1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напад на Хамас врз Израел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 9 октомври 2023.

  1. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    153
    Израел е вештачка држава во територијата што ја гледаме денеска. Кој не знае преку 30% од армијата на Израел се Британци, Американци,Канаѓани, Французи.
    Напредни се и софистицирани зошто Сад ги трупа со оружје и опрема децении и им е главен центар за сите операции во соседните држави.
    Сценариото беше да се направи Израел жртва во очите на светот а главниот удар е преку истите тие дебело платени новинари и медиуми. Израел е 50 пати посилен од Палестина и воено и со опрема на секаков можен начин. Не да не може да ја срамне со земја цела Палестина.

    Па уште се испраќа "помош" од Сад кој ако примети некој носачот на авиони уште пред се да се случи беше упатен натаму.

    Тој е за све таму ама не и за Палестина.
    Се полни уште оружје...

    Не е целта Палестина туку лажното знаме што ќе излезе за брзо а ќе биде добро спакувано од Западот и Израел во сите меинстрим медиуми.
    Се спрема удар кон другите затоа се трупа оружје.
    Прво ќе ги обвинат дека финансираат тероризам и слично па и некој напад под лажно знаме за да можат да нападнат... Како во Ирак, Либиј така Авганистан итн.
    Веројатно по пат ќе настрада и Сирија можда и Либан.

    Иран е главната цел па ако е можно и Саудиска Арабија.
    Дедоларизацијата на глобално ниво од овие 2 држави на Јенките им зезна доста математики зошто следејќи го чекорот на овие 2 и други почнуваат со истото или почнаа пресметки и планови за тоа.
    Целта на Сад и Израел е да се задуши Иран кој на геополитички план созрева многу брзо независно од влијанијата на Сад.

    Целта?
    Црното злато и контролата над него зошто доларот највеќе зависи од тоа на светско ниво а што повеќе држави го прават тоа повеќе ќе тоне доларот.
    Па како би рекле:отепај го лавот додека е уште малечок.
    Палестина е само трошка на патот за тоа што го спрема Запад и Израел.
    Ќе видиме каква сарма ќе спакуваат прво медиумите, па се ќе ни стане јасно.
    Се надевам дека грешам искрено ама штом се сели топката натаму и од сите медиуми, кои скоро да заборавија на Јкраина и Русија значи нема да е мачкина кашлица тоа што се спрема.
    Каде е Сад секогаш има војна посебно ако мириса на нафта.
    Се надевам дека грешам за све.
    Ама живи били па видели.
     
    На *Amethyst*, Mrs. right, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.663
    Хм... па веќе и се свртија на Сирија
    https://www.slobodnaevropa.mk/a/32634662.html
     
  3. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    153
    Сигурно финансирала тероризам знаеш тоа ќе го спакуваат на тв.

    Така со сите ќе биде.
    Сирија е секако партал можат само да ја дорамнат со земја.
    Додека се молевме за Турција и Сирија во земјотресите никој не извести дека Сад непречено ја крадат нафтата од Сирија секој ден по 10 цистерни поминуваа граница на Југоисток до нивната база.
    Имаше доста слики за тоа од блогери секако на Тв кој ќе ни каже.
    Battle for middle earth.
    Тоа ќе биде.
     
    На *Amethyst*, ZAHRA и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    19.243
    Пол:
    Женски
    Ако е така ко шо велиш, накрај единиот победник ќе биде Сад, а ние европјаните ќе го кркаме дебелиот стап со арапите, ќе не испоцрнат и нас :D
     
  5. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    76.778
    Пол:
    Женски
    Тргна авионот од Иран со министерот за надворешни, ги таргетираа аеродромите и си се врати назад.
    Спречија вмешување на Хезболах во конфликтов а воедно и ескалација. Барем засега.

    Затоа Британија пушти два носачи на авиони да се придружат на двата на големиот батко. Ама дома им гори, затвараат очи. На про палестински протест им влета евреј со израелско знаме, таков мудоња одамна немав видено, особено не "на другата страна". Тие во орди се држат. Ќе има ќотек низ кралството утре вечер.

