izgleda poubavo od debela zena toa sekako,nema sporedba,megutoa tuka ne diskutirame dali slabite ili debelite izgledaat poubavo,tuku dali debelinata neminovno nosi i kompleksi so sebe ili mozat da bidat debelite luge zadovolni od svojot izgled.jas mislam deka izgledot sekogas ne e neminovno povrzan so toa kako se custvuvame psihicki i kolku sme zadovolni od sebesi.
    a sto se odnesuva do oblekuvanjeto moj stav e deka treba da se vnimava i covek da se oblekuva spored toa kako izgleda,na debel covek navistina ne mu stoi maica so golo stomace primer ne ide.ne treba sekogas slepo da se sledi modata,tuku da se odbira ona sto ni odgovara na teloto.
    a sto se odnesuva do toa deka debelinata e posledica na negriza,ne e sekogas taka,ima luge sto genetski se skloni kon debeleenje i kolku da vnimavaat i da gladuvaat i da vezbaat pak se debeli,so se veli-i vodata se faka za niv. :)
    [mod-kirilica:11am8a01][/mod-kirilica:11am8a01]
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    ^^Не,не,не за твојот пост.
    За тоа дека велат дека му е убаво ако се дебели.А инаку точно е тоа што кажа за генетски наследното,има и луѓе кои пиеле хормонски апчиња и се здебелиле..Ама само волја е потребно ништо друго...
    И не сакам да бидам погрешно сватена,навистина,немам никакви ни предрасуди ни дискриминација,ни ништо....
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.881
    Aј ке си кажам за мене :D кога се запознав со мажот ми имав 65кг што ми одговараше на висината 170,се мажив се држев некаде 65-70,останав бремена стигнав до 80 и тежината ми растеше,не се движев,не сакав сонце да видам,нејкев да станам од кревет,сите ми сметаа,плачев само :x голема мрзла бев,бев многу голема и несакам да кажам до која бројка стигнав пред порагање и плус бев потечена многу.се породив дојдов на 80,јадев здраво,вежбав мажот ми не работаше,супер ми беше.вака 4-5 месеци бев и пак си додјов на 70.почна на работа ме фати депресија цел ден сама дома,возачка немам,јазиков така-така,свекор свекрва разведени,немаме контакт со неа,роднини едвај идат на гости и се осекав некако изолирана од светов и нонстоп депресија и дома седи и сврти в фрижидер пак :puke: знам дека можеби не е изговор ова,имам справи дома,мотивација немам,керка ми ке заплаче ке ме изнервира и ке прекинам да вежбам :sweat: сега почнав во клас за танц,ако знаете ZUMBA видете на јутјуб и се надевам ке стигнам до саканата тежина,зашо ова ме прави депресивна и се осекам како ми тежи се салото,само се кријам во алишта црно носам само,и не ми е убаво да сум буцкапосакајте ми срека да си стигнам до саканата тежина :*
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.540
    Јас мислам дека секој што вели дека и е убаво што е дебела тоа го вели само за да си ги прекријат комплексите. Секоја ама баш секоја жена посакува витко тело. Никогаш не би си дозволила да имам вишок килограми многу внимавам на исхраната и никој не може да ме убеди еј јас сум на диета и неможам да ослабам да има такви случаеви но во тој случај во прашање е хормонално пореметување. Дебелите луге се робови на храната. Со добра диета и со вежбање најлесно се симнуваат килограмите но и најважно е потоа одкако ке ги симнеш да знаеш да ги одржиш. Се што се сака се може само е потребна упорност. Позззз
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Потполно се согласувам со сите постови погоре. Нема шанси да им биде убаво, како прво едвај се движат, не можат нормално да ги извршуваат секојдневните обврски, брзо се заморуваат и заморот ги тера се повеќе и повеќе да јадат.

    Имам една комшика, која воедно ми е и другарка. Од мене во висина и во ширина е пет пати поголема! Има речиси 13 години (во ноември ќе прави 13) и има 95 кила! Значи девојче од неполни 13 години, седмо одделение има 95 кила ако не и повеќе. Девојчето одсекогаш била буцка и како мала и се тоа, ама не претпостаувавме дека ќе продолжи толку многу со јадење. Можеби е до гените, бидејќи татко и е исто така крупен и дебел! Но, ајде што тоа не личи на тринаесетгодишно девојче, туку и е нездраво. Колку пати мајка ми и кажала на мајка и да ја држи на некоја диета, помалку да јаде, а мајка и вели : „Па малечка е она за диети!“ .. А ЗА 95 КИЛА НЕЛИ Е МАЛЕЧКА?! Па боже господе, татко ми нема толку кила што е четириесетгодишен маж! И јас и имам кажано да припази на тежината, без срам, затоа што сакам да ја освестам, што ли ќе прави на 30 години?! Колку кила ќе има тогаш?!

