Нарцисоидност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Сум сретнала вакви личности во мојот живот, пред тебе се прават фини и добри а уствари сакаат се да искористат против тебе и да те уништат :@

    Да тие сакаат да се претстават дека се перфектни, талентирани, шармантни, љубезни, ама тоа им е само фасада затоа што најстрашно за нив е да им го откриеш вистинското лице.
    Тоа е така затоа што си изградиле слика за себе уште од рани години затоа што доживеале тешки трауми како што се запоставување, физичка или емоционална злоупотреба.

    Лицермени, деструктивни, спремни на ризик, неемпатични и завидливи.
     
    Последна измена од модератор: 18 мај 2025
    На GirlLove, Cosmic Girl и babydust им се допаѓа ова.
  2. Melissa_39

    Melissa_39 Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2023
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Kolku samo vistinito,isti karakteristiki imase mojot bivsi so kogo bev vo mnogu kratka vrska,,a mi ostavi dolgotrajni posledici vrz mojata psiha.
     
    На Лејди Гага, Cosmic Girl и babydust им се допаѓа ова.
  3. autumn leaves

    autumn leaves Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    162
    По кој пат ми го скршиле :u: ова не го толерирам по ниедна цена!!!
    Не умирам дур не ја осетат истата болка

    Она била кучка па она не знае ја каква кучка сум ќе види што е кучка во права смисла на зборот

    Зашто не ме контактира да се видиме у лице да ми каже има мој контакт све кукавичко да и изнаебам
    нека се соберат од дувлото ја сама против сите можам да дојдам они сите собрани на купче не можат да ми речат ништо у фаца
     
    Последна измена: 18 мај 2025
  4. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    Многу многу ми е жал што си поминала низ таков хорор. ;(Психички те малтретише? Како се изразуваше таа нарцисоидност кај него ако смеам да прашам
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    За ова баш имам читано, можеби и пишувано негде на форумов.

    Изразувањето на емоции го гледаат како одраз на слабост, а не како доблест. Затоа може да имаат негативна рекација на израз на емоциите на другиот кон нив, односно да избегнуваат и тие да манифестираат емоции. Заради тоа се честопати емотивно ладни и воздржани.

    Ако имале нарцисоиден родител може да е научено однесувањето дека љубовта се заслужува - односно се добива под услови, не е безусловна. Како мали можеби требало да направат нешто, за да добијат израз на љубов или одобрување. Па сега и ти треба да им дадеш нешто за да ја заслужиш нивната љубов. Љубовта се сведува на трансакција, како бизнис. Изразот на љубов служи за да се дојде до нешто, а не е цел сама за себе. Ако изразуваш љубов кон нив, тогаш нешто сакаш од нив и тоа ти е средството да го добиеш. Така тие размислуваат и прават, па мислат дека и другите околу нив се како нив.
    Затоа и изразите на емоција кај нив се често асоцијација дека нешто следува друго негативно.
    Да не зборувам за ситуации кога родителот манифестирал еден куп несоодветни однесувања, строги казни, манипулации, а можеби и агресивни однесувања и сето тоа било кажано на детето дека е од „љубов и грижа“. Ист однос може гледало и меѓу другите во семејството, тоа било првиот пример како се однесуваат најблиските. Детето научува дека така се изразува љубов и грижа за другиот.
    Дури и да научи подоцна дека некои облици на однесување не се општествено прифатливи, дека не се добри и не се израз на љубов, сепак може да продолжи да се однесува лошо со својот партнер, дете и семејство, зошто му се автоматски одговори кон другиот.
    Одбивањето на љубовта од другиот кај нив е многу малку свесно, а многу поавтоматизирано.

    Не знам колку си ти сама нарцисоидна од чиста причина што тврдиш дека си таква.
    Зошто овие луѓе никогаш не признаваат дека се нарцисоидни, зошто да прифатат дека имаат психички проблем е голем земјотрес за нивното расклатено его и нема да се случи. Тоа би им ја нарушила иделната и фиктивна слика за себе што толку се трудат да ја задржат за себе (пред себе и пред другите). Срамот да го признаат тоа пред други е за нив неиздржлив. Така да речиси никогаш и не бараат помош за својот проблем и не одат на психолог за него.

    Најголема казна за еден нарцис е да го игнорираш. Особено ако ти си му еден од луѓето што ги злоупотребува, ако си му жртвата на која се обесува и од која црпе се што му треба за да ја пополни својата празнина.
    Да не им упаѓаш во игрите и шемите, да не реагираш емотивно и никако на нивните провокации, да им кажеш „не“, „не е така“ или целосно да ги откачиш, да ги игнорираш, тоа е најголемата казна за нив.
    Секое твое ангажирање да им вратиш, да се објасниш, да докажеш дека не си каква што те претставуваат, да се браниш, да се правдаш, дури и да се вклучуваш во муабетот кој го диктираат, значи дека те имаат кај што сакаат да бидеш. Штом се вложуваш во интеракцијата, ти си им во мрежата и не можеш да излезеш како победник.
    Само игнор и не.
    Кога ќе сфати дека више не трзаш, дека си раскрстила, ќе си најдат нов предмет на интерес.
    За оние што за нив не им се битни, ги заболе што прават, ама за оние што им се блиски и што им се жртва ги боли. Ако успееш да се откачиш од нив конечно, најверојатно нашле нова жртва што им е побитна од тебе.
     
