1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Јас не сум нарцис поубаво цвеке сум :D шала на страна. Не сум нарцис и никат не сум била. Добро знам дека не сум грда или глупа али никогаш не се фалам леле што сум најубава ваква онаква. Едноставно ме нервираат таквите луге.Не сум нарцис но сепак знам да ја ценам мојата убавина, и паметот што ми го дал господ ;)
     
  2. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Веројатно сите поседуваме по мала доза од оној позитивниот нарцизам и тоа не е лошо, за влевање самодоверба. Но ако е премногу изразено, се гушиме себеси и ја гушиме околината.
    Воглавно, не се вбројувам во оваа група.
     
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Само една работа не ми е јасна,како тоа не ги поднесувате а другарки ви се?Зарем си дозволувате да бидете лицемерни до тој степен да ви бидат другарки личности на кои им се смеете во лице?
    Да не бидам оф топик,нормално е да ги сакаш и цениш своите квалитети,ама квалитетите она што навистина го поседуваш а не некој комплимент да го претвораш во драма.Да се почитуваш е нормално,да се преценуваш е смешно!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Голема самодоверба ДА, знам колку вредам, ама не тоа да им го качам на нос на околинава... нели викаат цени се сам, за да те ценат и другите...Едноставно кога луѓето се самоуверени зрачат со убавина, но кога ќе се претера со тоа не чини. Нарцисоидните луѓе ми идат на живци ептен... па цело време со моб во рака и фатила се сликаа :puke: или една бивша другарка во собата си мести огледала, за да може од секоја страна да се види... сега прави муабет со мене и се звери во огледалотооооо, одвратно е стварно :?:
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Воопшто не ги сакам таквите личности. Постојано зборуваат само за себе и се фалат со она што не го поседуваат.
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Нарцизам=Идиотизам!
    Моја дефиниција.
    Да, сите ние понекогаш знаеме да застанеме пред огледало, и да речеме: Да денес сум убав/а. Убава ми е косата, и слично. Ама, да се персирам? Се јас, јас јас, сум најдобра, најубава, најталентирана и слично, епа не, има далеку поубави, далеку поталентирани личности од мене, или од било која личност. Нарцисите, мене ми се неприфатливи како појава, и пробувам да ги игнорирам, како што кажав, и јас знам да бидам задоволна од својот изглед и дело, ама не значи дека тоа морам да го изјавувам повторно повторно и повторно, на слики на facebook, или било која друга социјална мрежа, да пишувам ,,Најубавата‘‘ и слично на своја фотографија. Самолајк? Беден начин да се стекне внимание.
    А врв на сето тоа ми е кога некое машко си се прогласува за нарцис, и си пишува ,,Најубав сум, па што?‘‘, ајде се помирив со тоа дека постојат пренарцисоидни женски суштества, ама ова беше врв.
    Без потребно преценување и персирање на себеси, тоа е нарцизам.
    Дали имаат недостиг на самодоверба, или сакаат да привлечат внимание, тоа не знам. За да имаат недостиг на самодоверба, не верувам, затоа што мора да имаш гоолема самодоверба за на своја фотографија да напишеш ,,најубавата‘‘, привлекување на внимание ќе да е. И има разлика помеѓу нарцизамот, и самодовербата.
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Хмм :^) мислам дека тоа со преголеми очекувања,памет,талент и признавање на грешките нема врска со нарцисоидност.Тоа не се нарциси-тоа се веќе фалбаџии!Од она што го имам читано на неколку места,нарциси се оние луѓе кои се сакаат себеси(само надворешно),ама не сметаат дека се најубави,туку ете така само убави :D А и според легендата: "Многу одамна имало некој маж што никогаш не се погледнал во огледало.Еден ден отишол крај некоја длабока река да си наполни вода и во реката се видел себе и видел колку тој всушност е убав.Се заљубил во самиот себе и сакајќи со рака да си го допре ликот во реката паднал и се удавил.Од тогаш луѓето кои за себе сметаат дека се убави се нарекуваат нарциси,а таквата појава нарцисоидност!"
    Инаку јас си се сакам себе,каква и да сум.Фала богу свесна сум за своите квалитети но и за своите мани.Сметам дека сум убава и паметна.Ама не најубава и најпаметна.Бидејќи и од најубавиот има поубав,и од најпаметниот има попаметен,и од најсилниот има посилен итн.Па сега според вас незнам дали ке испаднам нарцис ;)
     
  8. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Нарцисоидноста е според мене недостаток на самодовреба.Тие што се нарцисоидни мораат секогаш да се фалат пред сите кога знаат дека тоа што го зборуваат воопшто не е така.Тој што си има квалитети не се фали и истакнува него го фалат другите луѓе и му се восхитуваат затоа што навистина ги согледуваат неговите квалитети,а тој што си е нарцис може само да скока и да се фали.Имам една таква другарка сама си се фали пред сите ама барем знае да каже "фала"инаку за фалење е прва за себе си може да зборува до утре.Баш паметам една нејзина фраза што често ја употребува вика "Не велам дека сум најубава,ама не сум видела поубава"навистина кога ми го кажа ова се изнасмеав.
     
