Дечко ми ме удри Не те разбирам за болдираното. Во никој случај не значи дека доколку удри по ѕид, утре ќе крене рака врз тебе. Доколку сакал неа да ја удри, ќе го сторел тоа и во овој случај. Но, очигледно бесот го истурил врз ѕидот и сопствената рака (Мхмм...). Кога ќе ја удри, тогаш нека бега заради физичко малтретирање, а сега нека бега зашто се однесува како дете (барем според тоа што го пишала, мене така ме асоцира. Но сепак според истото не можам да ја анализирам целата ситуација за да знам кој е вистинскиот виновник и кој од кој треба да бега ).
Дечко ми ме удри Кај те изневерил, кај ти лупнал два шамара и тоа добри, кај те нарекол к*рва, па уште и сакаш да се вратиш со него. Незнам со која глава навистина, но јас сум за НЕ ! Кој еднаш преварил - повторно ке превари! Кој еднаш навредил - повторно ке навреди! Кој еднаш удил - нонстоп понатака ке прави така ! А ти тоа секако не го заслужуваш, да изиграваш роб нечиј. Што не му текнало порано, туку после толку време ти се јавува, пораки шо ти ја знам. Не! Јас сум за НЕ! Остави го нека пати малку, немој само ти да патиш !
Дечко ми ме удри Разбирам зошто си го направила тоа.Во тебе имало голем бес заради тоа што го направил,си морала да се изпразниш некако,можеби не бил добар начинот ама... Мое мислење е дека не треба да се вратиш кај него,кога еднаш кренал рака,сигурно пак ќе крене,можел со смирено да разговара и да разбере дека си повредена.
Дечко ми ме удри Мислам дека тука е вашиот крај. То ест јас да бев на твое место ќе беше крајот. Дечко ми да ме удри и да ми рече ку*в*,тоа нема да му го простам никогаш,па колку и да го сакам нема да му простам. Твој избор ама според мене не му простувај па колку и да го сакаш
Дечко ми ме удри Искрено те разбирам во потполност како ти е , зошто и јас бев удрена од дечко со кој бев у врска 2години ... Не дека не му вратив како што заслужува, ама од тогаш се се смени, иако пробав да преминам преку тоа едноставно сликата не бледнееше никако. Па затоа и целата врска заврши со крај . Од една страна не мора да значи дека ако еднаш те удрил дека ке го стори тоа пак .. Искрено повеќе си зависи од личноста каква е и каков менатлитет носи во себе... Нему не му се деси повторно да ме удри ама затоа не ни можеше да стори ништо за да би можела да заборавам на тоа... Сепак од една страна ако планираш да му се вратиш на дечкото дај му до знаење дека не може со тебе како што он сака и како што он мисли дека е најдобро... А и патем зашто би му се вратила кога во неколку наврати покажал непочит спрема тебе првин како индивидуа, второ како негова женска ? Размисли убаво и би те советувала да си ставиш поголем акцент на самата себе... Односно повеќе да си ја вреднуваш твојата личност... Зашто никој не е доволно достоен да повреди некого... без разлика на кој начин . Поздрав .
Дечко ми ме удри Аха ќе ме удрит раката да му се исушит Јас стварно не ги разбирам тие машки шо тепет женски.Несфатливо ми е! Уште помалце пак можам да сфатам како вие (жртвите) продолжвите во такви врски. Ептен крив,ептен и јак! Уууу мамицата... Совет ако ми бараш мене?Мафни го дур мојш дур имаш време! Зш имат некој заглавувет во такви врски со надеж дека 'ќе се сменит' и јадат ќотек после цел живот од нивните сакани <3 FFFFUUUUU
Дечко ми ме удри И мене ми се случи дечко ми да ме удри. Заедно сме веќе 2 години и мислам никогаш нема да го заборавам тоа искуство иако искрено сметам дека бев јас многу виновна и дека си заслужив. Му беше матура. Се беше супер... Го однесовме пред хотелот другари, другарки играње, смеење и слично. Откако се вративме дома по 2 саати ми се јави да одиме да го земеме, дека е премногу пијан и дека му е мнооогу досадно. Отидовме, го земавме и луѓе прв пат после година ипол врска и 1 година другарство јас го имам видено толку пијан. Што беше најтрагично несакаше да одиме дома и другарите ај да не му кршат филм ке одиме на кратко до некој клуб. Пред клубот каде обично не се плаќа влез ни кажаа на врата дека има некоја приватна