Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во врската

Дискусија во 'Врски' започната од blacklady89, 20 септември 2010.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    Ве трпев досега, ама ми препукна! Значи ве толерира човек со надеж дека ќе се соземите, ама едноставно неподносителни сте!!!
    Па добро бе, нека тепа ама да ме сака? Му се испуштило? Нејќел? Не е таков? Подобро да те тепа отколку неверство?

    Епа таков е, гнаса, нечовек, ѕвер, себичен, некултурен, неизживеан, сакат, сељак!!! И ред други работи.

    И секако, од мене има зелено светло да ве тепа до посе*увачка што би рекле старите! Си го барате со маша врела. Богами! :!:
     
    На zhap4e, Saya, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Дечко ми ме удри

    Кој се бие тај се воли :rofl:
     
    На JoxyTheFreak, calliope, Spell и 2 други им се допаѓа ова.
  3. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Дечко ми ме удри

    Да се надоврзам на предходниот пост- Marilyn-Monroe (ако сум офтопик избришете ме, ама не можев да издржам)
    Поради вакви застарени мислења не можеме да просперираме ние девојките. Па кој е тој мене да ме удри. Не прифаќам никаква ситуација, како што читав овде- пијан бил, еднаш само се случи, и други различни глупости. За се има граница. Не пијан да бил, никако не смее да помисли а не да крене рака. Би можела се да простам, дури и неверство, ама ова не. Еднаш да се опијани да ме удри, па и утре кога ќе се поднапие пак истото ќе го направи. Овие машки за мене се сељаци, неизживеани луѓе(се извинувам ако некого навредам, ама нема некој друг збор што ги опишува). Ако се толку јаки нека одат нека се тепаат со некои рамни на нив, а не по нивните девојки. Никако не можам да сфатам ова што се пишува.
    Ако сакате да ве тепа, ако мислите дека така ја искажува љубовта продолжете. Би сакала секогаш да ви трае таквата љубов, само помислете за иднината. Ваш живот ваше право. Јас никогаш не би можела да погледнам таков човек, а не да бидам со него. Ми се гадат таквите "машки" :puke: :puke: :puke:
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Што се чудите, балкански менталитет, мавај ме крши ме од ќутек, само не ме напуштај или не ве варај!
    Не иде на арно :x
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Дечко ми ме удри

    Да креваш сила на Женско ? !

    *ичка у душа ете така . Никогаш не вели никогаш ама ако некогаш некој се згреши :x не одговарам ... Не сум физички спремна да се борам со него ама дека ќе јаде флаша по глава тоа сигурно !!! :!:
    На мене татко ми и мајка ми немаат кренато рака на мене некој сељак ќе ме тепа :fubar: .

    А сите вие што го трпите ова што да ви кажам средно жалосно и ич не ве жалам малку ви е !!!
    Кој како си ја наредил не за џабе рекле ми го брукате женскиот род ете само за то криво ми паѓа и за евентуалниот брак , кај што недужни деца се пореметуваат психички покрај вакви психопати на квадрат .
    Ве жалам не за повредите туку за тоа што главата ви е празна ...
    А Гордоста отишла у три лепе пм :headbang:
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    Море да гледам дека ве тепа дечко упорно и упорно, ќе застанам и ќе навивам!
    Глупи едни.
     
    На calliope, JoxyTheFreak, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дечко ми ме удри

    Taтко ми, што ме изгледал, што ме чувал, и штител, и хранел (и уште ме гледа де) никогаш нема кренато рака на мене. Нема да дозволам ни некој си недокажан фраер да ме удри. Не смее да ме добре бе, можам истата секунда во полиција да го пријавам. Не ми е јасно како можете да трпите такви работи. Нека проба, нека се обиде да крене рака на мене, ќе зажали што ме запознал. А вие трчите по нив, па и барате оправдувања, па пијан бил, па нервозен, па што и да е. Кога ве читам си мислам дури и дека заслужувате да ве тепаат.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Дечко ми ме удри

    Девојки ај искулирајте малку, да ве чита чоек ќе помисли сите раскршени дома се враќате од дечковците, ПОЛЕКА МАЛКУ :D .

    Лично знам примери каде залетале неколку шамари од двете страни па двајцата си останаа во супер врска и не се разделија, и тоа не еден пример знам. Има ШАМАР и ШАМАР. Шамар од кој девојката 3 дена ќе ја сврби образ и шамар колку да и дојде ПАМЕТ. А знам и контра пример каде девојка ошамарила тип пред луѓе па пак си останаа во врска, се има на светов :D.

