За некој ден, за некоја недела, за некој месец, и така со години. Со тие муабети самите себеси се лажете. Демек некој член на форумот нешто читал, па некоја тајна на универзумот открил, нешто што во ЕУ, САД, или било каде на планетата не го знаат? Не е можно тоа, инаку немаше да бидеме на ова дереџе. Па со каква самоувереност пишувате тука по форумов, мислиш тајната на универзумот сте ја откриле. Било какво покачување на цени било каде, ќе го погоди Македонецот оти е голтар и овде и кај што се отселил, му треба време да се стабилизира. Оставете тоа дека некој некаде ќе пропадне, од позиција на пропадната нација многу судите. На темиве иселени Македонци по Германија навиваат за терористички групи од Блиски Исток. Каква нелојалност и неблагодарност и какво лажење. Седи таму, НАТО им чува задник, ЕУ ги храни, и по форуми лажат за истиот запад. Смешно. Пример за лицемерие. Сфаќате зошто Македонија нема ни еден пријател? Прочитана книга сме, затоа. Дај му прст, малку му било, па те плука.
Де кажи нешто за ајрон домот и за израел до пред некој ден многу ги зборуваше остај ги македонците сега. Иначе да ако го затворат каналот сите ќе си патиме, ударот на израел немаше скоро никаков импакт на светските пазари затоа што израел нема ништо со што го снабдува светот, ама ако израел удри на иран и овие затворат канал тешко ќе дишеме сите оваа зима. Се надевам ќе смират работа А да и еве да не речеш дека подржувам, сметам дека треба да се сопре одма ова крвопролевање нема нешто шо оправдува ваков чин на насилство од било која страна
Што ми збориш за Железната купола? Ниту сум ја видела, ниту па нешто такво ќе имаме за 100 години. Врти сучи поддржуваш терористи, исламски. Епа такви исламски терористи какви што поддржуваш и овдека правеа проблеми, знаеш, масакр под изговор „Ќе ви ја уништиме верата“, така пишале на Фб, значи сепак си ги поддржувал, така, оти и тие се исламски терористи? Што се занесуваш? Слаб ли е Израел? Воено? Економски? Па нели виде дека Евреин обичен цивил истрча од ресторан и уби терорист кој бодеше луѓе и пукаше, а другиот терорист избега. Знаеш кога овде ќе видиш таков потег? Никогаш. Прво полицајци јадат ќотек од обични будали и крадци по улици, а цивили пуштаат мрсули на идеја за војска или обука. Вашите другари Иранци, Сиријци во Босна сечеа глави од каури со сатрче. Што знаеш ти повеќе од еден Евреин бре човеку? Да пишуваш ли по форумот? Па тоа не се важи,. треба да имаш дела по кои ќе те познаат и признаат. А што му е на Израел? Не постои од денеска или? Заглавени сте во некои примитивни филмови дека некој некаде ќе го снема, и додека си лафиш глупости препишани од кај Апасиев, државата ти ја управуваат малцинства.
Не те разбирам, кој никој не ти го нападна израел баш напротив израел ги напаѓа сите до вчера беше плестина масакр направи таму од вчера беше либија јемен и сега кога напнаа на израел сите биле против израел. Стварно не ка сфаќам поентата која сакаш тој што е були да ми го преставиш како невин. За останатите работи е муабет пред кооперација не ми се ни коментира незнам како дс ти кажам, безредието и политичките пропусти ги препишуваш на секој македонец. Израел нема ниеден природен ресурс зато и трчи во газа и во долината, слаб е израел да, израел е јак оти друг плаќа, односно е јак ради лобистите во мурика. Израел е исто како мене кога бев мал јад многу сакав зима ама татко ми носел дрва дома е сега неќам оти сфатив дека треба да купам јас дрва.
не ми едитирај постови од кога ќе искоментирам политички некоректно е од твоја страна. Шо ми мешаш сеа мои лични политички убедувања со темава. Јас не сум спомнал ништо од твојот личен живот и твоите политички убедувања.
Секој еден Македонец е крив за ова овде, и секој еден Евреин е исто одговорен за тоа таму. А како што гледам поразиле појаки непријатели и отвораат фронт со секоја брадосана муџа, што треба да е така. Ти си се навикнал да плаќап даноци и струја за бивши терористи и не разбираш што е гордост, свест, нација, држава, единство. Ако дошло време Македонци да даваат оценки за Железна купола, смешно е. Па ние една ѕитче не можеме на клинички да направиме со месеци, ти за Железна купола ми збориш? Дали македонската Железна купола е поарна од нивната, па се смееш нешто демек, еве си ги фатил на пропуст? Жити све, од која позиција ги фати на пропуст, па сега единица во дневник ли ќе им пишеш? Каква држава е Либан бе, вашата омилена земја од вчера? Земја со терористичка група Хезболах? Газа не е држава. Каква е таа енкавала со три терористички групи внатре? Што треба да прави Израел? Да не прави ништо и терористи да им колат народ и луѓе што ќе стапнат таму? Хамас уби 1.400 Евреи и луѓе од 33 земји. Ако јас се прашувам, сите тие 33 држави, требаше да имаат воен одговор за масакрирање на нивни невини луѓе кои отишле на фестивал. Не е булирање тоа, тоа е борба против тероризам. Ако знаеш да силуваш странкиња и да и сечеш глава, додека дома жени ти е во 9 капути, не бе брат, ќе ти пратам специјалци да те згазат. Додуша да се направи една статистика за семејно насилство, може ќе испаднеме на ниво на Иран, Либан и сличните, затоа сте се фатиле да ги браните како богови. Мислам на кој нормален не му се повраќа бе кога ќе види терористи од Хезболах со пушки и ножеви и знамиња на ИСИС? Вие фанови на ИСИС сте?