забава и дека влез е 300ден. Почна да се расправа ова она и јас само му реков, те молам прибери се сакам утре пак да дојдам овде. Ме штипна толку силноооо што до срце ме заболе. И нормално неможев да останам мирна да чекам наредниот ден смирено да разговараме. И јас бев доста "РАСПОЛОЖЕНА'' и во кола почнав да се дувам, да се лутам да префрлам... иако другарите нон стоп ми викаа аман престани нели гледаш неможе да стои јас не! Незнам како што се се случи... и мене ми е матно сеќаањето ама знам дека требаше да одиме кај него дома и јас се противев демек лута сум сакам дома да си одам. Следно што памтам знам дека застанавме на бензинска демек да разговаравме. Многу го испровоцирав, незнам се што не му реков. Неможее да се исконтролира веќе. Работата стигна до штипење дерење и незнам што ѓавол ме натера јас силната женска да му плеснам шлаканица. Кога ми врати луѓе мислам дека вилицата ми ја скрши. Заврши работата. Морав да му се јавам на брат му во ниедно време затоа што не ми даваше да си одам дома... Наредниод ден што беше најтрагично имавме резервации во еден хотел во маврово... Се противев и наредниот ден несакав да простам. Дојде ми се извинуваше ме молеше и се смривме. Му простив само затоа што мн свесно знам кој беше крив и дека не е фер да го изгубам за глупости за нешто што стварно не беше крив во целост. Во секој случај иако испоровоџиран и ден денес се кае за однесувањето а фала богу од тогаш не се нема ништо слично сличено. А тој знае дека доколку се случи нема во никој случај да го истолерирам и да му простам.
Дечко ми ме удри Никоја од нас нема право да биде понижена, натепана и турната нејзината чест! Бегај од него пред да е премногу касно!
Дечко ми ме удри Ова моево е пресно ... баги од вчера вечерта. бев излезена со другарки во еден кафич имаше жива музика се пиеше убаво си поминавме.. седнавме на масата на едни наши познаници другари со годнини се знаеме таман работа да правиме нешто и јас така занесена си играм со едниот од нив тој зад мене за ме факал за половина а јас малце поднапиена и си мислев нема ништо страшно..НО во меѓувреме да ти дојде овој мојот и да ме гледал 10тина мин како играм и ми дојде ме повлече надвор и ми се изнадери пред сите луге и ми рече одма да сум ја соберела чантата тоа и да одам со него во кола да поразговараме малку.јас не сакав се противев да одам оти беше рано договорот беше да излезам јас со другарка ми тој со другари и добро на крајот отидов и толку беше изгубен од контрола што СЕ што постои во светот ме нарече КУ*ва, ороспија, што игра со туги мажи како не ми било срам повеке јас немало да излегувам без него никаде и јас се изнервирав поради тие зборови(навистина се навредив ) и му реков кој си ти да ми велиш вака нема да бидам повеке со тебе не ме барај више само ми се заврти на кај мене ми вика што Ку*во една и ме удри на лицето два пати и тоа и имам модринка сега потечена устата веке не ни го барам не ни му кревам на телефон ми пиша како тоа ако ме видел вечер со некој како двата ке сме јаделе котек не знам шо да праам више ве молам совет го мразаммм колку што го сакав..
Дечко ми ме удри Срам да му е! Гнаса. Swci,да не си дозволила да му се вратиш! Има и други начини да се реши тоа,ама физички да те нападне...не,не лудачка кошула,и лимо до Бардовци. Едноставно,си го покажал лицето. ull: Ама не ми е јасно зошто си играла провокативно со пријателот? Не го бранам,напротив ми се гади од него,но ако си веќе во врска,не си требала да дозволиш да те фаќа за половина.
Дечко ми ме удри swici жал ми е што така ти се случило и незнам како се чуствуваш сега но да бев на твое место викнал полиција и би го пријавил , али предходно би кажал на моите родители немој да срамот те спречи.... општо е познато какви све ситуации постојат и може да се случат на секому ако некој те удри немој да мислиш дека ке бидеш осудувана или каменувана сега право кај родителите да кажеш што се случило и после у полиција да видат што ти направил фраерот што се сили на девојки ....
