1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Намера за неверство / случајно (ненамерно) неверство...

Дискусија во 'Врски' започната од Crinkle, 10 август 2012.

  1. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Барав ваква тема низ делов али не можев да најдам. Сакав да отворам една дебата за тоа што вие подразбирате под неверство? На пример ми се случува да посакувам еден многу добар другар, го знам од мал, имало нешто ситно меѓу нас во минатото, али тоа било тоа.
    Зафатена сум, он го знае и дечко ми али најверојатно и он мене ме посакува. Секогаш кога ќе останеме сами пробува да направи нешто. Нели нормално другар ми е, никој не ни помислува дека може да има нешто меѓу нас, а он тоа го прави само кога сме сами. Мене убаво ми е да бидам посакувана од некој друг, а поготово од него, убаво ми е што ми посветува внимание, но секогаш се оттргам од него. Не можам да живеам со огромната грижа на совест што ја носи неверството.

    Е сега, имам направено работи што нормално би се квалификувале во невера, на пример чувство на силна привлечност, ситни негови допири кои ме возбудуваат, тивко шепотење, прегратки... но таму застанувам. Не му дозволувам да ме баци, ниту пак му возвраќам кога ќе проба да ме допре, а сепак уживам во негова близина. Дали работите што ги набројав спаѓаат во неверство, или пак не, поради тоа што мојата намера да изневерам не е присутна? Дали јас веќе го имам изварано дечко ми? Не чувствувам грижа на совест за тоа што се случило, но дали треба да ја имам?
     
  2. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    јас си функционирам на принцип немој да му правиш тоа што не сакаш тебе да ти прави ... така да од таа страна гледано мене ужасно би ми сметало да знам дека дечко ми се гушка, се допира си разменува некои зборови со друга девојка што му е другарка и што јас ја познавам...би се чувствувала предадено до некаде...но, не сум тука да солам памет давам само мое мислење :$
     
  3. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Нормално. Добредојдени се секакви мислења, затоа е и отворена дебата.

    Иначе ситуацијата во која сум е доста комплексна, па ме интересираше дали намерата прави уопште разлика.. :D
     
  4. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    а тебе би ти направило ли разлика да дознаеш нешто такво за дечко ти?

    мене друго нешто ме интересира.. има уште љубов за дечко ти, а љубопитност/привлечност за другар ти или само другарот се врти во глава :)
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ти си на граница на неверство. Значи твојот другар ти се допаѓа, те привлекува физички, ти годи вниманието што го добиваш од него, флертуваш со него само уште не се случило она главното. Мој совет е ако сакаш да си ја зачуваш врската со дечко ти да се дистанцираш малку од другар ти со цел да не се случи нешто меѓу вас па после да се каеш.
    Што би било ако дечко ти дознае за твоето однесување со него или пак стави се ти на негово место и помисли како би ти било тебе кога тој би го правел тоа со негова другарка...
     
  6. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Абе многу комплицирана ситуација. Му „раскинав“ пред едно три недели, паузата траеше само еден ден, он почна многу да ме гуши и мислев дека не осеќам ништо за него и дека се е навика. Али му дадов уште една шанса поради тоа што многу лошо го поднесе раскинувањето. А мене не ми беше сеедно кога мислев дека он има нешто со една, али тоа беше апла од негова страна, ме излажа дека не му е ништо, таа се разведуваше и имаше дете, никогаш не ни помислив дека нешто би можел да има со неа. Се докажа спротивното али не дознав што точно се случило. Мислам дека и од тој момент почна да се распаѓа врската, одноно јас да мислам на други и да се осеќам многу поубаво со нив.

    Кон другар ми подолго време осеќам нешто повеќе од другарство, ептен многу ми е мил, другар од детство ми е.

    :)
     
  7. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Да потенцирам дека не толерирам неверство, не изневерувам никогаш, ама кога еднаш нешто ќе пукне кај мене, пукнато е. Моето размислување за неговите постапки беше зашто па јас да се замарам сега кога он не се замараше тогаш?
     
