Немам коментар, најлошо е што и едната и другата страна мисли дека тоа е нормално. Па кога ќе бидат тие во нормална врска ако така се учат?
Прееска го видов линкот кај Ина, Ангелке... и ми текна на онаа членката некни што имаше пишано дека редовно со дечкото си се тепаат Лошо, ептен лошо и поразително. Треба и едната и другата страна да се воспитуваат и учат на почит и самопочит...
Пред години, дур работев во една организација која требаше да има СОС линија као, за помош на жртви од насилство, дојде татко кој претходната вечер си ја прибрал ќерката сосе децата од кај сопругот. Со модрици . И не било прв пат. Бараше совет, што да направи, како да ја заштити. Една од жените таму,која сто години работи.. знаеш што му рече „абе ќе се смират, малку се скарале ко и секој маж и жена. Ене, и маж ми кога ќе се налути ме подудира по газот. Па пак сме толку и толку години во брак.“ Организацијава и ден денес добива пари за проекти за да им помогне на жртвите.
@zhap4e знам за жена која отишла во полиција да го пријави мажот за семејно насилство и во полицијата и рекле "Де, де, ќе се смирите, малку сте се скарале како маж и жена".
Ебате мажот ако покажува насилство КОН ЖЕНА што е физички послаба од него, ако си маж оди тепај се со некој рамен на тебе, ова ми е нешто најстрашно кај маж само кукавица, кромањонец и пи*ка во душа може да дигне рака врз жена и ова ми е најнепростливо нешто што може да се случи во една врска, варање може ќе простам, ама ваков некој да ми се погоди има со тужби да го затрупам па нека му доаѓа памет, и после да му пуштам уште 2-3 батиња 2 на 2, па дали ќе му текне пак, без раце да остане да нема ни со што да удри. Овие па девојкиве/жениве ми се уште понесфатливи, да ќутат и да трпат, на крај и во брак да завршат со овие, го сакале абе ајде, дури и малку ти е млатење кога си без мозок.
Зошто насилство во една врска, ние не припаѓаме на групата животни, дури и тие не манифестираат насилство и покрај тоа што немаат можност да расудуваат. Каде припаѓаме?
Мразам насилство и тоа да ми се случи веднаш ќе му раскинам нема да се мислам воопшто. Бидејќи ако има насилство во врска, а за во брак да не зборувам што ќе биде.
Нема оправдување за физичко и психичко насилство. Демек казниво е со закон кај нас, ама не знам за случај кај што некој завршил во затвор. При првиите знаци на насилство и желба за контролирање, бегајте, колку нозе ве носат.
Не поддржувам.Ако му текне да крене рака на мене или го направи тоа веќе лицето нема да ми го види, а и животот пекол ќе му го направам. Мрзам насилство во врската, имав една познаничка дечко и ја тепаше цело време модра одеше во рацете пустата не можеше да го откачи и се закануваше со живот. Мрзам такви створења, тоа не е машко тоа е МАЖЕНЦЕ.Сила не се покажува на послаб од тебе, тркалото се врти може еден ден забите по улица да си ги собира.А јас би го мавнала само доколку го пречекори прагот на мојата толеранција.
Сега се сетив порано кога бев во врска со еден дечко, се спремав да искачам со другарка една ама беше летно време, се договаравме да идеме во слаткарница. Јас отидов со неа ама пошто лето и топло нормално облеков фустанче, он зема на мене ми рече нема шанси да искачаш таква облечена, јас реков зашто не сум ни гола ни ништо, ниту па е кратко нешто превише да кажам па да не го носам или облечам. Пошто јас му реков не можеш ти на мене да ми кажеш што да носам, за тоа си одлучувам јас што и како ке носам, он мене зема ме удри шамар, и ми рече нема да искачаш ке се вратиш дома. Јас не се вратив дома, продолжив со другарката. Мене никогаш во животот ова не ми се сличило дечко да ме мавне, или да биде агресивен за некои работи. Си реков дека е болје да прекинам, па колку сака нека ми е тешко, ке ми помине, него ли да бидам со некој што ме малтретира. И знаев дека чим еднаш се осудил да удри и малтретира ке го направи истото следен пат пак. И ете фала богу се спасив на време срека, не сакам да имам врска со таков дечко. Болје сама ке седам искрено ама со таков никогаш повеке во мојот живот нема да бидам. Јас не сум од улица најдена па да ме малтретира он како сака. Пресекувам одма такви врски додека е време секогаш. Затоа немојте да дозволувате некој да ве малтретира никогаш. Затоа ја раскажав оваа случка сега бидејки тогаш немав фемина да можам да пишам а сега се сетив па реков ете да напишам.
