1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во врската

Дискусија во 'Врски' започната од blacklady89, 20 септември 2010.

  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас сум личност со тежок карактер, така да кавги имало со сите ,но, фала Богу, никогаш не сум била во ваква ситуација,не ми се случило човекот кој е со мене да се осуди да крене рака на мене. Врските треба да бидат една убава приказна, а не боксерски ринг. Насилството е комплицирана работа.Прво, не ги оправдувам ни мажите ни жените кои посегнале насилно по оној со кого се. Тука според мене завршува секоја љубов - и од твоја, и од негова страна, затоа што оној кој те сака никогаш нема да те удри, а во удрениот нема љубов, само гнев, тага и горчлив спомен...
    Сепак, познавам луѓе кои остануваат заедно и покрај овие работи. Има и такви на кои им ги познавам причините. Некои мажи умеат да ја зае**т работата... некои жени умеат да го извадат човек од такт... ама :!: незнам некој кој решил нешто со насилство.
    Девојки, ако има меѓу вас такви за кои по некој шамар е нормална работа, размислувате сосема погрешно. Ако останете со таква личност, вашиот избор се сведува на две работи - молчи и трпи или карај се и тепај секој Божји ден... И да, кој што сака нека каже,нема да се промени, овие работи се за цел живот, имам мал милион примери околу себе...
     
  2. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Насилството не е изразување љубов и никогаш не било. Ако некој дури и во врска се осуди да ве удри, или да крене рака на вас, што ќе се случува понатаму кога таа врска ќе стане уште посериозна, ќе прерасне во брак и ќе наидува на се повеќе проблеми? Сум ставила крај на врска од две години, само поради едно обично агресивно стискање на раката и насилно однесување, за после да испадне дека сум постапила правилно. Некои мажи, посебно арогантните, посесивните и нарцисоидните после некое време во врска, веќе сметаат дека сте нивна сопственост, дека имаат моќ да ве контролираат и вас и вашето мислење. Кога ќе видат дека не е така, тогаш стануваат насилни за да “покажат кој е кој“. Мој совет - веднаш тргнете се, заслужувате нешто подобро. Мојот сегашен дечко, со кој исто сум скоро две години, никогаш нема повишено тон на мене, максимално ме почитува и нормално и јас него. Така да секогаш има нешто подобро, не трпете испади од секого! ;)
     
    На DjinTonik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Имав комшилук до мене каде што мажот ја млатеше девојќа му , секој ден се слушаше (оти во стан живеам и до мене све се слуша ) и нон стоп се кршеше нешто , овој и се дереше и ја млатеше , се гледаше дека има модрици кога идеше да купи леб , имаше некој и викаа дај да викнеме полиција да пријавиме , ова она , не бе не ме тепа , си паднав ....... и забремени после месец дена , се ожени со човекот и се преселија на некое место рандом , највероватно сеуште ја млати , ја млатеше додека беше бремена а не сеа ...


    Никад нема да ги сватам жените ...
     
    На kitty8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Во никој случај насилството врз партнерот не треба да се спроведува.Постојат разни начини за да се решат нештата,но со насилство никако. За жал одсекогаш било овде,а не можам да ја разберам причината зошто жртвите го трпат насилството. Јас лично не би трпела никогаш насилство во врска и доколку се случува тоа тогаш веднаш би го пријавила и би се тргнала од него. Секој си има своја гордост,свое јас и не смее да дозволи да се изгуби самата себе во една врска каде што нема љубов туку само егоизам,насилство,погрдни зборови.
     
    На kitty8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Што се , се трпи за мускул плус или од страв дека ќе останеш сама тоа е едно чудо ... Неизградени особи со многу малку респект према себе тоа само ќе го кажам јалова дискусијата би била на темава .
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    колку ја мразам ова работа,насилство ма зити се..
    зарем мора така да биде??
    ако не ја сакас не ја земај девојката едноставно кажии дека не ја сакас и готово а за сто да ја тепас :devil:
    оди на некој посилен покажиму ја силата ане на невини луге,зими се неможам да ги поднесам ваквите губриња на земјава :devil: немам зборови,само едно ми иде да некој ги натепа убави и нив па усте еднас ни да не помислат а не пак рака да крене :devil: :devil:
     