  8. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    епа кога е веќе пукнато...зошто да продолжиш во врска која нема иднина? ...не мора да ги повториш неговите постапки..едноставно одбери си ја варијантата што тебе ќе те усреќи
     
    На Marojo budalO му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    ти девојче имаш некаков проблем, ама многу голем..како можеш тоа д му го правиш на дечко ти? греота.. не го сакаш ти дечко ти боље ќе биде да му раскинеш, или пак прекини да се дружиш со тој "другар ти" зошто цел живот ќе се каеш...стави се во кожа на дечко ти...цццц...без срам!!!!!!!!! да не го праќате дечко ти у продавница за да можете да се подрапате малку и тој да те загрее пред секс со дечко ти? цццц
     
  10. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Како можам? Исто како што мене безброј пати ми било напраено истото. Тоа не е оправдување, али кога луѓето лажат и ти забиваат ножеви в'грб, тогаш дигаш раце и стануваш крут, буквално ништо не допира до тебе.
     
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Ако се мислиш помеѓу 2 избери го вториот, зашто да си го сакала доволно 1 не би помислила на 2. :) И мене ми се случува тоа, но јас сум човек кој незнае што сака и затоа така се однесувам некогаш. Но овој дечко ми значи и не му го правев тоа. Кога почна врката да паѓа на расфрлани парчиња, повторно ме привлекуваат други..
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    А и уште нешто, тој „другар ми“ е човек кој го знам цел мој живот. Ај размисли малце и стај се во позиција да не треба да се гледаш со некој кој секогаш бил на некој начин до тебе. Дечковците се минливи, иако некои сакаат да бидат со тебе засекогаш, но тоа си е нивен проблем. Ти си ги бираш сам луѓето со кои ќе сакаш да останеш до крај, ти си ги бираш предизвиците и приоритетите во животот. Не ми ги знаеш моите проблеми и емоции, не можеш ни да ме осудуваш.
    И јас сум човек кој не знае што сака и тоа секогаш е огромен проблем. :)
    Обично не правам такви работи, но како што викаш кога работите ќе почнат да се распаѓаат, не размислуваш многу. Јас од пред некое време се осетив угушено и немоќно. И затоа ми се десија некои работи кои не сакав да се десат.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.984
    Пол:
    Женски
    Има само едно решение, да му раскинеш на дечкото и да си бидеш со другарот. Ако тебе некој ти правел нешто, не значи дека задолжително треба да вратиш, посебно не на некој кој не ти направил такво нешто.
    Како и да е, јас на твое место би раскинала со дечкото и би пробала дали бива нешто со „другарот“. Ама се сомневам дека ќе го посакуваш со ист интензитет како сега, кога си во врска. Кога нешто е забрането, повеќе го посакуваш ;)
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Ова што се случува не е класичен тип на неверство... но секако е нешто кое во никој случај не би му се допаднало на твоето момче и обратно. Ако тој прави нешто вакво, секако нема да значи дека те изневерил, но ако дознаеш секако нема да ти е сеедно дека уживал во допири на некоја девојка која патем ја познаваш и знаеш дека му е само добра другарка. Секако не се постапки кои треба да се одобрат, мислам, не дека ние те осудуваме, но секако не е нешто за кое не треба да се има грижа на совест, сепак тоа што вие го споделувате се низа на интимни моменти кои и те како може да ја нарушат твојата врска и воедно многу лесно може твојот дечко да ја загуби довербата во тебе. Ако дознае, а веројатноста не е мала, утре ќе се сомнева на секој твој близок пријател или колега и нема да му биде лесно. Плус... ако толку многу ти одговара близината на другарот на интимен начин, тогаш треба сериозно да размислиш дали сеуште интимно те привлекува твојот дечко и дали твојата врска има потреба сеуште да ја одржуваш со оглед на тоа дека постои друг маж кој го посакуваш а и тој исто така те посакува и тоа трае како што гледам подолг период кога веќе тоа е некој кој ти е близок другар. Подобро расчистиси ги овие проблемчиња на време за да немате главоболки во иднина...

    Инаку... кога тој човек кој ете ти е другар те посакува и дели нежности, сметам дека на тебе гледа на нешто поинакво, а не само на другарка.
     