Браво на решителноста. Многу ми е мило што не си заглавила. Особено тоа што го болдирав . За жал не се сите девојки такви. Еднаш шетајќи на плоштад после полноќ налетавме на 22-3 годишни дечко и девојка. Девојката плачеше, дечкото беше многу груб, не ја пушташе да си иде. Се мислевме дали да се вмешаме (бев со уште еден другар) ама незгодни ситуации се тоа. Ама дечкото ја зашамара неколку пати. Налет, си рековме, замисли девојчето да ти е блиска фамилија. Се развикавме, му срипавме и го разделивме од девојката. Од постапката се охрабри уште еден пар и дојде да помогне. Се смири дечкото, се смири и девојката. И на крај ни се извинија и двајцата, и девојката си го фати за рака и си отидоа заедно. Неможев да си поверувам со кој памет си отиде со него... Никогаш не преминувајте преку дигната рака! Според мене тоа е најголемото црвено знаменце у врска.
Па да што да правам, се дешава и тоа јас разбирам, али не можам да се замислам да бидам со некој таков што знам дека целиот мој живот ке ме тепа и малтретира. Знаеш колку и да боли, и да е тешко сам човек е свесен дека треба и мора да прекине. Со таков некој нема живот, а чим еднаш имало ке има и уште еднаш...Фала ти многу јас сум таква секогаш против насилството секако, на девојка, жена не се дига и крева рака. А има случаеви што не можам да ги разберам искрено, гледаш дека те малтретира и не пак си со него, го сака, па што ако го сакам треба да го трпам и тоа да ме тепа нели? Не не би јас никогаш такво нешто не ме родила мене мајка за некој да ме малтретира и тепа него да чува и почитува искрено. Ете во твојот случај случката што си ја видел, девојка да плаче, затоа што дечкото не ја пуштал да си оди и бил груб видиш дека има од лошо и полошо. Ама ако се спасиш на време све ке си биде во ред ако не ке си трпиш маки и кутиш. Браво за вас двајцата што сте помогнале, не секој помага така во денешно време, само некои луге знаат да гледаат сеир и да се смејат свака ти част за тоа.
Воопшто не поддржувам насилство. Ова е една од работите преку кои не можам да преминам во една врска. Еднаш да ме удри, веднаш го оставам. А ако ми направи модринка, во полиција го пријавувам, па што сака нека биде. Да, и од еднаш можеш да имаш модринка. „Ме удрил само еднаш“ не постои. Ако има прв, ќе има и втор, трет... Истото важи и за машките. Никој не заслужува да трпи насилство. Ми текна на слична ситуација. Еднаш кога се шетав низ Скопјево, начекав тип што ѝ удри шамар на девојката. И погоди што направи девојката? Си ја намести косата и си продолжи со него. Има многу вакви или слични ситуации.
Добро е што не те нападнала девојката зошто се мешаш. Мене така ми се случи. Среќа тој црепот се уплаши па не настана тепачка за ништо. Трн во здрава нога ќе си ставев.
Браво браво, стварно ми се свиѓа твојот став и сите девојки би требало да го имаат од точка до точка. Да се ценат себе си.. Фала ти, неможам да замижам туку така. We can't change the world, but we can change someone's world. Ако дозволи нели... Да, без разлика кој е насилникот. Има и такви случаи кај што машкото е предмет на физичко или вербално насилство. Стварно не ги сфаќам тие девојки што си продужуваат и покрај све. Па дури и се дешава она сама да се обвинува дека она е крива што он ја мавнал и да го брани. Абе ќути страшно, незнаеш на што ќе налеташ и што све носат по џебови. Ама пуста човечност некако не ти дава душа само така да поминеш. Особено ако плаче девојкава или вика за помош... Бар да се направи галама да се сврти внимание на луѓето...
Тоа што носи не ни размислуваш,гледаш да помогнеш,извади,извади ќе се браниш. Него ситуацијава од девојката беше: Што се мешаш И после истиов нема пак да ја тепа Ти ја крстиш она ти прди
Пред неколку месеци дечко ми ми удри шамар.. затоа што некој дечко ми коментираше во порака на слика и јас не знам што ѓаол ме чукна му вратив пишувавме еден ден и прекинав да пишувам планирав другиот ден да му кажам излеговме ми го зеде телефонот јас не му го давав се тегневме ии виде се нормално многу погрешно разбирање (не велам дека сум светица година дена бевме тогаш заедно и да беше моја грешка и му кажав во ред е грешка моја е бла блаа..) ме удри и ми рече шамаров можебј многу че ме боли ама си заслужи. Поминав низ сето тоа затоа што го сакам и останав покрај него бидејќи мислев ќе биде подобро но за жал се излажав нештото се повтори и за велигден ми вети дека никогаш нема да му се повтори не му верував и му кажав дека ќе му се повтори бев нервозна ми рече ќе одиме да шетаме нели велигден е по гости му реков несакам никаде да одам не ме послуша пред да стасаме на гости му кажав дека ќе го засрамам ќе се поздравам и ќе си одам со такси дома беше многу агресивен со што ме фати за вилица и ме стегаше толку силно од кога се свести што направи ми велеше оставиме најди си друг шо нема вака да ти прај не ме заслужуваш бла бла.. многу сум повредена не знам што да правам знам дека треба да го оставам да прекинам но година и 8 месеци се.. премногу е агресивен и нема никаква почит кон мене кога е нервозен (изваден од такт)