Насилство во врската

Дискусија во 'Врски' започната од blacklady89, 20 септември 2010.

  1. blacklady89

    blacklady89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Што мислите за насилството во една врска? Дали мислите дека понекогаш е потребно барем во најмала доза? Што треба да се случи за да дојде до насилство?

    Ќе започнам јас со мојот пример:
    Имам прилично нормална врска. Се запознавме пред две години и од тогаш одиме. Се беше добро, до моментот го разбрав дека ме изневерил со девојка, некоја средношколка. Тогаш во мене проработе хистеријата. Се чувствував ужасно. Бевме во неговата куќа, па сакав да му вратам и му се развикав пред неговите родители. Тој изгледаше збунето, но како што велат старите, тивка вода брег рони. Набрзо дојде по мене, во мојот стан и почна вербално да ме напаѓа. Сето тоа заврши со два шамари и зборот: Ку*в*! Навистина болеше, бидејќи сум вљубена во него. Од тогаш поминаа само две недели. Сега ми пишува пораки и ме моли да разговараме и да ги израмниме односите, да ги доведеме на ниво како поранешното. Се плашам дека ако ја прифатам понудата, другите ќе ме сметаат за девојка без гордост и чест, бидејќи знаат каква е ситуацијата. Морам да го поделам ова со вас девојки. Што да направам? Дали имате вакво искуство и како правилно да реагирам? :(
     
  2. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Дечко ми ме мавна!!!

    Znaci...si imala, t.e. si mislela deka imas normalna vrska.......sovet moj...kako masko....begaj. Begaj zatoa sto koj ednas krenal raka...ke kerene i uste ednas isamo sakam da te prasam....zaso uopste prasuvas sto da pravis?
    Nesto ne ti e jasno ili ja zaboravi bolkata.......?
     
    На gorde1, eloves, One.Day.One.Girl и 36 други им се допаѓа ова.
  3. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    22
    Дечко ми ме мавна!!!

    Те изневерил,си го навредила пред неговите родители,потоа те удрил и те навредувал! :^)
    Сметам дека во никој случај не смееш да му се вратиш,разбирам,вљубена си.Но,што понатаму,сега ако му простиш ќе продолжи да те изневерува,и што е уште полошо да те удира.Мислиш дека заслужуваш таков покрај тебе?
    Колку и да бараме начин да го оправдаме со тоа што си го навредила пред неговите родители,неверството и ударот сметам дека се посилни од твоите зборови...
    Јас не би му простила на мојот дечко доколку направи такво нешто,во никој случај!
    Знај дека неговите постапки ќе се повторуваат доколку му се вратиш.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Дечко ми ме мавна!!!

    Знам само едно, ако еднаш те удрил ке те удри пак кога -тогаш, кога го извадиш од контакт нашки кажано. Мислам дека не е паметна идеја да се смириш со него, сепак ти си знаеш најдобро. Љубовта боли и ке преболи со тек на време ама тепање-удирање-насилство врз жена боли засекогаш.
    Очигледно дека неможе да се контролира дечко ти. На таквиот начин што си постапила си му го скршила машкото его па уште пред неговите родители...верувај дека тоа нема никогаш да го заборави. А и ти исто така нема никогаш да го заборавиш зборот - курва.
    Сепак убаво си размисли пред да направиш некој чекор.
     
    На Davidguetta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    26.720
    Дечко ми ме мавна!!!

    :o :tmi: девојко!!! те изварал. те нарекол ку*ва, те наредил со по некој шамар, и после 2 недели ти пишал и сега ти се мислиш за пак да бидеш со него????????? кај те изварал еј после долга врска, уште си дава за право тебе да те вреѓа и да те шамара, и што тој дотичен мали си мисли? дека пораче после 2 недел ке го реши тој огромен проблем? хаха, браос бе... наместо уште првата вечер да покажел малце каење за тоа што те извара, тој изреаѓирал како ти него да си го изварала мајке ми :devil: мој совет ти е, да не му простуваш...еднаш варал- ќе вара. еднаш те мавнал-ќе мава! но, доколку ти си одлучиш да му простиш, се одлучиш на тој чекор, тогаш изнамачи го со тестови, стекни ја неговата доверба дека веќе никогаш ама никогаш нема да те извара и мавне, е тек тогаш смири се... знаеш како викаме ние- лесно е да простиш, ама да заборавиш не верувам....така да памет во глава, размисли си убаво, убаво, немој да избрзуваш... остави го малце нека пати и тој, нека си размисли за неговите ниски постапки, зашто ако сега веднаш му простиш, тоа ке ти биде најголемата грешка..позз и среќно :*
     
    На Davidguetta и Zlatnata.Alis им се допаѓа ова.
  6. blacklady89

    blacklady89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Дечко ми ме мавна!!!

