Очигледно не ја сфаќаш целава поента на темава, и мислам дека сувишно е да ти се објаснува кој и што прави во моментов во геноцидот што се случува.
Јас не сум моќна да спречам било што, ако има некој што е моќен, нека повели. Кој ги тераше да се изживуваат со Израелци и странци, да убиваат и да им скокаат по телата, да ги газат и да се јуначат? Како што кажа @Adidas888 никој нема да влегува во оган за едно гето управувано од терористи од кое немаат фајде.
Абе не се замарам више, нека се искољат, и ова ќе биде како со Русија и Украина, нема да се види крајот на војната. Само да не се почне пак со како се викаше тоа шо и го ставија на Русија заборавив, оти тогаш на нас ќе ни се ебе мајката, се дупло ќе платиме.
https://faktor.mk/kolku-stranci-ubi-hamas-vo-izrael-i-od-koi-drzavi-se Нека си видат другариве Хамас кого се уби. 31 земја има на списокот. Овие бројки во меѓувреме се појачани, знам дека Макрон кажа пред два дена поголеми бројки на загинати Французи. Макрон им прати помош со брод, на крај Макрон лош, Хамас арни биле. Макрон лицемерен, Хамас срцки, душички. Ако на овие 31 земја им текне да пратат специјални единици во Газа да ги спасат нивните државјани? Хамас нели размислиле за тоа кога земале заложници? Што правиме тогаш? Кој си ти да ми масакрираш граѓани кои отишле на фестивал? Имаш енквала, дувло на терористи, немаш држава, како смееш да напаѓаш туѓи државјани кои не ти се криви за ништо? Видов на нет коментар од некоја странкиња за пропалестинските протести која гласаше вака „Ако толку си ја сакате таа Палестина, одете си борете се во Газа, не не малтретирајте нас овде“. Хамас да искасапеа некој Македонец таму, како ќе реагиравте?
Ало жено, ја рамнат со земја цела Палестина, едно со друго нема никаква врска, што се криви невини луѓе?? Ова е веќе и повеќе од Хамас, невини луѓе гинат, болници бомбардираат, со бел фосфор ги бомбардираат, тое е забрането, војно злосторство е, знаеш ли што прави бел фосфор?? Израел само сака да ја уништи Палестина, ги заболе за нивните луѓе.
Овие со стокхолмски синдром, најјаки се Русија е крива за напалмот врз македонците во Грција, исто и за белиот фосфор врз палестинците сега. https://www.hrw.org/news/2023/10/12/israel-white-phosphorus-used-gaza-lebanon
И јас сум со тој став, нека одат таму нека протестираат и нека се борат, нека не ми галамат овде. Ние сакаме мирно да си живееме.
Прва го осудив нападот на Хамас врз Израел и не можев да сфатам зошто сите даваат поддршка на терористите. Ама јас не знам кој може да остане имун на она што Израел го направи и прави во Газа. Тоа е геноцид, невидено злосторство. Јас не можам ни слики да гледам. Ужас. Со што заслужија сите невини луѓе, деца, да бидат масакрирани од страна на Израел? Израел нема граници, нема контрола, не знае да престане. Цел свет се крева, не знам дали некој норамален ќе ги поддржи. И се надевам дека ќе им се изврши притисок да престанат.
Да не нападнеше Хамас на 7 октомври сега немаше ништо да се случува во Газа. Израел не е Македонија или Србија, па да попушта. Палестинците не ли знаат што ги чека? Зошто дозволиле терористи да им водат институции? Зошто своите деца ги праќаат во редовите на Хамас? Ако е воено злосторство, си постои Хаг. Замисли го Скопје со три терористички групи внатре, значи на толку мал простор, толку тероризам. И некој како Израел ќе ги трпи, некој со таква моќ следни 30 години ќе трпи да го маваат со камења. Не ми пречат ништо ни едните ни другите, далеку ми се, ама дека Израел се јаки, моќни и брутални, да, а дека Хамас се мутави, никакви и тоа да.
Искрено вака, размислуваш пред да пишиш нешто? Како тоа ништо немаше да се случува? А што се случува децении наназад, или гледате само од 7ми октомври наваму? Ја требат Палестина буквално, убиваат се пред себе, не можиме ни да замислиме ние овде. А некои пишувавте не била вистинска држава Палестина, ами ајде да ги истребиме, и нас нека не истребат соседите оти не не признаваат. Страшно значи што нема да прочиташ.
