Здраво Хермоса, фала на одговорот. Имавме секс само еднаш. Кога се случи како да не бев свесна што се случува. Не знам, навистина ме привлекуваше дечково, но не смеев да дозволам да се случи тоа. Сакам да му кажам на дечкоми ама уште малку сакам да подразмислам затоа што не сакам да го изгубам. Како и да е, не можам да ќутам, затоа што мислам дека се распаѓам одвнатре. Ти благодарам уште еднаш и се надевам дека ќе добијам и друг совет.
Го познаваш веќе добро дечко ти, сигурно имаш некаква претстава како ќе реагира. Ако немаш веќе намера да се гледаш со другиот човек, ако си сигурна дека го сакаш дечко ти, подобро не му кажувај ништо. За што би му кажала, да се измачува и он? Тебе да ти биде полесно? Не заслужуваш да ти биде полесно, звучи грубо, ама така е. Ако сакаш да останеш со него, подобро закопај го ова некаде длабоко и продолжи понатаму. Ако можеш некако.
Тања мојот совет е воопшто да не му кажуваш. Тоа е единствениот начин да си ја зачуваш врската и да остане таква каква што е. Немој да мислиш дека ако му признаеш пола ќе ти се прости како во поговорката. И да остане со тебе, ќе се претвори во поинаков човек, што на крај секако ќе доведе до крај на врската. Било што било, си погрешила многу, ама еве нека ти биде школо за друг пат, да знаеш дека не вреди за моменти задоволство да си го уништиш она што си го градела со години. Твоја казна ќе биде совеста што ќе те измачува, ама и тоа ќе помине со тек на време... Прекини секаков контакт со тој и како што рече Реинбоу неверството закопај го некаде длабоко...
Да,Тање,не треба да му кажеш на дечко ти,се сложувам ,не би ти простил.Но,ако продолжиш со неверствата,ќе те открие дечко ти.Не знам,тешка работа е ова,ти веќе си повредена,но џабе е,нерверство си е неверство . Ајде,не ја мисли многу,сокриј го колку можеш тоа,евентуално ако сакаш да одиш по други дечки,подобро раскини со овој,зашто е болно зад грб вакви работи да му правиш .
Фала девојки за одговорите. Изгледа најубаво е да не му кажам, но дали некоја од вас се нашла во ваква ситуација? Многу би сакала да слушнам како сте постапиле. Секако дека веќе ова нема да ми се случи. Мене уште не ми е јасно како можев да бидам таква глупача. Го сакам и сакам да бидам само со дечкоми.
Не,вакво нешто не ми се случило мене ,но знам дека некогаш човек може да биде поранлив и полесно заведен,веројатно токму тоа ти се случило тебе,иако не требало да допуштиш,зашто сепак сексот е интимна работа,треба чувства,а не слепа страст . Ако му кажеш на дечко ти,нема да ти прости сигурно. Ти најдобро си знаеш како се чувствуваш,како и да е,пиши што си направила.Поздрав
Решив дека сепак е подобро да преќутам, но не знам до кога. Кога и да се видиме скоро и да неможам да се воздржам да му кажам, но некако издржувам. А баш би сакала да слушнам како некоја со вакво искуство успеала да го надмине ова.
Се случува додека сме во врска да помислиме на некаква блискост или интимност со некој друг, но додека таа мисла навреме ни испари од глава, тогаш е во ред. Не е во ред да имаме намера да го направиме тоа... тогаш тоа е веќе половина извршено неверство. И она случајно, момент на слабост... не може така. Ако си сакаш некого нема таков момент. Ќе одбиеш и тоа е тоа.
Девојки, другар ми има проблем, па ме замоли да го споделам овде, белки заеднички ќе дојдеме до решение. Вчера, девојка му беше у град со другарки, тој незнаејќи и вртел со видео кол и вистина била во кафич со нив. После саат време, и врти пак, оваа не се јавува некое време, па затоа он пробал да ја добие другарка и (Л) пошо се знаат убаво. Другарка и (Л) му рекла дека била само 20тина минути во кафич пошо морала да оди дома. После тоа, девојка му му ѕвони конечно и кога ја прашува каде е кажува дека е со (Л)... Нормално после ова следува расправија, а девојка му не признава нишо, згора на се го убедува дека погрешно сфатил... Што мислите?
Го варала, пржела. Може не можела да се јави. Л 100% лаже. Нема логика јас да сум со другаки, и сеа нема да дремам по инста цело време, ќе изгасам нет и после некое време пак ќе уклучам. Дечково ја притиска некако мнг.
Како може да ви е нормално со камери да ви ѕвоне дечкото во сред кафич? Дечкото е параноичен и без доверба во девојка му. Ако не и верува, џабе е се. А, се гледа колку и верува по ѕвонење со камери во кафич, па и по другарки ѕвонење. Боже ме чувај од вакви особи.
За појаснување: првиот пат незнаејќи, мислејќи дека е дома и ѕвони со видео кол, а вториот пат (обичен кол) и ѕвони ако сака после дружба со другарките да иде со него на кеј да шетаат.
Не значи дека го изневерувала кога не кревала телефон. Туку можеби имала некоја обврска за која не сака да каже на никој. Другар ти нека проба смирено да разговара со нејзе и да дознае.
Абе вака кога ќе се фатите за нешто секундарно и небитно во случајот...факт е дека го излжала, значи има нешто.Не мора да е одма неверство, ама е доволно за да се замисли човек, особено кога некој те прави дека ти погрешно си разбрал, иако сосема добро знаеш што си слушнал/а.
Не мора да значи дека го изневерува. Можеби е сосема друго нешто. Ама очигледно е дека во нивната врска нешто не штима. Тој да не знае дека е излезена во кафич, да и ѕвони со камера, па да ја бара другарката за да прашува, па девојка му да лаже...
Видете, проблемот не е во тоа што тој ѕвонел, туку во тоа што таа вели дека е со Л., а Л отидена дома пред 2ч Значи кај што има чад има и оган!?