Многу лоша особина е ова. Знам жена нарцис која постојано се труди да ги потенцира своите атрибути, да се истакне, и знае само јас, јас, јас. Не е в ред. Нарцисот не си ги гледа маните, а може да ги има дури и повеќе од потребно. Смешно е човек да биде нарцис. Смешен е за другите од страна.
@Tanjamm потполно се согласувам со тебе, навистина е смешно ова од наша страна, но кога ќе подразмислиме некако и жално е што нарцисите не можат да се перципираат себеси онака какви што навистина се.
Лоша особина. Секој човек треба да си ја знае својата вредност, своите можности, да е свесен за својата убавина, своите способности, но во граници на нормалата. Сѐ што е под и над таа граница, не е во ред. Нарцисоидноста ми е една од најодбивните карактеристики што може човек да ги има. Луѓе заљубени во себе, со его до небо. Воопшто непривлечен карактер.
Да си слеп дури и кога гледаш факти е нарцисоидност, да се величиш себеси, да се издигнуваш над другите. Што мислам е, нарцисоидноста не е во една насока, туку во повеќе. Секогаш пишувам дека се во граници на нормалата е прифатливо, па така и љубовта кон себе, и самодовербата. Се над таа граница - не е добро.
Ваквите луѓе обично секоја критика упатена кон нив ја сметаат за многу вознемирувачка. Баш имаше емисија на ТВ со психолог кој на долго збореше за проблемов. Елаборираше дека нарцисоидните луѓе многу се трудат да воспостават супериорност и кога некој ќе се обиде да ги критикува знаат да бидат и агресивни (било вербално, било физички). Агресијата на нарцисоидите е всушност одговор на одредена закана врз нивното его.
Има голема промена кај мене по однос на ова прашање. До 8мо-9то одделение, немав свое јас, немав самопочит, немав став, не се вреднував себеси онолку колку што другите се вреднуваа. Денес после еве 4-5 години, јас сум личност која себеси се сака повеќе и од моите.Нит они може да ме сакаат јас колку што се сакам, нит јас нив колку себе.Се научив да се вреднувам себеси, да се ценам да се почитувам, да стојам позади тоа што го мислам/правам/кажувам.Ги научив и другите да ме почитуваат и гледаат од друг аспект. За себеси најчесто сметам дека сум многу паметна (некогаш зависи од околината ама и НАЈпаметна), многу снаодлива и итра личност, убава, згодна, добра, вистински човек. Никогаш не е лошо да имаме доза на нарцисоидност во себе.
Кога зборуваме за нарцисоидност мора да се прави разлика во однос на нарцисоидното пореметување на личност кое се карактеризира со низа критериуми кои треба да се исполнети за да се постави таа дијагноза од стручно лице. Не значи дека ако некој е преокупиран со себе, дека има вакво пореметување. За жал луѓето кои имаат вакво пореметување не бараат помош од психолог, психијатар, зошто не си признаваат дека имаат проблем, а и да си признаат не веруваат дека може да им се помогне или не сакаат помош. Оној кој е во било каква врска со нив, секојдневно многу трпи и емотивно страда, зашто тоа се луѓе кои немаат емпатија, обвинуваат и засрамуваат други, креираат конфузија кај другиот и ја поткопуваат неговата самодоверба. Така да живеењето со такви личности не е воопшто лесно и многу изморува. Некои од нив и не ги манифестираат проблематичните однесувања на почетокот од врската, туку подоцна, кога веќе врската прераснала во нешто поголемо. (тие се оние од типот covert narcissists) Што потоа да се превземе веќе е сосема друга тема, и поврзано е со тоа дали нарцисоидната личност ќе се смени, а тоа е многу дискутабилно За жал гледам се повеќе луѓе околу мене што имаат некои или сите од критериумите за оваа дијагноза. Мислам дека во нашето секојдневие овој проблем е многу занемарен и не се зборува доволно меѓу луѓето за него, не се препознава ниту како проблем. Демек карактерна особина е тоа, па мора да се трпи..
Дисторзија во перцепцијата. Кон себе (интерно), и околината (екстерно). Пореметување кое неретко ја попречува личноста да ги согледа сопствените вредности, вклучително предности и недостатоци. Личности кои умеат вешто на манипулираат со другите, да мамат, да имаат неконструктивни вредносни системи, кои неретко доведуваат до некаков вид компулзија или зависност. Личности чија емпатија постои но, е поттисната поради фокусот кон сопствениот карактер и изглед. Неретко склони да прават драма онаму каде ја нема. Да менуваат партнери, средини, начини на облекување и имиџ поради немање самодоверба и емоционален недостаток.
