Напад на Хамас врз Израел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 9 октомври 2023.

  1. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    154
    2 Израелски воздушни бази се срамнати скроз со земја.
    Една од нив е воедно и главната мета базата Рамон од која се напаѓаше и Палестина и Либан и Сирија и Ирак со америчко оружје и авиони а секако и главната причина за возвратниот удар од Иран. Од таму беше регистрирано полетување и слетување на авионот кој ја бомбардираше Иранската амбасада.
    Ако е точна информацијата таму имаше опрема во вредност од преку 10 милијарди долари патриот систем и неколку Ф 35.
    Базата Негев е удрена со најмалку 7 балистички ама не потврдува ништо Израелската одбрана за таму сеуште.

    Израел кога удри на Палестина се повика на член 51 од ОН.

    Израел обвинува во ОН да се казни Иран заради напад без презедан.
    Иран се повика на членот 51 од ОН уште пред нападот.
    Право на самоодбрана.
    Двојни вредности на Израел.

    Бајден го повика на Нетаннаху да не возвраќа за да не ескалира ситуацијата.
    Официјални од Израел бараат повратен удар.
    Нетанхаху утре ќе се состане со врвот на армијата за одлуката околу тоа.


    И најбитното за вечерва.
    Официјално:
    После 191 дена прво спиење во Палестина без експлозии.
     
    На sonuvana, Bratot, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    На Израелците треба да им се оддаде почит што се напикани секаде, што се така влијателни по светот и што имаат грб од САД. Мала нација се, ама види САД им чува грб. Па тоа со нешто го залужиле. Што не ни чува грб некој нас?

    Друга работа, Израелците се закануваат на многу побројни нации, како да не се плашат воопшто, така делува. Иран и држави како Пакистан, Аганистан и сличните каде убиваат жени за подискривена шамија, тоа се племиња надвор од цивилизација, ама што да се прави, и такви мора да има по светот.

    Ако споредам Израел и Русија, Израел тоа што го кажаа, тоа и го прават, не отстапуваат, не попуштаат на никој, гаѓаат цели во Сирија, Иран, убиваат лица поврзани со Хамас, значи конзистентни се и сериозни, за разлика од Русија која се резили трета година со питачка Украина и не знам колку пати сменија планови и цели.
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    78.020
    Пол:
    Женски


    Кој рече дека не мора да носат шамии?
    Ова видео таа ми го прати пред некоја недела, сега кога се врати од Иран истото го кажа, има места каде што евентуално можеш без шамија на глава да одиш, ама ако те види моралната полиција, си наебал.
    Ги тепаат, ги апсат, ги носат на суд.
    Таа живее овде 20+ години и на секое враќање во Иран кажува дека ситуацијата е пострашна и пострашна. Исламистите се на власт веќе со децении и нормалните иранци едвај чекаат да ги симнат од власт.
    Најголема желба и е да го посети Израел, па се договоривме дека еден ден, живи и здрави, заедно ќе појдеме 8)

    Барам на вестите, никаде нема снимки од базата во Негев.
    Ако веќе тврдите дека е срамната со земја, пуштете видеа ^_^
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Не тврдам јас, поим немам дали нешто е срамнето или не. Нивна војна, жалосно е ама нивна е. Ние треба да си ги гледаме гредите в очи тука а не дали Иран ги тера да носат шамии, дали камшикува, дали Израел убива деца итн. Малку стресови имам уште тоа да си го носам како товар и може мир ќе завладее. Нека одат голи едните, нека демилитаризираат другите, што ми е гајле.
     
    На Billy Idol и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Такоџе.
    Ама апсолутно ме заболе патка дали Иранкиве се чувствувале репресирани, шамиите, китките...
    И ние овде сме колективно репресирани, па не видов никој од Иран или било каде да си ја траска главата за нашиве несреќи, и да кажува како требало.
    Ќе ме тангира само ако се разакаат со нуклеарки.
     
    На SigmaMan и Billy Idol им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.623
    Допаѓања:
    273.207
    Па треба да те заболи, како иначе стигнаа толку бегалци во Европа? Од каде дојдоа?

    Не оти ние можеме што било, ама баш затоа што немаат раат, раатот навака го бараат. А меѓу тие што бараат раат, доаѓаат и тие што Алаху Акбар се разнесуваат по метроа.

    За жал мал е светот за да не ти биде гајле, цели муџахедински келии има по Балканов, посебно Босна.

    @SigmaMan исто и ти, и јас ептен сакам да не се наш проблем, ама се. Брзо заборавате што се исподеси со Сиријците. Луѓето природно бараат да одат каде што има мир. Се' додека било која држава ја водат исламски фантатици, цел свет нема да има мир.
     
