Види, прво и основно ти ме цитираше мене бидејќи не се согласи со мојот став. Впрочем, мојот став е веќе постоечка политичка идеологија која ти не ја ни препозна. Освен тоа, горе ми пиша дека мојата идеологија би донела едноумие. Во исто време, сакаш да се согласам со твоето мислење (став, идеологија, како сакаш наречи го), и на братот, на били и на кватро. Така да, искрено јас би рекол дека ти мене не ме разбираш. А јас добро те разбирам. Бидејќи тоа што го велиш е непроменето стотици години и очигледно не функционира.
Нема потреба од заземање страна кога и двете страни трпат огромни штети. Факт е и дека и двата народи историски многу преживеале, едните во поновата историја, другите пред тоа. Факт е и дека вака или онака Израел денес има суверена држава, Палестинците зависат од нив, и таман кога почнаа да ги интегрираат и економски зајакнуваат, испадна дека тоа било само политика на Хамас за замајување и си уринираа на сè тоа. Сега - на здравје, со свој камен на своја глава. Тоа што Хамас го направија во Израел е за секоја осуда, интернационален масакар. Ако си се решил на војна војувај со војници, не киднапирај, силувај, убивај невини цивили вадејќи ги и малтретирајќи ги од нивните домови без да сторат ништо. И да, Палестинците не се Хамас. Палестинците се едни од најмирните и интелигентни луѓе, каде што мигрирале во други држави, Запад најчесто, денес држат убави позиции со солидно образование.
Да, исто така Хомер напишал дека жителите на Атлантида летале на камења, и дека Одисеј на враќање од тројанската војна го киднапирале Нимфи, избегал од затвор на Киклоп, и на крај се сретнал со божицата Атина. Дај друг пример. Мислев е општо познато дека тројанската војна е мит и легенда. Сиромашни против богати, мислам дека се исклучува бидејќи цело време зборам за идеологија каде сите сме со еднакви права и слободи. Се друго наведено е причина за несогласување или евентуално неедноумие, а не војна.
Mosad e edna od najjakite ako ne i najjaka razuznavacka sluzba na svetot. Izrael zivee 100 god pred nas Znam nas vojnik tamu i veruvajte nemaat so nemaat I vozdusniot odbranben sistem im e strasen Od 1000 raketi 800 moze da gi srusat
Доналд Трамп и неговата администрација имаа едно навидум "можно" решение, ама се преќуте и ништо од тоа. Најдобро решението беше да се подели територијата. Каде што се Палестинците од западниот брег па се до местата каде се стационирани палестинците и Ерусалим како главен град на Палестина, да биде дел од Палестина. Останатиот дел каде што се евреите, на север и исток, со главен град Тел Авив да биде Израел. Вакво решение понуди Трамп за да се стави крај ама на демократите и перачите на пари не им одговараше. Или пак Израел да не постои, бидејќи таа територија уште од историјата и пред нашата ера припаѓа на Палестина поради горенаведените факти кои ги спомнавме. Друго идеално решение не постои, или она што го понуди Трамп или Израел да не постои бидејќи таа територија им припаѓа на палестинците.
Американскиот план за мир од страна на Трамп. Мислам дека ова решение е најидеално, со некои корекции само.
Ок, во идеологија кајшто сме сите со еднакви права и слободи...или во идила (?) нема богати и сиромашни, и нема војни. Тоа ли сакаш да кажеш?
Inace stvarno na Trump ideata e super.. ama na SAD im trebaat Izrael Abe plemeto nivno ej. Segde se mesaat i site zbrki oni gi praat poso si koristat so im doe
Добро, победи. Нациите и религиите се единствената причина за војни, жртви и страдања. Оние 100.000 загинати од грчката граѓанска војна, или оние х милиони од Руската граѓанска, се токму такви жртви. И белогардејците и црвеногардејците се дел од мит, и никаква врска немаат со историјата. Во свет во кој двајца браќа и двајца комшии си вадат очи ради крушата на плотот, нацијата и религијата имаат главна улога. Не треба да ја знаеме историјата, не треба да ја разбереме човечката природа- само нациите и религиите да се укинат и мир ќе цвета во светот
Хахах, офф... Церска Русија постои на три главни темели: православие, автократија, и национализам (или како тие што велат во тоа време: "народност", односно народен дух). Грчката граѓанска војна, исто, Царската војска од едната страна (тежок национализам), против социјалистичка војска (шо не става дава некое значење на религијата) во која се вклучени десетици илјадници Македонци. Пак ќе речам џабе е историја. Треба да гледаме напред. Се разбира дека никогаш не би имало совршен мир и не би било утопија. Ама би било каде каде подобро од сега. Во најмала рака, и да не ги снема целосно, би се намалиле шансите за поголеми конфликти.