    Пред да ми се сипете дека сум СЕЉАК (ова посебно за Мимс 89 и Црешката важи :D) ќе си кажам дека рака на женско немам кренато и се надевам НИКОГАШ нема да кренам ама знам случај каде девојката толку му идеше на нерви на типот и толку јавно флерташе со друг дечко пред очи на сите што овој му пукна филм, и го залепи шамарот и се заврте да си оди. Типкава одма тргна по него, ние сите шокирани сеа шо ќе биде пошо ги знаевме дека се сакаат за УТРЕ да дознаеме дека девојкава се сомневала дека веќе не ја САКА па сакала да провери дали е сеуште љубоморен :D . Следниот пат пукаше од среќа и двајцата беа позаљубени од било кога :lol: .

    Ова ви го кажувам дека има животни искуства кои повеќето тука на ваши 20 години не ги ЗНАЕТЕ и не брзајте одма со совети вака или онака, ЗЕМЕТЕ ЗДИВ, форум е и ја знаете само едната СТРАНА. Да пише дечко и на Цврчи којзнае што ќе каже.

    Сум имал прилика да читам тука постови од луѓе кои лично ги познавам (повеќе се) и знам дека некои немаат врска со реалноста ама си ќутам и не се мешам. Секогаш коа сум се умешал помеѓу двајца во врска макар и коа сум сакал да направам ДОБРО сум се ЗАЕБАЛ.

    Девојката е млада има 16 но истата си напиша дека имала секс со дечко што и рекол мора прво да се покажеш (у кревет) за дали да тргнам со тебе. АААААААААААААААААА, ваков останав коа прочитав дека се сложила :o :o :o .

    Без навреда Цврчи, дете си за мене да ти држам предавања од морал ама денсање со друг дечко во поднапиена состојба па уште те фаќал за половина и ако било повеќе виртуелен СЕКС него денсање (не знам како било) СЕКОЈ повторувам СЕКОЈ дечко со СТАВ ЌЕ ПОБЕСНИ вклучувајќи ме и МЕНЕ. Иам многу самоконтрола ама моја женска да игра провокативно со друг дечко а јас 10 мин да ја гледам е не знам шо ќе направам и тоа јас сум МИРЕН по карактер не знаете какви машки има.

    Дечкото не го ОПРАВДУВАМ, претерал тотално ама и Цврчи скоро сум сигурен дека ПИЈАНА поим немала што правела. Епа моја девојка да ме види како денсам со друга и ја фаќам за половина или гс не шамар не штикла не клоца којзнае шо ќе ми направи и ЌЕ И ЌУТАМ зашто сум КРИВ ко кривата кула у ПИЗА.

    Насилство не одобрувам у никој случај ама се знае понашање у врска и сингл, дечково ПРЕТЕРАЛ ама она го САКА и сеа шо прајме?

    Јас сум оштро против предрасуди во разлика во години (посебно ако е девојката полнолетна) но во овој случај би размислил. Мислам дека Цврчи у мозок е на ниво на ДЕТЕ а има СЕКС и понашање на 25 годишна, тоа дефинитивно со секој позрел дечко ќе доведе до конфликт, некаде само караница некаде тепачка ко во овој случај.

    Толку од мене, сакав да видите и машко гледање на работите од некој што не е на 20 ко повеќето од вас.

    Ако повредив нечии чувства се извинувам, гледав да бидам коректен и непристрасен :).
     
    На calliope, Sunshine88 и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    ^Шовинизам. Јас ја имам силата. Не? :^)
    Значи оружјето е кај машкото и на него останува да го примени кога има потреба, а се однесува на физичко истресување врз нему блиско лице, да не речам таканаречената љубов? :^)
    Ете сепак зборуваме за буквално истресување на вишок енергија. Или искривување на фацата или колку за памет. Ок. Имало кој да не воспитува. И памет да ни соли... т.е. да ни удри еден памет. А да не сме биле тоа што сте го сакале не морало да почнуваме врска. Просто.
    Повеќе болат зборови отколку шамар за памет. Во училиште не учеле на основни вредности со збор, не со ќотек. Или во друга димензија живеам? :^)
    Црвенкапа кажува дека волкот е педофил, а волкот кажува дека таа е класична кокета. Од каде да знам јас што кријат во мозоците, а што и претставуваат на јавноста?
    Бев, еднаш. И не кријам. И зашто знам како е на своја кожа да почуствуваш, зборувам. И целава сторија се реализира не заради провокација моја, туку заради неконтролираност негова.
    Би се држеле на страната на антинасилството и сите кои имаат самопочит, неважно дали почуствувале вакви знаци на љубов, љубомора, посесивност, пијанство, психози...