Најлоша особина. Луѓе кои што прават драми и за најмали ситници мислат дека светот се врти околу нив. Луѓе полни со самодоверба. Ќе ги наречам и егоисти гледаат само за себе. Во сите нас има по некој процент нарцисоидност ама се додека е во нормала не гледам ништо страшно
Едни од најштетните (за жртвата) форми на манипулација или облик на психичко малтретирање која ја користат луѓето со нарцисоидно пореметување е gaslighting. Извинете, но не знам соодветен македонски збор или превод за зборов. Како термин доаѓа од филмот Gas Light со Ингрид Бергман од 40-тите во кој нејзиниот сопруг манипулира со неа. Во суштина, тоа е кога манипулаторот на другиот му всадува најпрво трошка сомнеж и прави тој да е несигурен во она што го перцепира, што го памти или во некој негов став. Значи му прави еден вид когнитивна дисонанца и му ја извртува реалноста со што го тера човек да се соменева во себе, во исправноста на своите постапки, во својот разум и меморија. Толку може да го поколеба другиот што дури и после тоа жртвата самата почнува да се преиспитува дали е тоа вистина, дали стварно сум јас крив, несовесен, ваков или онаков како што ми кажа? А штом почне да се преиспитува себе си и макар и делумно да се согласува со она што го кажал манипулаторот, тогаш наредно страда самодовербата. И така, без самодоверба, разубеден, човекот е веќе во една подредена позиција во однос на манипулаторот. Дури може да се отиде до таа крајност да и повредениот т.е. изманипулираниот, му се извини на манипулаторот божем тој нешто е крив. И така, манипулаторот се докажува дека е само жртва (а не манипулатор) и успева да ја сврти целата ситуација во своја корист. И сето тоа се прави постепено и толку суптилно, со уфрлање на одредени реченици меѓу редови при разговорот, така што „жртвата“ не е ниту свесна дека е изманипулирана и дека некој и го трга тлото под нозете и го поткопува нејзиниот кредибилитет. Еден пр. е кога манипулаторот тврди дека никогаш не кажал/направил такво нешто за кое говорите (а лажат буквално и знаат дека лажат). Може да се обидете и да докажете дека лажат, пр. да водите некоја евиденција ама и за доказот ќе најдат начин да го искриват и отфрлат, па кога ќе ги соочите со доказите ќе речат на пр. „од кај да знам дека точно ти е запишано“ или „од кај да знам дека ти не измислуваш и манипулираш со мене“. Па и до утре сабајле да докажуваш се ќе е залудно - на крај се севедува дека ти ја трошиш својата енергија да се докаже твојата реалност, а не тој. Или др. пример кога ве обвинуваат и криват за нешто што ни приближно не е карактеристично за вас, да не речам кажуваат ноторна лага за вас (честопати и пред други луѓе). На пр. „ти па една домаќинка што си...куќава никогаш не е средена“ а вие се убивате од чистење секој ден и тоа добро го знае. Значи, ќе го нападне другиот токму за она што му е битно - децата, домот, личниот идентитет, стручноста, семејството или нешто на што му посветувате многу време и за што сметате дека ве бива или сте горди на тоа. И сето тоа го прават кога најмалку очекувате, зашто така ве пресекува, ве дефокусира и човек се затекнува да не знае ниту како да врати, ниту да знае од кај дошло. Често пати ова го прават кога се во тесно и кога сакаат да го пренасочат фокусот од себе, па го насочуваат на вас. И муабетот наеднаш добива друг тек, вие не го напаѓате него, туку се браните себе и се правдате, небаре вие сте криви за нешто или нешто треба да се докажете или правдате пред другиот. Некогаш ако се повикате на тоа дека и другите мислат како вас или се сложуваат со вашиот став, ќе ви ја поткопа довербата во другите. И тоа го прават прилично суптилно ама ефективно како мала бомба - со збор, два. На пр. „ти не ја знаеш целата приказна за нив“, или „тие не ти се вистински пријатели“, „зарем ти на нив им веруваш?“ и сл. Да се препознае оваа манипулација е предизвик за тој што ја трпи. И не секогаш успева да ја избегне стапицата, дури и кога ќе ја препознае. Еден човек мора мнооогу добро да се познава себе си, да има изградена самодоверба и точно да знае што е, а што не е, за да не дозволи другиот да го манипулира на ваков начин. Мора да има на ум дека она што другиот го говори не е точно, не е вистина и дека сето тоа е само една многу прљава манипулација а не нешто за што треба да се фиксира и да си го земе при срце.
