Чекај малку, јас не сум психолог ниту психијатар а и да бев, едно мислење на форум не е замена за дијагноза. Плус тоа што го напишав за "будење" се однесуваше на мое искуство со вакви личнпсти, не на само-дијагноза. Ве молам не си врзувајте во крпче толку лесно сѐ што ќе прочитате, особено не едно мислење на рандом форум. Можеш да прочиташ повеќе, можеш да отидеш на психијатар, ама вака самодијагноза од едно рандом мислење - не. Тука пишуваме чисто информативно, не носете толку лесно заклучоци.
Познавам такви луѓе. Ако не е по нивно плачат како деца, агресивни се, непредвидливи, жртви демек се они.. Тешка паталогија, џабе е психијатар.
Не психијатар, туку психотерапевт и не е за нив (нарцисите) туку за останатите што не се такви а биле или се нивни жртви со цел да научат да ги препознаваат и да се заштитат од нивните влијаниа.
Јас лесно ги решавам, постојано ги зафркавам а они збеснуваат оти не можат да се истакнат. Сакам да се надополнам. Скоро сите такви фаци си имаат проблеми со зависности како дрога оти се фрустрирани,тажни. Исто така никогаш нема да побараат помош од психијатар.
Begam od narcisoidni ljuge. Mi ja zemaat energijata. Sakaat da se dokazuvaat, sekogas se vo pravo i svetot se vrti okolu niv. Sekoj razgovor im e JAS. Niti se dobri prijateli, niti znaat da slusaat
Мило ми е што има ваква тема.Што кога нарцисот си ја почнува кампањата на оцрнување,или "smear campaing".При тоа и измислува работи.Трае 4 години.Се разбира не реагирав ,за мене беа будалаштини,да реагирам на глупости.Но, има многуууу работи што воопшто не се така.Всушност нарцисот ги прави,а ве окривува и оцрнува вас.И да премногу е точно,дека кога не е по нивно,плачат и се прават жртви.Тоа е буквално дете од 3-4 години кога плаче за играчки.Може ли некако да им се покаже до каде им е местото?
@7chocolate7 Едноставно не потпаѓај на ситуацијата. Smear campaign им е техника со цел да те "натераат" да изреагираш, да се расправаш и со тоа да докажат дека во право биле за тоа што го зборуваат за тебе. Затоа, златно правило е да немаш никаков контакт. Ако не можеш скроз, тогаш лимитирај ја комуникацијата. Побарај си поддршка од најблиски, но никако не се впуштај во интеракција со нарцисот. Доколку премногу ти нанесува штета, би ти рекла да побараш и помош од психолог.
Се работи за свекрва ми.Му ја полни главата на маж ми ,измислува.Од нивна фамилија, речиси никој и да не комуницара со нас.Се прави жртва.А ситуацијата е обратна.Дали да ја кажам некаде вистината,или пак воопшто да не се вклучувам во тоа?Има ли некој искуство,ова,е премногу исцрпувачки.
@7chocolate7 На народ (роднини) не можеш ниту да угодиш, ниту нешто да докажеш, а не ни треба да се замараш. Свекрвата најдобро е да ја ставиш на целосен игнор и не ни комуницирај со неа. Не си троши нерви да се докажуваш, само повеќе ќе се изнервираш. Она што е единствено важно и најважно е да имаш поддршка од сопругот. Само со него разбери се убаво, за останатите не се замарај.
Секој кој си дава за право односно има потреба да малтретира, психички и физички ..најпрво психички те силува , а потоа физички, секој кој исмева , вреѓа, понижува , омаловажува ..секоја агресивна личност која има проблем со некоја друга личност и со тоа ја намалува самодовербата на таа друга личност ..Тој е тој кој треба да се обрати на психијатар ! Значи просто е , насилникот е за психијатар , а не самата жртва ..! Жртвата и пред да биде малтретирана си имала изградена самодоверба , но ..тој со агресија и ја намалува и влијае на нејзината самодоверба.. Ако ја сака не ја малтретира , ноооо штом си дава за право да малтретира , а може да ја изигнорира ( но не сака ) си се забавува....Дно си е дно ..тоа е ! Средината која нема разбирање за жртвите , а има разбирање за насилниците( со чест на исклучоци) ..90% паднаа на испитот ..! За оние кои не знаат , се започнува од главата , а не од нозете ..!
Одлична епизода на оваа тема, преубаво објаснува докторката: https://open.spotify.com/episode/3BzdEtpIyo93NHmllgHdEu?si=u3uUE1OmTCeIz-633Z7Gxw
У последно време многу вакви видеа ми искачаат, а бре ја не сум знаела дека овие нарцисисти биле зло. И тоа у многу личности ги пронајдов карактеристиките. Уствари овие со нарцисоидно пореметување спаѓаат у мрачната тријада психопати, макејавелисти и нарцисисти. бтв нарцис и нарцисист не е исто, во смисла нарцис е особина на тие со нарцисоидно пореметување кои имаат многу други негативни особини и се многу мрачни и тажни луѓе.