Дечко ми ме удри Се согласувам со коментарите погоре,значи ако еднаш кренал рака на тебе и те навредил тоа ќе го стори пак со сигурност..Ако те сакал немало да те изневери или уште пострашно удри..Не се мисли туку расчисти со него колку и да ти е тешко.Поздрав и многу среќа
Дечко ми ме удри Mrazam nasilstvo! Ednash te udril,ke te udri povtorno.Obicno e taka.Bidi umna i trgni si po svoj pat.
Дечко ми ме удри Треба да имаш почит спрема себе си и ако имаш ќе го оставиш. Чим еднаш те изневерил ќе има и втор пат, чим еднаш те удрил сигурно пак ќе те удри. Тргни се од него не си го уништувај животот. Не е единствен ќе си најдеш некој кој ќе те почитува, а не тепа и изневерува.
Дечко ми ме удри Значи ова е темата кај која повеќето грешат, се случуваат вакви работи во кои понекогаш девојката се преиспитува каде згрешила но проблемот е во тоа што грешката е обестрана уште на почетокот ти си му ја показала сета љубов кон него и си му показала колку тој мозе да биде твоја слабост.Tребало барем малку да му го показеш твојот силен став дека и ако го сакаш ако те повреди ти би продолзила понатаму така тој би научил да те цени и почитува но и овде грешат оние кои се прават премногу ,,јаки" и недодирливи.Oвде е грешката, ти си му дозволила тој да се однесува така со тебе и сеуште му дозволуваш доколку решиш да му се вратиш врати се со твојата појака страна и не дозволувај му повторно да го направи истото бидејќи тоа би бил пропуст од твоја страна бидејќи ти си му го дозволила тоа. Го знам ова од лично искуство мојата другарка го има дозивеано истото, му се врати ,но ние секогаш бевме со неа и никогаш повеќе таа не му дозволи тој да го направи тоа, бидејќи од моментот кога тој ја удри таа се изгради како силна и независна личност,тој свати дека таа не е од оние со кои ке мозе да прави што ке посака и со текот на времето тој научи да ја почитува и поминаа скоро две години откако се зедоа но тој за тоа време ниту ја удрил ниту пак се осмелил да го повиши гласот.Zначи врати се со него само ако мислиш дека постои мозност да го промениш и да научи да те почитува позз СРЕЌНО!!!
Дечко ми ме удри воа морам да го пишам затоа што се случи вчера и незнам што да правам. иам врска од 3-4 месеци. го сакам,ме сака,не ме изневерил,не сум го изневерила....дома за ваа врска знае само мајка ми а она не го сака него затоа што мисли дека е лош,пуши и не се однесуе добро спрема мене. до сеа немаше повишено тон а не па да крене рака. вчера нешто се задевавме и он почна на почетокот да ме мава на зафрканција ама после тоа стана малце поозбилен и ми маваше шамари,ме гризеше кај ќе стаса и ми удри тупаница (ама не силно,само онака). си тргнав за да си одам затоа шо неможев повеќе да издржам.он ми рече да се вратам.не се вратив и он почна да трча по мене и ме врати таму кај што седевме. ми рече:"не ми се верува дека ме заеба и отиде со него уште првиот ден ! " така рече затоа што тој ден јас отидов во св. николе со другарка ми и бившиот што го сакав многу.а дечко ми и тој премногу се мразат.се имаат и степано.јас на тоа му реков:"не ми се верува дека ме истепа" тој ми рече дека тоа било само за да ми докаже дека досеа бил душа спрема мене,се трпел,ми попуштал...само се истурил врз мене затоа што многу го имав повредено кога си дојдов дома мајка ми ми ги примети модриците и шамарите на лицето и ме прашуваше дали ме удрил и јас и реков не...а кога и кажав на другарка ми за воа она рече дека ќе го истепала наредниот ден (т.е денеска) на фб му пишав за да ми вети дека нема повеќе да крене рака на мене ! он ми рече:шо ако не сакам да ветам? јас: тогаш е крај. тој: ќе разговараме кога ќе се ослободам...И се исклучи... дајте некое ваше мислење...
Дечко ми ме удри Се согласувам со сите. Значи black lady нема што да мислиш, кај те варал, па уште те удрил и те нарекол к***а!!! Бегај додека е време, верувај дека ќе ти помине, вљубена си и се, ама чувај си го угледот и гордоста! Ќе дојдат и твоите 5 минути што се вели, ќе најдеш некој што ќе те носи во раце, ама буквално! Секако дека ќе ти биде тешко, ама доколку би се работело за мене, на пример, подобро сама, отколку со таков. Позз и се надевам правилно ќе одлучиш
Дечко ми ме удри 3-4 месеци одите и кренал рака на тебе зашто си го изнервирала??? Не може објаснување да биде, до сега ти попуштал, те трпел и сега ќе те тепа! Верувај ми дека таков не ти го треба и не ти треба ветување. Што и да биде, нема право да те удира во никој случај!!! Мој совет ти е да го баталиш додека е уште рано. Сепак ти си знаеш и се надевам дека и ти правилно ќе одлучиш. Позз
Дечко ми ме удри епа ви реков ако вие не ја показете вашата посилна страна тие нема да се двоумат да го направат тоа да ве удират, вреѓаат и слично но по ставот на дечкото тој нема намера да се промени а ниту пак ти имаш некоја јака страна за да му показеш, ако ти немаш доволно сила да го натераш да престане со тоа тогаш е подобро да се тргнеш од него и впрочем зарем нерече дека многу си го сакала бившиот мозеби треба да се обидеш да му се вратиш и впрочем ако толку си го сакала зошто си се разделила од него (think)?