  7. Adelaide88

    Adelaide88 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Луѓее, некои девојки едноставноо сакаат да јадат ќотек... јас имам еден другар и досега ситее девојки што ги имал, ги шамареше... Дурии знаам некоии и намерно го предизвикуваа, и не им сметаше ако ги удри..
    Он највише мрази девојка да го направи љубоморен, за инает..
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Насилство во врската- тоа веке не е врска тоа е лудило поточно болест.
    Тој има некое нервно растројство,а таа од страв трпи ма каки бре тој е за во лудница,а не за на улица па уште и девојка :fubar: тоа е нешто што не го оправдувам и тие лица мора да бидат под лекарски третман со добри лекови,а не да ги пуштаат да шетаат по улица
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ако почне насилство во врската тоа никаде не води замислите сега да ве удри или да ви прети па што очекувате утре ако сте во брак со таа личност ? запоменете
    ВИСТИНСКИ МАЖ НИКОГАШ НЕ УДИРА ЖЕНА
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mare92

    mare92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако еднаш се реши да те удри нема да помисли два пати пред пак да го повтори истото. Секоја девојка треба првим самата себе да се поштува па да очекува некој друг да го прави тоа истото. Неможе никој да си го земе тоа право да те тепа, тоа на родителите им е забрането па како ли на некој си дечко што како дошол така и нека си ги собере парталите. Демек се некои мачо мажи ако ти покажат сила цц е тоа се кретени според мене. :@
     
  11. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Насилството не само во врска, било какво насилство не е за оправдување.
    Има безброј начини за решавање проблеми ама насилството не е еден од начините. :!:
    И никој не е должен да трпи насилство.
    Доколку е некој во таква ситуација воопшто да не се двоуми да пријави. :call:
     
  12. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Јас сум најпротив за насилството од било кој друг бидејќи мајками цел живот беше тепана и што ли уште не од таткоми...после толку години се разведоа иако не живееја заедно оддамна ..... Во врска со дечко ми, до сега ме нема удрено, одиме 3 ипол години... летото дојде на гости кај мене во германија 1 месец и тука се скаравме нешто, и тој дигна рака но не ме удри, јас многу се исплашив мислев ке ме удри и ги ставив рацете над мене како да се бранам и истрчав плачејќи надвор и тој зад мене ... ми се извинуваше немало да ме удри не знам што јас се осетив разочарано.. и му простив пошто немаше што да му правам далеку од дома кај мене на гости... и сега кога ја читав темата му спомнав дека ако уште еднач направи така крај ке биде се надевам нема да се случи пак :(
     
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Па ако сте прости и ако немате ни грам мозок, одете со такви дечковци ;) Кога се сака, се се може. Се може да се промени.
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ни помислил на такво ништо ниту пак направил. А доколку некогаш се деси-никогаш повеќе нема да ме види во живот
     
  15. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    имав една таква будала само не знам кој бесе поголема будала дали јас сто го трпев или тој никогас појсе не би дозволила Насилството не е ресение
     
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Во овој случај како што си кажала- си го трпела, меѓутоа не дозволувај повеќе. Таква будала во истата секунда се брише од животот. И тука нема никаков простор ни за извини ни ненамерно беше ни несакајќи беше :!:
     
    На Tikvice му/ѝ се допаѓа ова.
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Кога читам вакви теми се згрозувам од помислата како поминуваат некои низ сериозни проблеми,молчат и простуваат.Проблемите се решаваат со разговор.Никаков вид насилство не е за оправдување.
    Ако има физички напад во врската,таа врска треба да се прекине.Може да замислите што ќе ви се случи во брак кога треба да донесувате заеднички одлуки и кога ќе има ситуации кои не се едноставни да се надминат.
     
  18. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Барем за насилството во врска не треба да се размислува,се прекинува и крај.Ако е присутно во врската насилство што ќе биде кога ќе стапат во брак?Не оправдувам ни физичко ни психичко малтретирање и цврсто стојам на тоа..на кој не му се свиѓа патот под нога.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Не се случило но не би толерирала. Еднаш се случува и чао.
     
  20. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    18
    Imav karanica so decko mi,vo losa finansiska sostojba sme dvajcata vo momentov i za srekja na nego mu bese ponudena dobra rabota so odlicna plata no ja odbi bidejki saka da raoti vo stranstvo,jas pocnav da go pritiskam za rabotata i go isprovocirav po sto sledese da me fati za vrat....me drzese moze dve sekundi,se slucuvalo vo karanica da me butka ili da mi ja vlece rakata no nikogas ne me udril...koga ne se karame vrskata mi e sovrsena i dobro se razbirame,ne e ljubomoren nitu pak mi zabranuva bilo sto,ama ova so davenjevo nekako me stavi vo pozicija da se zaprasam dali sum vo vrska so agresiven decko