1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нарцисоидност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 септември 2010.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не можам да поднесам личности кои се нарциси.Добро е да имаш самодоверба но во нормални мери (иако јас сум многу несигурна)но да мислиш дека си најубава,најдобра,најпаметна едноставно таквите карактери ми се одбивни.Треба да оставиш другите да те пофалат а не ти самата да се фалиш и да се однесуваш како светот да се врти околу тебе.А се согласувам и со тоа дека таканаречените нарциси се обично личности кои немаат самодоверба а сакаат тоа да го прекријат.Познавам многу такви примери каде што девојки кои реално не изгледаат добро се фалат како се многу убави,секси итн а тоа ме иритира до бесвест и не ми е јасно што сакат со тоа да постигнат.Како и да е не гледам никакви позитивни карактеристики кај нарцисите.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Најлошата особина што може да биде. Многу ме нервираат ваквите личности зошто сами се фалат и мислат дека се центар на светот. Јас секогаш ги потсетувам дека не се и дека не е убаво сами да се фалат, а ако тие си продолжуваат по свое ендоставно луѓето ги избегнуваат и остануваат сами :)
     
  3. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Леле ајде женско нарцис, ќе сватам иако ме нервира!
    АЛИ МАШКИВЕ сто пати поголеми нарциси станаа од девојчињава!
    Божеее, коа некој ке ми каже, леле види ама сум убав, какво тело имам, најдобар сум.. нај..
    МА ДАЈ НЕМА ПРОБЛЕМ МИС НА СВЕТОТ СИ ;)
    идиоти бе ! :)
    мрзам нарциси многу!
     
  4. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Нешто што највеќе мразам. Пример,седиме со другарки и една се гледа на телефон таква целата и вика: „Ух,колку сум си убавка!“ |( И уште се гледа таква :inlove: ..
    И,да,машкиве станаа бетер од нас. Стаил слика на фејсбук и одоздола си пишал: „Најубав :$
    Мислам, уат да фак?!
    Треба да се истребат ваквите створења. :emo:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Мислам дека најмногу ја имаме оваа особина во адолесценција, па после со искуство и преоѓање во 'реален свет' се губи...
    Лично во тој период сум била до некој степен...пример, влегувам во кафиќ и го правам тоа филмски, пазам на покрети бидејќи сум убедена дека all eyes are on me :makeup: ...Или ако нешто се изнервирам во друштво, се скарам со некој па си заминам, убедена сум била дека после сите тагуваат што ме нема, и се каат што ме налутиле |( ...тоа дека сум најубава, најпаметна и сите сакаат да бидат како мене-се подразбира :emo:
    Сега нарцисоидноста ми е смешна, пособно ако ја заприметам кај повозрасни, озбилно ми делува како болест...Почит кон себе и своите вредности-да, но илузии кои најчесто имаат сосема малку или немаат воопшто допирни точки со реалноста-кога тогаш здраво е да престанат...
     
    На julie77 и Magnolija им се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Зависи до степенот. :!:
    Сега, секој знае да си се сака себе си, понекогаш да си се богопретставува и преценува, да си го љуби своето јас и да си се почитува, да сака да се прикаже во што подобро светло; мене лично тоа не ми смета се’ додека не прерасне во навика, т.е. активно и екстремно фетиширање на сопствената личност. Да, имав другарка која беше нарцис, можеби најголемиот нарцис што го имам запознаено - лидер, лорд на нарцисите, а и тоа беше причината поради која таа „фина“ дружба прекина.
    Знаете, нарцисоидноста влече и останати проблеми, особено ако е егзахирана, претерана и преувеличена. Самољубието и самовеличењето јас го сметам како делумно психички проблем, проблем на база на свесното размислување на единката. Лично јас нарцисоидниот (да не се разбереме погрешно: ЕКСТРЕМНО нарцисоидниот) го класицирам еден степен подолу од ментално болниот во најмала рака.
     
    На julie77 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Шкорпионка таа адолсцентската нарцисоидност ретко кој не ја изживеал и не е ништо страшно уште една фаза во развојот на личноста, лично јас имам увид во сопствената вредност и имам почит и љубов кон и за себе, но нарцис не сум, имам доволно добар увид во мааните и ограничувањата кој не ми мати перцепција фала Богу.

    Меѓутоа има и патолошка нарцисоидност, која всушност и е ментално оболување. Онаа доза на самоувереност, дрскост, ароганција, егоцентричност и вообразеност кај повеќето не е еднаква на нарцисоиден хардкор став - јас сум над сите, мене сите ми завидуваат, сите се исфрустрирани и искомплексирани од мене, јеа рајт.Станува збор за луѓе кои не само што сметаат дека се исклучителни во секој поглед, дека без нив нивното семејно или работно или било какво опкружување ќе престане да функционира, абе глумци од нискобуџетен американски филм наменет за посебен сегмент не многу селективна публика.