Дечко ми ме удри финтава е шо не го изневерив,туку само излегов со другарка ми (требаше и со бившиот шо он го мрази ама нешто неможеше тој)...онака од шо го изнервирав почна да ме мава и на почетокот беше зафрканција ама после стана сериозно...
Дечко ми ме удри Откачи го сместа . Можеш да го мавнеш со камен по глава и џомка фаќај . Ич да не му ја мислиш . Таков мочко не ти треба , нека си најде друга женска и да се истура на неа. Не идете долго , нема да мораш да го преболуваш ..
Дечко ми ме удри девојко едноставно немам коментар за твојата ситуација, Повеќето девојки те советуваат исто што и јас би те посоветувала- бегај подалеку од него. Љубовта е посилна од тебе во оваа ситуација, но кај ти е гордоста девојко- неверство, болни зборови, шлаканици? Со кое право тој доаѓа во твојот стан и ти го прави тоа-а грешник е .те моли да се смириш па мисли си ти дека те сака затоа те моли, не велам дека ништо не чувствува спрема тебе, но тој ако ја имал таа вистинската љубов спрема тебе никогаш ама никогаш нема да те изневерил, а најмалку да те удира. Ти си во најубавите години од животот, не заморувај си со помислата дека тој е еден е единствен, погледни околу тебе има многу момчиња-и уживај не дозволувај тој грешник да ти го наруши целиот живот изневерувајки те и тепајките
Дечко ми ме удри Имав во средно дечко со кој одев 2 години, раскинавме зашто мислеше дека е голем фраер и дека може да оди со други а јас да го трпам. КОга остана на цедило од сите проба да ми се врати , јас некев . Бидејки ништо не му успеваше ме удри !!! Од тогаш го замразив од дното на срцето , ма да и колку и да го сакав претходно , ај неверствата некако му ги простував во име на љубовта, али шлаканицата уништи се убаво што чувствував за него. Не знам за други , али колку и да го сакате котек не се трпи никако, па не е последен на свет. Сега имам 27 години , си имам супер дечко, сега не е идеален , ама никогаш не кренал рака на мене
Дечко ми ме удри Добро бе размислте како би им било на вашите да дознаат дека некој така ве малтретира и ве тепа а вие го простувате тоа во „име на љубовта„ каква љубов тука, каква љубов, демек ко се бие тај се воли? Па мене да ме удри некој не дечко па и маж да ми е и било што со голи раце ќе го убијам (ок ја немам таа сила) ама сигурно ќе пратам некој што ќе му ги искрши коските да не му текне другпат рака да крене на женско, кои се тие „мажи„ бе што покажуваат сила на жена? А вие девојки што го дозволувате тоа, па уште што барате совети дали да му простите на таков, и го правдате со изговор дека сте си го барале тоа, на вас ви треба еден добар ќотек не неколку шлаканици за да сфатите всушност што правите и заради кого се уништувате.Е така!
Дечко ми ме удри Кој што се осмелил еднаш така да постапи ќе има и 2 и 3 пат мислам дека не треба да му се прости на таков човек што удира девојка. Ако е машко нема да те удри и колку и да го изнервираш нема така да постапи НЕМА ПРОСТУВАЊЕ
Дечко ми ме удри Имав сличен проблем како твојот ме удри , му простив но се покаав за тоа што му простив зашто набрзо го повтори тоа .... Никогаш немој да му простуваш зашто повторно ке му се повтори тоа ...
Дечко ми ме удри Jас имам раскинато со дечко затоа што ми се има издеравано,а не да ме удри лом ке го напрам Aко се сакаш себеси никако немој да си му простила,верувај ми ако му простиш ке ти биде 100 пати полошо.Bолокот крзното го менува-ама умот не
Дечко ми ме удри Колку и да сакаш некој,колку и да неможеш без него ако те удри или ако те навреди не гледам причина да останеш со него.Зарем тој нема срам да те погледне во очи ?!?! Секогаш биди независна во твојот живот а особено во врската бидејќи никогаш не се знае колку долго ќе трае врската Зачувај ја и таа малку гордост што ти останала и бегај подалеку од него Не дозволувај некој идиот да ти ја уништува среќата Само храбро напред не е само тој. Тоа важи и за тебе и за сите други девојки НЕ СЕ ПОНИЖУВАЈТЕ !!!
Дечко ми ме удри се согласувам со др.девојки не треба да му простиш затоа што ако го направил тоа пак ќе го направи и по втор пат ,не се смирувај со него туку стави крај на таквата врска ,ќе си најдеш поарен што ке те цени и ќе те заслужува...