Изгледа да. Колку што истражив пред да пишам само оваа ја најдов. А насловот е катастрофален. Каков напад врз Израел кога тие покосија дури и новороденчиња?!
Нацрт-резолуцијата за прекин на огнот во Газа не успеа, откако сите земји од Советот за безбедност на Обединетите нации гласаа „за“ освен една, САД, која го искористи своето право на вето.
Еве има ознака ќе види. Значи стварно ова е темата за геноцидот во Газа? Сакав да вервам дека има друга тема и драмам џабе. O well.
Ќе треба една и за иран да направиме да видиме само дали ќе биде пред недела или после недела. Ама како шо ми стое пред недела ќе биде напад изгледа
Нападите и убивањата продолжуваат. Палестинското население е лишено од уште еден начин за барање помош. https://sitel.com.mk/nad-100-zaginati-vo-gaza-za-24-chasa-komunikaciite-vo-celosen-prekin https://www.slobodenpecat.mk/humanitarnite-akcii-vo-gaza-vo-zastoj-poradi-prekin-na-internetot/
Се надевам дека нема, ама како шо ми стое трамп ќе ги притисне израел да го нападнат иран. Аман од војни веќе се е спобудалено.
Америка се ивзема од се, ама секаде се замешани. Штом ги евакуираа амбасадите, ќе има огномети. Ама изгледа сега 1000 балистички ќе летаат, не 200. Ама евреите хитлер го преживеаа, па камениот... За Газа немам коментар. Египет наместо да ги прибере, тие ѕидови градат. Муслиманско братство мај ес. После пак друг ќе е крив
Нема друга тема. Ние што везевме на почетокот, да се крсти нов конфликт или нешто слично, муџи сме биле, џабе сме возеле. Ај па сега, за уште малку, шо уопште да се спомнува некоја Газа. Сами се криви. Шо се живи де.
Не знам како било на почеток. Од неодамна ја видов темата, во нови мислења ли ми излезе, и ме изиритира насловот. Инаку Политика и настани ја избегнувам ко категорија пошто I'm a fragile girlie шо ја вознемируват одреден тип на вести и радо би само да собирам инфо без да читам рандом особи шо кажват за тие теми. Ама како шо кажав, животи се "бришат". Не мора (не смеј!!) и во поставување теми тука, и на редит и кај не на друго место да ги "бришиме" тие луѓе. Башка, не би се согласила дека е конфликт. Можеше така да е темата до 2023 можеби. После то е геноцид.
Па сега...не може да имаш политички став, без информации. Не може геноцид без конфликт. Ништо не се случува денес, без тоа што било вчера. Од тоа што било вчера, едно резиме од завчера https://off.net.mk/vesti/svet/amerikanskite-sankcii-udrija-po-hag . Он ќе се занесува, ќе ги става на блеклист Путко, Биби и слични. Па ќе го блокираме бре (опело за камионџиите од Канада) ќе го обвиниме за сексуално вознемирување (ако не најдеме ништо друго или ако е тоа најдобриот арсенал за отстрел) и ќе цвика, ќе отстапи, нема да ни го закача Биби. Меѓународен суд-мај ес, тоа само за небитни играчи важи, со битните нема играчка. Шо викаа бабите-кај што има сила, нема правдина.
Над 80 години се случува истото во Палестина со Палестинците, но во 2023 одеднаш сите станаа обѕирни и правични на таа тема. Сега и Арапите имаат пари за медиумска пропаганда и така оди тоа. Многу лесно се реобликува јавното мислење. Пред неколку години да прозбореше некој за Газа ќе речеа да не замара и ќе го направеа антисемит и Хитлер фанбој/грл.
Ако ова не е доволна причина да се смени насловот, не знам веќе што ќе е. Ова е монструозност од страна на Израел. 21 дете починале од неухранетост и глад во поајсот Газа во последните 72 часа соопшти директорот на болницата Шифа во градот Газа,Мохамед Абу Салмија. Според неговите податоци околу 900 000 деца во Газа страдаат од глад а 70 000 од нив се во состојба на неухранетост. Поради моменталната ситуација, нема млеко, нема храна, нема ништо за пиење. Ова е глад. Не можам да ги задоволам потребите на моето дете. Бевме примени во петок, и оттогаш мојот син преживува на интравенски течности и не е во можност да оди.“ „Моите две деца страдаат од тешка неухранетост. Не можеме да најдеме млеко за нив и не знаеме што да правиме.“ Стапките на неухранетот кај децата во енклавата се дулираа окткоа ИЗарел ги заостри ограничувањата за влез на храна во март , соопштија ОН. Дваесет и осум земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Канада, преку заедничка изјаава бараат итен прекин на војната во Газа, истовремено упатувајќи критики до Израел за начинот на постапување при распределбата на хуманитарната помош наменета за населението во Појасот.
Ова што го прави Израел сега е еквивалент на тоа што на Евреите им го правеа во ВСВ. Ама yeah sure, нападот е врз Израел, тие се жртвите.
Изрел намерно ги изгладнува до смрт. Страшно што се случува. Гладувањето во Газа ја премина границата на преживување – Децата умираат, светот молчи