Нарцисоидност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Луѓето нарциси имаат преголеми очекувања од себе, мислат дека светот се врти околу нив, веруваат како се паметни, талентирани и привлечни повеќе отколку што навистина се.
    Тешко прифаќаат критики и премногу се преокупираат сами со себе.Веруваат дека тие се нешто посебно, дека се повеќе од другите, невозможно е да се споредуваат со други, и неспособни се да ги признаваат сопствените грешки.
    Каква е според вас оваа особина? Добра или лоша?
    Ве иритира ли однесувањето и мислењето на нарцисите?
     
    На awee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    28
    Ме иритираат нарцисоидни личности премногу.

    Според карактеристиките кои ги наведе за нарцисите,а за кои и се согласувам ,секако дека се лоши особини.Немаат ниту една добра карактерна особина.

    Секоја личност поседува чувство за единственост,автентичност и неповторливост и е свесна за своите квалитети и тоа треба да е така ,но да не доведува до степен на преценување и понижување на останатите.
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.117
    Се сложувам со мислењето со еленакласик, да не се повторувам и јас. Многу ме нервираат такви личности, мислат дека се најубави бла бла бла, мислам секој поседува доза на нарцисоидност во себе, но некои едноставно се предозирани :worried:ilent:
     
  4. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    166
    Имам една ваква другарка |( Што девојче ќе беше она....Преокупирана со себе.Таа е најубава,со најголем сенс за мода,најпаметна,најубаво црта,има најубав глас итн.Абе како не и се здосади да се фали.Ама ако,ја трпам дури и се смеам во лице на простотилакот.Полоши од ваквите обични нарциси се оние кои глумат лажна скромност.Е од нив куртули да те видам |(
     
    На snake му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    И јас имам ваква другарка. Покрај тоа што цел ден е пред огледало и со фотоапаратот во рака, кога некој ќе и даде комплимент, наместо да рече „Фала“ , таа вика „Знам“ (доколку некој и каже убава си, згодна си, симпатична си..) а тоа најмногу ми оди на нерви. Потоа нејзините фалења како таа е најубава, како сите нејзе ја сакаат, како најубаво пее и така натака. |( А и плус сама си признава дека е нарцис и вели дека се гордее со тоа. А таквите премногу ме нервираат, едноставно не можам да ги слушам како си се фалат каде ќе стигнат. Јас не сум нарцисоидна, но сепак се ценам себеси, па можеби баш поради тоа ме нервираат.
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    384
    Ме нервираат многу нарцисоидни луѓе.Јас лично не сум самобендисана и заљубена во самата себе,па токму поради тоа и ме нервираат такви луѓе.Еве баш сега се соочувам со таков проблем.Дечко ми во последно време етен почнува да станува нарцис и тоа голем.Имавме поради тоа караници,па се надевам дека ќе се спушти малку.Мисли дека се што е негово е најубаво,почнувајќи од изгледот па се друго.Премногу ме нервира тоа,мислам дека за возрасна личност не е долично такво однесување.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    9.660
    Пол:
    Женски
    Мислам дека “нарцисите“ се вакви од причина што немаат доволно самодоверба. Ова го имам прочитано некаде, а после се испостави дека е така. Тоа е некаков вид на самоодбрана, луѓето немаат стекнато доволно добро мислење за себе, па го наметнуваат со тоа што на сите страни покажуваат какви се и се фалат.
    Не викам дека во секој случај е вака, ама ова беше баш објаснување за однесувањето на една моја познаничка. Девојчето опседната со тоа како изгледа на сите страни викаше: Најубава сум!!! и подоцна излезе дека напатената е полна со комплекси и воопшто не и се допаѓа како изгледа....
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    28
    ^
    Јас за таквите луѓе викам: Кој се фали нешто му фали.
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    23.242
    Его имам огромно, самодоверба и гордост! Нарцисоидноста според мене е некој вид фалење ама без никаква основа. Т.е. Мислиш дека си нешто што не си.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Сум против тие што на фејзбук имаат стаено најубава сум, ми се може ,а фотошоп работа, 24 часа.
    ме иритираат ваквите суштества :D

    А највеќе се нервирам кога машкиве се нарциси.. Пуууууууу, ем убави, ем се понашаат! па не ми требаат такви ебате!
    Лепота је пролазна ;)
     
