Девојко, дечко ти очигледно не знае да се носи со притисок и стрес, па станува агресивен. Штом ова не му е прв пат вака да изреагира, туку и постапките му стануваат се понасилни, како би реагирал кога ќе имате посериозни проблеми од ова ( цел живот е пред вас ! ) ? Мој совет ти е пакувај се и бегај. Неможеш да му преречеш - ќе се изнервира и ќе те затепа, а поинаку да го решите проблемот не може. А и 99 посто од ваквите како него не се менуваат, туку стануваат се полоши ( како и во неговиот случај ). Почитувај се себеси и спаси се пред да биде предоцна.
Ne bi ti se mesala nikoj ne branam tvoj zivot tvoja stvar.No eve se stavam na negovo mesto nekoj da me isprovocira bi letnal samar,nema da sedam i da trpam a sigurno i ti,da bideme realni toa e vistinata koga sme isprovocirani ili nervozni do toj stepen sekako nastrana trgam roditeli.Mozebi i nesto podobro planira stom saka vo stranstvo da raboti,mozebi saka posvetla idnina da ti pruzi,a ti si go skrsila so toa da rab ovde i doslo do golema.Nez kazav ne branam nikoj no sepak razmisli si ubavo sekako deka go poznavas podobro od site ovde,znaes vo ubavi,vo losi i nervozni monenti kako se ponasa pa proceni go potrudi se malku od malku da doznaes dali e covek za tebe,veruvaj nikoj ne e sovrsen site imame skrieni maniri pozz se najdobro
Sigurno mnogu si go isprovocirala za da dojde do takov moment ova se moi pretpostavki a ti si znaes najubavo, megutoa deckovo ne mi izgleda za nasilen po toa ti sto go kazuvas ako e nekoj nasilnik do sega milion pati ke te istepal i ke te maltretiral a i ne bi ti dal sloboda tuku ke te drzi pod kontrola. Vo red te fatil za vrat ali ne te istepal, covek vo afekt na nervoza ne razmisluva mnogu pa taka da mislam za ova ne go menuvaj odma mislenjeto deka e nasilnik i slicno, a i kako sto kazuvas finansiski problemi imate pa pretpostavuvam deka voopsto ne mu e lesno, na nas devojkite ni e tesko bez finansii a zamisli na maskite kako im e, razmisli i ne donesuvaj brzi odluki i zaklucoci, koga si vo vrska ke pomines niz sekakvi momenti, vo sekoja vrska ima problemi i nemoze sekogas da vi cvetaat ruzi nikade ne e sovrseno
Ne bi sakala da te obeshrabram, no e mnogu vidlivo deka tipot ima doza na nasilstvo. Dobro e sto ne ja pokazal na povisoko nivo, no kako i da e na eden nacin ti pokazal so kogo imas rabota. Vo zivotot ke se sretnete so pogolemi zbidnuvanja(nema da gi narecam problemi, zosto za mene problemi se terminalni bolesti, se ostanato e situacija), pa moze da doje i do fizicki rasplet vo koj nekoj ke zavrsi povreden. Gledam sama ja razbiras novonastanatava situacija i mozes adekvatno da ja resis. Ti pozeluvam poveke sreka vo slednata vrska.
И најмирниот човек под голем притисок може да пројави агресија, посебно мирните ако збеснат бегај. Не се турка човек преку некои граници, а на агресивните не им треба многу да бил таков уште на почеток или психички или физички ќе те малтретирал ... има такви за жал ... да не знаеш кое е полошо психичко или физичко малтретирање, најчесто исклучително неквалитетни мажи го прават тоа и на тој начин гледаат да ја задржат партнерката во еден покорен однос, тој да можешто сака тоа да си прави, а таа да ќути и да голта.
Мали караници за ситници има во секоја врска но ако се многу чести вие двајца едноставно не си одговарате и таква врска јас би прекинала одма. Кај вас границата мислам дека е веке премината,нековата агресија не е воопшто ок. Срекно!
Wow, не ми се верува што прочитав. Значи, насилник е само некој што секојдневно ја тепа и малтретира девојката или жената, а вака чат-пат, инцидентно ако ја фати за гуша, тогаш бил испровоциран и уствари не е насилен по природа, а? Искрено, не очекував дека на женски форум, од девојки, ќе прочитам мислења кои да не речам, го оправдуваат ваквото однесување. Постојат различни типови на насилници, со различни степени на насилство. И насилство не е само физичката тортура, туку и психичкото малтретирање. @yokoono, не знам што да ти кажам - јас насилство, пред се, физичко врз жена не би оправдал, во ниту една ситуација. Ти несомнено си го испровоцирала за да тој го направи тоа, меѓутоа тоа не е твоја вина, туку негова. Сите насилници ги „провоцира“ нешто - на некои им е доволно жената „накриво“ да ги погледне кога ќе се вратат нервозни дома, за да летне шамар или нешто полошо. А еве да ти кажам дека и тоа туркање и влечење што го споменуваш од порано, е облик на физичко насилство. Не мора некој да ти го удри ќутекот за да тоа биде насилство. Мене вашиов проблем вака од страна ми делува прилично банален - дали да прифател некоја работа или не. Замисли, во текот на вашиот иден заеднички живот уште на колку многу проблеми, најверојатно и посериозни од овој ќе наидете - ваква (или полоша) реакција ќе чекаш од него? И да ти одговорам на прашањето, т.е. твојата констатација - да, дечко ти е насилен по природа. Е сега, како ќе постапуваш ти понатака, тоа е твое. Добро е што си и самата донекаде свесна за ова, па се надевам ќе ја донесеш одлуката која е најправилна и најдобра за тебе. Поздрав!
