И покрај предупредувањата на САД, Израел го бомбардираше пренаселениот град Рафах Израел изутрината бомбардираше цели во пренаселениот град Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, откако неколку часа претходно претставници на американската Влада го предупредија Тел Авив да не ја шири својата копнена офанзива во таа насока. Рафах е дом на повеќе од половина од 2,3 милиони жители. Во денешните израелски напади беа погодени две станбени згради, при што загинаа осум Палестинци, меѓу кои три деца и една жена. Погодена е и детска градинка која се користи како засолниште за раселените жители во центарот на Газа. Најмалку четири лица загинаа во нападот, соопштија претставници на локалната болница. Околу 30 се повредени, главно жени и деца. Очевидци велат дека луѓето во засолништето спиеле во моментот на израелскиот напад.
Овие ни едни, ни други не жалам. Едниве окупираа територија оти "ветена им била", другиве немаат проблем по цел свет да се саморазнесуваат. Требаше да ги остават уште минатиот милениум да се разберат меѓу себе, дали на маса или во ров, нивен проблем. Ама пошто им се мешаа, сега се сечиј проблем, па и наш.
Да ама економски, со бродови како тој што го прибра Иран. И размена на шпиуни ќе има. Војна поголема не верувам, нема врска што ајатолахот на Бајрам даде ветување дека ќе има војна.
Мислиш, си правел Бајрам со паметот? Иран е сериозна држава, нивниот збор има тежина, не е ова чесниот наш Стево или Црпе, па ќе си дрндупчиме до мила волја. Не знам, како сериозна ми стои работата, посебно по нападот врз иранскиот конзулат или амбасада беше, од страна на Израел.
Може нешто ситно да се испукаат, или преку прокси да продолжат и понатаму. Директно нема да ескалира пошто Иран има нуклеарно оружје, затоа никој не го рчка. Плус, државиште е, со огромна војска, напредна. Затоа и САД не ги нападна до сега.
А оној Биби Нетанјаху зауздан е од Амерот или малце е излезен од контрола? Зошто прави такви провокации кон Иран? Како да провоцира ескалација, така ми делува. Или само оди по работ, што знам.
Обратно е. Израел е тој кој го команда САД. Сите структури во САД кои одлучуваат се Евреи. Е сега и таму има фракции и поделеност. За, и против Нетенјаху. Но, кога е во прашање националниот идентитет и интегритет на Израел и на Евреите како националност, секогаш ќе се држат цврсто и ќе се поддржуваат. Има цело време провокации и напади, и од страна на Израел, и од страна на Иран. Си гаѓаат генерал штабови, бази итн. итн. Дали директно, дали преку проксија. Е сега Нетанјаху ептен забега, нема веќе со кој не се рчна таму. Либан ги бомбардираше, Јордан со Хутите, Сирија цело време ја бомбардира. Со С.Арабија одржува некои односи, ама и со нив не е пријателски настроен. Нема Израел таму пријатели. Да не се САД позади нив, ќе бидат избришани од земјата. На САД, и Англија, исто така им е тесно. Цел транспорт преку Суец им е блокиран. Толку војни водеа таму за да го контролираат, за сега едно босо племе како Хутите да им го попречува. Инаку, исто прокси се на Иран. Секакви санкции до сега им ставија, ги бомбардираа, закани, носачи на авиони им донесоа, и пак не успеаа да продолжат со транспортот низ Суец. Последно имаше дека им рекле, дека ќе им ги тргнат сите санкции и ќе ги подмачкаат со кеш само и само да остават да им се движат бродовите. Секако, тој главниот на Хутите им се изнасмеал. Срам огромен е тоа за најголемата империја. Пред некое време имаше рчкање меѓу Иран и САД во Персискиот залиф, нешто поврзано со танкери со нафта, така нешто. Иран им дадоа до знаење на Америте дека може да им ја потопат фрегатата што ја пратија таму. Им доставија снимки од дрон, и снимка од нишан со ракети. Америте се повлекоа. Иран сега им гаѓаше бази во Ирак и Сирија. Скоро сите бази од кои крадеа нафта им беа уништени. Заклучно со еден од сопствениците на нафтените конгломерации Израел одговори сега со уништување на амбасадата на Иран. Ноќеска Иран гледаше да го сатурира и анализира ПВО-то (Iron Dome) на Израел. Ќе има одговор набрзо. Нема вака да остават. После Израел ќе врати. И така во недоглед.