    Разбирам дека е чудно прашањето и дека можеби изгледа глупаво. Ама јас поминав долг период од животот со него и го сакам. Во секој случај, фала ви!
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    26.720
    Дечко ми ме мавна!!!

    не прашањево не е воопшто глупаво, тоа за жал е реалност кај многу многу девојки... јас знам дека ти него го сакаш, дека 2 години не се малце,ама во секој случај најважна си ти!!!имаш 21 година, и да ставиш крај на врскава, уште имаш време да најдеш друг дечко...и не дозволувај дечко ти, да зима корист на твојата љубов спрема него.. ако му простиш веднаш, тој ке си ја пее старата песна, знаејќи дека утре пак ке му простиш..некогаш гордоста и свoето јас треба да бидат пред љубовта, зашто искрено ти го сакаш него, но факт е дека себе си се сакаш повеќе... и бтв ти него треба да му простиш 3 тешки работи-неверство, шамарот, и погрдниот збор... дали си спремна на сето тоа? си се запрашала ли себе си?
     
    На Davidguetta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lisaa

    Lisaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    8
    Дечко ми ме мавна!!!

    Мене ова ми изгледа дека е некој агресивен и подмолен дечко, а плус и преварант :| Немој да се навредиш, ама кај те варал, па уште и ќе те удара и ку..ва ќе те вика. Познавам вакви типови и јас сум се изгорела од такви...Само ме интересира дали си сигурна 100% за варањето со средношколката и подетално пиши, што му викаше пред неговите...Што и да е, едно запамети- КОЈ ЕДНАШ ПРЕВАРУВА, НАВРЕДУВА И ТЕПА, ЦЕЕЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ГО ПРАВИ ТОА!
     
    На ame23.88 и gami им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.150
    Допаѓања:
    13.787
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме мавна!!!

    А се запрашал ли тој колкав период е со тебе кога бил со онаа другата??? Одговорот е очигледен, нели?
    Дечково воопшто не те заслужува. Кај крив па наместо да се извинува, тој удри на ќотек.
    Ќе ти кажам остави го, ама знам дека нема да го направиш тоа. Штом наоѓаш начини да го оправдаш за неговата постапка, сигурна сум дека едвај чекаш да му потрчаш назад.
    Многу се нервирам кога пишувам на ваква тема. Самите уште млади запаѓате во стапици, па потоа страдате цел живот. Каков совет, сосема ти е јасно што треба да направиш па макар и по цена што ќе те боли.
     
    На Zlatnata.Alis му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    604
    Дечко ми ме мавна!!!

    Ако нешто се случи еднаш не мора да значи дека ќе се случи и двапати! Мене ми се има случено да згрешам нешто во животот и да чувствувам вина,и токму таа вина ќе ме тера да никогаш не ја повторам истата грешка! Можеби и дечкоти чувствува вина за тоа што те удрил и можеби нема да го повтори истото! Но во вашиот случај не е само шлаканицата, туку и неверството...а јас мислам дека е премногу за да простиш! факт е дека не те почитува доволно... Не знам дали би било возожно да изградите нормален однос после непријатните случки, не знам дали ти можеш да поднесеш тоа што си го делела со друга па дури и шлаканици ти удрил,шлканици кои ти требало нему да му ги удриш! Јас не би простила никогаш,не би се вратила никогаш во таква врска каде знам дека имало пред се неверство, вербални навреди па дури и физички напад! Што друго полошо можеш да очекуваш????? Простувањето е човечка доблест, ама постојат луѓе кои не заслужуваа да им се просте!
     
    На Davidguetta, MadHatter, gerisha01 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    109
    Дечко ми ме мавна!!!

    Ако сакаш животот да си го претвориш во пекол смири се со него.
     
    На elenadimiskovska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.131
    Дечко ми ме мавна!!!

    Дечкоти те мавна и ти бараш совети овде? Абе деца што мислите вие? На 21 год. некој да те удри треба нешто да ти фали, и уште прашуваш дали да му простиш? Па извини ама стварно не ве разбирам. Цела младост е пред вас :x
     
    На sweety90 и AppoloN им се допаѓа ова.
  13. AppoloN

    AppoloN Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    130
    Дечко ми ме мавна!!!



    Likeeee.................. :up:
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    Дечко ми ме мавна!!!