Секоја акција има реакција и жени можат да бидат насилни, не станува збор за оправдување (тешко на тие што трпат такво нешто) туку и самата пишува дека го притискала и тоа е еден вид насилство, не, само фаќање за гуша. Според мене згрешиле и двајцата, јас не поднесувам ни психички ни физички притисок.
Колку и да си го испровоцирала, ако е прав маж нема да го направи тоа. И ако за ситници вака реагира, па незнам како би реагирал ако имате други проблеми понатака во животот. Јас да сум на твое место, би го оставила. Некој кој тоа би ми го направил, не е достоен за мојата љубов и почит.
Се сложувм меѓутоа во оваа ситуација барем како што разбрав не се работи за ситница туку за сериозни одлуки, тешка финансиска ситуација значи притисок до плафон, посебно во секоја врска која вклучува заедничко живеење мажот тежнее тој да е носителот на опстанокот така што ситуацијава да не ја гледаме еднострано. Постапката е далеку од во ред ама ништо во животот на моменти не е совршено. Не ми сверува бранам маж ама така ми зазвуче оваа ситуација.
Сите се соочуваме со проблеми во животот, без разлика мали или големи, лесни или тешки, но тоа не ни дава за право да ги повредуваме другите околу нас.
Vo nekoi temi se imaat izjasnato poveketo deka poveke boli kazaniot zbor otkolku samarot pa sega videte vie, izgovoreniot los zbor ne se vraka nazad i ne se zaborava i poveke boli. Devojceto samo si kaza deka go isprovocirala a so toa sigurno pagale teski zborovi a ova ako gledame taka e psihicko maltretiranje pa sto e pobolno vo situacijava? stavete se vo dvete situacii pa kazete sto mislite lesno e da se kaze da decko ti ima doza na nasilnik aman be luge ne sudete vednas i ne ja gledajte samo ednata strana. Baska finansiski problemi se vo prasanje sto e najtezok problem vo denesnicava a i tesko se naoga resenie za vakov problem realno gledano toj koj nemal vakov problem neznae kako e i kakvi nervozi pravat tie finansii lesno e da se kaze nasilnik e vakov takov ali pregledajte ja situacijava od site strani kuzna kolku nervozi ima deckovo ne mu e lesno pa i na kraj devojka ti da te isprovocira.
Добро жени, не сте сериозни, нели? Кажете ми дека не сте сериозни со работиве што ги пишувате и што ја оправдувате постапката на дечково! Како да ги сфатам вашиве мислења? Ајде тргнете од себеси. Дали вие до сега при караница со својот партнер сте доживеале такво нешто штом така лесно го оправдувате? Или сте кралици на тактичкото однесување, па не сте се довеле воопшто во таква ситуација? Дали никогаш не сте имале финансиски проблеми? Или вашите родители немале финансиски проблеми? Ако имале - како се однесувале? Дали имало караници и притисоци меѓу нив (што, според мене, е нешто неизбежно во таква ситуација) и дали вашиот татко физички и' наштетил на вашата мајка во таа ситуација? Ако не сте се нашле во ваква ситуација, тешко дека можете да ја разберете нејзината сериозност, тежина, а уште помалку, реакциите кои биваат поттикнати. Велите дека лошиот збор боли помалку од еден шамар, шамарот ќе помине, а зборот вечно ќе се памети? Епа ајде тогаш, мажи, навалете! Ќутете и мавајте по современата, еманципирана садо-мазохистички настроена македонска жена! Ќотекот ќе помине, ама лош збор да не сте изустиле, тој останува засекогаш! Не, навистина не можам да го сфатам вашиот став. Шамар и лош збор подеднакво болат и никогаш не забораваат. Затоа и постојат посебни термини - психичко и физичко насилство! Маж може да физички да се пресметува само со некој рамен на него. Или веќе не сме понежниот пол? Еве, навистина не знам. Јас разбирам дека сите се залагаат за рамноправност, ама треба малце усул да се има. Не знам што да мислам за оние кои се изјасниле на страната на дечково. Дека трпите семејно насилство, а го оправдувате? Дека трпите семејно насилство, ама не сте свесни за тоа? Ако се карале, значи имале вербална расправија - нека врати со збор. Што му е таа? Боксерска вреќа, па ќе се изживува над неа? Ајде малку следете ги кампањиве против насилство врз жената, кое, патем, е се' почесто кај нас и малку солидаризирајте се. Пружете поддршка и дајте храброст на