Која е стандардната големина на хипофизата? Што кога таа е помала од вообичаено? Дали ставањето на хормони е решение? За темата ме инспирира случајот на една моја внукичка, која не расте доволно и остана многу помала од нејзините врсници. Кога беше на систематски преглед од училиште, ја испратија на клиника да направат проверки бидејќи е со низок раст. Од разните проверки што ги направија, проверки на крв, сликање на рентген, магнетна и незнам уште што не, се заклучи т.е. констатираа дека таа има помала хипофиза. Лекарот на детска клиника и препиша хормони кои треба да и ги ставаат секоја вечер пред спиење со некоја мала игличка со некое апаратче како пенкало. Е сега моментално незнам кое е името на хормоните точно но ќе прашам и ќе пишам. Имам слушано дека ставањето на хормони може да предизвика и проблеми и дека има и негативни ефекти. Дали некој од вас е информиран за ваков проблем? Девојчето е 11ипол години и на клиника им рекле дека ќе прима хормони се дур да влезе во пубертет. Ве замолувам сите кои имате било какви информации да пишете. Не видов ваква тема па затоа ја отворив, ако има таква или ако не е соодветна нека оди во канта
Најверојатно според ова што го кажуваш се работи не за мала хипофиза, туку за намалено лачење на одреден хормон, во случајот хормонот за раст. Се решава со апликација на хормонот кој недостига до пубертет поради тоа што тогаш се случуваат промени на коските со кои официјално и престанува нивниот раст. Нема никакви штетни ефекти од хормонот, има и луѓе кај кои воопшто не функционира хипофизата ( не лачи хормони) па цел живот се на супстититуелна терапија. Само се додава тоа што не се лачи во исти количини што би требало да се лачи. Инаку хормонот за раст, се лачи циклично, не во текот на целиот ден, туку најмногу за време на спиење, па потоа во текот на денот не се лачи. Затоа е и апликацијата навечер пред спиење за да се имитира што подобро нормалната функција на хипофизата и овој хормон. Нема нус ефекти, нека продолжи да го зема, а негова цел е девојчето да ја достигне висината за која е генетски предодредена но поради недостаток на Growth хормон не е овозможено.
Можеби е така јас напишав од она што ми го имаат кажано нејзините родители, они ми кажаа намалена хипофиза јас така и напишав (затоа и прашав бидејќи поима немам баш од оваа област). Значи крвта, рентген сликиве се супер, и ги снимаа коските на рацете и за нив рекле дека се нормална големина. Хормоните преку крвта и се добри барем така ми имаат кажано родителите на девојчето. Демек единствениот проблем бил намалена хипофиза (или евентуално како што златушко вели намалено лачење на хормон). Ќе се потрудам да ги видам резултатите од се па да напишам што и како можеби и родителите не разбрале.
Морам пак да се навратам на темава. Родителите на девојчето не сакаат да ја однесат на контрола, иако поминаа 3 месеци од користење на хормоните. Демек увиделе дека таа се здебелува (ништо страшно јаде повеќе од порано и пуштила мало меше) и тие по своја воља наместо да ја однесат на лекар и да се косултираат, тие ќе ја прекинат терапијата. Пробав да ги разубедам, но не сакаат ни да слушнат. Дали тоа наеднаш прекинување на користењето на хормонот може штетно да влијае за детето. Спојлер Жално но сопствените родители не мислат на девојчето, незнам како можат да бидат толку ненормални