1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Нападни девојки"

Дискусија во 'Врски' започната од Snow-Queen, 4 јануари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дали ви се има случено да ви излезе проблем на ден,два, или пак на поголем период од "нападни девојки".
    Девојки кои се во моментот заинтересирани за вашиот партнер, кои со сите можни средства и начини би ти го одзеле не затоа што искрено го посакуваат, туку едноставно заради разнода, љубомора.И покрај тоа што вие се познавате со неа и она е свесна за вашата врска и вашиот однос.Какво е вашето искуство, во пример наведен доколку може,и како се борите и справувате со тоа т.е. таа?
     
    На NightAir му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mackica-1

    mackica-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    мене ми се има случено ваква случка и баш така како што опиша ти...значи бев во врска со дечко кој што многу се сакавме, а таа не ми беше некоја блиска другарка ама немавме лоши односи онака ок бевме, но се гледаше дека секогаш кога ќе не виде буквално умираше од љубомора и како што беше таква опуштена да проба се и сешто почна да го заведува пред мои очи, а јас??? полудев!!!! :@ секогаш ме мачеа мисли дан го заведе некогаш и да излезат онака на тајно да се смуваат или нешто...многу лошо искуство ми беше тоа..сега не сум со тој дечко но кога бев..многу лошо се чувствував и до ден денес не сум сигурна дали некогаш они се смувале или не :?: :?: ...
     
  3. mackica-1

    mackica-1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    инаку за тоа како се справував...па нз секогаш се трудев да не бидат они у контакт али пошо они се имаат на фб и не можев баш така лесно да ги контролирам...у секој случај гледај да се држиш подалеку од таквите девојки...инаку зависи и од ситуацијата во која се наоѓате и тројцата... не знам како би можела да ти помогнам ете единствено само што разменив едно мое искуство позз :hai:
     
  4. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Ми се случи и беше страшно, искрено не ни сакам да зборам за тоа, само едно ке кажам ако дечкото се 'смува' со неа или на било кој начин ја приметува, тогаш не ве заслужува!
     
    На lasthope му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    На кој му се нема случено тоа? :)
    Јас тогаш не бев во добри односи со дечко ми и тој и понуди пријателство на неговата бивша и таа право на седмо небо се качи. :lol: Не дека он сакаше нешто со неа, туку сакаше јас да пукнам од љубомора. :D
    И успешно беше. Не да пукнав,се побркав. Му го "хакнав" фејсбукот и и пишав на неа од неговиот профил, но во мое име. И реков дека пак сме заедно и таа да не се меша во нашата врска, а всушност не бевме заедно. :lol: Смешки..
    Од тогаш не се случило нешто слично, се надевам дека и нема да се случи. :)
     
  6. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Има и мојот 2 такви али колешки му се од факултет па што ќе му праам, морам да му верувам. |( Мислам дека и он почна да сфаќа дека сакаат нешто со него па цело време им дава до знаење дека е среќен со мене. Но, никогаш неможеш да знаеш. Верувај му на твојот дечко, доколку те направи будала, т.е. сам си се направи будала со тоа што ќе излезе со некоја таква, тогаш мислете му ја казната.
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Ги има на секој чекор,кај и да се свртиш,нападни,прорачунати,потковани за сплетки ,интриги др.глупости само за да се вовлечат во врска или во брак.

    На жалост,имав такво искуство,во брак,што да кажам.....
    Абе парите се вадодушник,човек за пари и г.зот ќе си го продаде.Го видела оној мојот(така понафатиран е ,на раководно место= голема плата),а тие секогаш знаат кој како стои добро финансиски и држ го ,немавме мир во куќа.
    А мм како и секој маж-телетабис ,се додека не ја презедов работата во свои раце.И се бапнав на работа,2-3 муабета и толку.
    И пропадна одморот на Малдиви.Кучка ,мене не ме одвел на Малдиви неа ќе ја носи.Му пушташе некои понуди од т.агенции за патувања,а овој мојов -дојди жено да видиш ,оваа не е нормална.

    Така да,мислам дека „уљези“имало и ќе има.
     
