Полимерна глина имаш на Беолин или на Фимо (втората може да се најде во Касвер Ц или во Штедлер книжарите). Циркони и остали тракаташки има во Делфина и во големиот магацин на Бит Пазар. А можеш да се зачлениш во групава на ФБ која е наменета баш за давање и барање инфо за материјали за рачни изработки
Дали знае некој цврст лепак за мали монисти, циркони за да не се одлепуваат бидејќи со силикон се одлепуваат а и се познава силиконот. Ако знаете препорачајте ми Фала однапред
Зависи на што планираш да ги лепиш. Можеш да се обидеш со супер лепак или лепак за нокти кои се доста цврсти а и прецизно можеш да ги нанесеш со чепкалка на самиот циркон.
Да, јас продавам вакви и во полно други бои и големини. Одамна се спремам да кажам на форумов, кој е заинтересиран нека пиши лп. Имам метални, кристални и акрилни мониста, метални делчиња за спојување, синџири...ги имав купено за себе ама повеќе не правам.
Нема друга тема за направи сам други работи освен вакви со мода поврзани? Јас правам честитки, теглички, додатоци за мафини, украси.. Кај да ви се пофалам?
Ајде ќе ве молам помош, дали има од каде да се купи тука кај нас восок и зацврстувач за изработка на накит. https://www.google.com/search?clien...AKHa2NDvYQ4dUDCAY&uact=5#imgrc=V4EcKnekGKslpM:
Не знам дали за тука е прашањето ама многу ми е итно. Нови сандалки само еднаш ги носев заврна дожд и брзајќи се скинал ластикот од страната. Знае ли некој како можам да ги поправам. Нови ми се. Не купувам други дадов доста пари за овие.
Пак јас Се сум по бељата Ми падна парфем полн и некако излезе едно федерче кај со се притиска за да излегува парфемот надвор. Сега не прска Знае ли некој како да го поправам цел парфем си стое
Дечки каде можам да купам ваков сет за везење ? Сакам да се обидам да правам вакви И ваква ташна ама бела скрос празна , да можам на неа да Haвезам