И за Македонија може да се отворат многу прашања, одамна функционира како федерација, иако официјално не е. Ако не си мислиш како ќе живееш во следните 10-20 години, тоа си е твој пропуст. Соседите со исклучок на пола од Србите радо би да сакале да не нема. Што толку да се воздигнуваме себеси кога економија, демографија и воена моќ ни се катастрофа.
Имавме и имаме и ние терористи, само кај нас се борци за човекови права пошто ги угнетуваме, збор не им даваме. Па и Хамас ако гледаме така се борци за човекови права, по логиката на Западот.
Ти врска немаш ни од историја ни од тоа што се дешава сега, ало бе тие право на збор немаат, што лупеташ какви 7ми октомври, 75 години уназад ги ништат палестинците, тоа никаде не се прикажува ама што повеќе да се разговара со некој што подржува геноцид.
Ко о чему Тања о Путину, дури и кога нема врска темата со Русија. И додека ти и таквите како тебе се ситите на убиствата што ги прават Израел исто како што ги правеа и Украина со години наназад врз недолжно население ние само сочувствуваме со нив и ни е жал што се тоа доведе до ваква ескалација на состојба, така да болесниците барај си ги на друго место.
Терористички напад е едно, а геноцид е сосема друго. Разликата помеѓу овие два поими е небо земја. Толку имам да кажам
Што да престанат бе Џулс, како ќе престанат. Во 2014 истото се дешаваше. Еве го, со резиме: 50 дена војна, 2200 мртви, од нив 490 палестински деца. Пола милион луѓе раселени, без дом. https://www.independent.co.uk/news/...za-conflict-50day-war-by-numbers-9693310.html 10 години одтогаш, во благодет живеат во Газа, во благодет се и на Западе брег, за претходно не мора да праиме муабет. Тугооо
Ми се чини мене, вака како неупатена или ова е почеток на трета светска. Мислам, начинов на кој што се случуваат општо настаниве, после тоа што се случи во Украина, ми укажува дека е некое смислено сценарио. Еве, не знам... Инаку Тања, зошто веруваш во западни лидери? До гуша се во гомна. Па спомнуваш институции, како работеле, како требало да биди. Добро, ти уште веруваш дека не се корумпирани? Каков Хашки трибунал, каков Макрон, некој молим те, не биди наивна до толку.
Кој освен Русија ги прими терористите на Хамас во официјална посета? Украина има поддршка од силните земји, Хамас од кого има поддршка? Украина е поголема од цела Југославија, Палестинците во една енклава како Скопје се забутани и ти споредби ми правиш. И што паметно направија Палестинците? Сега ќе останат во рушевини, без вода и струја. Нели се приметувате дека сте поголеми фанови на сите можни исламисти од самите муслимани? Да, Кадиров ти е најголем идол. Да бе тие кутрите терористи од Донбас срушиле холандски авион кој патувал кон Малезија со скоро 300 патници, 80 деца внатре, сите загинале. Имало внатре луѓе од различни националности. Кутри, Русите од Донбас се браќата на Хамас. И да не ломотеа Русите за Хамас, немаше ни да ги спомнете, сигурна сум. А вие ли група Македонци одредувате кој е терорист, а кој е недолжно население во светот или граници утврдувате кое до каде чие е? Затоа Скопје е единствена метропола од екс ју со два плоштади на две етнички заедници, дека народов многу знае. ОН, Хаг, УНИЦЕФ, СЗО, тоа може да се пензионираaт веднаш, еве Македонците ќе кажуваат како светот да постапува.
https://twitter.com/Imamofpeace/status/1718357352515023181?t=-ldVuDlNgR8A0m-X8cV-vA&s=19 Муслим брадрхуд. Или не баш.
Ахаха, ти со силните земји си значи? И тоа значи дека си во право? Хелго, едно време нацистите беа силни, ти текнува?Тие што го воведоа поимот холокауст. Ама со кого се објаснуваме овде, со некој кој го изедначи Бандера со Кирил и Методиј, и уште коментарот стои Тие шака јада, збутани во една енклава колку Скопје, се 2 милиони луѓе, повеќе од една Северна Македонијо. И кој ги збута таму? 490 деца (потврдено од УН) загинале во Газа во 2014, читај погоре. Кој кога е терорист уствари?