1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Народна Банка на РМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 12 јули 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во темава можеме да коментираме за курсот и многу други работи во врска со нашиот денар и случувањата во државата, поврзани со него. Најново нешто е:
    Македонија добива банкноти од 200 и 2.000 денари!
    Народна банка распиша конкурс за идејно и ликовно -графичко решение за изгледот на книжните апоени од 200 и 2000 денари.
    Изгледот на старата банкнота од 20 денари - 1993 година

    Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Централната банка идеите „треба да претставуваат современ и оригинален ликовно-графички израз којшто ќе содржи знаци или симболи на државноста на Република Македонија и во себе да вклучуваат елементи од историското, културното, уметничкото и/или природното богатство на Република Македонија, одразувајќи ги на автентичен начин белезите на минатите или сегашните техничко-технолошки, научни, културни, архитектонски или уметнички достигнувања и придобивки коишто се автохтоно обележје на македонското демократско и мултикултурно општество. Ликовно-графичките решенија за двата апоена треба да се вклопат тематски и естетски во постоечкото издание на книжните пари во оптек во Република Македонија, образувајќи конститутивен елемент од една концептуално хомогена целина".

    НБРМ нуди и награда за првите три најдбори идеи. за прворангираната идеја наградата изнесува 240 000 денари, за втората 200 000 денари и за третата 160 000 денари.

    „Покрај наградите, ќе бидат доделени уште три откупни награди со поединечен износ од по 60 000 денари", објави НБРМ.

    Новите пари ќе бидат пуштени во употреба за две години.
     
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Конкурсот трае до 25.септември 2013 год.
    Се надевам дека ќе се пдберат убави ликовни решенија, како и досегашните. Мене македонските денари ми имаат најубав изглед заедно со швајцарските франци.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    НБРМ ОДЛУЧИ: Еве што ќе има на банкнотите од 200 и 2000 денари
    Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница ја прифати Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 и 2000 денари и ги задолжи стручните служби да ги преземат сите активности неопходни за нивното печатење.
    [​IMG]
    Еден од предлозите од граѓаните за изглед на банкнотата
    Ова беше еден од многуте предлози од граѓани за изглед на банкнотата
    Засега од монетарната власт нема графички приказ, туку само описно се претставува изгледот на новите пари:

    – Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп. На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

    Го побаравме на интернет релјефот со Давидовиот псалм:
    [​IMG]

    Шарената џамија во Тетово:
    [​IMG]

    На двестеденарката ќе има и елементи од мермерните плочи на Исак џамијата во Битола:

    [​IMG]

    – Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи. Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација, стои во соопштението на НБРМ.

    Невестинска носија од Прилепско Поле
    [​IMG]
    Прилепско Поле

    Афионова чашка
    [​IMG]

    Извор
     
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Дали ги видовте новите банкноти?
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Мене не ми фаќаат око, најмалку предната страна на двеилјадарката.
     
    Последна измена: 19 ноември 2014