Не било проблем.... Какво е тоа испрашување на секој час каде е партнерот? Како родител малолетното дете.
Што е решението? Да си седнат и да си направат зрел муабет, да си расчистат сметките. Прочитав малку, а црвени знаменца фрчат од двете страни. Не му препорачувам изигравање детектив и поврзување точки.
Сметам дека тој најдобро си знае. Ние вака преку форум можиме само да нагаѓаме за шо се работи, бидејќи ситуацијава не може баш толку прецизно да се процени од една случка. Прво, викаш дека тој, "незнаејќи дека е во град со другарки" и вртел со видео кол, а потоа викаш "и вистина била во кафич со нив"... значи тој ја бара, па уште со видео повик, за да се увери(си потврди) каде е. Уште од старт значи нешто не штима меѓу нив. Сметам дека нема потреба од вакви игри, се надевам возрасни се, нека се разберат ко луѓе, а не следења, повици, видео повици, па и лажење. Очигледно имаат проблем.
Не постои случајно и ненамерно неверство . Сметам дека секој знае што прави и со кого се дружи . Сум била пијана многу , ми се пуштале многи машки , никогаш ама никогаш не сум изневерила . Не знам како е " случајно " и " ненамерно " да изневериш , и не прифаќам такво нешто .