Ентони Блинкен е Евреин. Неколку советници на Бајден се Евреи, имаат и амбасадори Евреи. Влијателни се, секаде ги има и тоа на јаки позиции. И треба Израел да си знае до кај се границите. Медлин Олбрајт исто беше Еврејка. Отсекогаш си биле влијателни.
https://www.jutarnji.hr/vijesti/svi...-iran-bi-nas-mogao-napasti-vec-danas-15449549 Не ги пратам често дешавките ама последните неколку дена скоро сите медиуми пишуваат за можна ескалација на конфликтот многу министерства од разни држави им препорачуваат на граѓаните да избегнуваат летови накај истокот и да го напуштаат Израел поради можни ракетни напади со Иран... Дај боже да е само лажна тревога и ширење на страв и паника и да нема везе сето ова
Во Иран ситуацијата не е сјајна, нон стоп има протести, кај и да е ќе почне цивилна војна. Сакаат да ги симнат од власт милитантите кои се рчкаат со западот, а западот е тој што младината го обожава. Ако нападне Иран, а се спрема, еве Јордан го затвора авионскиот простор над нив, Израел јако ќе врати, одма ќе има вмешување на САД, Франција и Англија и нормално цело НАТО ќе почне војна, такозвани светска. А батко Путин уште се мачи во Украина да освои град со големина на Пехчево
Веста за протести во Иран е стара колку ланскиот снег. Протести во Иран лани имаше. Одамна ги задушија и веќе нема. Пробаа западот, како секаде, да им прават обоена револуција, за да ја сменат власта, да стават некој нивни папет. Секако не им успеа тоа. Иран не е банана република како Севернава. Под санкции се уште којзнае од кога. Како со Русија, фарса излезе тоа, уште повеќе ги издигнаа. Не им остана ништо друго. А светска нема да има, зошто ако има, нема веќе да постоиме. Да можеше САД да го нападне Иран до сега, ќе го направеше тоа. Ама секако дека не може, па останува овака прокси само да се рчкаат, или во некоја трета земја да се запукаат. Да видиме само дали има толку глупи држави да глумат нова Украина.
Еве, почнаа. 13 април 2024та. Прелетаа дроновите преку Ирак, се кренаа јорданските, британските, француските авиони, симнаа голем дел. Ќе видиме во текот на ноќта колку штета направиле. Засега само на палестинска територија има пријавено штета. На браќата фрлаат бомби. Ами сега? Шах мат ситуација. Три брана на дронови и понекоја ракетка. Што е следно? Ајде Иран, изјасни се? Кој ќе те брани? Турција и Ердо И пропаднатата економија? Асад Кој изврши геноцид над своите? Путин Кој наскоро ќе прави нова мобилизација за да напаѓа? Кинезот? https://t.me/manniefabian/44290 Се фалат со нуклеарки, а сите околу нив изјавија дека ако почнат Иран први, сите ќе вратат. Прв беше МБС, а и МБЗ е на тој став. Иранците соочени со децениска тортура од исламистите, тепање и убивање на жените заради тоа што не носеле шамии, со страшна инфлација иста како во Лебанон и Турција, немаат за леб, демек ќе оделе во војна со Израел да бранат гз на исламистите. Обавезно Едвај чекаат да ги симнат. И сега ќе седне некој да пиши километарски постови како животот во Иран бил мед и млеко. Разговарајте со луѓе од таму да добиете информации од прва рака што се случува таму. Не протестирале, како да не. Да не им е дијаспората да им праќа милијарди секој месец, ќе умрат за јадење
Имам пријателка од Иран, ништо од ова не е точно. Таму проблем е исламистичката шиитска власт од 70тите навака, а дека мора да носат марами шамии, не мора. Само таму без марама е исто како овде жена без шминка или без ташничка, се смета за испод ниво, тоа е цела работа. Имаат над 150 етникуми, околи 20-30 верски и подверски групи, а имаат и ураниум кој е озбилна конкуренција на индустриските гиганти и либтарди како САД и слични на нив.