    На exceptional и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Различни светогледи имаме.
    Миграциите, тероризмот, фанатизмот се дел од нечија агенда. Шамии не носат од вчера, ниту Истокот го откри Западот вчера. Зошто тогаш шапките не се средство за репресија, туку баш шамиите? Ене ги во ОК, кралици, принцези, аристократија, сите имаат строг дрескод на облекување, и на некој начин, покривање на главите, па не видов некоја да се пожали дека е "репресирана" заради тоа.
    Не е тоа репресија Камелија, туку традиција. Ама некој сака да им утуви во глава дека баш тие се заостанати, репресирани, само западното е модерно и демократско, божемесачувај.
    И пак ќе повторам, апсолутно не ми чуе за вакви западно-глобалистички просеравања.
     
    На piglet1, Konfetka, SigmaMan и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Повише забулени во Ист Гејт ќе видиш него ли овде.



    Од Иран нема бегалци. Тие што дојдоа беа од Сирија, Ирак, Авганистан, Пакистан. Сите земји разурнати или од Израел или од САД.
    Им ги создадоа и екстремистичките организации како ИСИС да масакрираат цивили.
    Исто и од Африка тие што доаѓаа, им ги финансираа Боко Харам во Судан и слични земји.
    Секој ќе бега од такво нешто.

    А бранот со бегалци тогаш се случи кога Меркел јавно ги повика да дојдат и отвори граници.

    Еве и овие од Газа сега Израел што ги убива веќе со месеци, што мислиш, каде ќе одеа? Напикани се сите во едно мало градче на југот од Газа. Веќе се разговараше да ги земе Европа.

    Среќа, откога се најави нападот од Иран, цела војска што ја имаше Израел во Газа почна да ја повлекува. За прв пат Палестинците мирно спиеа.
     
    На piglet1, Mrs. right, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.881
    Допаѓања:
    186.614
    Уште да се согласиме дека војни се водат за ослободување од шамиите и таман сме(facepalm)
    Мислам искрено, мене тие од Иран и од Јемен ми се многу страшни.Ама исто страшен ми е полскиот католибан или западниот либтартизам. Зависи какви слики те плашат.
    А за последиците од оваа ,,занимална,, не треба многу далеку да се гледа, доволно е до бензиската и до новчаникот да ѕирнеш по некое време.
     
    На Ugly Duckling, Konfetka, SigmaMan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.623
    Допаѓања:
    273.207
    АКО има бегалски бран, од Иран или каде било, каде ќе одат?
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.623
    Допаѓања:
    273.207
    Традиција е ти да облечеш македонска носија.
    Репресија е да мораш да облечеш македонска носија.
    Не е различен светоглед, лудо е да мислиш дека ако излезеш од дома вака или онака облечена, треба да бидеш за истото и казнета.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Зошто би имало?
    Да има бегалски бран од Иран, треба да се води копнена војна на нивна територија, што е незамисливо поради тоа што се воено јака земја, плус нуклеарна сила. Никој не се осудува да ги нападне директно.

    Такво нешто може да се случи само на неутрален терен, пример Јордан, Либан, Сирија, Ирак. Во зависност која следна земја сакаат САД и Израел да ја разорат. Од таму да, може да има бегалци.

    Веројатноста е дека следниот бран бегалци ќе бидат Палестинците од Газа, ако им ги отворат границите.
    Ако не, ќе ги сотрат до еден како што почнале.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.623
    Допаѓања:
    273.207
    Што пак доаѓаме до првобитното. Требаше да ги остават да се потепаат во 20ти век. Сега добре ни дошле и да се надеваме дека нема да не' разнесат некаде.
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Каде напуштила британска чизма, оставила хаос и безредие. А каде стапнала американска чизма донела масакри, крвопролевање и руини.

    Цела муслиманска пролет е финансирана и диригирана баш од САД. Шахот во Иран баш они го донесоа на власт кога им направија обоена револуција. Види пред тоа како бил животот во Иран.
    Сите екстремистички муслимански парамилитарни терористи организации се формирани баш од САД и Британија. Од Муџахедините во Авганистан да се борат против СССР, до Ал Каеда, ИСИС, Боко Харам и слични.

    А да ги оставеа во 20-ти век да се потепаат, немаше Израел да постои денес.
    Единствено постои поради помошта од САД и Британија.
    И таа победа што ја имаа во Арапско - Израелската војна во 60-те немаше да биде успешна да немаа поддршка од САД.

    И денес постојат само и само затоа што американски носачи на авиони се паркирани во близина и чекаат на готовс. Мислиш инаку ќе ги оставеа Арапите да вршат ваков геноцид во Газа?
     
    Последна измена: 14 април 2024
    На Mrs. right и Космонаут им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    78.020
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20240414_215934_X.jpg
    Оф оф.
    Се враќа Палави :inlove:
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.623
    Допаѓања:
    273.207
    Ама мене колку што ми е гајле за Израелците, толку и за Арапите општо. Дали ќе постоел Израел - не знам, ама знам дека да ги оставеа тогаш на раат, денес веројатно немаше да трпиме цел свет реперкусии.