Е сеа глеаш како мешаш пак и ме тераш да отворам уста. Заради неколку продадени души не ставаш и нас кои имаме дадено многу за државава во ист кош, и тоа е некоректно од твоја страна, прво не ме познаваш ни мене ни го знаеш моето потекло за да коментираш во таа насока, второ јас научив како шо се понаша државава со мене и јас да се понашам со неа за идеали и туѓи профити доста сум дал вклучувајќи ги и моите. Друго ја не подржувам војна, израел е вештачка творевина на британија, британија и е гајле за израел таа си е вин вин во секој случај се друго е шо викаше љупчо георгиевски колатерална штета. Хезбола е паравоена формација на иран и сеа ја неможам да те учам истории ги знаеш ти самата. Дојди си во левица бар ние си ја сакаме државата и не гледаме за капитални остварувања а богами ќе застанеме машки ако дојдеме на власт па ско треба и во ровови ќе влеземе ама за тоа кога ќе дојде време сега може само да се муабетиме. Пак си едитираш и пак измешано се и свашта шо да ти кажам управо си ај.
А чекај сега, што тоа јас да ти кажам за Железната купола? Па јас живеам во држава што во 2024 година нема јавно веце, ни Скопје, нема. Која сум јас да дадам мислење за Железната купола? Да не пари сум дала за неа? Да те остават една година да живееш во Тел Авив, не пак нема да знаеш како точно функционира, ни нашиве воени лица гарант не знаат, може чуле, прочитале, препоставуваат, ама НЕ знаат. Било кој што навива за групи кои веат знамиња на ИСИС, апсолутно не ја сака државата, тоест скоро никој не ја сака оваа држава и затоа е така. Секоја држава е слика на тоа каков народ живее во неа. Очигледно многумина сте фанови на ИСИС знамиња, обезглавувачи, и болни мажи што клепаат по 10 деца за еден ден да го уништат и последниот Евреин. Постоењето на Израел или било кој на светов и веков, за среќа не зависи од мислење на некои си Македонци што се палат на џихадисти.
Овие се последните владетели на Иран, пред да дојдат муџите. Владееле до пред 40 и нешто години. Сами се криви ирачаните, исто ко и либанците, и македонците, и сите што го јадат стапот. Пред 40 и нешто години, блиски исток беа земји за печалба на странски градежници, ѕидари одеа да градат, не ратни профитери. И не извезуваа исламисти. Абе цивилизацискиов прогрес е фасцинација
Ама незнам зошто се плаче кога сето е створено од западниот свет. Значи средниот исток е место на војни скоро 80 години, каков народ очекуваш да има од такво место, значи самиот запад си ги произведе и си ги зема дома на крајот, стварно не ја сфатив поентата на земањето дома освен ако нема поента самоуништување. И сега си кажуваме како колеле силувале епа тоа знаат да прават шо си ги научил друго не ни виделе нешто друго во животот.
Се посрамотија Евреите поради Железната купола пред група Македонци од Скопје и по некој Македонец во Берлин, Брисел. Како ли ќе се исперат пред Македонците сега не знам? Не ме гледај кој сум бил порано, гледај ме кој сум сега. Муџата се раѓа како таква.
Аааа некој бегал од часови по историја во средно, а сега дебатира на тема историја Ај врати се на лекцијата, што се случуваше во мај 48ма Железната купола е за ракети со краток дострел. А што се дешаваше 48ма, прочитај, па ке дебатираме. Да, таму следам. Мада ги нема секогаш сите авиони. Во помалку од 24 саати, Израел изгуби над 15 млади. 8 војници се убиени во Либан. Млади деца, после 2000та родени. Никако да сфатам како можете да дркате на истокот. Нормални луѓе бегаат од таму, вие за таму плачете Ама изгледа и покрај тоа што сте бегале од часови, и млади сте, не ја паметите историјата и што се се случуваше последните 30 години. Важно на форумот ќе се јачаме
Еве те чекам да дочиташ, па ќе дебатираме. Дури те немаше бев на шопинг, мора нови алишта за крајот на светот. Нели бритања прва ќе пропадне, па да се дотерам ко што личи