Postaviv link ponazad, Gaza ima naogjalishte na priroden gas. Samo povod trebashe da gi chistat Palestincite i ottamu za da ja prezemat.
Ова сега има логика, во Украина наводно борбата била да се преземе контрола над нуклеарни централи. Ма да, таму искрено еден куп криминал од страна на Западот. Од трговија со луѓе, купување деца од сурогат мајки, секаков тип на експлоатација. Значи, борба за ресурси. До кога? Дури срамнат се со земја, изгледа.
Абе не ги интересира као да ви кажам. Ние луѓето сме потрошна роба, заменлива. А природните богатства не се. Позади пишував зошо САД сегде се буткаат. Пошо имаат корист од територијата. Зашо у 2001 не застанаа позади нас?? Иаме оружје, иаме полиња со нафта, со гас? Иаме централи? Не Не им требаме Гледаат кај имаат корист.
Уште се нацистите силни,живеете кај нацистите и јадете леб од “силните држави” ама сте против нив? Само кога даваат пари се добри А во Израел колку загинале? Колку деца се загинати од бомбите на Хамас?! Или не се бројат еврејските жртви?? Само палестинските согласно пропагандата фри палестина. Ќе замижите и на исламскиот тероризам?! На терористичка хорда дивјаци? Ќе го оправдаме? За некаква замислена територија црна Палестина. Ја нема. Го одбиле предлогот ‘47 влегле во војна ‘48 и изгубиле . И со години Victim mentality. Тие во Газа силните пари што ги добивале ги вложиле само во оружје,никаков напредок 70 год. Цела Газа е касарна со години. И на крај Еве ги. Се спремаат за војна меѓу полумесецот и крстот,денес тоа братот Ердоган јавно збори. Тоа е поентата што секој муслиман е на страната на Палестина, а не некаква непостоечка фри Палестина.
Абе водени сме од психопатски створења. Дел од луѓево ги отворија очите после 2020, дел никогаш. Значи затоа ни кажуваат ако има трета светска, ќе било крај на цивилизацијата. Да зграбиме се што можи и да појдиме на Марс, на колонииите од шизофреникот Маск.
Тие шо се ненормални затоа се најбогати. Пошо немаат емпатија, ги заболе за сите, гледаат поише за себе да имаат. Ја, ти, Станко, Џери, сите сме небитни за тие големи сили. Нафта, пари, оружје, земја. Тоа е тоа Само и сите овие шо се пукаат, се ѓубриња. И Русија, и Украина, и Израел и Палестина. Затоа не завземам страни. Пошо едни ако почнеш да жалиш, ќе сфатиш дека и другите се за жалење. Ама никој не е. Сѐ дур бираат да ,,разговараат” со пиштоли и пушки место со уста и пенкало. Никој нема да жалам и 10,000 жртви да имаат. Пошо сите се болни. И двете страни.
Кои се нацисти денес да видам? Тебе малку измешано ти е времето изгледа. Кој збори за 48 ма и која година сме сега? За 48 ма не знам за Газа, за 2014 знам. И жртвите на двете страни се излистани погоре, ако не е УН палестинска организација . А од 2014 до денес што се има случувано? Дај да видам што збори Ердоган, не читам мисли, вести читам. И на крај, појма немам кои се муслимани, кои се арапи, кому што било ветено од Јахве или кралицата. Мислам дека е основна човекова вредност да се има интегритет, да не се дозволи човечко страдање во име на било чиј профит. Кога има и евреи кои не се согласуваат со ова што го прави Израел сега, ама апсолутно можам да бидам против неписмени папагалски политичари, оти јас никаков интерес немам во крвопролевање, само основно човеково сочувство.
Прекини да мешаш вера со човечки животи, ти си еврејка и се е тоа оке, ама човечки живот е многу побитно кој која вера е, и помири се дека светот не е слеп и знае каква е историјата и како настанал Израел и зашто настанал, иднината можеш да ја смениш, минатото не. Ширење на пропаганда не е фри палестина, ширење на пропаганда е тоа што не им се дава право да се види вистината зад геноцидот врз палестина. Тоа што се случи на 7 ми никој не го оправдува, ама ова што израел го прави излезе од сите граници. Колку сакаш можеш да ги браниш евреите, само потсети се дека во Израел не живеат само евреи, има и други вери. Исто и во Палестина. Дали Палестина е признаена или не, не им дава право на Израел 75 години да ги протерува и да се иживљава со нив. И биди малку човечна, сфати еднаш дека се работи за невини човечки животи на двете страни, не биди националист. Геноцид и терористички напад се две различни работи.