    Главен контра аргумент е дека буквално секој човек е психо-физички уникатна и неповторлива комбинација, така да сите сме на некој начин посебни би успеале со право да градиме култ од себе.
    Не го негирам јас постоењето на луѓе кои го сменале целосно текот на историјата, тие се сепак гении, можеби секој гениј е и нарцисоиден, може па и не, кој ќе го знае, ама нарцисите веруваат дека се генијални во секој поглед што пак ќе речам е апсурдно бидејќи на овие вона би гении им недостасуваат генијалните творештва. Бидејќи и да те бива за 20-тина нешта, ќе потфрлиш на 21-то, човечки е впрочем, ама нарцис не ти признава неуспех во никаков случај има нездрав компетиторски и компаративен став кон другите и полн со презир. Кај патолошки нарцис секогаш без исклучок поголеми се амбициите и аспирациите и искривената слика на сопствената грандиозност од реалните способности и квалитети и таленти(надареност).

    Искрено дури си се гледаат во огледало со заљубеност и се на страна во својот свет и не ми сметаат, ама агресивен нарцис полн вообразеност и желба да гази се‘ под себе во обид да демонстрира супериорност, о и тоа како ми стапнува на жуљ. Најлесно се детектира нарцис по тоа што контактира со мала група луѓе кои ги велича како супериорни додека за останатите читај нормални луѓе мисли дека се безвредни за неговото „скапоцено„ време и внимание. Кога ќе размислам подобро нарцисите се за жалење, покрај целиот напор да будат восхит и нивниот свет е направен од многу тенко стакло и лесно се руши ако им се спротиставиш и ги разоткриеш и се плашат од губење на репутацијата. Најплодна почва за одгој на нарцис е високообразована личност од средна класа, која ќе глумата дека има префинети вкусови во секој поглед од избор на храна и напитоци (зборува за вино кое ни со 5 годишни приходи од плата не може да си го дозволи али ај) до било кој софистициран избор кој искрено обично е бледа потреба да имитира пр. надмоќна по статус класа, или некој авторитет во одредена област принцип по секоја цена да одигра улога од повиок ранг секако по проценка. И нарцис, никогаш, ама баш никогаш нема ни трошка емпатија во себе. Мене ми се крипи и не ги сакам во близина. Точка.
     
    На Chocoholic.girl, Divinebutterfly, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Поимот нарцисоидност може да се дефинира на различни начини. Во лаичка смисла, тој е речиси идентичен со насоченоста кон себе, или преокупираноста со себе. Со овој поим најсоодветно се опишуваат оние личности кои речиси секоја реченица ја започнуваат со личната заменка „јас“.

    Многу современи сваќања за нарцисоидноста можат во почетноиот облик да се најдат во класичниот мит за Нарцис, по кој е наречен овој синдром. Имено, легендата вели дека Нарцис еден ден страсно се вљубил во својот лик откако го здогледал одразот на своето лице во водата на шумскиот кладенец. Меѓутоа, колку повеќе се обидувал да се прегрне себеси т.е. одразот на својот лик во водата на шумскиот кладенец, се повеќе и повеќе се разочарувал. Ја оплакувал својата судбина. Одвоен од својата љубов, за прв пат доживеал губиток и тага. Тогаш тој сфатил дека мора да умре, и во тој момент се претворил во преубав цвет-нарцис.

    Нарцисот всушност не е вљубен во себе, туку во сопствениот одраз. Нарцисоидната личност не е опседната и воодушевена од себе, туку е воодушевена од преставата за себе. Не е опседната од она што е, туку од она што би сакала да биде и каква всушност се прикажува пред другите луѓе. Не од своето битие, туку од својот одраз. На тој начин целиот живот на нарцисот е еден театар во кој главната улога му припаѓа токму нему.
    [​IMG]
    Преземено од http://www.facebook.com/radiomrezakanal77
     
    На snake му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Heybaby

    Heybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки :tmi:
    Ми се има случено многу пати така пред излегување онака пред огледало да кажам секоја чест родтели,ама постепено тоа почна да ми биднува навика.Самата себе си се фалев,но во себе затоа што моите другарки имаат лошо мислеље за фалбаџиите.
    Имате предлог како да почнам да се одвикнувам? :$
     
  10. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    И јас имам другарка и дури ми иде у фаца да и кажам да престане . :@ Претерува малце мисли дека во се нај високо ! |(
     
  11. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    Mислам дека се што е во граници на нормала е океј..конкретно за темава..ако сам не си се сакаш и почитуваш..и ако не веруваш во себе..како тогаш другите да те сакаат, почитуваат итн..
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Значи по описот,патолошки нарцис бил...Нив никој не им е доволен,ниту вреден за нив,колку и да им докажуваш,никогаш не си во право. Душата да ти ја извадат...А не треба да ги храниме со молчење и толерирање.Само тогаш ќе сфатат и можи ќе им светни дека не се се на светот.
    Теодора,браво за ова.
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Мразам НАРЦИСИ. :devil: :devil: Во ред е да се сакаш себеси, но не мора да претеруваш и да се фалиш секоја минута колку си убав/а. Имам една пријателка жив нарцис. И што ќе и е нарцисот, кога нема ни вистински пријатели, ни некој што ја сака поради тоа што е, а не поради тоа што се прави дека е. Уфф, бегам подалеку од такви личности, ми идат на живци. :devil:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    Сите на одреден начин и во одредена доза сме нарциси,сите сме имале такви моменти кога самите на себе сме си викале да да јас сум најубава,јас сум најпаметна јас све можам.Но,некои луѓе навистина претеруваат.

