Дечко ми ме удри Зошто воопшто се поврзува ќотекот со изневерување? Јас бев жртва на домашно насилство, само еднаш ме удри односно ме претепа до смрт кога решив да ставам крај на психичкото малтретирање, бившиот мој не беше изневеруван, не си поигрував со него, и јас ли си го заслужив тоа што го добив???????? Се додека законот кој што постои не почне да се спроведува ќе има вакви размислувања, дека е во ред да се удри жена. Бившиот мој верувам дека не мисли сега дека е во ред тоа што ме претепа, затоа што си одлежа 5 години затвор, има забрана 10 години да ми се приближи и е регистриран како домашен насилник, секоја што ќе излезе со него може да го провери и да бега од него како ѓавол од крст. Неговиот живот засекогаш е заебан а мојот....е мојот си е супер сега кога тој веќе не е во него.
Дечко ми ме удри Жали ја, што да ти кажам, кога знаеш да кукаш само „ме плеснал ме ритнал а јас само се рецнав со другар му“. Извини ама малку ми е клише ова. Кога јас ќе ја изневерам девојка ми таа ќе дојде ќе ми залепи шамар а јас ќе траам затоа што сум заслужил и многу повеќе од тоа... Тогаш таа ќе е херој верувај.
Дечко ми ме удри Калиопе, и јас го сфаќав на почетокот, и јас сум против тоа женското да го гребе машкото, да му мава шлаканици, да го удира по тестиси... ама машките ја имале силата, и ако женското го изневери, треба да биде натепана? Не, постојат други начини за да се стави крај на тоа кои не вклучуваат физичко насилство.
Дечко ми ме удри Ти веќе се испожали . Рационално размислувам и те како верувај.. држеше став и јас држев мој. Измеша патриотизам, воојни, прељуби, физички сили. Калиопе јас немам ништо против него, по одговориве се гледа дека преживеал нешто, не го прекорувам можам да му се восхитувам дека останал на нозе храбро. Само со делот зошто да не физичка сила, не се согласувам со него, ама сега се ми е јасно.. и се што би му рекла да ја ужива љубовта, и има поука кој правец да го фати.. далку од она што му се случувало некогаш, како и јас што сум напрвила.. секој со своја мака.. сите се своја приказна среќна или тажна..
Дечко ми ме удри Кардашијан y u no get it? Не мора да се тепа, може да се возврати психички ама ете ако ја удрил и ако избрзал го сфаќам затоа што е момент на лутина и тогаш не размислуваш а бидејќи си машко и цел живот живееш опколен со машки кои најистакната особина им е физичката сила и незнаеш како да постапиш од лутина и од матноста на мозокот во тие моменти. Одпосле доаѓа чистото размислување и тоа како требало да се постапи, затоа не судете многу кога и вие би биле машки сите знаеме како би постапиле. Мозокот функционира на доста чуден начин не?
Дечко ми ме удри Ноуп. Тоа е...пребуквално сфаќање. Јас тоа го сфатив дека сакаше да каже дека секој има предности. Ако ние немаме во тупаницата - имаме во главата и обратно. Убаво спомна некоја погоре „Пази се од женска беља“. Женската може нема да те удри по јајца, ама ке те загризе за срце. Тоа беше поентата. А тоа што тој или било кој спомне дека типката си заслужила, не значи дека тој би го направил истото и дека бил во Афганистан и дека е психички растроен и дека е шовинист итн.
Дечко ми ме удри Обраќај ми се само со Ким please. Јас те сфаќам, само не го оправдувам тоа што го велиш Да не цитирам мислења од прееска, што точно било кажано, јас веќе се изјаснав, оставам простор на некој друг ако има нешто да каже, ова веќе станува вртење во круг
Дечко ми ме удри Kim, не мораш ништо да оправдаш, затоа што нема што да се оправдува тоа е вистината, има многу примери каде што жената го доминира мажот во секој план, има и обратно но финтата тука е што вие со поголем интензитет се жалите дека сте китки и дека насилството не е решение. I agree. Ниту многу други полоши навики кои знаат да бидат поопасни од физичкото малтретирање.
„Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокнам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш.“ - рече Петре М. Андреевски. Еднаш.
Јас на дечкоми сум му кажала јасно и гласно дека јас не планирам да ја имам истата судбина како мајками и тој добро ја познава нашата ситуација. Еднаш седевме во кафич на палачинка немаше народ и јас имав по навика да го шамарам и така несакајки го удрив и тој ми се налути. Јас му се умилкував и после тој несакајќи ме удри ама не силно. И јас се налутив ептееен и кога излеговме од кафичот требаше да си одиме и јас не сакав ни да се поздравиме и не се ни поздравивме. И кога си отидов дома на тел правевме муабет и јас му кажав дека не планирам иста судбина како мајками да ја минам и тој ми се извинуваше и кажа дека не сака да ме удри туку да ме помилува по лицето дека ми простил што го удрив. И тој сам си кажува дека не треба женско со ќотек, така нема разбирање.
Незнам каква судбина имала мајка ти, ама ако ти несакаш да ја доживееш очигледно е дека сакаш дечко ти да ја доживее таа судбина па затоа онака од по навика си го шамараш кај и кога ќе ти текне
А ти зошто си го удрила ако не сакаш истото тебе да ти го прават?? Биди по нежна нема да те шамараат. Ти сама си го барала со непотребна провокација
Насилство во врска Еве една горка тема и за жал се поактуелна. Дали ви се случило дечкото да ве удри и како би реагирале доколку тоа се случи. Се водите или од онаа теорија дека ќотекот е израз на љубов, и дека фсушност значи дека партнерот ве сака и му значите па затоа така се днесува со вас. Дали би простиле шамар.
Насилство во врска Јас првпат го читам болдираново. Какво изразување љубов - какви бакрачи... Девојки, ве удри ли дечкото некогаш - земајте парталите и да ве нема, по можност и прекршочна стегнете му, па нека се сили по полициски станици и судови, нека им „изразува љубов“! Свашта!
Насилство во врска "Некогаш ми иде да те задавам чисто онака од љубов" Ако така се изразуваше сега ке идам и ке го претепам сонцето мое пани мајка му немаше да го познае. Не озбилно,тоа е болест,тоа не знам како да го опишам со поубави зборови да ја доловам ситуацијата. Шамар да ми удре?мене моите не ме удриле некој недораснат и неизживеан мочко ке дозволам да ме удара. Прости си ти,следен пат ке те претепа од котек,пак ке му простиш?
Насилство во врска Да не бидам погрешно сватена во никој случај не оправдувам насилство и не постои таква љубов која би ме задржала после шамар, или недај боже нешто повеќе. Но како да ги сватиме оние девојки кои јадат ќотек а сеуште се со тие насилни типови, освен дека ќотекот за нив е изразување на љубов. Инаку како да се протолкува тоа што и покрај тоа што се работи само за врска значи нема деца, нема ништо и понатаму да се биде со тој насилник.
Насилство во врска Какво изразување на љубов е тоа? Само доказ на простотилук и неизживеаност. Мене едно не ми е јасно, како може некои девојки да дозволуваат насилство од страна на дечкото? Како??? Мене ми е нелогично и необјасниво. Единствен ли е тој на светот, што е тој повеќе од мене па да дозволам да се изживува? Па и единствен и последен да е на светот, тоа што ме удрил е знак дека не ме почитува, па што би барала јас со некој таков? Ако некогаш скраја да е, ми се случи нешто вакво, врската не би продолжила ни минута повеќе. Крајот доаѓа моментално. И тој нема да си помине без последици, некако, на било каков начин ќе биде казнет.
Насилство во врска Не знам како да ги сфатиме,но самите тие се виновни за тоа што им се случува.Наместо да прекинат тие одаат со глава во зид.И јас се чудам ама таа е.Секогаш изговорот им е ама јас го сакам...абе да,го сакам али себеси се повеке сакам.
Насилство во врска Мене ми се има десено еднаш да добијам шамар од дечко ми и мислам дека си го заслужив ептен го испровоцирав ( иако до ден денес не го признавам тоа) али после тоа следуваше катастрофална кавга и кога се разбудив сабајлето убавиот мој го најдов на врата заспан