  11. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    хахах, ме насмеа :D
    Добро е да се ценеш до некој степен,да имаш барем малку самодоверба за да можеш да продолжеш понатаму,да успееш во некои работи! Но,оние луѓе што се преокупираат со себе губат време за ништо,барем според мене. Што е најтрагично нарцисот, не се сака ни себе си... туку својата слика создадена за себе си. Тој не го живее својот лик, туку својата маска, ги маскира и другите како нему му одговара,зашто се срами од себе си.
    Како и да е,јас сум далеку од нарцисоидна.Можеби некогаш имам и ниска самодоверба.. :worried:
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.102
    Имав ваква "другарка". Одпрвин мислев дека навистина ми е другарка, но подоцна ми стана јасно што всушност сака. Внимание. Во неизмерни количини од сите наоколу. Зошто? Затоа што сметаше дека е најубава, најпаметна, највредна, секогаш имаше најубави работи (на пример единствен најубав накит, единствена најубава облека, единствена најубава шминка), најубава коса, се што почнуваше да кажува за себе беше нешто што е НАЈ. Човек да се исфрустрира кога слуша вакви. Се дистанцирав, а да имам прилика, се ќе и кажам в лице.
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога човек се сака себеси, кога смета дека е убав, паметен, добар итн. Али се си има граници.
    Не треба да се претерува, и посебно да се зборува тоа нон стоп пред познаници и другарки, бидејќи освен лошо мислење, друго нема да постигне. Значи не треба да се нагласува тоа "НАЈ", бидејќи е стварно иритирачко да се слуша нон стоп. :lol:
    А гледам овде читам само постови во негативна смисла за темава, сакате да кажете жени дека не сте се сметале за убави, паметни? ;) Ајде ајде не лажете, многу добро ми е познато колку повеќето жени се нарциси. Па и јас се сметам за убава, и не гледам тука ништо лошо. А и верувам дека ретко има некоја жена која мисли за себе дека е грда. ;)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.729
    Допаѓања:
    34.031
    Сите сме нарциси до негде. Само кај некој тоа е поизразено :) Не верувам дека некој ќе се окарактеризира самиот себе како глуп, грд и сл. Сите се сакаат себеси, само што некој јавно тоа не го кажува и покажува, а некој па тоа го прави и премногу и тогаш е нели нарцис.

    Јас си се сакам себе, ниту се преценувам, ниту се потценувам, ама никој не може да ми каже дека јас не вредам, сум глупава, грда или проста.
    Е па сега ако сум нарцис, така нека биде ;)
     
    На Trendafilka и girl1985 им се допаѓа ова.
  15. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    881
    па сите сме до одреден степен нарцисоидни, некој во едно некој во друго се смета за најдобар, а некој и во тоа што не се најдобри велат дека се, мене воопшто не ми пречат ни тие што мислат дека во се се нај, а не се, се додека се на она јас сум нај(ако не ме насмеат тие кој :lol:) , ама кога веќе поминуваат граници за да покажат колку се посакувани многу ме нервира, еве една другарка на пример која покрај она јас сум нај и која всушност не е ништо посебно си играше мајтап со едно дете, за сите да видат дека тој трча по неа, цело време му викаше дека сака да бидат повеќе од другари, ама не сега и за на крај да го откачи, а се знае зошто беше тоа(за сите да видат дека тој трча по неа, дека е многу посакувана |( ), е тогаш многу ме нанервира и кога ќе и речев зошто му даваше надеж и таа само нешто ќе речеше: ами чоек.. и менуваше тема :@ , стварно е жално за неа така да користи други за да се покажи таа, а жално е и за детето кое е подобро од неа во се, а и многу поубаво
     
  16. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Според мене оваа особина е добра во одредени граници, значи супер е да се има самодоверба т.е.да веруваш во себе од колку да се страмиш од себеси, да мислиш дека си убава, наместо грда, да им се допаѓаш да луѓето таква каква шо си, да верваш во она шо го кажваш (за и другите да поверуваат).И + не можиш да очекваш од другите да те сакаат, ако дури и ти самата се неќиш. позз
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Им недостигам јас да ги спуштам на земја. Кога како , имам една таква ,понекогаш ми е интересно да ја слушам- и токму заради тоа не ја опоменувам , кога нема кој да ме насмее си викам не е се така црно , таа е плавуша :rofl: а има и денови кога неможам да поднесам. Било каков разговор да започне , оди во сосема друга насока и на крај ни раскажува што носела и колку чинело истото |(
     
  18. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    УХУУ колку вакви познавам јас.Ме иритираат и те како.
    Една,не ми е блиска,само здраво-здраво и гледам слики на Фејсбук и имаше коментар -Најубаваа си оваа напишала Знам хихихи. :^)
    Боже боже.А имам другарка она е најбогата,најубава,најснаодлива,сите ја сакаат...
    Смешни ми се дури.Само да се фалело ццц :D
     
  19. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    100
    Убаво е кога некој си се сака,почитува мисли дека е најубав,наспаметем,воедно сите ние си мислиме така за себе,но се во границите на нормалата..
    Имам таква другарка,ама си ја знам и се можам да очекувам од неа,и тоа не ми пречи,едноставно го прифатив фактот дека таа е нарциосидна и не се обидувам да и укажам кога греши,таквите луѓе неможеш да ги убедиш во нешто ,така да сами си учат од грешките.
     
  20. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    332
    сите треба да бидеме нарцисоидни ама со мера. ЈАс сум,а тие сто ме знаат ќе кажат дека сум тип кој многу ретко се фали. Не е претеризам, туку едноставно знам колку вредам и недозволувам друг да ме навредува, омаловажува и сл. Јас само се смеам..А оние слаби личности ако им се пререче нешто одма фаќаат на срце, се нервираат, губат коси и сл. Кај нарцисоидните луѓе нема нешто такво, тоа е карактеристика која секој човек треба да ја има. А признавам има некои кои претеруваат како што прочитав претходно на коментар да одговаат ЗНАМ, хахахахах е тоа страшно иде на живци..
    се знае на коментар како се одговара :) :)