    не ми е јасно,како тоа да ти дојде дома,така да ти се обрати,да те удри,а он е крив??јас повеќе би рекла дека дечково има психички проблем
     
    На endlesslove и thelittle17 им се допаѓа ова.
  15. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Дечко ми ме мавна!!!


    :^) Iskreno ne mi se veruva deka mislis deka treba da prasas za ova. Samo pomisli kako ti bilo koga ova se slucilo....Em te izneveril em te vregal em te udril....Moj sovet e begaj so podaleku od nego ne zaradi toa sto se plasis sto lugeto ke misat za tebe tuka zaradi sebe. Kretenov (undersatement) ne te zasluzuva. Duri i da ne se povtori ova TOA STO TI GO NAPRAVIL E NESTO STO NE TREBA DA SE PROSTI
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме мавна!!!

    Девојката е заљубена премногу и вакви совети не и одговараат од проста причина што срцето не и дава да мисли така како ние од друга страна гледано нормално е да критикуваме затоа што тоа што и го направил дечкото не требало никогаш да се случи тргнувајќи од она Вистинскиот маж никогаш не удира жена не е првата девојка каде дечкото бил агресивен на неа, колешка моја од факултет е исто така агресивно напаѓана со модрици по телото но пак е со него а околината тоа не го оправдува бидејќи се повторува неколку пати а таквото нешто не е за оправдување навистина како и тука во случајот но и девојката не го изведила тоа за неверството на место пред родителите го кажала а тоа требало да си го решат самите има време и место тоа да му се кажи па и да се изведе некако поинаку во тој момент ти си била изнервирана дечкото твој изнервиран и два лути камења резултирале на тоа што се случило како што кажуваш си минала долг период и не тие сеедно не сакаш врската да заврши така разговарај но тоа не значи дека треба да бидеш повторно со него барај ја причината за што те изневерил немој да дозволиш да го замачка тоа ако имаш докази приложи ги кажи му дека тоа што те удрил и навредил не смее да се повтори размисли убаво не е само тој има многу момчиња кои заслужиле да те имаат пред се ти си човек со чувства и разум не си играчка брани се себеси не дозволувај да се повтори во иднина тоа не покажувај моменти на слабост тоа некој го користи голема си и можеш да расмислиш доволно за твоите постапки и ти си знаеш што е најдобро за тебе :)
     
    На netclient и gerisha01 им се допаѓа ова.
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    218
    Дечко ми ме мавна!!!

    Како што кажаа останатите,немој да му се враќаш,дури ни да размислуваш за тоа.Секогаш ќе треба да се пазиш да не го налутиш многу за да не те те удри повторно.Размисли дали сакаш да живееш постојано воздржувајки се за ГОСПОДИНОТ да не се изнервира и да крене рака врз тебе,и дали после некоја голема расправија ќе оди да си ја лечи нервозата кај некоја друга.Јас не би можела да живеам така.Не ти треба таков,на никого не му треба.Сега го сакаш,но тоа ке помине,ќе запознаеш некој што те заслужува,нема да те навредува и најважно некој што нема да биде насилен.
     
  18. caculence

    caculence Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Дечко ми ме мавна!!!

    Се согласувам дека нема што да прашуваш што како да се прави... Ама знам дека ти треба оправдување,дека си го направила вистинското нешто :) Па, колку што успеав да прочитам нагоре, сите сме едногласни... Пушти го да боли, за 2-3 месеци ќе преминеш преку него... и таман,во меѓувреме ќе научиш да си посветуваш повеќе време на себе :emo: и да уживаш во ситните задоволства кои ни го разубавуваат животот.. :) Со среќа во борбата, и не се срами да побараш помош од пријателите, ако не можеш сама... ;)
     
    На sunnygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenadimiskovska

    elenadimiskovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Дечко ми ме мавна!!!

    abe devojce kolku i da go sakas ne si trebala vaka da dozvolis kolku i da go sakas ne treba da mu prostis zs masko kogaa saka ne bi krenal raka na devojka pa sea ti viki dali ke dozvolis da ti napravi pak taka
     
  20. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    478
    Дечко ми ме мавна!!!

    Прво, што и да одлучиш воопшто да не те интересира мислењето од другите. Ти и да си среќна и да страдаш, никој нема да сочувствува со тебе... и со совршен да си, пак ќе зборуваат дека не е како што треба... така да за тоа воопшто да не се замараш.
    Инаку, мое мислење е дека треба да почекаш некое време, да направите една пауза, доволно долга за тој да ги сфати неговите грешки, а ти добро да размислиш дали би можела после тоа да бидеш со него, бидејќи сигурна сум дека сега воопшто немаш доверба во него, а врска без доверба... :?:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.