    Мислат дека се центар пажња дека целиот свет се врти околу нив дека они можат да имаат све што ќе посакаат само да мрднат со малиот прст.Они се најпаметни најдобри во се, не прифаќаат никаква критика само нивното мислење е важно и ничие друго ги омаловажуваат другите а се издигаат себеси од една проста причина затоа што самодовербата и е еднаква на нула.

    Од вакви луѓе ми се лоши ама буквално ми се лоши.Имам неколку вакви примероци во моето опкружување и навистина неам коментар за нив,па уште и нивните родители кога ќе почнат да ги издигаат и да ги прават нешто што не се е тогаш ми се блуе.

    Точно е дека за секој родител неговото дете е најдобро ама не мора до толку да го истакнува тоа и после зашто имало вакви луѓе...се тоа е поттикнато од нивните родители,зошто се свесни колку нивното дете е ,,вредно,, и за да не се чувствува омаловажено и без вредно го изгигаат со такви коментари од типот маме ти си најдобар/а,ти најубав/а ти си гениј,другите не се како тебе ти си уникат.
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Нарцисоидната индивидуа е личност која вели дека е најдобра во се па тоа и е поттик да биде најдобар во се нешто како бодрење затоа што никој нема да се фали ако нешто не е така... :)
     
  16. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Оп -троп, фиксација и ментално нарушување тропаат на вратата.
    Самата легенда за нарцисот ми е зафркната (типот што се заљубил во одразот од водата), не па кога ќе приметам дека некој околу мене е таков.
    Нарцизоидноста се вбројува во ментална болест која доведува и самата важи за пореметување на личноста. Освен што се крајно арогантни, неподносливи и ретардирани, немаат чувство за емпатија и се егоцентрици, што ги прави до одредена мера асоцијални.

    Затоа, нека размислат некои пред да напишат дека се нарциси.
     
    На Daydream, Chocoholic.girl и Magnolija им се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека нацисоидните личности се онолку искомплексирани колку и оние што се мразат себеси. Себе пред другите, не секогаш е главна насока во животот.
     
  18. girl-in-love

    girl-in-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Многу ме нервираат :@
    Но подобро да се фалат отколку она ,,Јас не сум убава,сите се поубави од мене'' и прави тажна фаца само за да и велат -Леле најубава си те сакам итн а посебно на фејсбук ставила слика со другарка и коментар: не ме гледајте мене туку другарка ми,си ја сакам најмногу. :inlove: и 1000000 срциња.
    И после на чет:Може ли лајк?? |(
    Па ако не си убава што не си ја пресекла сликата па уште молиш за лајкови?? :^)
    Па коментарите :puke:
    Најубава си
    Не сум
    Убава си и уште по 10000000000000000000 срциња :headbang:
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Чекајте малце, задржете ги патлиџаните, јајцата и камењата уште некоја секунда додека се поднаместам да бидам каменувана, зошто знаете што, јас сум нарцис, бууууууууууууууууууууууууууууууууу.

    Се сакам себеси, и за себе мислам дека сум ретко убава и паметна личност.
    Знам дека имам доволно висок коефициент на интелигенција за да можам комотно за себе да речам дека сум паметна, а со својот памет можам да резимирам и компарирам што гледам окулу себе и што гледам во огледало па комотно да констатирам и дека сум ретко убава.

    Ете така, ми се може бре па што.
    Ви реков слободно можете да ме мразите и каменувате, но јас има цврста самодоверба која не може лесно да се разниша.

    И да се разбереме пред сите да ми скокнете и да ми ископате очи, јас никого не навредив, реков дека сум паметна и дека имам висок коефициент на интелигенција, проверено и докажано. А за убавината, јас не реков дека сум најубава или дека само јас сум убава, туку дека сум ретко убава личност.
    Се сакам себеси и не гледам ништо лошо во тоа.

    И немам потреба некој да ми го храни егото и постојано да ми потврдува дека сум паметна и убава.
    Знам каква сум, знам што сум, знам што можам.
    И уште нешто немам никаква потреба да се истакнувам и да ги понижувам другите, затоа што тоа го прават личности со лабилна самодоверба, а мојава е доста стабилна.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    ....многу се самоуверени! :geek: