https://sdk.mk/index.php/svet/vo-ga...to-a-za-nekolku-chasa-ke-ostane-i-bez-struja/ расплакување мамата за помалце од 4 дена
Абе читајте се тука некои како зборувате/размислувате, а колку што знам не сте ни Израелци, ни Палестинци. О.о Па очекуваме таму они да покажат меѓусебно разбирање и да има соживот... Јасно е дека тоа нема да се деси и само ќе се продолжи со насилство, терор, патња, бесконечен loop на уништување.
Лол... Бродот се вика Егзодус. Евреите се избеглици од Германија. Пораката е упатена кон војската на Британската империја под чија контрола се наоѓа територијата палестина, затоа и е на англиски. Палестина не постоела како држава со сопствено државно уредување. Мислам, пак е сето тоа историја. Историјата е во минатото. Состојбата на теренот е таква каква што е сега. Треба да се размислува каква иднина да се има од сега, од моментов.
Ве молам малку да намалите со омразата и желбата за смрт во постовите. Прочитајте ги правилата на форумот.
Огромна грешка е да игнорираш историја. Историјата содржи записи кои докажуваат дека некоја нација постои. Ако се фрлат или игнорираат, сите нации и држави ќе престанат да постојат. Во време кога секој на секого се обидува да му менува историја, и тоа како е битно да се одржува и чува она што е запишано во минатото. Без минатото, сегашноста се загрозува, а ќе ја нема иднината!
Настрана фактот дека светот ќе биде подобро место ако нема нации и држави туку сите сме исти и еднакви. Како историјата помага во случајов со Евреите и Палестинците?
Изгледа во куќите и зградите кои ги пеплоса Израел деновиве сенилниов старец мисли дека живеат неговите имагинарни пријателчиња што му се привидуваат, а не цели фамилии. Избегнувајте цивилни жртви во Газа – Бајден со барање до Нетанјаху Речиси 1.000 убиени лица и над 5.000 ранети во израелските воздушни напади врз Газа
Историјата е патоказ кон иднината во која ќе се темели идното човечко постоење и не треба да се игнорира. Еврејската нација постои, точно е и никој не го негира тоа, но Израел како држава во историјата никаде не постои, постои од 1949 кога вештачки доби независност од Британскиот мандат на Палестина, и ден денеска нее призната од сите земји во светот и е статус кво прашање само. Палестина како држава постоеше и пред нашата ера, и во нашата ера и постоеше се до 1947 кога беше окупирана од Израел со помош на западниот свет за да стани засолниште на евреите после војната а кои патем по обичај евреите никогаш и немаа засолниште каде би се стационирале еднаш за секогаш, туку ги имало и има на секаде во светот исто како власите, ромите и другите номадски народи кои имигрираат од едно во друго место. Точно е дека евреите потекнуваат од денешен Израел (Палестина), но "ветената земја" нее денешната цела територија со која располага и господари Израел, туку област каде уште пред нашата ера живелее евреите и господ му го ветил само тоа место. Но денеска таа "ветена земја" стана земјовладетел на целата територија, негирајќи го палестинскиот народ, култура, окупирајќи и земајќи ја нивната држава Палестина, спроведувајќи операции за етничко чистење т.н " трајно ослободување од непријателот". Со тоа се реализира ционистичкиот план "Израел држава - засолниште на Евреите". Во кој период од историјата евреите формирале држава? Во никој. Да, формираа во 20век окупирајќи ја Палестина. Дали имаше пред 1947 воени ескалации, немири, терор во овај дел од светот? Немаше. Почна од 1947 до ден денеска. Без минато сегашноста се загрозува точно, бидејќи се врши геноцид и чистење на палестинците, а прашање е дали и воопшто ќе ги има и постојат во иднина ако ова продолжи вака и не се запри теророт.
Kolku odvratna propaganda, lagi i dvolicnost se sirat ovoj pat... Glupostine so gi tropaa botovite za Ukraina se 0 sporedeno so ovie gadotii... uzas.
Нема да биде. Без историјата, нема да постојат ни тие, ни правото. Човештвото ќе се уништи со примитивност. Историја ти треба и за да започнеш и за да продолжиш, и за да завршиш војна. Покажува како се појавиле и кои елементи (име, јазик, култура, територија и друго) ги имале и од кога. Со елементите се утврдува правецот, дали кон продолжеток или крај на војната. Проблемот е огромен кога третиот и четвртиот (САД и Русија) додаваат зачини во манџата бидејќи им се потребни или корисни ресурсите кои ги имаат завојуваните. Без нив (елементите и ресурсите), или самите ќе се избришат или големциве ќе ги избришат.
Може да кажеш Палестина како држава кога е основана и кога престанала да постои? Не, пошто никогаш не постоела ни таа, исто како Израел. Стварно ме интересира кај имаш прочитано.
Тонот што индиректно се провлекува низ мислењава е дека дел од вас ги сметате Израелците и западните народи како повеќе човечки од Палестинците.
Не. Баш би биле понапредни. Статистиката вели дека доколку сите сме зборувале ист јазик и сме комуницирале повеќе, технологијата што ја имаме сега, ќе сме ја имале пред 100 години па и повеќе. Така де, да немало историја, нема ни да ја започнеш војната. Па затоа нема да ти треба ни продолжување ни завршување.
Ако продолжуваме да гледаме кон минатото, никогаш нема да можеме да живееме во сегашноста или да имаме иднина. Како сакате вие сфатете си го тоа, но тоа е така.
Ќе ја започнеш. Еден ќе има нешто што ти немаш. Ќе се изнервираш и ете. Остави ја статистиката, крива е. Не е можен развој со едноумие.
А демек ние (или било која нација) функционира со едноумие? Каква врска има едноумието со народот и народноста. Еве јас и ти сме Македонци, па имаме спротивставени ставови. Интелектот не е врзан за националноста и социјално општествената историја. Да, може да почнеш војна затоа што некој има нешто што ти го немаш. Ама 90% од војните се почнати на национална или религиозна основа. Камо да ги немаше тие две, па да останевме со оние 10% војни поради нешто што ти го имаш а јас не.
Извини, ама конекцијата не можеш да ја видиш бидејќи политиката не е твое поле. Исто како што јас не можам да видам за вежбањето бидејќи не е мое поле.