  9. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    верувам во мене и во моите како такви способности но не сум нарцисоидна.ме нервираат такви кои се самобендисани,обвиснати по огледала и нонстоп зависни од самите себе.антипатични ми се но секој си живее свој живот,и не ми сметаат со нивните мислења,но и не ги сакам во моја близина :lol:
     
  10. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Не сум нарцис ни најмалку. Ме иритираат премногу таквите личности, океј во ред е да мислиш убаво за себе и да имаш самодоверба ама некои претеруваат .Имам доста такви другарки со кои понекогаш исзлегувам и ми се лоши кога ќе почнат да се фалат за тоа колку се најубави и најпаметни и све нај а уствари врска нема!
     
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Златна средина. Понекогаш сум нарцизоидна понекогаш самокритична. Се во граници.
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Лелее, као ми идат на живци овие луѓе. :puke: Неможам органски да ги поднесам.
    Иначе и јас сум златна средина. :)
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Понекогаш сум нарцисоидна, но тоа е умерено, си ја знам границата. Дури можам да кажам дека ретко имам такви моменти. Инаку, ако е претерано многу ме нервира, тоа за мене значи самобендисаност. Човек да е окупиран само и единствено со себеси, да се сака само себеси за мене не е нормално. Освен тоа, делува многу детинесто и незрело.
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Повеќе сум самокритична...многу ретко нарцисоидна и тоа со граница!
     
  15. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Колку и да не иритираат ваквите луѓе мислам дека имаат повеќе позитивни работи не за другите туку лично за себе.Знаеме дека нарцисите сакаат да бидат во се први,се мислат најубави значи тие во секој поглед се ставаат на прво место,тоа е добро бидејќи таквите луѓе не признавајќи ги своите грешки и мислејќи дека тие се знаат верувајте можат да достигнат многу во животот,бидејќи не признаваат пораз веруваат во себе и знаат дека можат(без оглед на тоа што ние од друга страна можеме само да им се насмееме)но сепак мислам дека е убава особина секој човек во себе доколку би бил по малку нарцис би немал предрасуди и би бил успешен.Но доколку нашата нарцисоидност е претерана тогаш ние ќе успеваме но сами,бидејќи никој не би сакал во близина некој кој ги омаловажува другите а за себе има високи критериуми.
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ме иритира што сум јас нарцис ,а за другите и да не зборувам!
    И што е најтрагично,со должна почит,секогаш сум мислела дека не можам да си најдам достоен соговорник. :swear:
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    толку многу ме нервираат луѓето што мислат дека се најубави и најдобри во се !!! :devil:
    златна средина, кога треба самокритична кога треба нацисоидна!
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Поимот нарцисоидност не подразбира само голема самодоверба, преценување и верба во себе дека си најдобриот. И никогаш не би помислила за некој кој вели дека е најубав дека е нарцизоиден, напротив под неговата маска се крие слаба личност, речиси без никаква самодоверба.
    Нарцизоидни се оние кои се преокупирани со своите чуства, мислења и својот изглед. Тие мислат дека само они страдаат или дека само тие се среќни, дека се на нив им се случува, дека сите очи се вперени во нив, дека секој ќе забележи дека на пр. дека има целулит нели пошто мисли дека сите гледаат во него.
    Јас сум премногу окупирана со моите чуства и тоа ми е голема маана. Но сепак не сум мн нарцизоидна. :)
     
  19. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Хоух па се проннајдов,во повеќето мислења :sweat: значи нешто навистина нее во ред со мене,едноставно не можам да прифатам критики ниту од својата родена мајка :^)
    Но и ме нервираат па и личности,кои не знаат да се прифатат она што се и цело време се критикуваат.Едноставно се грижам за себеси и правам колку што можам повеќе за да изгледам убаво,чекорам со голема самодоверба и до сега моја нарцисоидност ми оди од полза.
    И не сум јас нарцис,туку сум некој друг поубав цвет :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Ако самодовербата е некој синдром на нарцисоидност, тогаш нарцис сум, да. Но не секогаш. Не сум преокупирана со себеси, не сум од оние кои се ставаат во центар пажња кога има еден куп луѓе околу нив. Самоуверена си сум за себе. Ми помага да се справам со некои работи, но не го користам тоа како што го прават нарцисоидните луѓе.