Значи зборот ми е are you traumatised yet babe? Или треба уште неколку живописни инфо околу колење бебиња да пуштиме? Ајде малце шовинистички хејт, ова она, да видиме дали доволно збудалевте од пандемии, хипохондрии, антисоцијали и фобии од антиваксери (@Ajronmen ете уште една поделба успат ми текна) let me see what you got world, let it all out. Ретко познат(или перципи факт if you will) факт, постоел свет без(религиски бар ) војни. Long story short нешто пошло по зло успат, Спојлер: . го вклучува Израел, обеќања, (за некој можда шовинистички) посебности и такви ми ти ствари, ама добро аnd the rest is as they say (поширочка) history. Таа '' ситница'' на страна сега. Е сеа не знам како би изгледала таа војна за /околу ајварот, ама отворена сум за перцепција, да не се лажеме 2023 е се е можно, на чекор беше 3та свеЦка за тоалет папир да почне, што да не. Ама ај, да скратиме прича и мајнд ф*к ако не (ако не, реков ако не ).
https://plusinfo.mk/kolku-pati-i-sh...ovi-od-istochen-erusalim-vo-vremeto-na-tramp/ епа коа ништо не им чини, нека не зановетаат
Сега прочитав дека во Газа до пред некоја година вода немале, тоа е направено со странска помош. И сега изгледа цевките се уништени таму. Убаво рече @Adidas888 значи ако имаат каква таква држава, полупризнаена, имаат министерства, требало да се развиваат чекор по чекор, а не да се занимаваат со тероризам. Имаше и еден клип снимен во училиште во Газа, девојчиња од 8 години кажуваат дека мораат да се посилни и да ги победат Евреите, затоа што сите ја сакаат Палестина.
Да не беше трагична ситуација, ќе беше смешна. Се спукаа во живо презентерот на Sky News и поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет. Ќе постирам видео кога ќе излезе на јутјуб каналот, ако не им е срам да го закачат. После 5 дена следење вести, еве денес е шестиот, да донесам заклучок. Нека се судрат палестинците и израелците на едно поле, без оружје и нека се тепаат. Кој остане последен, ќе го прогласиме за крал/кралица на Ерусалим. Ќе им текне да се тепаат на блискиот исток и Европа го јаде дебелиот крај. Секогаш. За утре најавени големи протести, можни се терористички напади низ Европа. "Главниот" на муслиманите ги повика да прават проблеми насекаде низ светот. Ова е колективно лудило Ќе падне ќотек утре.
Твитер профилот на Нетанјаху објави слики од убиени бебиња. Претходно објавија ужасни видеа од убиени израелци. И како еден тајланѓанин хамас терорист го удира по глава со лопата, додека овој лежи онесвестен. Има видео како во скривница има 20тина млади израелци од фестивалот, во 5 метри квадратни, плачат, пискаат, а еден дечко лежи на под и се обидува да го запре крварењето на едната нога која му е откината валда од проектил, коска му се гледа. Ситуацијава, и едните и другите "се жалат" на социјалните мрежи, гледајте другиот што направи. Во Газа парадираат со тела на деца кои загинале од воздушните напади. Израелците достојно ќутеа 5 дена, еве денес почнаа. Бараат "да ги оправдаме" Секој паѓа емоционално на слики од деца. Епа оправдани сте. Ајде, јуриш. И двете страни. Исколете се. А што е со европските деца? Сакаат да не втурнат сите во војна. Реков, колективно лудило. Да се редактирам, видеото го има на фејсбук https://fb.watch/nDNVUfDMPR/?startTimeMs=101315 Жедни се за крв сега. Сакаат одмазда. Нова влада спакуваа за 2 дена, се спремаат јако за војна, 560 000 војници на нога. Повеќето млади деца родени околу 2000та година. Хеј израелци, за десетина години да не излезат прислушувани разговори како кај нас, па да испадне дека за џабе гинете. Смрди ситуацијата. Израелци заробени од патриотизам и голема желба да имаат своја држава. Палестинци заробени од "терористи" и голема желба за одмазда за сите жртви во минатото и "одземената територија" Хамас ги турна во пекол и избега во Египет. На крај на денот, на никој ништо не ни е ветено и ништо не е наше. Се е привремено. Ама кој да разбере.
Хрватскиот новинар Петар Влахов беше исмеан затоа што се преправаше дека е врзан за време на воздушен напад. За време на презентацијата на Влахов, која е поврзана со преносот додека лежат на земја, се гледаат луѓе во позадина како мирно стојат. Циркус...
Омг… Имате ли милост??? https://kanal5.com.mk/netanjahu-objavi-fotografii-od-izgoreni-bebinja-hamas-e-polosh-od-isis/a605444 убаво реков. Сапун