  15. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Ајде бе сакаш да кажеш дека стануваш ист како оние кои те повредиле, што значи дека си ГАД како нив.. незнам зошто вака размислуваш но би требало да се засрамиш, би требало да знаеш да разликуваш добро од зло, би требало да знаеш дека не треба да го правиш она што не сакаш тебе да ти го прават. би била многу попаметна доколку си учела од туѓите грешки, а не да ги повторуваш истите!!
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Crinkle мене ме интересира колку долга ви е врската со дечко ти? А ко што многу ти рекоа да се да се фатиш со другар ти јас не се сложувам можеби тој ти е моментална занес, а не љубов или може врската со дечко ти е станата банална па затоа ти годи неговото присуство. Да не се лажеме на сите без разлика дали сме во врска или ни ни годи да сме посакуванеи, не зборувам на неверство туку да знаеш дека некој друк те посакува, а понатаму си е твое да одлучуш дали ќе го избереш тој чекор и да си ја жртвуваш врската,а во меѓувреме размисли дали и колку вреди тој чекор.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Иако не станува збор за класично неверство, според мене ова е уште потешко, затоа што ти сепак чувствуваш нешто повеќе од обични другарски чувства. И тоа што го правите не е безопасно, лесно може да прерасне во нешто повеќе, па дури тогаш ќе имаш проблеми.
    Искрено, би те советувала да му раскинеш на дечко ти, ако веќе другаров ти е привлечен и тој дава некакви знаци, пробај со него, што да ти кажам... Ти самата си знаеш најдобро колку ти значи оваа врска и дали сакаш таа да продолжи.
    Во секој случај, дечко ти не заслужува да го правиш будала, а најмалку па на ваков начин. И не само тој, никој не заслужува. Ако намерата ти е да му се одмаздуваш за нешто што било порано, подобро немој. Ништо нема да добиеш со тоа, само ќе изгубиш време и непотребно ќе се замараш.
     
  18. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Не планирам да го изварам дечко ми, и не планирам повеќе да има било каква блискост со другар ми, освен другарска. Не поради нешто друго, освен фактот што нејќам да се трујам себеси и да се осеќам нечисто. Во врска сум веќе 7 месеци, али таа почна да се распаѓа уште од четвртиот и навака е држ - недај.

    Не ме прашувајте зашто сум останала у врска, има доста причини, но ќе видам како ќе се одвиваат работите и ако не иде ќе ставам крај и говото. Не планирам да правам нешто со другарот дури и да раскинам со дечко ми. Вчера имав доста време за размислување. :)

    Фала на сите.
     
  19. Tanja565

    Tanja565 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    нова сум на форумов, ве читам веќе некое време и решив да го споделам мојот проблем со вас бидејќи морам со некого, а немам со кого. Вака анонимно е некако полесно, а се надевам и дека ќе ми помогнете да го надминам.

    Во врска сум веќе 4 години и многу го сакам дечкоми. Имаме многу стабилна врска, ретко се расправаме и многу често сме заедно. Но пред неколку месеци запознав друг човек, кој ми со сврте паметот. Комунициравме некое време и кога дечко ми не беше во Скопје се видовме и бидна што бидна. Следниот ден се чувствував ужасно и решив да ставам крај на таа "врска". Се чувствувам како глупача и многу ми е криво за тоа што му го направив на дечкоми. Пробувам упорно да го заборавам тоа што се случи но никако не ми излегува од глава. Не можам да функционирам нормално од тогаш. Не сакам да го изгубам по ниедна цена а незнам како ќе реагира ако му кажам што се случило. Сакам да му признаам, но страв ми е зашто мислам дека ќе умрам ако ме напушти.

    Сигурно некоја од вас се нашла во ваква ситуација и стварно ми е потребен совет што да правам понатаму. Дали да си ќутам и да се преправам како ништо да не се случило бидејки дечкоми не се сомнева во ништо или да му кажам и да го молам за прошка? А и не знам дали некогаш би ми го простил тоа. Ве молам за помош.
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    8.292
    Пол:
    Женски
    :hai: Танја,добредојде :) .
    Многу гадна ситуација.Си го изневерила дечко ти,подразбираш си имала секс со тој човек или само платонска врска :^) ?
    Ако си го изневерила ,тогаш незнам што да ти речам,како ќе живееш со тој товар на совеста :emo: .
    Ако толку си го сакала,зошто си дозволила да те повлече некоја емоција :fubar: ,и сега ќе ти е тешко.
    Ако кажеш на дечко ти,се знае што следува-крај!
    Ако мислиш да премолчиш,исто така не е убаво,зашто тој ќе примети порано или подоцна дека си го изневерила :x