Не разбираш цело време мислиш дека ја и некој тука се против мурика или против западот или против израел од шо ги мразиме, дололку русија кина или било кој друг го прави истото шо го прават америка израел велика британија тогаш би бил против нив а би хи подржувал овие шо не се ко нив, и тоа не ги подржувам да навивам, ни едните ни другите затоа што гинат луѓе и од двете страни. Ја сум против секој еден шо делува како були на некое дете, неможеш да оправдуваш насилник
Како и да завртиш и милијарда да отепаат таа е платена да ги брани по форумите на САД и сите што се под САД т.е под Израел зошто едно се. Излегоа бивши агенти што оперираа на блискиот исток. Сите кажаа дека Израел ја оркестрирал војната во Ирак,а не САД.Сето тоа со ОМУ беше фарса и лажно знаме за да се удри Ирак и да се земе се што има да се земе. Либан е на ред да направат лажно знаме Хезболах бла бла блА и да удрат по него.После тоа ќе остане Иран за крај. Сега им текна Мадуро ќе го гонеле за дрога. Ако ја пуштел позицијата на опонентите нема да бил гонет. Ова е шах каде светскиот полицаец е рането куче и све ќе уништи ако треба Зошто собери све одземи све резултатот е ист =Нафта,Злато контрола на пазарот а со тоа и ќе живее доларот.
Ама умре таа веќе, да бидеш светски полицаец требаат пари а пари веќе немаат од каде да најдат, украина ја изгубија таму имаат 13 милљарди ресурси ама џабе, сега задната цел е иран да се скрати нафтата во светот а со тоа да се задржи доларот ама и тоа умре петродоларот е мртов, а и ќе умре доларот за размена на други добра сега во октомври они може да пропагираат колку сакаат џабе е се. Реалноста е друга. Нека го бркаат мадуро тој им треба за литиум и нафта ама и тие ќе влезат брикс така да паѓа и таа, треба слеп да си да не гледаш дека веќе со сила не бидува работа или ќе се фатат да работат за да живеат или ќе бидат наредна југославија
Украина не е изгубена т.е доискористена. Nordstrom 1 и 2 ги снема. Ако го снема и тоа во Суџа е тогаш работата ќе биде завршена. САД ќе отвори пазар за гас кон Европа кој ќе биде х3 поскап а ќе мораш да го имаш. Работата е полоша отколку што изгледа барем за Европа. Ние веројатно ќе се ценкаме во продавница и за плински боци за кафе.
Немаат капацитет за да го изградат тоа, почекај ќе видиш а и за тоа треба години не се гради преку ноќ, иначе да согласен сум дека сакаат да ја зарбат европа на секое поле еве види со бегалциве франција британија горат веќе
САД ништо не прави без план колку да е лошо или штетно за некој. Нивната мува на капата ја гледаат. Ако треба и 300 бродови за транспорт на гас ќе произведат и така ќе носат ако решиле. Битно на Европа ја повозија за сите пари.
А бе умре таа, ги пратам ја многу време, економски никогаш не биле полошо сите бројки се против, значи џабе е човек или ќе се повлечат дома или дома ќе им биде лудило. Ги убија со даноците граѓаните врие и таму животот не им е лесен а уште полошо им станува, сега после избори ќе имаат банк ран значи не е америка ко шо беше 2010 2013 се шо прават си кошта и ќе си сносат последици
Епа ВБ и Америка сакаат од сечив мед. Го наместија Израел ко Косово. Кај шо највише им одговара. Израел е таму едина немуслиманска земја. И им одговара на лешинарите. Ако не им е таму местото нека ги мафнат. Ама на сред фестивал, да ми дојдат терористи и да утепаат илјадници луѓе? Израел бар си кажаа, испразнете ја Газа пошо ќе е потоп
Што би правеле вие да сте на место на Израелецот сега и да сте на место на Палестинецот? Ај искрено мислење. Како би постапиле?
Ја да сум би ги тргнал сите лидери, затвор или смртна казна. Сега наместо 18 миљарди за оружје би ги дал за инфраструктура, израел е страшен во поглед на земјоделие од пустината вадат капцитет шо ние тука со сите услови нема да може уште 1000 години да го извадиме. Нека си се поделат таму разумна територија за сите и нека почне да напредува регионот, сите би имале корист од тоа. Од минатото се учи а сигурен сум дека научија дека војната не е излез од нешто веќе 80 години и уште нема крај.
@Realist1 да си Израелец сега што би направил? Ќе војуваш, ќе ја поддржиш војната, ќе протестираш за договор? Две држави, не знам, што? Да си Палестинец, ќе ги поддржиш Хамас, ќе протестираш за прекин на војната, ќе се бориш? Што од тоа? Моја сега веќе бивша колешка пред 10 години беше во Израел за увид во тие нивни земјоделски практики и размена на искуства.
Стоп на војната по секоја цена, какво подржување на војна,каков хамас каков хезбола,подржување на наука прогрес инвестирање во подобра иднина, капитални инвестиции, развој, на секое поле. Луѓе сме се да се реши дипломатски
Не се фер медиумите; што и да мислиш очигледно имаш симпатии кон (наша) партија Тоа го сфатив на темава Или мора да почитуваш општи "левичарски" или "десничарски" правила. Интересно ми е, пошто јас ниту себе не се гледам така, ниту светот. Идеолошки сум левичар, па во даденава ситуација не сметам дека е Израел толку виновен колку што левичарските медиуми сакаат да го направат Далеку од тоа дека поддржувам геноцид, ама идејата дека Палестина е "окупирана".... абе ајде. Тогаш Македонија до Персија е окупирана, да ни се вратат териториите!!!! Тоа што жив Македонец нема таму, нема везе, окупација! Палестинците кои сакаат да се интегрираат, од 2005та наваму се интегрираа во голема мера и уживаат специјални права во Израел како "малцинство", од домување до образование. Ама, мораат да се откажат од фундаменталистички исламистички идеи и да се интегрираат во развиено општество (што и се случува). На Ханије фамилија (сестри, внуци) живеат во Израел и немаат желба да бидат асоцирани со Хамас и таа политика. Од друга страна; вистина е дека Израелците купуваа(т) на големо куќи/плацеви во West Bank и на тој начин се потиснати Палестинците таму, пошто Израелците купуваат цели редови куќи итн. Нешто ко Албанците кај нас. Ние не сме принудени да им продадеме; за добри пари продаваме - поголеми од реалната пазарна вредност После кукаме дека ни се доселиле, ама јбг, сами сме си криви. Мое лично гледиште е дека треба да се одвојат како земји, да се подели територијата, пошто не гледам како би живееле повеќето закоравени Палестинци во свет кај што Израелците се и те како еманципирани, да се повлече Израел сосема од тие места и ако како посебна земја ги напаѓаат, точно да ги срамни Израел со земја нема да ми биде гајле. Сега се оправаат, кое е чие, а тој конфликт вака нема никогаш да заврши. Повеќето Израелци (и Палестинци) сакаат да живеат во една земја, само што ни едните, ни другите, немаат заедничка идеја за државно уредување, па е искрено, невозможно. Нека им се даде територија на Палестинците и нека си имаат држава своја, ако напаѓаат, око нема да ми трепне да ги истребат. Како обичен никој, ако сум Израелка ќе траам, ако сум Палестинка ќе пробам да одам во Израел и таму да останам. Секако второво е невозможно за палестинските жени, впрочем за било кои жени од арапскиот свет.
И јас викам дипломатски, само со Хамас и слични терористички организации нема мирно решавање на ништо, да бидеме реални. Израелците простестираат против војната, а и минативе години имаа разни протести за заштита од дискриминација. Секако дека тоа не е интересно да го има по медиуми, лоши Евреи, гревни Палестинци.
Нека им се даде територија де, ете на пример Вест банк или како и да се вика. Шо бараат таму да им се населуваат? За второто, еве ја , палестинска активистка од Западен брег Спојлер: Ахед Тамини Апсења, ослободувања, тепање со полиција.- некоја палестинска Грета. Ја мислам ова сето глумци се, и појма немаме што уствари се случува. Освен што гинат палестинци.
Значи палестина пред 70 години ги прибира во својот дом им дава територија и сега по твое израел ја окупира цела палестина истото грците на нашите им го направи кога ги пребрка од егејот, треба палестинс да моли да и се даде дел од територијата? Нели е у здрав ум д**ење ова шо го кажуваш? Ја идам кај тебе дома ти ми даваш соба ја ти го земам цел стан и ти викам ајде еве од утре може да живееш на твојата тераса
Liderka izraelskih naselja Danijela Vajs, već redovna na izraelskoj televiziji, rekla je kako je uverena da će nova naselja biti uspostavljena u Gazi nakon proterivanja domorodaca Palestinaca. Не е ни Хамас ни брат му. Овде се интереси за Вест Банк и излегување на средоземјето и максимизирање на економијата и туризмот со своите сојузници,па макар една цела цивилизација да уништат. Плус непречена логистика на брегот од страна на демократите за секаква агенда према блискиот исток. Видеото може да се ископа на интернет,а и не и е прво такво излагање зошто е миленик на Израелците.
Може да живееш на тераса, во зима. Во лето ќе ми треба и терасата. Така некако, отприлика. Уствари, терасата сега најбитна ќе испадне, дека све било ради терасата. Спојлер: Слика од терасата https://www.middleeasteye.net/news/israel-practise-red-heifer-ritual-al-aqsa Многу почна да се збори за терасата, во најлегитимни медиуми во последно време.
Како ги прибра жити Бога Палестина? Исус што сите монотеистички религии го признаваат ќе да беше Евреин, ќе да беше од територијата на Палестина (територија и држава не е исто). Не што не ги "примија" Евреите, уште пред воопшто да биде регионот контролиран од османлиите па Англичаните, постоеле постојани напади меѓу племињата (арапски и еврејски). Раселувањето на Евреите по цел свет е токму поради тие меѓуплеменски војни, како што сега, денес, арапите се селат по цела Европа од исти причини. И да, екстремно идиотно би било да си бараме наши територии во Грција, а не подалеку. Не само што нема да го добиеме, нема ни Македонци таму за да има смисла барањето.