Јас мислам дека имате проблем, не со таквите ко мене, туку со оние кои ве убедуваат дека мора да сте мајки. Чеј ќе парафразирам: Проблем се оние, кои не убедуваат, дека не сме 'доволно жени', ако не сме мајки. Објаснав зошто, дури и цитирав медицински причини. Ама можеш да си читаш со прескакуљици... Твое право.
Почнуваш сосема друга тема која нема врска со ништо овде. Тоа што го пишуваш се однесува на сите жени кои се борат со неплодност дали оделе или не оделе по камења. Се расплина премногу темава. Дали може нова тема, Дали желбата на жената да стане мајка е наметната од општеството, или нешто слично, нема потреба и тоа тука да се пика, може во општи да оди.
А јас верувам дека колку само позитивно и подеднакво добро како психијатар може да им влиаје еден доктор специјалист, еден од многуте кои ги посетуваат ис е советуваат и разговараат во целиот процес на стимулации и трансфери... Дека може некој спас во разговор со друго лице, свештеник на пр, сестра/другарка, практикување јога итн.... Дека ние апсолутно не знаеме кој низ што точно мине и како се справува и надминува. И да, излет до некој камен може многу подобро да им влиаје на психа одколку дремење цел ден пред компјутер на пример.
Не знам како не доживуваш. Ама еве да ти кажам лично за себе. Јас сум солидно образована (магистер, а верувам дека и ќе докторирам), паметна, разумна, со свои ставови и планови. Зарем мислиш дека би дозволила да ме убедуваат дека МОРА да бидам мајка. Не драга моја, никој нас не не' убедува во ништо. Едноставно е, сакаме да се комплетираме. Зарем е толку тешко да се сфати ?
Како сакаш. Ама во темава се протнаа милион теми. На пример, скоро сите се осврнаа на каменот, и моралноста околу курбанот, па дури и муабетот со вегетеријанци и месојади... Темава е стварно ептен широка...
Мислам дека имаш материјал да склопиш еден интересен вовед и да се продолжи таа дискусија таму. Овде е доволно веќе измешано, ќе има простор повеќе во нова тема и од повеќе аспекти да се дискутира.
Леле, немој плиз.. ич неќам јас да отворам теми... ради минато искуство Мислам дека си комллетна и сега.
Да Виножито, аман, земај метла ножици распрај ја работава. Ма и цела тема воопшто нека оди на друго место ако може, оти од идејата со која е креирана одвај 4 поста ако има на почетокот и толку
Вајлд упорно им кажуваш на жениве како се чуствуваат. Тоа е твое мислење ама според она што они за себе го кажуваат е далеку од реалноста.
Не им кажувам како се чувствуваат, туку како мислам дека се гледаат себе си и како се чувствуваат. Мислењето ми е базирано на примери кои лично сум ги набљудувала, на текстови кои сум ги читала итн. Форум.. и тие работи...
Ти благодарам, ама јас мислам дека јас треба да бидам задоволна од себе си а не другите да бидат задоволни од она што сум.
Ама нас никој не ни викат дека мораме да сме,сами сакаме,ок јас сакам,ќе кажам за мене,не осеќам јас обврска мм да го напрам татко,не е тој побитен во случајов,едноставно сакам дете,така си го замислувам животов,сакам и тежнеам кон то,а ништо не се морат во животот освен да се умрит.
Секако дискутираш, дали тука, дали во нова тема исто е. Ќе биде попрегледно за сите само. Овде за разделување постови е.. Па, читате и сами. Ајде чекаме нова тема.
Прочитај погоре @Ана на мама и на момент концентрирај се на нејзините зборови, она што она ти пишува, за себе, за своите чуства, желби, и заборави на книгите и што си читала. Мислам така поблиску би доловила што сака да ти каже па и подобро би го составила мислење, како одговор на нејзиното.
https://forum.femina.mk/threads/Потеклото-на-притисокот-врз-жената-да-биде-мајка.30245/ Еве ја новата тема, продолжете во неа до дискусијата, може слободно таму да се цитирате доколку ви останало нешто недокажано. Овде може да се вратиме на некои верувања и ритуали за забременување, јагнето ја опседна темава.