    На autumn leaves и Melissa_39 им се допаѓа ова.
  6. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    74
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.295
    Допаѓања:
    1.994
    Пол:
    Машки
    Ова е популарно мислење, но за жал неприменливо кај сите нарциси. :(
    Со некои нарциси си принуден да комуницираш (пример, колега, член на семејство и сл.).
    Од мое искуство, ако нарцис игнорираш, тој уште повеќе мисли дека е во право (нели, не му противречиш) и со тоа само му даваш сила да продолжи. За нарцис најголем пораз е толку многу да му противречиш и да му се инаетиш што во еден момент ќе се откаже и ќе го признае тој пораз (што инаку никогаш нема да го направи).
    Но од друга страна, за жал, ова бара многу енергија и нерви...
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    74
    Последна измена: 2 јуни 2025
  9. GirlBeauty3

    GirlBeauty3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    На нарцисист ако толку му противречиш и му се инаетиш го храниш и радуваш со внимание. И ќе падниш психички самиот ти бидејќи си свесна личност, здрава и со чувства. Не се согласувам со погоре напишаното воопшто. Од искуство. Најдобриот лек е игнорирање, никаква реакција на нивното, никакво значење ич, но тешко е бидејќи страшно нервираат и напаѓаат со себични зборови и неточни критики.
     
    На KateKane, Gosh, Лејди Гага и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.295
    Допаѓања:
    1.994
    Пол:
    Машки
    Со нарциси никако не си...
     
    На GirlBeauty3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.372
    Допаѓања:
    21.839
    Пол:
    Машки
    Овие личности мислам дека имаат доживеано некоја траума како мали и се "оформени" вакви.. себични се многу и ги хранат само негативни емоции , хаос и драма..


    Разлики од "обични" луѓе до овие.. би приметиле во то шо сакаат да контролираат нон стоп , не те сакаат туку само те поседуваат. Со други зборови да им служиш.

    Дупли стандарди, ти поставува граници шо за тебе важат, а за нив не баш.. Најчесто те напаѓаат за работи што веројатно тие ги прават.

    Те изолираат најчесто од пријатели па подоцна можеби и од фамилијата..

    Ми е жал, пробувам да ги разберам зошто сето тоа го прават и си мислам дека со повеќе комуникација и љубов би биле и тие среќни ама за жал не баш... без разлика дали ти е дел од фамилијата или девојка..
     
    На GirlBeauty3, senjorita-v и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  12. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    708
    Пол:
    Женски
    И да сакаш неможеш затоа што нивниот ум е многу комплексен. Ако навлезеш длабоко во нивната психологија и истражуваш тогаш да.
    Јас на оваа тема почнав многу да изтражувам и ми требаше време дур да сфатам што им се случува во главата. Многу е комплицирано:)не ме чуди што неможеш да ги разбереш, само има техники како да се заштитиш од нив пример да им поставиш јасни граници, да не реагираш емоционално на нивните глупости или пак да прекинеш целосен контакт ако неможеш никако да се справиш со нивниот ,, универзум''
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlBeauty3

    GirlBeauty3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Одлично објаснето, повеќе од одлично, браво...ќе дополнам: или траума од детството и лоши семејни ладни односи во кои не биле ни слушнати ни сакани само критикувани или пак неуспех од кој толку се искомплексирале и осетиле "подолу".
    Прашањето е како да се заштитиме ние другите бидејќи реално знаат да те излудат од глупости и желба да контролираат се, а потоа ќе те обвинат и тебе ќе ти речат дека ти треба стручна помош.
    Личност која е несигурна и ранлива и си се обвинува себе, а нема познавање од овие темu можат комплетно да ја уништат... Освен игнор - бидејќи од драми се хранам, високи емоции и се останато, ако некоја одлука треба да е заедничка за на пат и слично единствено што малку функционира е: ти сам знаеш или ти така велеше... ... ...
    претешки луѓе, двојни моралисти и контрадикторни.
    Проблемот е нивното немање никаква емпатија. Интелигентни се ама претоксични бидејќи немаат чувства и се е: его, моќ и авторитет.
     
    На Лејди Гага, Stark и MilaSS1 им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.372
    Допаѓања:
    21.839
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам, ова оф искуство го кажувам...

    И ден денес ги жалам ама најдобар совет од мене кон сите најдобро емподалеку од вакви личности.