    А ова дете, кое има само три години? На што личи ова?
    [​IMG]
     
  12. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Не верувам дека се срекни со тоа што се дебели. Така сакаат само даси ги покријаат својте комплекси.
    Секоја жена а и маж сака да има витко и слабо тели со стомачни :D (ама многу сакаат :D :D ).Зошто на некој му би било убаво ако има 200 кг и само бута храна у себа и не може да се помрдне од место? :^) .
    Ајде да имаш неколку вишок кг па да кажеш убаво ми е али да имаш 200 кг и да кажеш дека ти е убаво ее и баш не верувам во тоа. Дебелината е болест исто колку и анорексијата. Познавам многу луге што се дебели(без навреда) и се имаат проблеми со здравјето. :x
     
  13. Perfection

    Perfection Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Кога ќе видеме дебел човек, скоро секогаш првата помисла ни е: „Како може да има толку ненаситни луѓе?“, „Како можат да не обрнуваат внимение на својот изглед?“, Како можат да не се грижат за сопственото тело?“ и сл. Но сепак, според мене, клучот на дебелината се крие многу, многу подлабоко од она што ни е нас претставено, т. е. она што ние можеме да го видиме, а тоа е дебелото тело. Сепак за да се дојде до дебелеење, мора да се зголеми количеството на храна, а за да дојде пак до тоа, мора да претходи некој проблем. Што значи од самиот старт, се разбира дека НЕ е убаво да си дебел. Некои луѓе имаат начин, проблемите да ги решаваат со храна, сретство за бегање од реалноста, повторно храната. Значи, не е можно да имаш вишок килограми и да си среќен. Но, и кога не се работи за некое психичко нарушување, реално кажано дебелите луѓе не се прифатени во општеството, се гледаат со некаква недоверба, некое осудување. Па како таквите луѓе би можеле да бидат срќни?
    Покрај психичките проблеми и нарушувања кои може само дебелината да ги донесе, се појавуваат и физичките тешкотии. Човекот неможе нормално да живее, намалена е физичката активност, се појавуваат најразлични болести. Па, повторно се поставува прашање „Како болен човек може да биде среќен човек?“ Се разбира дека не може.
     
    На lylaby и Anggie им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Ако зборуваме за оние стварно дебели луѓе, како на постираните слики, се сомневам дека се среќни, мене ми мирисаат на депресија. А оние со мал вишок на килограми, можеби се чувствуваат убаво така. Имам другарка која беше опседната со тоа дека е дебела, па ослабе наеднаш и си го уништи здравјето. Сега пак е здебелена, дури и повеќе од порано (но нормално изгледа со оглед на висината и телесната конструкција, нема сало), и се чувствува убаво, среќна е. И мене ми е посимпатична така, и’ стои.

    Прекумерно дебелите луѓе обично се правдаат со тоа дека не се идентификуваат само со телото, дека човекот е многу повеќе од месо и коски. Но претераната дебелина зборува и за личноста, тие луѓе не можат да ја контролираат лакомоста, што значи дека немаат доволно силен карактер. И пак да напоменам, зборувам за оние како на сликите погоре. За оние со мал вишок на килограми кои се чувствуваат среќни, им честитам, така и треба да се чувствуваат, и мене ми се убави таквите жени.

    А за комшивката на Тенкаи, тоа е веќе неопислива вина на родителите. Девојчето ќе страда цел живот поради тоа што од мала не и’ воспоставиле некој ред и ја направиле огромна појава, со слаб карактер.
     
    На bagushka89 и tanja6 им се допаѓа ова.
  15. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Нели сфаќате дека дебелината не е здрава?
    Дали знаете дека има епидемија на дебелина?
    Дали знаете дека дебелината убива?
    Сте слушнале ли за Дијабетес, тип 2?
    Мисли ли некој на децата?

    Сепак...
    И дебелите луѓе заслужуваат да се однесуваме со почит и разбирање. Засрамувањето не помага. Доколку тоа ги прави луѓето слаби, нема да има дебел човек на планетава.
    “You cannot hate people for their own good.”
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.360
    Ајде вака јас како член на подебелите ке се изјаснам ... :) Не сум не знам ти колку дебела ама имам вишок што не е потребен .. а тоа се здрави 10 кила хаха ...

