Не знам точно колку килограми тежам искрено се немам измерено , сите ми викат "слаба си уште малце некое кило на мене да ставам" а немам ни апетит јадам по 2 пати на ден и тоа не многу (кришка до две) а највеќе што ме натера да пишам е моментот вчера во гардероба пробувајќи пантолони XS ми беа големи и морам да си купам XXS , ваше мислење ?
Проблем со тежината Офф леле јас кога ја видов темава си помислив +100кг па си викам конечно ја најдов мојата сродна душа,а тоа обратно било Земи пиј Пиковит,знам една девојка исто си беше така слабичка па сакаше да се здебели и ги пиеше и некакви вежби правеше.И да ти кажам имаше резултати.
Проблем со тежината Тралалајке, ти немаш апетит со тоа што јадеш 2 пати на ден по 2 кришки??? Па јас не јадам и по 3, 4 дена, значи ништо не ставам во уста... е тоа ти е немање апетит А и остави тоа бројките на панталони, не секогаш се точни. А ако мислиш дека си слаба, јади повеќе, што да ти кажам друго. Постојано грицкај си нешто и ќе ти се отвори апетитот.
Проблем со тежината фрли им се чоколадиве ...ваљда полесно е да јадиш повеќе за да се зебелиш него да јадиш помалце(поточно да ти свират цревавта за јадење) за да ослабиш
Проблем со тежината И јас си помислив исто ама ете немало само проблеми со прекумерна тежина, туку и со премала
Јадењето ми е обврска... Здраво, веќе долго се мислам дали да ја направам темава, ама ајде се решив. Во последно време јадам како обврска енергијата ми останува иста, тоа ми е како губење време. Јадам бидејќи не ми се слушаат мама и тато како ќе сум се разболела, како крвта ќе ми ослабела... Како и да е дали некој се има чувствувано вака и што помага? Можеби изгладнување да ти се врати апетитот или? Можеби е од стрес од учењето и сето тоа? Инаку не пијам никакви апчиња за слабеење, ниту се трудам да ослабнам. Се надевам дека некој ќе ми даде совет.
Јадењето ми е обврска... Земи си Б комплекс, го зголемуваат апетитот. По две на ден, едно наутро едно на вечер. Кога ќе почуствуваш дека ти е се вратил апетитот можеш да намалиш по 1 на ден. Делуваат многу добро на организмот не само за апетитот, туку и за нервниот систем, кожата, ноктите, косата
Јадењето ми е обврска... Јас би ти препорачала да пиеш или Б-комплекс или Олиговит витамини барем по една таблета на ден, затоа што можеби сега не чувствуваш слабост поради невнесувањето на доволна количина на храна, но со тек на време имунитетот слабее...Затоа, за да не дојде до посериозни проблеми, почни си на време со витаминиве, ќе ти помогнат дури и за да ти се отвори апетитот
Јадењето ми е обврска... Јас поинаку го сфатив проблемов. Како да мораш да јадеш, а не ти се јаде. Некој кажал така, па мора да биде. Се поистоветив со проблемов, затоа така го протолкував. Поголемиот дел од својов живот јас го поминав во макотрпно убедување на баба ми дека не е јадењето она што е најважно во животот. А таа, нека е здрава и жива, колку и да има - ќе јаде. Мислеше дека кај секого мора да е така. Нејзиниот апетит го покриваше со моите оброци, демек ако јадам и јас, нема да се чувствува пред семејството дека таа е лакомата. Ако не се согласев, јадев ќотек. Ако кажев на моите - ќе кажеше дека лажам, итн. Да скратам, да не ве заморувам. Се здебелив премногу во тој период од второ одделение, па до осмо не можев да се соземам. Нели, како што се вика, како ќе го научиш мешето - така ќе си бара. И ракомет тренирав активно, значи бев физички активна постојано, и здраво се хранев... не држев некои диети, ама дотогашната здрава реализација беше доволна за витка особа. И сега не сум нешто витка. Не сум. Се рашириле коските и ајт сега, лепи на нив што имаш. Тоа е за моето сфаќање. За ова твоево, ќе ти кажам поопуштено да гледаш на животов. Стрес може да ти влијае на недостиг на апетит. Мене стрес ми влијае на зголемување, затоа индивидуално е. На дада ми желудникот ја боли од стрес. На другарка косата и паѓа. Итн итн итн. Пробај и со витамините. Добра идеја е.
Јадењето ми е обврска... Ви благодарам за советите ќе пробам со витамините и Б-комплексот. Мерлин можеби јас погрешно се изразив ама не е како да ми викаат јади или ќотек тие само ми кажуваат како се познава дека слабеам, и се чувствувам позаморно и дека крвта ми ослабнува... Тренирам ракомет и сега се чувствувам позаморено од порано па го заприметуваат тоа и се загрижени за мене. И јас знам дека треба да јадам бидејќи вака ако гледам дали ми се јаде или не јас воопшто нема да јадам во денот... А тоа може сериозно да ми наштети па јадам,но немам некој апетит како порано. Веројатно е од стрес за учењево, ќе гледам да се опуштам и ќе земам витамини.
KAKO DA GO RESAM TOJ PROBLEM STVARNO MNOGU SUM OSLABENA NEMOZAM NISTO DA JADAM PIJAV NEKOLKU VRSTI NA VITAMINI I NISTO DALI IMATE NEKOJ SOVET VIE BLAGODARAM [mod-kirilica:3aerrfzt][/mod-kirilica:3aerrfzt]
NAMALEN APETIT Бутај на сила! Шала на страна! Во аптека имаше едни апчина за апетит нз како се викаа но можеш да одиш и да провераш!
NAMALEN APETIT Блазе си ти, јас пак се борам со зголемен апетит Б-комплекс ќе си земеш од аптека и имаше едни таблети од пивски квасец, би требало да ти ја зголемат желбата за храна.
NAMALEN APETIT и јас го имам истиот проблем по цели денови се случува да не јадам и навечер малку ќе јадам колку да не ме боли желудникот да можам да спијам пиев подолго време Б-комплекс и воопшто не ми помогна а за таблетите со пивски квасец не сум чула до сега но се надевам ќе можам да ги набавам во аптека
па да ке пробам благодарам имам 19 год а имам 5о кг сите ми викаат дека треба да си додадам неколку килограми имав од пивскиот квасец ама беа со одвратен вкус и ми бесе гадно да ги пијам сепак ке морам пак да ги користам сепак благодарам