    Франција забрани про палестински протести. Сепак пред време се спремаат, пред некој ден си имаа проблеми и тепаа протестирачи.
    Очекувам и други држави да се приклучат кон банот на протести.
    Златна Полска, си купува оружје, си држи нула емигранти полиса. Некој си ја научил лекцијата од историја.

    Едит.
    27 американци убиени во терористичкиот напад.
    Хамас "борците за права" на шопинг во Египет и тоа со украдени картици од жртвите. Валда попусти имаат таму, кој ги знае.
    Оние во Газа :x
    Тие пак ќе го кркаат дебелиот крај, гневот на израелците пак ќе се истури на нив
     
    На CameliaMiller, Shalitra, Directioner005 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    153
    Тие победиле или изгубиле пак ќе пробаат.
    Украина гине за нив, Израел ќе гине. Тие само финансираат и делат 2 за мене 1 за тебе.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.678
    Допаѓања:
    12.172
    Во Лондон, Палестинци парадираа со звучни пораки „Силувајте ги мајките на Евреите, силувајте им ги ќерките“. Во Виена исто правеа проблеми.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.663
    Абе не следам до толку кој кај тргнал и кај стигнал, чисто како статус на денот беше ова погоре.
    Дека ќе збираме ѓубре по нивни рчки по Европа, па и Ук, тоа јасно е.

    Значи денес Сирија-од нивна територија ракетирал Хамас. Вчера беше од Газа ракетирале. До утре ќе видиме.
    Од Газа ништо нема да остане,тоа така ми изгледа од прв ден, а и според изјави од дипломати што читам денес- се надеваат само побрзо да заврши:|.

    Факт за илустрација-Газа е 40 километри долг појас (површина колку Кичево мање више), со 2 милиони луѓе. Па визуелизирајте .
     
  9. Mendelez

    Mendelez Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    153
    Сите медиуми глумат дека се сред пукотници и бомби кој не носи панцир кој не носи шлем а зад сите камери скоро се пие кафе и цигара.
    Во сивата зона никој не те пушта ако не се шверцуваш сам.
    Cnn bbc а и нашиве објавија каде што беа "сите'медиуми дека пронашле обезглавени деца и без раце нозе. За изненадување иако сите спектакуларно во исто време објавија, сепак Израел официјално потврди дека е дезинформација од терен. Автогол за меинстримот или лоша координација на истите со Израел. Мислам дека ќе има цунами од информации и дезинформации од сите страни.
    Ние ќе голтаме и вистина и лага.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.555
    Допаѓања:
    47.765
    Пол:
    Женски
    Уште не сфативте дека САД користи сѐ шо може, пошо им се може?
    Косово, Украина, Израел
    Им требаат за бази, и да користат ресурси. Плус Израел е една меѓу сите муслимански земји таму. Сите муслим земји скоро се со Русија сеа.
    ќе пробуваат да се испикаат кај можат
    Затоа и САД и НАТО, у три лепе да се тераат
    Кај стапнале, пустош праат
     
    На *Amethyst*, Mrs. right, @ceci11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.716
    Допаѓања:
    19.243
    Пол:
    Женски
    Е само со ова не се согласувам со тебе. Подобро Сад да ме дупи, отколку арапите.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    1.657
    Пол:
    Женски
    А и кога веќе објавувате лоши работи, објавувајте за двете земји(кога веќе израел се рачуна како земја)... Израелците не се невини...
     
    На *Amethyst*, Gosh, Космонаут и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.195
    Допаѓања:
    173.663
    Еве, шо да објавиме. Досега 1300 жртви Газа, 1300 Израел.
    Медиуми ќе објавуваат, ние ќе тумачиме.

    Не е добро ова, ич никако не е добро. Знаете што значеше 9/11? Побезбеден е светот денес, после тој првиот 9/11? Ич не мислам дека случајно избраа баш ова да го насловат 9/11 пак.