Леле бе госпожа аман и од тебе. Го тупиш вака, цел месец више ќе фати: - немале територија и држава Палестинците - Аллаху акбар и бомбардирањата и - дека сме поддржувачи на фри Палестина. Друго, ново нешто да кажеше? Тоа ве учат вашите само нели? Жива напаст сте, ко секташи некои ама џабе ви е, сите полека се освестуваат и сфаќаат колку е саат, а тоа што ич не ве боли кур за загинатите, и да се ситите и навивате, не знам само како можете да сте такви безчувствителни. Нити ве боли за жртвите од Израел, уште помалце за Палестинците, се знае за што ве боли вас. Срам и жал, што беше тоа, мисловна именка ли? Абе таа не верувам ни дека Еврејка е. За чиста платена пропаганда се работи. Може си ја читала и во темата за Украина, истиве ликови тука што тераат пропаганда и таму се, така да јасно ти е. Проценете и сами, ќе скокнат тука, ќе се соберат неколку, ќе си кажат што имаат, потоа штама некој период па пак нареден и така па и времето го темпираат, агендата да се испочитува. Ако не е ова апла пропаганда, тогаш не знам што е и упорно не ги банираат.
затоа не завземате страна и тоа е тоа и нас иначе у 2001 коа ни влегле браќата, сме ги кинеле како врапци, да не ќе ги жалевте тоаш? УЧК имале многу поише жртви од АРМ, ама да е ,,жива и здрава'' Америка шо виде потенцијал у нив за блуд и разврат, па дојде да диктира... вака за нас да елаборираме.. може и ќе си ја вратиме државата цел Инстаграм и Фб ми се со ,,фри Палестина'', а живееме у држава кај шо дојдовме граѓани од втор ред. Затоа и не завземам страни у ниедна војна, пошо си глеам за својот гз. шо е продаден одамна на Америте скапани
Јас па се чудев што постирала Аргентина. И Израел и Египет имале гас. И Алжир има гас и многу други земји.
Е добро утро дека имале. И Русија има свои ресурси, па ги освојува украинските и не е само овој пример. Нека се чуди тој што не сфаќа.
Прво, ако гледаме од почеток,Израел не го потикна ова и има право на самоодбрана и да се спротистави на терористички групи и неговите подржувачи. Силата е на негова страна, ако си глушец и си го жалиш населението,нема да чачкаш мечка и да с екриеш зад него. Факт е дека Газа е полигон на муслимански терористи кои напаѓаат туѓ интегритет.арапите ништо не решија по мирен пат,посебно после губење на војните,геноцидални,не го прифаќаат постоењето на Израел,само кукаат со год некој да им даде фруи Палестина. И не ги гетоизирал никој таму.Сами се гетоизирале.Произведуваат и подржуваат терористи,ГаЗа е со децении касарна со конфигурација каде е невозможно да нема жртви при конфликт. Европа им даваше пари за вода и водовод тие ги откопале и ракети правеле и оружје,настрана браќата муслимански Иран штосо години ги финансираат . И друго што е важно Израел предупреди. Хамас не. Ако те предупредат да одиш на југ, ке одиш.Бомбите ке убијат деца,ако родителите не се најуг и Хамас ги слушаш. И ти имаш интерес. Твој интерес е да прекине конфликтот,за да не ги прибере Европа . Од една страна ги подржувам,а од друга не ги сакам покрај мене да живеат. Кои се нацисти?Тие таму кај што живееш. Мене не ми е измешано.Тебе ти е.Живееш односно егзистираш од Западот ,а патолошки го хејташ. А братот муслимански Ердоган го има изјавил на про палестинскиот протест во Истанбул.Побарај. И за крај синот на водачите на Хамас. https://www.novizivot.net/vijesti/svijet/sin-vode-hamasa-se-obratio-na-krscanstvo/ Еве го Секој од муслиманиве што е за палестинска држава е за експанзионистички исламски цели и претензии. И тоа е реална опасност.Тероризмот мора да се осуди и да не се подржува.Слично на изјавата на Индија зошто не ја подржа резолуцијата, https://www.ndtv.com/india-news/isr...g-immediate-truce-in-israel-hamas-war-4521983 еве ги пропалестинските европјани,од реката до морето.Баш Палестина,"From the river to the see, Palestine should be free"
Па еве и последниов пост и е апла пропаганда. Џабе се дискутира со луѓе што подржуваат геноцид, плус се националисти.
Реално, греота се само децата. И НИКОЈ друг. Од возрасните. Пошо сите се свесни и на двете страни шо се дешава. И си ќутат. А децата секад ќе се греота, која вера и нација и да се, пошо се деца, не знаат нишо, не можат зло да напраат. Ама возрасните можат.