    Сега ќе знаеш зошто оние што упорно ја милуваат раката што ги тепа, заслужуваат и со нога да се нападнат.
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Дечко ми ме удри

    Мерлинка не те сфатив најдобро нешто ми контрираш или?

    Јас сум против насилство во секој случај посебно врз жена ама ако некој те ТЕПА остави го, вие не ги оставате дечковците а се жалите на форум (не зборам за тебе туку општо).

    Пак ќе повторам нема ЖЕНА на светов удрена од моја рака така да пополека со квалификации за шовинизам. Ако сум јас шовинист другите машки (бар 90%) треба на клада да ги запалите. Не те навредив не ме вреѓај, осетлив сум нешо деновиве на навреди од било која страна.

    Неам намера да идам во конфликт со НИКОЈА од вас си кажав мислење од машки агол. Инаку точно е дека вие ја немате физичката сила ама па затоа имате некои други карти во ракав, храбра жена ќе знае што и како да врати и нема да дозволи никој да ја тепа, така да конфликт со мене ти е непотребен.

    Ако не може да му врати нека го ОСТАВИ и крај на приказната.

    Сеа пошо малку се нанервирав за шовинизмот ќе додадам уште нешто. Точно е дека сте физички послаби ама па што ве спречува додека спие да земете една летва па да му ја скршите од глава и тогаш да го оставите (полусеризен сум). Јас би очекувал такво нешто ако би удрил моја девојка (на теорија, реков немам удрено жена) покажете и вие малку храброст, не е се само физичка сила употребете и ум ако треба, нема тој стално да ви седи у гард за борба.

    Друго. Некој дечко ве тепа па имате УСТА да кажете на татко, брат, вујко, чичко па нека му вратат. Моја сестра некој да пипне ќе го раскршам а тоа важи и за сите мои другарки. Сум им кажал ако имате проблеми со некое машко да ми кажате и знаат дека сум сериозен.

    Значи има мажи кои ќе ве БРАНАТ, користете ги да не ви седиме само за туршија и да не нарекувате шовинисти, не е фер :devil: .

    Пази како ќе ми реплицираш нервозен сум :D .
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    А ако може да му врати нека се затепаат да ги гледа народ и сеир да фаќа или во најлош случај да се утепаат пред децата? Нелогично.
    Жената немала физичка сила па ќе вратела со џокер у ракав? Хмммм....грешка. Жената ако некој ја удри не треба да вади џокер од ракав, бидејќи тој што кренал рака на неа едноставно не вреди за да си троши џокер за него.
    И обратно е така, жена кога тепа маж, бидејќи многу си во заблуда ако мислиш дека мажот ја има физичката сила, и жената има физичка сила, понекогаш поголема од мажот. Како низ магла се сеќавам на еден прилог во вести на некоја тв кога една жена бајаги физички посилна го млатела мажот, сиротиот кај физички по мал па и кукавица.
    Затоа НЕ на насилството.
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Дечко ми ме удри

    Зошто толку го извадивте од контекст постот од Х мен?
    Мислиш тој ја удри девојкава, боже мој :x

    Во ситуацијата и двајцата се криви(се разбира дека машкото повеќе) - јас се додека не и ги видов мислењата на девојкава повеќе ја жалев, ама сега гледам дека ептен провоцирала, што НЕ МУ ДАВА НЕМУ ПРАВО ДА ЈА УДИРА, да се разбереме- ама ете, реагирал импулсивно, а таа тоа треба после ова да се свести, да го остави ама и да се преиспита во кој правец и оди животот со сите тие однесувања на 17 години.
     
    На marama, mims-89 и XMaN им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Јас зборував општо, девојкава не сакав ни да ја коментирам бидејќи не вреди, и XMaN повеќе пишуваше општо, никој никого не вади од контекст сосема јасно го цитирав тоа кое што го коментирав. Јас го разбрав XMaN што сака да каже, но удрија во око некои негови забелешки, наоди што знам што.
    Значи Сеси девојчето од 17 години во овој случај на страна, не мора цела тема само за неа да се зборува ;)
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Дечко ми ме удри

    Јас не знам толку ли неразбирливо пишувам па толку да не ме сфаќате?