    И има право Адидас за нешто. Може вие да го мислите муслимани се вакви и онакви, ама тоа што е тргнато од муслимани нагоре кон Европа, не е нешто што вие би го сакале и за вашите деца. Ко и јас што не би сакала крстоносните војни да се повторат.
     
    На *Amethyst*, Ahoy, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    “Were there not an Israel, the United States of America would have to invent an Israel to protect her interest in the region.”

    - Joe Biden, 1986
     
    На MyMala, mssuniquee и Mendelez им се допаѓа ова.
  15. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    76.778
    Пол:
    Женски
    Доде, си измешала поими малку, ај ќе се потрудам да објаснам.
    Сирија е на северозапад од Израел. Тие се друга приказна, ама и тие ги мразат Израел, кои низ годините бомбардираа низ Сирија заедно со големите батковци.
    Тука е и Либан (Lebanon) кои исто така го мразат Израел. Во последните години имаат инфлација и цела држава им колабира, особено после експлозијатаво Бејрут во август 2020та. Хезболах е либанска политика партија (уште едни терористи) кои моментално се закануваат со напад над Израел, си имаат паравојска спонзорирана од страна. Затоа Израел мобилизира 560 000 војници и ги распореди по целата граница со Газа, Сирија и Либан.

    Израел. Најкомплицирано е за објаснување. Добија независност после војната, во мај 1948 година. Од кој, како, зошто, не е важно. Израел постои 75 години и тоа е. После победија во војната 67ма и добија плус територија, тоа е таа слика што сите љубат да ја постираат демек ги истребиле палестинците. Ама не е така.

    Израел се состои од три дела, Газа (само палестинци) Западен Брег (територија со мешано население) и ... нормално, рестото од Израел.

    Да разјаснам за Газа и Западен Брег прво.

    Хамас е "политичка партија" (ториристичка де) стационирани се во појасот Газа кој е 365км квадратни голем, колку општина Кочани има територија. 2.3 милиони жители има Газа, 6300 жители на километар квадратен, сите палестинци.
    Хамас е збирштина од идиоти кои користат млади необразовани лица да вршат терористички напади. Појасот Газа живее од донации, од кои најголем дел се крадат од Хамас.
    Штета што нема стрит вју во Газа да видите какво е, ама има доволно слики на гугл мапс. Ресторани, згради, хотели со спа, хиподром има, луди железници, не е до толку мизерно како што опишуваат медиумите. Јас имам пријатели од таму и сум гледала слики и видеа на инстаграм како живеат.
    Најголем дел од населението никогаш не излегол од Газа и не знаат како се живее низ светот, тие немаат друг избор, не се образовани, тоа е.
    Задоени од Хамас и израелските бомбардирања низ годините, ги мразат и ги учат и малите деца да ги мразат. На нив за се им се криви евреите и Израел. Се прават жртва цело време, а тоа Хамас го користи да регрутира нови терористи. Низ годините имаше нелолку војни меѓу нив, ќе пушти Хамас терористи, ќе вратат израелците со бомбардирања на Газа, омразата растеше со секој нов терористички напад. Некој период ќе има мир и пак напади, пак бомбардирања.
    Нападот во саботата беше извршен од терористи на Хамас од појасот Газа, кои ја пробија оградата и влегоа во кибуците и егзекутираа се по ред. А имаше ограда заради честите терористички напади во минатото.

    Западен брег има 5600км квадратни, така се вика дека е западно од реката Јордан. Населението е мешано, заради тоа што таму живееја палестинците до 1967ма година, кога Израел ја превзема територија после победата во војната со Јордан. Во западен брег е и Ерусалим, светиот град, кој патем е поделен на палестински и израелски дел. Последните години во западен брег се преселија многу евреи, над пола милион сетлери.