Македонците се чудни суштества, океј и јас сум Македонка ама барем имам себесвест и знам да закочам. Како да забораваат кај живеат, едно дувло сме, буквално. Не дај боже на вакви теми да разговараш со Македонци во странство. Ох, ќе ти речат, ние сме со друг пасош сега, не не интересира. Така лесно се откажуваат од свој идентитет што е трагично ама и комично. Патем, имам пример од своја фамилија. Заминаа да живеат во Америка, ми кажуваат гордо дека го заборавиле македонскиот, а богами и кирилицата. Вакви примери по други нации нема да најдиш.
Абе види океј е да се дискутира. Актуелно е. Ама толку спамање, ронење солзи, срцепарателни приказни, мавање од земја. Неам више толку емоатија према светот, пошо и светот нема према нас. У 2001 никој не ни помогна, со Грчка исто, со Бугарија исто. Внатрешно нѐ јадат, пак сите ќутат. И ја да плачам за Израел или Палестина. Па нема да плачам бе. Мене ми се плаче ради ова дома шо ни се дешава. И како нѐ дупчи кој стигне. Од шо се замараме со другите сме на ова дереџе. А да не зборам шо Македонија се изјаснила како ,,воздржана” за прекин на огнот. Џабе вие мелете и се праите хуманитарци, алтуристи, кога нашите више кажаа за нас. На протестот у Ск имаше поише луѓе него на протестот за Онкологија. Палестинец се раѓаш и си цел живот, а рак може да има СЕКОЈ. Палестинците не се Скопје, Македонија и планетава. А рак може секој да закачи. Да не зборам шо ги убивале за неколку мочани €. Е ова е тоа шо ме боли. И за Украина исто. Затоа ни е малце све шо ни се дешава.
Билко, барем тебе те сметав за поначитана дека си. Ама не било така. Отвори на нет и види историја на таа територија што се вика Палестина, кој и го дал името, кој ја владеел последните 500 години. Ај ке ти скратам мака. In 1516, the Ottoman Turks invaded and occupied Palestine, an occupation that lasted for 402 years (1516-1918 ), except for the 9 years between 1831 and 1840, when the Egyptian Governor Muhammad Ali sent his troops to capture Palestine under the command of his son Ibrahim Pasha. И што се дешава 1918? Се распаѓа отоманската империја и територијата ја превзема погоди кој, кралството Британија. Britain conquered Palestine from the Ottoman Empire during 1917-18. Following the Great War, British rule in Palestine was administered under a League of Nations 'Mandate' until 1948. Unlike other colonies, this Mandate aimed to lead the native population to self-government and independence. И погоди што? Кажано им е и на евреите и на палестинците дека опцијата им е и двата народа да прогласат независност и да формираат влада на територијата во која живеат. И знаеш што? Епа не знаеш, не си прочитала. After Israel declared its independence on May 14, 1948, the fighting intensified with other Arab forces joining the Palestinian Arabs in attacking territory in the former Palestinian mandate. Наредниот ден, Израел го нападнаа сите комшиски држави Резултат: победа на Израел. Еј види, Палестинците ги пишува како губитници на војната, исто како Сирија и Египет. Наместо и тие во исто време да прогласат независност, тие тргнаа на крв. Батковците ќе ги бранеа. Аха, ги одбранија. Јордан го превзема Западен Брег. Еј гиди, браќата што требаше да ги спашаваат палестинците, ги поробија. Идеме наредно, 20 години независност на Израел. Еј гиди, комшиите пак го нападнаа Израел од сите страни. И кој вика дека е победник? ИЗРАЕЛ. Ај прочитај си сама кои територии се освоени од Израел откако изборија победа, сами против сите. Газа, Синај, Голан и источен Ерусалим. И пак ви се криви. Има уште една војна која пак ја доби Израел. Пак сам против сите. Ама за тоа сама си гуглај. После пак ви е крив Израел. Мене би ми било срам во денешно време при толку можни информации на интернет да ме манипулираат и фаќаат на емоции. Бтв, Израел го врати Синај на Египет, ама требаше во пакет со Газа да оди. И знаеш што? Браќата муслимани не ги прифатија тие услови, ја оставија Газа на Израел. И ден денешен не ги прифаќаат, и тие имаат жичена ограда, кој сака терористи да им се инфилтрираат на територијата. Кхм, само Катар, ама далеку се тие. Тоа е веќе геополитика. Ама ние обична историја не разбираме, не пак комплицирана геополитика