    Никој ама никој на светов не е среќен што е дебел .... Јас викам дека си се сакам себеси и да јас се сакам ама ради тоа каква личност сум се изградила а тоа што го гледам во огледало не го сакам ... Секој може да ослабе и тоа е точно ... но .... Јас бев слаба како костурче ... Се здебелив зашто од нервоза ми се поремети менструацијата и пиев хормони ... Сега се Трудам да ослабам вака или онака ... Но потсвесно постои во мене одреден страв дека ... Ќе имам милион стрии кои нема да се лечат .. дека кожата ке ми биде свисната ... дека е џабе да ослабам кога може пак ке се здебелам ... Дека не е вредно ... и пробувам да ги отргнам мислите дека кој ме сака ќе ме сака секаква ... Значи никој не се сака таков дебел секој сака да е убав и без проблем да оди и да си купува алишта ... тоа што сум подебела прави јас да го мразам шопингот ... Друго...Сесилија мислам имаше пишано дека дебелите ги мразат слабите ...Со сета почит кон тебе сеси ама во никој случај не е така барем кај мене ... Дека сум љубоморна тоа да ама јас не го кријам и на најдобрата другарка сум и кажала дека и завидувам на телото ... не сум ги дискриминирала дебелитее никогаш ни кога бев слаба ... вистинските вредности на човек се внатре во срцето ,душата ... а дебелината може да се промени во било кое време ... за разлика од тоа ти ако си внатре ѓубре тоа не се менува никогаш ... има и луѓе кои се дебели од болест ... како детето на сликата погоре ... како татко ми кој не јаде ништо страшно јаде помалку и од мене ... не јаде леб а само повраќа и треба да прави операција ама нема картони ... нема врска ... зборот ми е ако си дебел треба да ослабеш пред се заради здравјето ... и ако си дебел не можеш да се криеш и да седиш дома ... ШПто треба за дебели со закон да се забрани одењето на плажа ?? не признавам и јас одење разголени и танга и тесни хеланки ... се облакам нормално како што ми доликува ... не сите што се дебели се од кеф или јадење сендвичи ... некои луѓе не ослабуваат заради стравот од неуспех ... ако си цел живот дебел се плашарт дека нема да успеат и затоа тврдат дека се сакаат какви што се и секако им треба поддршка и некој да им помогне за да можат да издржат... не можеме сите да сме слаби и совршени .... Тоа е од мене . :)
     
    На Sramezlivoto, sonuvacka, viki44e и 7 други им се допаѓа ова.
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    kако што спомена ливингглам погоре,едно е кога зборуваме за енормно дебели луге,као тие на постираните слики,а друго е кога зборуваме за оние кои имаат 5-10 кила повеке од идеалното.моите постови повеке се однесуваа на тие вторите шо имаат нешто вишок,а тие што изгледаат као на сликиве како што реков,на нив под хитно им се потребни мерки за слабеење,пред се заради здравјето,зошто човек што е толку дебел не може да е здрав,крвта им е презаситена со холестерол,и се кандидати за срцев удар.треба да правиме разлика,има *дебели* и*дебели*.некој се смета за дебел ако качил некое килце,и се опседнува себеси со тоа а и лугето околу себе ги гњави.е таквите ме нервираат :D човек треба да се сака себеси таков како што е...секако да работи на тоа да биде подобар,поубав и слично,мегутоа ако сам не се сакаш себеси и своето тело,тешко дека некој друг ке те сака.мора да почнеме од себеси нели ;)
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.879
    Тања, јас ја отворив темава за да дискутираме од психолошка гледна точка за оние луѓе што имаат многу повеќе вишок, не само 15 килограми. Затоа ве молам, да се задржиме на тоа, и да не кажуваме колку невкусно изгледаат во кратки маички и тесни фармерки :) Тоа сите го знаеме. Но што е со психата на овие луѓе? Баш онака како што поставив во воведот на темата ...
     
  19. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    девојки пред 3 години не бев многу дебела ама ми излегуваше салце, спојлери, меше поголеми бутки и не можев да се поднесам. решив да ослабнам и најпрво си ги скратив грицките и благото, потоа го сменив лебот и до ден денес јадам само црн леб и многу сум ослабена од 10-12 кг, и кој и да ме види кога ќе ми каже дека сум слабичка ми се исполнува душичката.. така да мислам дека никој не би се чувствувал убаво ако е дебел :worried:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.881
    Aј ке прокоментирам за овие луге :wasntme: можеби во мк има дебели луге,ама ваму господе има милиони.Hе сфајкајте ме погрешно кај нас нема во мк кфс,ред ростер,чикентрит и бургеркинг и затоа лугево не се толку дебели во мк,и да има можеби сите нема да јадат,ке му е гроз :^) сите што се дојдени овде се имаат здебелено повеке,мислам сите земаат take away food сите деца 15-нагоре секој ден ова го јадат,знам дома не јадат праено,научени се поинаку. :puke: Kога ке видам она ептен дебели со оние како моторчиња со се движат значи бес ме фака,па си стигнал до толку бре,20годишно девојче за во таква справа е да седит :x Mене совеста ме гризит што имам качено килажа,а не тие на секое кока-кола пијат како вода да е,јади на секои 15 мин,дави се во благо :puke: има и луге што се грижат за себе,си трчаат нонстоп,одат во теретана,јога и сл.зарем не им е грижа за здравјето,така цел живот во оние ко моторчиња справине да го преседат.имаме едни пријатели и жената е дебела,и ми нудит кока-кола и јас не пијам газирано можеби со години,некои чипси и благо нејкам и велам дај ми вода и таа ми вели:јас вода со години немам пиено :x пример:за ними ужинка или снек е хот-дог или бигмек,не да се одлучат за здраво како морков,целер,краставица тие од сабајле со бигмек и после на појадок :puke: па и јас јадам ама ке ми пукни стомаков од толку :wasntme:
     
    На teddybear и nedzma им се допаѓа ова.