1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напад на Хамас врз Израел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 9 октомври 2023.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Машки
    Изгледа на будизам мислев
    Кај нив насилството не е во ред
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.314
    Допаѓања:
    200.550
    Пол:
    Женски
    Вистинските терористи во целава ситуација се Израелците.
    Арапските земји станаа база на исламскиот фундаментализам и седиште на терористички организации затоа што Западот им го направи тоа, изигрувајќи светски полицаец. Самите ги создадоа тие терористи за да имаат изговор да влезат, да бидат присутни по секоја цена на истокот, оти се плашеа од нивниот прогрес и развој. И сега имаат изговор за геноцидот кој го вршат, ама ништо не ги пере нивните гревови.
    Се знае кој го врти светот, чии пари прават Америка да биде светска велесила, истите тие вложуваа во изградба на најсовремени воени системи кои сега се користат за да се изврши геноцид.
    Светот ништо не научи од историјата, никогаш и нема да научи. Борбата на великаните ќе го земе својот данок, ќе настрадаат невините како и секогаш. Нема правда, за жал.
     
    На piglet1, MeowMeow, Spicy Senorita и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    И јас имав такво мислење за Будизмот долго време. Имаат многу секти, дел од нив се раширени низ Западна Европа, дел од enlightenment movement. Испадна дека членовите ги спарувале, имале деца а потоа децата ги носеле на други локации и остатокот од приказната мислам го знаеш. Во Белгија (ако не се лажам) имало судење од деца (сега возрасни) кои биле жртви на педофилски свештеници. Во дел од видеото даваат исечок од Далај Лама (многу помлад), еден белец (свештеник) клечи пред него и му вели дека треба да се запре тоа со педофилијата, а овој како дебил само си се смешка. Има документарец на YT, јас стигнав до кај 20-та минута и не можев повеќе. Поентава ми е не е тоа што се прикажуваат дека се. Прочитај ја Забранет Свет од Леонид Ивашов и многу работи ќе ти станат појасни.
     
    На *Amethyst*, ZAHRA и @ceci11 им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Машки
    Епа добро хахаха
    На крај сепак испаѓа ко што кажав
    Ете, сите религии биле болест :rofl:
     
    На *Amethyst*, Spicy Senorita и daylight им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    офф топик:
    Зависи кој како ја толкува, исто као што има дословни и симболични толкувања на Библијата и Куранот. Бојното поле во Бг. е само сцена на која се одвива дијалогот помеѓу двајцата пријатели, но темата не е начинот на војување.
    Па Далај Лама и не е класичен будист, туку ламаист - мешавина на паганската Бон религија и некои философски поставки на будизмот.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Хаххаххахааххаахахахах


    ок.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.737
    Пол:
    Женски
    :bow::clap:
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Го памтам дијалогот помеѓу таткото и синот. Исто така, не мислам дека тоа напишаното е симболично. Не сум до толку многу завлезена, па да знам детали што и како, затоа ја наведов книгата како извор, од Генерал во пензија е, ако толку се избудалел да пишува лаги, тогаш и јас сум излажана.
    За Далај Лама не знам детали, ама знам дека е впуштен во еден куп скандали. Кога ќе помислиш на Тибет, тој ти е прва сугестија.
    Да, оф топик е. Ама почнаа да се дискутираат спиритуални причини за конфликтов, па сакав да му кажам на членов дека не е злато се што свети.
     
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    8.767
    Пол:
    Машки
    Знае членов убаво дека ни една религија не е златце.
    Тоа ми беше поентата уште од почетоков на темата.
    Будизмот беше наведен како религиозен правец кој не започнал војна во име на Бог (за разлика од останатите), бидејќи нели не ни имаат бог.
    За хиндуизмот не знам, немам барано инфо.
    А дека сите си имаат мрачни делови...ехеее...
     
    На *Amethyst*, Spicy Senorita и daylight им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    5.364
    Пол:
    Женски
    Темата не ги вклучува Хиндуизмот и Будизмот... уопште. :^)
    И да мирољубиви се, и двете.
    И Христијанството(Новиот Завет) е.
    За Исламот не знам, затоа што не го знам и го немам читано Куранот детално.
    А како се воделе војни во име на Христијанството и зошто има Христијани и верницишто подржуваат војни, меѓу кои и ова горе (иако повторно не сите) , треба пак да се навлага во конспирациски води.