    Се согласувам дека америте се најголемо зло на светов, логично, потекнуваат од дегенериците протерани од европско тло. Ни за сами себе, ни за никого добри не се.

    Ама точно без војни нема да постојат ни тие како што постојат, им треба војна за да се одржат.

    Поентата дека е прекасно да не им се мешаме и да не ни е гајле, пошто се опасност по нас - и точно, како што ти постави, а реков - преголема инфилтрација има на исламски фундаменталисти и терористички групи на Балканот. Босна е најпогодена.
     
  17. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Точно.

    Ама од каде доаѓаат овие исламски фундаменталистички групи на Балканот и кој ги тренира? Кој им гради кампови, ги регрутира и ги наоружува?

    Кој воопшто им ствара војни, а подоцна ги праќа во Европа како бегалци?

    Ниту Хезболах, ниту Хутите, ниту Хамас вршат терористички напади на Балканот, а ниту во Европа. Таму си се борат против западни структури. Така да, немаме ние никакво мешание со Иран. И не треба да ни е гајле за нив.

    Во блиско минато, и се надевам никогаш повеќе, го осетивме тој исламистички вахабизам на сопствена кожа. 5 деца ни убија на Смилковско во очи на Велигден.
    Од каде беа испратени и кој ги испрати тие терористи? А, и кој ги крие сега?
    Епа таму и лежи одговорот на проблемот, и од каде треба ние да се пазиме. Каменот од блиску доаѓа. :)
     
    На Mrs. right, Konfetka, SigmaMan и 2 други им се допаѓа ова.
  18. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Еве не знам зошто во Македонија на нусињата не им каже некој за CIRA International. Дечките прават лом со нивните радикални "факти и вистини". Второ, тероризам гледаме само врз цивили, извршен најчесто од два тројца селски ликови, фанатици. Па зошто ниту еден терор не е извршен врз униформирани луѓе? По нивните верувања, не смеат да тепаат немоќни а севап било да тепаат вооружен непријател. Многу смрди на секрет сервис насекаде низ светот...
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Вие не сте комуницирале со Роми да видите колку се фанатизирани дел од нив. Ги финансираат богатите исламски земји да носат мантили, бурки, кратки панталони. Некои од нив тоа го кажале на комшии, пријатели. Се почесто слушам како Ромите ги нарекуваат браќа Албанците, браќа по вера. Босна па ти е дувло на терористи. Тие се во филм дека Иранците и Сиријците им се браќа, а генетски се поблиски со нас.

    За Смилковско, тие луѓе беа наши државјани, од Арачиново, арно ама иако официјално сме држава, институциите ни се формалност. Прво, полиција не ни оди во Арачиново. Да оделе, да правеле претреси, ќе го одземеле оружјето од терористите навреме и ќе ги ставеле во затвор. Да ги чувавме границите немаше терористите да избегаат во Косово, ќе беа фатени на граница. Разузнавањето кај било? Понесе ли некој одговорност за Смилковско? Не. Друго, излегоа стотици да го кршат судот и да бранат убијци, ние како гревови молиме за соживот, споменуваме соживот оти сме малку, слаби, никакви, чаре немаме. Епа Израелците не се како Македонците, опстанале оти се јаки, спремни, сложни, способни, навреме нашле пријатели да им чуваат грб. Терористите од Смилковско и Хамас ти се браќа, во име на џихад убиваат. Читав скоро дека Хамас има многу висок рејтинг меѓу Палестинците. Мнозинството Палестинци ги поддржуваат.
     
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Кај нас градат џамии со спонзорство од Турција, а највеќе од Саудиска Арабија. Од таму и се даваат пари по религиозна основа.
    Баш од С.Арабија доаѓа најголемата поддршка за фундаменталистичкиот муслимански тероризам, финансиски, онака, задкулисно.
    С.Арабија е еден од најбитните стратешки сојузници на САД.

    САД е де факто, а и де јуре управител на Косово.
    Босна е сеуште под управа на Умпрофор и НАТО. (Освен Република Српска)

    Албанците, како што се знае се најголеми измеќари на САД на Балканот. Знаеме дека највеќе од нивните отидоа во ИСИС, уште една терористичка организација створена од ЦИА за да се бори против Асад (про - руска влада и држава).

    Хамас, веќе јавно се дозна дека е финансиран од Израел, а позади нив е ЦИА.

    Ние сме, исто така управувани од Кале. А армијата ни беше тренирана од страна на Израел.
    Кај нас сите терористички напади доаѓаат токму од Арачиново, или од Косово. И тоа во клучни моменти каде не сме "послушни". А, еве и сега ни се закануваат.

    Епа кој стои зад нив? Иран? Талибанците? :)
     
    На SigmaMan и orevokrsacka им се допаѓа ова.