Дечко ми ме удри Swici, извини на вулгарноста, али и да те видел да се ебеш со друг не смее така да изреагира. Нека ти раскине, што сака нека прави, ама физички до тој степен, па не еднаш туку два пати! И уште не се извинува туку ако те видел со друг и двајцата ќе јадете ќотек?! Говедо едно, нека смее уште еднаш да ти се приближи, немој да му ќутиш таквите се најголеми педерчиња, се силат додека не им враќаш после нигде ги нема. До сега 2-3 пати ми се случувало на улица да видам дечко и девојка како се расправаат, тегнат, тепаат и среќа не сум била сама па сме оделе сме ги раздвојувале и секогаш девојката била таа што не бркала демек не ни е срам што се мешаме... И да сум сама ќе отидам и знам дека многу гадно ќе си поминам, на крај јас ќе бидам истепана ама просто не можам да гледам такви работи. Тоа е проблемот, он може да удри, ама ти ако останеш со него не е веќе тој глупавиот туку ти си. Еднаш и мене ми се случи на улица исто ме изнервира нешто дечко ми и му викам типично за мене си одам дома, не ме барај и ме задржа за рака да не си одам, во тој момент помина една кола и застана да ме праша дали ми треба помош, значи поусрамено никогаш не сум се осетила, толку многу му се налутив на дечко ми и му раскинав, ама утредента сфатив дека едноставно ништо не ми направи, а покрај тоа цела вечер ми се извинуваше. Ама искрено тој срам што го почувствував тогаш мислам со ништо не се споредува. Ако ме удри, не само што ќе му раскинам туку ќе морам да му се одмаздам, т.е. некои батки да го истепаат. Колку и да е селско и ниско, не би издржала ако не помине и он со некоја модрица.
Дечко ми ме удри Swrcii, нормално како и другите и јас истото ќе ти го кажам-право во полиција.....Насилство, во ниеден случај не смее да се толерира. Не постои ама баш ништо на светов што може истото да го оправда. И никако немој да ти дошла луда мисла во глава-демек си заслужила зашто те видел како играш со другарот. Туф, голема работа бре, замисли си играла со другарот, па ти си се забавувала Мислам, како си смеела А за зборовите и навредите не сакам ни да спомнам, нека му служи на чест кога може на девојка такво нешто без добра причина да каже Ако сега на ваква ситница додека сте во врска вака реагира, не сакам ни да помислам, а уште помалку ти, што би правел во брак ако нешто му засмета или му се уврти во глава.... Под итно раскинувај со него, додека не дај Боже истото не му се повторило.
Дечко ми ме удри Оу мај Диар. Мене татко ми не ме има удрено ке ме удара некое лигле недораснато Се повеке гледам случаеви во кои машките се однесуваат насилно.Ова не е маж(читај:кукавица е)па не знае поинаку да го реши проблемот па ке удара. Веднаш одалечи се од ваква личност.Не ти е потребна.Ако продолжиш понатаму сама ке бидеш криВа и никој друг. Не отклопувај,не го барај,не му пишувај-со два збора стави крај . Тоа е твое право со кој ке играш,со кој ке танцуваш,и со кој ке излегуваш.Не си направила кривично дело па да те удара кога ке сака.А и да си сторила...тоа него не треба да го засега.Дечко ти е,да ама нема право да се изживува врз тебе
Дечко ми ме удри е па добро де он не игра со др девојки....леле маски бе ако девојка прави несто мало тогас е курва а тие курвари светски сто идат со секоја една ако било тоа...е па не...добро си направила сто не одг на тел и слицнод а види како е и да науци да те цени...норамлно дека се слуцува и мозе со зборови да се договорите а не со самари.....не мисли на тоа
Дечко ми ме удри Знаеш и ти сама многу добро што треба да правиш, само чекаш од нас да ти потврдиме. Батали го, игнорирај го скроз, кај забрани ти става, па уште и те мава. Леле, значи од ова забраниве косата ми се дига, мислам Боже мили, слободен свет, што сакам ќе правам. Дома на моите не им се правдам, НЕГО ќе му се правдам. Смее да писне пред мене, да, ептен. Не заслужува да ти ги види очите повеќе. А пријави и во полиција, па и нека го посетат некои батки. Ќе видиш после како ќе бега од тебе, а не па уште и да се заканува. Магаре бре.
Дечко ми ме удри Ајде еднаш ќе попуштиш доколку го сакаш, си викаш му летнала раката де , удри ли втор пат ма добива повратна бе , удри ли трет пат клоца во газ и ајт си пријатно за секогаш. Само подобро би било да не дојде до трет пат, кој може срце да стегне нека бега уште од прв или втор шамар. Што да седам и да ме млатара како него ќе му текне, а надвор море од подобри дечки, секогаш ќе се најде некој културен и воспитан. Не ги лижам јас толку, нит зависам од него нити е последен, така да нема потреба да се измачувам себе си. Маж кој удирил втор пат ќе млати нон стоп, тоа додека не се опушти, денес жената е ослободена од предрасуди, ма се е ослободено, нема потреба некого да трпиш.
Дечко ми ме удри Не е толку млад постар е од мене 7 години 23 има многу беше фин цело време ниту еднаш ми нема вака изгреагирано.. но ако се повтори ке знам што да правам