    Мене ме викале мажи дека сум феминист а тука добив квалификации дека сум шовинист, ама стварно е светов полуден, никако да ви се угоди. Понекогаш си мислам од која ли планета тука сум залутал :D.

    Моја филозофија е дека на НАСИЛСТВО ако можеш ВРАТИ со цела СИЛА која ја имаш а ако не можеш, повлечи се или БЕГАЈ. Ама јас сум машко вие сте жени нормално поинаку да мислите и осеќате.

    Знам дека нема да ме разберете барем 99% од вас девојките, ама не ме правете шовинист зашто не сум.

    Решение што да правите има во претходниот пост, нема да се повторувам и ве молам не ми вадите реченици од контекст :).

    Пс. Болдот е посебно битен за вас девојките.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Ај и ти не го вади сега од контекст :rofl: , шовинист феминист, ко Џеврие си :lol:
    Не знаев дека си толку осеќаен, да знаев немаше да те цитирам. Па после демек не сме го разбрале. Сме ти го разбрале ама ти си бил многу нежен не сакаш груб муабет :D Се зезам, ај не те закачам више да не настане некоја виртуелна тепачка па да паднат у вода сите муабети па и твоите дека не тепаш женско :P
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    Насилство не е за во врска. Си има рингови за тоа, фала Богу.
    Она „за памет“, а со сила, ми бодеше очи и ти го потенцира шовинизмот, барем во пишувањето.
    „За памет“ друго се дава, не шамар. Тоа беше поентата.

    За случајот што е приложен, нема многу да коментирам. Ќе речам да го остави, ама зашто нема да ме послуша ќе јаде уште по главата.
    Неважно, не сме тука да расправаме за веродостојноста на податоците.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Дечко ми ме удри

    Жива вистина е тоа, стварно сум бил наречен феминист а од неколку девојки шовинист а јас сакам да отворам клуб за борбени вештини за жени (секако не за да некој ве тепа), епа јасно дека не ви ги сфаќам муабетите.

    Инаку нервозен сум нешо деновиве а Мерлинка ми ја стави теглата а ти го удри капакот па ме спецкавте малку инаку не сум толку осетлив :).

    Туку ај да не правиме сеир од темата сериозна е ви пишав, не трпете, или вратите или кажете на пријател или татко да среди работа или ОСТАВЕТЕ го насилникот.

    Ете сеа мислам се разбравме :).

    Пс. Доста ви беше машко друштво, правам тактичко повлекување од темата пред јас да го кркам ради други машки што биле идиоти ;).
     
  18. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Дечко ми ме удри

    ТАЈА ШТОМ КРИЕТ ОД НЕЈЗИНАТА МАЈКА сигурна сум дека е со слаб карактер и немат самопочитување ТОА е мојот заклучок нека ме извинит ама многу е детињеста се разбират на 16/17 е ама досега спомна повеке од 2 дечковци значи е непостојана и плус со момче од 23 год еј тој е ,,мажиште за неја а не дечко,, и не ке бил љубоморен на флерт ??????
    Прво морат од психички лабилна личност да застанит на свои нозе па да добиет подршка од родителите и така да станит комплетна личнос како тргнала ако продолжит не само ќотек и шлакаљници а бе ,,ке почнат и кондури со неја да си бришат,, :!:
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Дечко ми ме удри

    Па добро до коа ќе има луѓе кои трпат насилство? Зарем свеста сеуште не е толку развиена кај некои девојки па дозволуваат да бидат малтретирани, физички и психички? Зарем некој кој со ништо не допринел за нечие здравје, среќа или постоење има право да казнува?

    Се ужаснувам кога слушам и читам за девојки кои биле малтретирани па уште и бараат совет како да постапат, дали да му простат. Што има тука да се прости? Се простува на некој што згрешил, но не и удрил! Родителите и роднините ни се предодредени, но пријателите, дечковците, женските... тие се бираат и се менуваат.
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Дечко ми ме удри

    A вие мислите дека мајка и нема приметено нели?Абе ај |( ама само што не се меша и остава да го сфати тоа керка и.
    Девојчето си знае а ако очекува од нас да и кажеем прости му и јави му се се заебала.