Ако имаш некое пано од плута таму можеш убаво да си ги закачиш обетките и ланчињата(ем се прегледни ем не фаќа многуместо), а алките да ги ставиш во некоја фиока
Старфиш,со што ги правеше ? Јас пред 2-3 дена си направив прстен...бев кај другарка ми и она имаше едно огледало во форма на срце и во средината имаше една како големка плочка црвена,знаете како оние големине плочки на прстените...и фанав го искршив тоа пластичното одоколу (дури крв си пуштив) ја откорнав плочката и дома си ја залепив на такво округло од прстен и денеска си го прошетав новиот прстен низ град
Имам премногу идеи што сакам да ги остварам, но не сум доволно вешта во тие работи и не доволно креативна. Па затоа ако може да ми помогнете и да ми кажете како да си ја реализирам идејава. Значи сакам да направам вакви „висечки“ слики, а во суштина ми треба помош за што се ќе ми биде потребно и каде би можела да ги снабдам потребните материјали. Спојлер
Нема такви штипчиња мали во книжарите? Ко украси за писменца и картички? Можиш да ги врзиш со конец после За сликите е лесно,си имаш слики,можиш и да ги скратиш за да се такви квадратни А можиш место штипчиња и кламерчиња...Ете тоа ми текна во моментов
Ке си земеш слики. Ке си купиш едни шнолички за витлери што се и изгледаат вака(незнам кај ке ги најдеш, овие дома си ги најдов јас): И со конец/рибарски конец/жица ке си ги закачиш. 2 варијанта, со вакви шноли: Од двете страни на сликата.
Креативецу на 2011, јавна молба до тебе за споделување на рецептот и процедурата за новиве штиклици Уште кога пиша дека имаш во план и бараше светки, го чекав финалниот производ, а сега остана постапката, бидејки обезбедивме чевли, само твоите финеси ни фалат ( дали игра улога ако чевлата е скај/плиш-моите се плиш црни; како иде нанесувањето на лепак и светки), со еден збор, мало резиме на твојот производ, кој не е лошо да го патентираш. Е алал да ти е млада момо, јустинијанова 10-ка имаш
Е многу е лесно да знаете Ќе си купите дрвофикс, најмалите пакувања се 50 денари. И светки од Џамбо. Нешто слаби се со изборот на светки, а и снабденоста е ужасна. Така да за светки снајдете се што побро, кој планира да ги прави штиклите. Обложете некое садче со алуминиумска фолија и истурете пола од лепакот и ставете светки. Смесата треба да биде густичка, да доминираат светките. И после мачкајте. Првиот слој да отстои 15 до 20 минути, па уште еден слој. Привот пат јас ги шприцнав со лак за коса, за да поубаво стојат светките, ама се заборавив во шприцање и премногу се стврднаа. Значи ако ги прскате со лак за коса за поубав финиш, од далеку и многу малку. И следниот ден истругајте ги со ноже вишокот светки. И поминете со правосмуклака низ цела соба, од искуство, цел стан позлатен го направив.
Имав една стара чантичка која беше оштетена на предната страна. Малку шиење, малку лепење, прикачив и мало синџирче и еве го резултатот
Дечки каде може да се најде материјалче како ова позади? Сакам да си направам ланче онакво големо, а како подлога ваков материјал..
А дали некој знае да ми каже од каде можам да симнам шеми за шиење фустани, од оние што излегуваа во Бурда порано? Ако има некоја страна пишете. Тnx.
Ова се вика филц. Сега го има и во Џамбо, обично стои тмау кај што се тие монистрите и сл. Инаку може да се продава и во порадвнициве за материјали.
Провери овде http://sewingpatterns.com/downloads.php ... zAodXnY1Rg Едит: Не видов дека се наплаќаат, еве линк за бесплатни http://www.burdastyle.com/patterns?free=1&most_recent=1
Не знам дали се продава (мислам не!), ама понапред во темава Маја имаше пишувано како се прави moda-i-stil/napravi-sam-garderoba-nakit-t4101/210.html