    На SparkyAngel и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. ma.lena-20

    ma.lena-20 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Losho go locirash problemot. Dokolku vo vashata vrska e se ok, i dokolku ti imas kapacitet da go okupirash vnimanieto na dechko ti, napadnite ambicii bi ostanale nerealizirani. Devojkite nemaat kabaet. Pa ni dechko ti.
     
  9. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Ехее, сегде во секоја врска има такви што не разбираат дека тој има девојка и упорно се бутаат.
    И јас имав искуство со такви и тоа повеќе со оглед на тоа што имам 4 годишна врска, се јавуваше по некој таков натрапник :lol:
    Сметам дека најдобро е воопшто да не се замарате со нив, затоа што тие тоа сакаат - да добијат внимание и да предизвикаат караници.
    Затоа девојки ОД ИСКУСТВО ВИ ВЕЛАМ, баталете ги тие таквите, гледајте си го партнерот, а они ќе видат дека неможат да влезат меѓу вас и сами ќе се тргнат.
    Се разбира дека претходно треба да се има потполна доверба во партнерот (доколку не станува збор за врска без обврска нели..).
    Пробајте ќе видите дека ќе успее
    IGNORE
     
    На Shelea и virginia им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да да,ми се случува моментално ова.Значи во врска сме веке една недела а таа му се пика постојано,му пишува на wall на фб,песни срциња,групи му се јавува...мислам хелоу тргни се настрана девојко,зар не гледаш дека е зафатен?
    И реков на другарка ми да ја адне од кај нејзе за да ја средам малку(бидејки јас имам забрана за додавање на пријатели) ]:) а ако не разбира ке морам да бидам груба а тоа не го сакам |(

    Еднаш кога бев кај него нему му беше вклучен фејсбукот и му пиша Г што правеш?и муабет муабет за на крај да и кажам дека сум јас то ест неговата девојка и веднаш отиде офлајн...Имаше после смеење околу со него за мојава постапка.

    Смрдла |(
     
  11. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Сум имала искуство, и во моментов имам :D Едноставно тоа се девојки кои се искомплексирани од одредени случувања во нивниот живот и имаат потреба во нешто да испаднат победници. Нив не им е до вашиот дечко, нив им е до освојувањето, до борбата. Едноставно искрено е жално, се прашувам што толку им се случило во животот? Би рекла дека главната улога ја има момчето и он треба да е свесен што и како, но знаеме дека едноставно машките многу полесно потпаѓаат под влијание така да понекогаш мора и вие да вмешате прсти и едноставно да направите еден убав, нормален разговор со таа девојка. Ако и тоа не помогне претепајте ја.
    се заебавам за последното, ако не помогне и тоа тогаш баталете ги и двајцата, секако момчето за некое време ќе сфати дека уствари само сакала да си поигра девојкава, нооо јбг негов проблем!
     
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Баш пред месец ипол имав таква ситуација, фино лепо му реков на дечко ми што и како, и какви се муабети се изнаслушав од неа, тој не ја рецка 2 посто јас па ич, и гледам во последно време се откажа, ниту зборува ниту ништо. Сето тоа благодарение на тоа што и се заканив дека ке бришам плочки со неа, па нека проба да биде пак нападна, всушност нека си биде нападна ама нека не се меша во мојата врска ]:) :)
     
    На Thebestone му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас имав неколку поголеми вакви гуски во мојот живот, но фала богу веќе мн. ретко ги гледам и нема проблеми.
    Една женска од маалото каде што живев јас, и дечко ми неколку куќи подолу од мојата зграда, имаше една типка која пукаше од мака и сакаше да биде со дечко ми.Еден ден седиме пред зграда и дечко ми ми вика имаш лабело,испукана ми е устата, ја уште не стигнав да речам збор, а таа мму вели: еве јас имам..на усниве мои,земи.
    ухххххххх :@ среќа што дечко ми добро изреагира, инаку ќе требаше у контејнер да ја фрлам :punch:
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Во секоја врска има по некоја нападна девојка која нема друга работа па трча по зафатени момци. И јас имав такви проблеми со "Наводни другарки" на дечко ми кои му го полнеа паметот со лоши работи за мене. Дури еднаш се случи една да му се умилкува додека јас бев со другарки на годишен одмор. Кога се вратив дечко ми се ми кажа. Мене во ниедна ситуација не ми било сеедно,ама никогаш не сум покажала дека тоа ме нервира. Сите такви ситуации си ги реши дечко ми, јас фино лепо си гледав од страна.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^ мене ми се има случено другарка да ми рече: ај дај ми само една вечер да излезам дечко ти :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:
     
  16. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Само еднаш. Бевме излезени со дечко ми и уште неколку пријатели и таман да си одеме пред колата на дечко ми се појавиа 2 девојки. Едната ја знам а другата не. И му велат ај срце ќе сакаш да не однесеш до дома, остави ја оваа кучка(за мене). Јас :@ , дечко ми ми вели влегувај Перла. и си отидовме.
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Ги мразам ваквите девојки, заради една типична ваква девојка ми се растури полагодишната врска, во исто друштво се и имаја врска пред да бидам јас со него, тој многу пати ме убедваше дека нема ништо со неа, и неколку пати ми го докажа тоа, таја пред мене се праеше светица, а на фејсбук ми пишеше нонстоп и дури еднаш ми рече, те молам скарај му се, за јас да бидам со него, те молам, јас едноставно ја жалев и сеуште ја жалам, после се смири малку, и пак почна во акција, абре да ми излезеше пред очи ќе ја отепав, му отишла на гости кај дечко ми, му ги купила омилените чоколада и цело време седела до него, и на крајот го бацила, после ова ме молеше да простам, НЕ ПРОСТИВ, само му реков да ми излези таја кучка пред очи, не знам шо ќе му напрам, ама господ е голем, гледа ќе му врати.
    И Му врати.....
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ехееее, на светов со лопата да ги ринеш.
    Поише вакви ги има, него асални парови.

    За овие само добро опоменување за ги тресне од земја да припазат до кај е нивна територија, пошто кога автоматско влагаш во туѓа, животот безмилосно ќе отиде јабана. :D Втор пат опоменување - out of space.
    Ваквите личности ги презирам, и пред се ги жалам што нивното постоење е сувишно на планетава Земја.
    Но, сеуште тие постојат и тероризираат наоколу со:
     

    Прикачени фајлови:

  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    На една свадба каде што дечко ми беше девер, наместо да бидам максимално весела,јас пола свадба со нервози ја поминав....благодарение на старосватицата.
    Се започна откако стигнавме кај младоженецот, играме оро,и она стои до мене и ми вика: деверот брат ти е? и ја културно одговорив НЕ. пак она: озбилна сум,не се шали со мене. И ја таква :^) зошто би се шалела,ти велам дечко ми е. И ништо тука заврши муабетот.
    Потоа у црква,ја се вратив до кола да земам нешто што останало,како што ги наредил попот нели старосватица до девер стои- се тоа ок,ама она го фатила под рака :swear: ама веќе влагаат во црква, си велам зарем во црква да се карам,офф леле кога почна да ми се лоши,да ми се стемнува пред очи...дечко ми се врти божем те ташна ми подава,те да види нешто (ја трга раката), ама оваа пак го фаќа.Уффффф...и приоѓа мајка и и вели еве ти ги свеќи во две раце фати ги,а оваа и одговара абе сега ли најде чувај ги...(не и одговара треба да го пушти од под рака),помина тоа што помина стигаме во ресторан, и сега јас си бев канета со дечко ми, и пишуваше на поканата невестинска маса,стигаме таму и тап во последен момент невестата незнам што и како прави,но столица помалце има на невестинска маса, и мене ме ставаат на масата до невестинската маса, а дечко ми со госпожата старосватица. :@ Влегуваат младенците,наздравување со шампањско,арно ама има чашаи за мене,зошто и ја си бев планирана во бројката на масата,и и велам на госпожата(а она застанала до дечко ми),тргни се да застанам,она се прави дека не слуша, ја пак и велам: тргни се кога со убаво ти велам, она врти глава и ја ни 5 ни 9, бочно навлегов меѓу неа и дечко ми и со сета сила ја турнав со колкот :lol: она на мене...нормално и беше лошо,бидејќи другарките на масата и се смееа.
    Помина валцер,ора се,ја си изиграв малку со дечко ми и после сама(со неговите роднини,бидејќи он не е по играњето).Во еден момент играм со мајката на дечко ми, и гледам како госпожата му пружа рака(а нејзините другарки и прават палче :up: ) и зборат нешто...е сега ова дечко ми ми го прераскажува:
    (она:ајде да играме
    он:не фала,ако сакам да играм имам со кого,имам девојка
    она: деее девојка батали ја ти неа
    он: не не ти реков веќе ти реков
    она: лелееееее па досега никој не ме одбил
    он: хехех жалам за се има прв пат
    она: божеее,ама мене неможеш да ме одбиеш
    он:можам,можа,веќе ти реков имам девојка)
    тука она збеснува, си се враќа кај другарките,ама погледнува во мене,а бидејќи ја видов како другарките и покажаа палче,сега она кога ме погледна ја и покажав :Down: хихихи...она уште толку полуде
    На вечерата,дечко ми ми приоѓа и ми вика: абе да не си и ја земала ташната да и ја скриеш (а бидејќи кога она играше ја си седнував до дечко ми за муабет),лелеееее гуска една и ја снемало ташната и одма на дечко ми му рекла дека ја сум и ја земала/скрила :fubar: му одговорив: дека не сум плитка во мозокот колку неа за да се замарам со детски игри,он се насмеа и си се врати на место,оваа виде невиде,оооооп се појави ташната,кај мајка и била хехее си мислам ти намерно си ја ставила ама ај...
    Дојде време за бидермаерот...застанувам јас,и ете ти ја она до мене: што стоиш,што ќе фаќаш кога ти е џабе? јас: како што стојам,па за бидермаер стојам,и ти небери гајле...пак она: ај која ќе го фати нејзин да е деверот? :rofl: леле како слатко ме насмеа,си мислам со мене ли најде,незнаеш со кого си имаш работа,од сите свадби 70-80% сум ги фатила.Ја како од топ: ВАЖИ........и 1111,22222,333333 хоооп бидермаерот кај мене :f: и и мавтам оваа чури,а дечко ми ми вика изгледаше како некоја лавица кога грабнува плен хихихихих
    свадбата заврши што заврши, и дечко ми ми вели почекај во холот јас колата до пред влез да ја донесам да не те пресече ладно.А во холот имаше огледало,и јас се гледам во огледало,кога ете ти ја таа одпозади,ама гледа во огледалото и ми збори (а и ја ја гледам во огледало не се вртам назад) ми вели: ух да даде господ да ти пукне огледалот......(во тој момент само ми пролета мисла низ глава,цел ден тпрев,за да не уништам нечив ден.зошто не би сакала некој утре и мојот да го уништи.но свадбата е завршена уште пред 10мин. е сега си готова) :punch: се вртам ја фаќам за коса и и велам: е дојде време тоа селската штикла во глава да ти ја начукам...само што тргнав да ја удрам како што убаво ја зафатив неможеше да ми бега, се појавува мајката на младоженецот(тетка на дечко ми) и вели не snow не, ме одтрга и ми вели не ги прљај рацето со оваа,што си мислиш(и вели на неа)дека цел ден не те приметуваме,за атер на младенците, инаку одма ќе реагирав,срам да ти е,100 пати нека си и старосватица на снаа ми во моја куќа не те сакам...
    од тогаш се имаме сретнато на мекици,крштевки,ама девојкана врти глава не смее да писне
    Ееее секакви ги има
     
    На Читател, Ognenija, angelce1 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ехее вакви девојки..ги има и за секое утро на доручек да ги јадеш.Ама јас на леб ги мачкам :D
    Мене овие девојки ми се само атеншн слатс,и ништо друго ..така и ги гледам,па така да воопшто не ме тагнираат.
    На ваква девојка може да падне само несозреан дечко,а со такви да си немаш работа.Бар ја си неам :D
    А ако си имате такви дечковци,ондак не ве заслужуваат.
     
    На Miss.M5 и Shelea им се допаѓа ова.