оние жени кои се изложени на истото, но од Х-причини не го напуштаат партнерот. Плус, ако добро прочитавте, а повеќето се навикнати да ја вртат дискусијата во оној правец во кој нив им одговара и притоа пропуштаат некои детали, дечково и при други караници знаел да ја тегне и да ја бутка. На што личи тоа, само кажете ми? Луѓе сме или животни, па да не може нормално со збор да се разбереме? Цццц... @yokoono, не те обвинувам што си го притискала за овдешната работа. Работа во странство е супер идеја, меѓутоа да е нешто 100% сигурно. Вака, може да се вработи тука, па во меѓувреме да бркате нешто за во странство, како што сака тој. Не да се чудите за тоа време додека се труди тој да најде работа во странство. А можеш и ти да најдеш нешто (сега, не знам во каков статус си, студираш, заедно живеете ли, не си се изјаснила до крај), па да не се нервираш барем од твоја страна. НО, едно големо НО, ова е се' хипотетички кажано и предложено од моја страна, бидејќи тука се оние насилни моменти на дечко ти. Јас да сум на твое место, не би останала во врска со него, бидејќи ако сега вака реагира... Во иднина можам само да замислам како ќе биде. Тој и порано покажувал знаци на насилник, ама сега ова му е потпис и печат, дефинитивно. Ништо на овој свет не може да го оправда тоа што тој го направил, па колку сака нека е во право. И за крај, навистина не ми е јасно што станало со жениве во последно време. И сајтов, на кој членуваат 99% жени и треба да биде женски, да не речам феминистички, во полно наврати е крајно шовинистички и дискриминирачки! Срамота! Како хиени сте една на друга.
Извини што сме реални не значи ако сме жени дека по секоја цена треба да се оправдуваме и треба да си укажеме кога грешиме. Што да и кажеме ? откачи го ???лесно е тоа, ќе дојде следен и тој ако таа притиска нешто да биде по нејзино ете да речеме и тој можеби ако не неа ќе скрши нешто и тоа е насилство ... има жени на кои навистина им треба помош и подршка, а ова не ми личеше на таков случај и не кометирам веќе можеме од јутра до сутра да бидеме размазани и тоа фактите нема да ги смени. Поздрав.
Денеска за врат, утре шлаканица, после обично оди бокс, па маваши-гери во стомак... . Дајте бре женски, толку ли е тешко да прекинеш со некој што е насилен, како можете да простите такво нешто, оправдувајќи го со психички притисок, нервоза, пијана состојба... Ма тури му пепел на таков оти секогаш почнува како што набројав а најчесто се проширува и пренесува и на останатите домашни, децата и слично.
Да те фати некој да те дави богами и ти треба ептем да го изнервираш ,баш ме интересира што му кажа дотолку што го изнервира , а некои бога душа неможат за време на нерва да се исконтролираат тоа е посилно од нив .Досега вакво нешто ми се нема случено сепак се прашувам што го изнервирало дотолку?
Дали е шамар, буткање, бокс или незнам што, насилство е бре луѓе. Што и да му рекла девојката, не е решение да ја фати за врат. Постои разговор, постои раскинување или друг начин за решавање на проблемот. А не насилство. Ако направил еднаш ќе направи и втор пат.
Си се нашол ли во ситуација некој да те притиска да направиш нешто што не сакаш? Таков не за врат туку за гуша верувај би го фатила ... нема совршен маж и совршена жена, е, сега ако уште еднаш се дрзне момакот тогаш значи нема назад,инаку кој не згрешил под притисок? Не значи одма крај на врската, да пишеше ја затепал убаво и сл. и дека не било испровоцирано ОК, вака и сама е свесна. Лесно е ние се да кажеме тие најдобро си знаат.
Грешка си...ако прочиташ поубаво ќе видиш дека на батката не му било прв пат да биде насилен....и друг пат го буткал и влечел девојчето што мора да си признаеме дека е еден вид на насилство.... jas pocnav da go pritiskam za rabotata i go isprovocirav po sto sledese da me fati za vrat....me drzese moze dve sekundi,se slucuvalo vo karanica da me butka ili da mi ja vlece rakata no nikogas ne me udril... Сите сме имале лоши моменти во животот, тоа не е изговор за да бидеме насилни...
Јас па, разбрав не се случувало и се било во ред ... тогаш се извинувам,моја грешка, нема толеранција за таков.