Во голема дилема сум, сигурно на секој му се има случено.... Имав дечко со кој цело време бевме почни - прекини, веќе 3 години сме така, а вели дека ме сака, цело време ми се јавува, но голем инат е..... Јас сеуште го сакам, иако многу работи има погрешено. Но и јас исто така направив некои грешки кои за разлика од неговите се помали. Инаку на исти години сме имаме по 19. колку и пати да сме заедно секогаш се скараме кога тогаш, па после малку време повторно заедно. Незнам до каде би одело ова.... Но сега има нов дечко кој постојано ми звони и е заинтересиран за мене. Неколку години е постар, ми се допаѓа искрено, но овој стариов сеуште е тука... ми има кажано многу пати дека неможе да издржи да ме види со друг, дека ме сака, постојано ми се јавува. Сега моментално сум во мноогу голема дилема..Ве молам за некој совет, што мислите вие? поздрав
Најдобро е да си дадеш шанса со овој новиот,но само и само доколку навистина те привлекува на тој начин кога ќе бидеш со него ќе видеш дали навистина тоолку многу ти значи бившиот или се е навика Дај си нова шанса со новиот дечко ! Сепак ако се одлучиш да му се вратиш на бившиот размисли пред тоа,или пак разговарај со него ако сака да продолжи со тебе да прекине со кавгите и со инатот ако не подобро е сега да прекинете бидејќи најчесто кога сега е таков ништо подобро неможеш да очекуваш и во иднината
Со староиот си пробувала веке 3 години.И сто си добила?- Ништо, вртење во круг како што и самата кажуваш.И до кога планираш вака да си го губиш времето-уште наредни 3 или 6 години???????? Ништо за жал нема да тргне сега ако до сега не ви тргнало, обично тоа е така.Мој совет ти е да си ја пробаш среќата на друго место.И да не ти успее со овој сега што ти се нуди ќе си пробаш со некој друг со кого ќе си имаш навистина квалитетно време поминато заедно и врска.
Со новиот е најдобро да си дадеш шанса....Зошто со стариот веќе си била три години и шо имаше ти од то ништо само нервози...Покушај со овај па можи ке биди подобро.
И јас сум за да продолжиш напред. Да не се залажуваме дека после 3 години работите ке се сменат на подобро. А со новиот си пружаш шанса најпрвин себе си да бидеш среќна и сакана. Знаеш како велат врска која бара многу работа уште во првиот месец натака ке бара уште повеќе работа.
дај си шанса со новиот.. знаеш како викаат да би ваљало још би трајало.. ти си се моткала со него 3 години и пак не било ништо а со новиот ќе искусиш нешто ново нешто што не било до сеа ќе знаеш дека на некој му значиш а не за секоја ситница се лути и више си се навикнала..како и да е.размисли си убаво.
Како и другите и јас сум ЗА да продолжиш понатаму Дај му шанса на новиот и ќе видеш како се ќе се одвива...
Ама баш во иста ситуација сум била. По 2иот пат што се раздели од мене, јас веќе не го барав... Извини, ама прв пат-ај, сака да види колку го сакам, уатевер. Ама по 2 пат?! Јас веќе продолжувам, штом ти е добро со сегашниот дечко, за твое добро, би те замолила да не ни мислиш на бившиот. Лузери, мислат дека секогаш тука ќе бидеме, по секоја цена!! Епа извини, ама така не може!
Дај му шанса на новиот. Едноставно продолжи понатаму, не гледај назад, тоа што било-било. Поранешниот тешко дека би се променил, самата кажуваш какви ви биле односите, многу е веројатно да продолжи така да се однесува.
Јас навивам за новиот... Дај му шанса на новиот,со постариот веќе 3 години сте во врска,па не е единствен на светот мајка му стара Новиот
Ја имав сличната ситуација но верувај ако повторно се вратиш кај стариот ќе погрешиш..дај си нова шанса гледај напред не врти се назад...и да ти е тешко верувај ке помине...можеби новиот ке биде многу подобар и за кратко време ке ти го освои срцето...јас така постапив и не погрешив...
Фала ви многу на сите за одговорите Искрено неможам сеуште да почнам нешто ново, бидејќи стариот дечко сеуште ми е во мислите, едноставно неможам да почнам од почеток.... Би сакала да оставам еден период кој ќе биде само за мене.... Не би сакала да почнувам со новиот бидејќи мислам дека нема да можам доволно да се посветам на таа нова врска и можеби дека нема да ни успее
Цел ден размислувам,што да правам...немам со кој да го споделам ова,можеби не знаете како е но ќе се обидам да објаснам,ако можете помогнете... Со дечко ми сме веќе година и неколку дена..постојано јас му угодувам на него никогаш он самиот не се потрудува за нешто,а сепак секогаш кога сум сама и кога ми треба помош е тука за мене но..но кога ќе посакам да излеземе секогаш или неможам или немам пари..пред неколку месеци имаше заштедено околу 4000 илјади и ми рече дека распустов ќе ги трошиме заедно,бидејки он секогаш кога нема пари јас му давам и никогаш не сум му ги побарала..но ете многу мило ми дојде од негова страна што се потрудил да заштеди и да ги чува за нас двајца...толку бев задоволна што почнал барем малку да мисли за нас двајца..и пред некое време ми кажа дека ме лажел неколку време дека сеуште ги чува,но тој ги потрошил за глупости си купувал јадење,панталони и глупости...го прашав зошто ги потроши ми вика па така сакав да си купувам убаво ми беше...сите ми викаа ајде машко е му се сакало и крај не биди толку строга..и јас на сето тоа му се лутев 2,3 дена и пак му се смирив му реков ајде не се секирај летово јас ке штедам еден месец ама следниот ти штедиш и он како добро тогаш ...секогаш навистина само јас се трудам јас штедам,јас се јасс...само за да не се осетам осамена..бидејки и така другарките не ми се некој другарки...во последно време се осекам многу уништена се договараме да дојде кај мене тој во 5 до 12 ми одкажува неможел нервозен бил после пола саат секогаш ми се јавува да ми се извини што така постапил но ова е веќе 2,3 дена...денеска ме болеше многу стомакот но сепак го викнав да дојде кај мене бидејки бев сама...си лежевме,уживавме направив да јадеме..и се беше убаво додека мене ми стана веќе здодевно и он седна на фајзбук..па некако стана отиде во веце и јас кога седнав и видов некако ме тераше некој гавол на погледам во Хистори и што да видам ѓи гледал сликите од неговата бивша што многу ја сакал...но не верувам дека нешто е со тоа но ете така ја гледал...после кога дојде му реков дека ми се спие да си отиде..од тогаш не сме се слушнале..незнам многу го сакам несакам да бидам осамена,знам дека и он ке биде..но се осекам како само јас да ја водам врската се јас му угодувам а тој ништо и кога ке му кажам биди малку по упорен во нашата врска тој ми вика јас не се трудам околу нас???? ве молам помогнете ми неможам повеќе...