Не знаев каде да го напишам ова. Често се среќавам со ваков тип на луѓе и пробувам да ги избегнам колку можам. Проблемот е што моментално сум приморана да бидам во карантин, дома со нив. Не се поднесува и не гледам решение/излез во поскоро време некој со сличен проблем? Не знам како да ги одбегнам во моментов ми е невозможно. Почнува многу лошо да влијае на мене. Од секоја страна притисок
Неверојатно е колку многу луѓе се нарцисоидни, а недоволно се зборува за проблемов кај нас. Во светот се крева полека свеста за ова прашање, затоа има и доста и литература и интернет содржини за нарцисоидност ама мислам дека кај нас сме многу зад светот во оваа смисла. Само што најдов еден многу убав канал на Youtube кој има еден куп видеа за нарцисоидните, за тоа како да се справиме со нив во секојдневниот живот. Жената е адвокат, не е психолог, ама баш има добри совети. Кој сака да научи нека погледне. Еве едно видео од неа - што е вистинско извинување а што не е:
Дали сте запознаени со терминот „летечки мајмуни“? Вака се нарекуваат сите оние лица кои му помагаат на нарцисоидниот во манипулирање и задржување контрола врз жртвата. Називот е од Волшебникот од Оз каде што летечките мајмуни правеа лоши работи во име на лошата вештерка. Овие лица се многу често заеднички пријатели, роднини, познаници. Го поддржуваат манипулаторот, го оправдуваат неговото однесување пред жртвата, пренесуваат информации за жртвата, ја шпијунираат во име на нарцисоидната личност, шират гласини, односно се еден вид на поддршка на нарцисоидната личност и и помагаат со своите постапки во зачувувањето на нејзината контрола врз жртвата. Ја поткопуваат нејзината самодоверба, ја поддржуваат извртената идеја дека нарцисоидната личност е вистинската жртва во ситуацијата. Тие се на страната на тој што малтретира, зошто најчесто и самите се обмамени од него. Сликата што нарцисоидната личност ја претставува пред другите (и која е целосно позитивна и розева) тие ја прифатиле како точна, не веруваат дека може да е погрешна и се ставаат на погрешна страна. На некој начин и тие се под негова контрола. Со тек на времето, нарцисоидната личност ги задржува оние познаници и роднини во вашиот круг, кои увидел дека може да ги контролира, а ги откачува оние кои се потешки за манипулирање и кои се поддршка на жртвата. Многу луѓе не ни знаат дека се нечии летечки мајмуни и дека се исто изманипулирани како и жртвата. Најчесто тоа се личности кои имаат пооптимистичен поглед на светот и луѓето, или реалноста ја гледаат низ розев филтер, па од старт се поприемчиви на мислата дека сите луѓе во суштина се добри. Видеово баш зборува на оваа тема. Погледенете го и видете дали можеби ќе препознаете некој други или себе во овој опис.
Кај психотерапевт најдобро. Психотерапевтот низ посебни разговори ќе им ги предочи решенијата и начините како да се исцелат од токсичното влилјание на лицата со нарцисоидно нарушување на личноста, но и како да се заштитат во иднина. Ова меѓутоа варира од случај до случај, па затоа секој човек е приказна за себе и мора посебно да работи врз себе за да најде излез од позицијата на жртва. Работењето врз себе преку психотерапија е најмоќно оружје за ова и многу други работи.
Нарцисоидност, т.е нарцисоидно пореметување на личноста е тоа што многу убаво го има објаснето Cosmic Girl и спаѓа во cluster b personality disorders заедно со бордерлајн, антисоцијално пореметување и histrionic personality disorder. Генералното мислење дека нарциси се луѓе кои имаат самодоверба и мислат дека се убави е ептен далеку од точно. Нарцисоидни карактеристики се извртена слика за себе си, лажна самодоверба бидејќи нарцисите длабоко во себе немаат вистински идентитет, постојана потреба за внимание за да се "нахранат", вршење емоционално насилство врз другите луѓе, некогаш и физичко, gaslighting, непризнавање вина, користење пасивна агресивност како тактика, постојано глумење жртва, воспоставување на динамика во односите по нивна желба итн итн. Има и повеќе типови нарцисоидност, covert на пример е потешко да се препознае. Е сега не мислам( барем така имам сфатено, не сум сигурна 100%) дека ако личноста има одредени карактеристики ги исполнува дијагностичките критериуми за пореметување на личноста, бидејќи сепак не е толку често. Но, можеби и не е доволно дијагностицирано па се добива таа идеја. Особено кај нас, што воопшто не се зборува и нема свесност. Да се навратам, овие луѓе можат совршено да глумат пред другите, па така ако нарцисоидната личноста извршува терор во едно семејство или врска, oд надвор е тешко да се препознае поради маската која ја ставаат. Дополнително често пати се и баш шармантни и од понепознати луѓе многу често се перцепирани како фини и пријатни луѓе. Колку што имам читано, ова растројство како и многу други се јавува поради преживеана траума. Не сум професионалец и не знам сѐ, ама ме интересира од моментот кога пред 2-3 години си пребарував на гугл "зошто *член на семејството* бара да се извинам кога вината е негова" и првпат се сретнав со дефиницијата и сѐ што следи. Long story short да бидеш растен од луѓе кои ги пројавуваат овие класични особини и од нивните деца кои биле нивни жртви но сосема несвесни, значи и ти цел живот да немаш идеја кој си и што си, да се прашуваш што е погрешно со тебе, дали можеби си ти нарцис, сѐ додека не ти светне дека проблемот е малку понадвор. И кога ќе го сфатиш тоа се чувствуваш како да си се разбудил после долги години во магла, што е преубаво иако пропратено со негативни чувства и малку збунетост. Многу е комплексна нарцисоидноста, не се искажува само во неколку реченици бидејќи секако го вклучува и влијае на секој аспект од една личност. Но морам да признаам дека е интересен феномен.
Ме просветли Денес размислував дали јас припаѓам во овој тип на луге а не сум свесна за тоа и заклучив дека сум нарцисоидна личност затоа што ми се случи тоа будење шо го имаш објаснето погоре и се пронајдов 100 проценти и си дадов одговор на многу прашања. И кога те прочитав си го потврдив нештото.