    Така што доста вперувате прсти на било кого, освен вистинскиот виновник за она што сме до ова дереџе, ако сте уопште способни за тоа.
     
    Последна измена: 29 октомври 2023
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.206
    Во Багавад Гита воопшто нема дијалог меѓу татко и син. Воведот кратко се отвора помеѓу слепиот крал Дритараштра и неговиот секретар Сањџаја, за потоа главниот дел преоѓа помеѓу воинот Арџуна и Кришна, неговиот пријател и возач на кочии.
    Прашај се зошто би бил еден пензионер, меродавен во поглед на религија? Бил генерал? Каква врска има тоа?! Никаква. Не мора да значи дека лаже со намера да излаже, едноставно искажува неогово мислење кое може но и не мора да биде точно.

    Поентата ме е дека денес со помош на компјутер па и мобилен секој може да напише книга, а ако има пари или спонзори, може и да ја отпечати. И ние можеме да ги собереме сите наши мислења на форумов и да објавиме книга. Но само затоа што сме објавиле книга не значи автоматски дека таа е вистинита и меродавна за одредни прашања.
    Тоа е како да речеш дека христијанството не чини бидејќи ете во Палестина се води војна или да го поистоветуваш само со папата или некој патријарх или протестантски проповедник. Навистина, многумина паѓаат на финтата ако нешто доаѓа од далечна култура и делува егзотично мора да е добро, а всушност Тибет има крвава историја токму поради верските управители. Но членот како што јас сфатив зборуваше за будизмот воопштено, не за Далај Лама и Тибет.
    Тоа е додуша така, но потребно е и самите да се запознаеме со златото за да правиме разлика. Во ред е да се критикува, но потребно е првин да се запознае човек со тоа што го критикува, не е полезно ако само превзема туѓи мислења.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.005
    Допаѓања:
    159.412
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial сама не би можела да напишам подобро. :handshake: Не би пишела ништо тука ама само сакав да се надоврзам за ова. Нема ништо неконзистентно да имаше поддршка за Украина и сега да имаш за Палестина. Напротив, неконзистентно е то шо уствари е шема на поддршка кај други и крајно ме буни. :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.702
    Пол:
    Женски
    Комбинацијава е неконзистентна навистина.
    Но,ти си доследна на себе си и твоево мислење е очекувано.
    Како и мислењата на скоро секој од нас, тешко изненадување да се случи, спакувани сме сите во кутии насловени јасно.
    Страв да го фати човека од предвидливости и слабости.
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    54.532
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакаме да не заземаме страна, некои факти едноставно не се игнорираат.
    FB_IMG_1698513142701.jpg

    [​IMG]
     
    На MeowMeow, MyMala, Spicy Senorita и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    Да, споредбава е чудна.

    Ја еве и лајкнав за првиот дел зашто за односите меѓу Палестина и Израел нема што поише да се додаде и потполно е во право.

    Е сеа, само за делот дека Русија е агресор и држи вода, не требаше да се дозволи војна, ист народ да војува еден против друг и да му го направат меракот на некому ама... не е се така црно и бело.

    И грешно се толкува, кога збориме на темата за војната во Украина, одма мислат русофили сме, против Украина сме, го браниме Путин, а пак големата слика не се глеа, се иде со глава у ѕид и се извртува поентата дали ради лична корист, дали така им одговара, за инат или пак стварно не се објективни ради не знам кои причини.

    Ај да не идам оф топик, темава не е за тоа.

    Само мислам ќе се сложите сите дека поразително е во 21 век вакви работи да има и ко од шала да си играат психопативе со човечки животи. Никој нормален не би поддржувал војни.
     
    На *Amethyst*, daylight, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    54.532
    Пол:
    Женски
    На крај таа Русија гласа за прекин на огнот во Газа додека многу од овие "демократскиве" земји се против или воздржани. :D Пак нека гледаат црно бело и нека шират пропаганда.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, Spicy Senorita и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    11.654
    Пол:
    Женски
    Ама мораат да шират, лична корист јебига, најбитна е.

    Само дали тие што навистина профитираат на ваков или онаков начин, знаат дека се директни соучесници и како немаат грев не ми е јасно. Стварно ова испаѓа као газење преку лешеви ама буквално, свесни ли се?

    Ај, не можеме ние да им судиме, ако има правда нека се покаже макар и на другиот свет, ако не на овој.

    Бедови.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.801
    Допаѓања:
    122.471
    Пол:
    Женски
    Религиите не се виновни, туку индивидуите, групите и институциите кои со векови ги злоупотребуваат менувајќи им ја содржината и употребувајќи ги како изговор за влегување и водење војни.
    Секоја битка се води поради потреба за доминација и ресурси. Сè друго е изговор.
    Помалите сакаат да контролираат мал дел од светот, а поголемите сакаат да го контролираат целиот свет.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.801
    Допаѓања:
    122.471
    Пол:
    Женски
    Буквално.
    И тоа на тие кои им отворија врати кога им требаше засолниште.
    Ова е „рани куче да те лае“.
     
    На MyMala, mssuniquee и Amellie13 им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.678
    Допаѓања:
    12.172
    Koj како гласал, на крајот тоа скоро ништо не менува. И некој што е во крв не до колена, до носот, во носот му влегува, на Русите крв во нос им влегува, тие за мир во светот биле. Ајде бе, бога молат да се прошири конфликтот, да одвлечат внимание, па затоа и членови на Хамас само тие ги викнаа во Москва. Кој нормален кани терористи што ни исламските земји не ги примаат? Сите околу мене што се фанови на Путин, со радост кажуваат како сега Иран ќе се вмешаат, па на големо ќе излезело. Па Путин после ќе отишол до полската граница, Украина без оружје ќе била. Болесници. На дебата кажаа дека засега Израел нема потреба од оружје, а и да има, Украина и Израел имаат потреба од различни оружја. Тоа гласањето е обично лицемерие. Никому не му е гајле за Палестинците, ама никому. Требаше да си бидат свесни дека вака ќе биде. И кога фанчињата на Путин, истовремено фанчиња и на исламски џихад ќе ги прашам зошто никој не ги прима Палестинците, одговорот е „абе ако заминат, Израелци ќе се населеле во Појас Газа“. Пукнале за Појасот Газа. Па Палестинците вака ќе изгинат. Германија вели тие бројки од 7.000 загинати да се земат со резерва. Хамас ги соопштува бројките, тие управуваат со Министерството за здравство. Ајде нека не се 7.000, нека се 3.500. И замисли еј терористичка организација раководи со министерства. ЦЦццц.

    Израел е поспремен од Украина. Израел си има свое оружје и обучен народ за војна, и мажи и жени. Во пари, Израел повеќе одвојува за воена опрема од еден Пакистан, ова го слушнав на дебата. Гледате дека во ОН се бунат, го искараа Гутереш, се заканија на Либан, се заканија и на Иран, и на Хезболах, па дури и израелски пратеник за Раша Тудеј во живо се закани на Русија, дека прво ќе ги поразат Хамас, а тие оти ги поддржуваат Хамас, потоа ќе ги натерале скапо да платат, тоест рече „ќе дојдеме и ќе се погрижиме Украина да ве порази“.

    Ако Газа е како Скопје, зошто не си тргнаа пеш самите Палестинци? За неколку часа од Ѓорѓе ќе стигнеш во Драчево пеш, тоест колку и да си спор, во тек на 24 часа имаш време да стигнеш. Кога ќе почнат да паѓаат бомби, не помагаат ни Алах ни Исус, си треба разум во животот, а не гол фанатизам.

    И од ова и Македонците треба да извлечат поука. Времето брзо минува, и ако стагнираш или назадуваш, има кој е 10 чекори пред тебе, ќе те прегази и чао пријатно. Демографијата кај нив се сменила на територија, не на држава, а и во држава се менува демографија, гледај го Косово, гледај Западна Македонија, фрли поглед и накај Црна Гора. Демографија, економска, воена моќ, меѓународен углед, тоа те движи напред, а не закани со џихад на тие што ти дадоа лебче, ама ти бомбички си купи. Ооффф.

    Имаше пресретнати аудио разговори во кои инструктори на Вагнер им даваат совети на Хамас како да извршат напади. Нешто не се посвети многу внимание на тоа во медиуми, ме мрази сега да барам.
     
    Последна измена: 29 октомври 2023