    orig.jpg
    Си имаа војна овие држави и Израел ги победи сите, вклучително и Египет кои патем се дел од проблемот Газа. Само што тогаш меѓународната заедница не им дозволи на Израел да прават што сакаат, туку мораше да следат "закони". И тоа беше најголемата грешка. Победија во војната и не им дозволија да спроведат апсолутна власт над целата заради "малцинствата".
    Затоа и после им прогледаа низ прсти кога донесоа илегален закон за Алијà или враќање на евреите во Израел
    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Aliyah
    Секој евреин раселен низ светот доби писмо од Израел со покана за враќање назад кон корените. Имаат 1 300 000 евреи на кои рускиот им е мајчин јазик, потекнуваат од екс ссср.
    Има неколку групи на евреи, ашкенази ( од источна европа) сефардик (шпанските) мизрахи (арапско потекло) и помали групи од други држави, меѓу кои и Етиопија. Имаат хасиди православни, малку екстремни се, ама и тие се луѓе де.

    Овие повратници наречени settlers се населија низ Западен Брег и во околината блиску до Газа.
    Кибуц е еврејски збор за мала населба, селце во кое жителите живеат заедно и си помагаат едни на други, живеат од земјоделство и сточарство. Најчесто производите ги купува еврејската дијаспора низ светот. Заради тоа што повеќето се повратници од западните држави, овие луѓе се ептен ок, цивилизирани се и живеат западњачки живот.

    Се на се, ХПЛ.
    Сите се навраќаат во минатото, ама само тоа што им одговара го кажуваат. Факт е дека Израел постои, дека победи во војната 67ма и освои територија. Да дозволеа раселување на палестинците, немаше денес да има војни. Додуша милиони се раселија, ама не сите. Многу има во Јордан, над милион се таму.
    А факт е дека еврејска држава на муслиманите им боде в очи, затоа и поддршката е за Палестинците. Толку да им беше жал за луѓето, ќе ги прибереа кај себе. Ама не, Европо, ти земи ги.
    Стар е планот за исламизација на Европа. Пробаа турците, не им успеа, унгарците ги запреа.
    Сега пак пробаваат
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, Ahoy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Човече, кажаа дека Египет не дозволувал евакуација на Палестинците бегалци од Газа. Само храна и лекови можеле да поминат преку граничниот премин. А друга граница нема, само кон Египет. Од едната страна море, од другата е само Израел. Нормални ли се? Така им наложиле од надвор или што?
    Имало и македонски државјани заглавени во Газа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.555
    Допаѓања:
    47.765
    Пол:
    Женски
    Na mesto sve.
    Nice
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.555
    Допаѓања:
    47.765
    Пол:
    Женски
    A nasiot aerodrom u Skopje utre 6h nema da raboti
    Debili skapani
     
  19. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.564
    Знам. Ама и да работи, ниеден авион не беше пратен таму од нашава скапана држава. Сите наши државјани што се вратија од таму, беше благодарение на соседните држави. Со авиони што ги испратиле туѓи држави, за нивни државјани. Скапанициве наши еден авион не организираа да појде да собере еден грст луѓе од воена зона. Молеле други да им завршат работа, како последни бедници.
     
    На Shalitra, Feminka22, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.678
    Допаѓања:
    12.172
    Просење пак кај Србите, со Ер Србија ќе се вратат. Па уште и наведено во соопштението од Влада дека било бесплатен лет. Па даноци за што плаќаме? Не е бесплатен. Требаше веднаш да си се снајдат, да си пратат авион, а не до утре да се чека. Утре може да биде доцна за некого. И Србија, Албанија, Црна Гора си имаат свои авиокомпании, Македонија нема. Зошто да нема? Жената што се врати со Црнгорците, молела да ја земат и утре и Црногорците ќе не сметаат за копуци. Нормално, кога државата ти ја треба, ја нема, кога должиш 2 денари, државата те наоѓа и ти наплаќа 2.000 денари преку извршител.

    Инаку, бившиот водач на Хамас си повика на џихад, ако учеле за тоа, да го спроведат на дело. Православни Македонци ги правдаат.
     
    На *Amethyst*, Miss666 и Feminka22 им се допаѓа ова.