1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во врската

Дискусија во 'Врски' започната од blacklady89, 20 септември 2010.

  1. loca23

    loca23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Дечко ми ме удри

    Жени се разведуваат по 100 години брак зашто маж и кренал рака на неа...ти се мислиш дали да му простиш 2 години си била со него!!!Абе што подалеку од такви!!!Батали го!
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Дечко ми ме удри

    Според мене неверството и тоа што те удрил, а притоа тој бил крив е лошо од негова страна.Треба добро да размислиш што ке направиш и дали заслужува да прејдеш преку тоа.Нема врска што 2 години одиш со него.Луѓе со години и години одат, се разведуваат,а ти размислуваш за 2 годишна врска.Еднаш се живее и никој не е должен некого да трпи ....
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дечко ми ме удри

    Прво, ќе кажам дека не сум дозволила ни за раце да ме задржи, зборам за насилно а не па да ме удри. И за тоа има лек, фино лепо не сакаш да ме пуштиш, со сила ке тте натерам. Па ко п.... некоја после беше пред џандарката.
    Оној кој посегнал еднаш, а не па удрил, верувај тоа ќе го направи пак. Верувај ти кажувам од искуство.
    И мојот бивш зет молеше и колнеше, нема веќе да ја тепам, па на крај пак се закани дека ќе ја собираме жена му на парчиња покрај вардар. Размисли малку??? Зар можеш да живееш во страв дали повторно ќе те удри?
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Дечко ми ме удри

    Значи како прво те изневерил,како второ доаѓа КАЈ ТЕБЕ ДОМА(на твој терен),те удира и те нарекува курво(а тој тебе те изневерил).Какво е тоа машко што паѓа толку ниско да удри девојка??? :^) никогаш не сум го оправдувала тоа,па и да е најлоша девојката,а плус тоа во овој случај ти ништо не си крива...И да не те удри повторно,доволно е што те удрил еднаш,а ако му простиш,тој ке се опушти уште повеќе и ке прави со тебе што сака...Јас кога би била на твое место не би се смирила,не му се понижувај-не е единствен...Ова е мое мислење па сега ти си знаеш што ке правиш.Позз

    П.С. А освен што може повторно да те удри,размисли дека може и повторно да те изневери кога веќе еднаш го направил тоа!
     
  5. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Дечко ми ме удри

    да те удри мајка ти би посакала да и вратис а на децко ке му кутис дај те молам прибери се сто се замислува тој кој е сто е он а?покусај и ти врати му а потоа батали го најди др со ке те заслузува и цени
     
  6. Ewii

    Ewii Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Дечко ми ме удри

    лесно е да се каже батали го, но навистина треба да го направиш тоа,никој не смее да си земе за право да те удри, ни за момент да помисли дека може да те замени со друга, дај му до знаење дека можеш и без него,главата горе и продолжи понатаму, никому ништо, и бракови се распаѓаат и тоа со деца а не пак врски, ако му простиш, сериозно мислиш дека нема да му се повтори?!? ние жените треба да сме силни и горди и секогаш да знаеме да продолжиме понатаму безоглед на се...и патем, целосно се согласувам со меруска
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Мислам дека покрај волку истомисленици е излишно и јас да повторам.
    Ги прочитав скоро сите мислења и сите го кажуваат истото! Барем во 90% од приказниве дечкото еднаш крева рака, и тоа секогаш се случува и по втор пат! Значи ако еднаш се осмели тоа да го направи, за вториот пат нема да му треба храброст туку само можност.
    Никогаш не сум ги разбирала девојките што покрај ваквите моменти дури размислуваат дали да останат и дали да простат?!?!
    Без разлика колку и да го сакам, во име на љубовта и не знам ти што...Таквите идиоти не заслужуваат втора шанса!!
     
    На Ewii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Дечко ми ме удри

    пријави го за насилство брз девојка,
    физички да те малтертира тоа е катастрофа!
    Не дозволувај!
     
  9. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Дечко ми ме удри

    Имав другарка што викаше: Подобро ќе беше да ме удри, отколку да ми го направи ова ( ја имаше варано ) на што јас бурно реагирав :@ Тој тебе те изварал, те навредил со тежок збор, и што е најтрагично - те удрил! :o Жално е што воопшто има вакви идиоти на светов како него, а уште пожално што има девојки што воопшто размислуваат дали да им се вратат во случајов тоа си ти - без навреда, не го кажувам во лош контекст, ама кај ти е гордоста бе девојко? Имаш пишано што ќе мислат другите ако му се вратам.. Па ти не живееш за другите, живееш за себе. Да му се вратиш сега, утре пак ќе те изневери, пак ќе те удри, ама ти ќе бидеш повредената, а не тие другите за кои ти се мислиш што ќе кажат.. Затоа мој совет, како што прочитав скоро и на сите други феминки е да си се тргнеш од таков човек додека е време! Верувам дека си прекрасна девојка, комотно можеш да си најдеш дечко кој ќе те почитува и искрено сака, затоа што тоа го заслужуваш.. :f: Ти посакувам добро и да размислуваш најпрво со своја глава, затоа што сепак се работи за твојата среќа :hai:
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Дечко ми ме удри

    Абе муабетов е да си пукнеш од жучот...Прво кажуваш што се десило бараш совет и од кога девојкиве нормално ти дадоа совет да го оставиш ти се силиш со тоа дека долго сте заедно, па го сакаш,па ние не разбираме...Ама ајде те молам,море ич не те жалам да ти кажам.За што да те жалам? Ни си ментално нестабилна,ниту хендикепирана, фала богу здрава, права, млада девојка и глеј какви катастрофални грешки прави.

    Ако сакаш да бидеш со него биди никој не те врзал,само не знам што кукаш...или чекаше да ти кажеме Лелеееее јадно девојче,ами ако те удрил ,кој се тепа тој се сака,сигурно е луд по тебе....Епа нормално дека нема да ти кажеме, изгледа никоја од нас не дозволува да биде понижувана и згазена на најнизок и најмизерен начин па уште да продолжува да ползи.

    Море ја ќе те посоветувам и прошка да му побараш и тоа јавно преку Све за љубав и така очигледно сакаш драми.ЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦЦ......
     
    На AnGeL4e009 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Дечко ми ме удри

    Божее, ти се чудам девојче. тоа што те удрил покажува дека не е добар и дека е агресивен. денес ти удрил шамар, утре нешто друго поише ке го изнервираш и шо ке ти напраи ке те истепа и ти пак ке викаш ама нее, го сакам идеме 2 години, ова она. абе идете 100 години ако те удрил макар и еднаш и слабо да било, тој не е МАЖ! имав работа со еден манијак среќа што ништо не ми напраи.па сега ти размисли. не се секирај ке најдеш и друг, ке го сакаш повеќе и тој тебе, и нема самиот да си дозволи да те удри, зашто ке те почитува а не како овој. па сега одлуката е на тебе, јас си го кажав своето. ;)
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    јас лично, би простила многу работи, трпам, сфаќам, за се ќе го поддржам, ама да ме удри.... е тоа мало сутра... не можам да сфатам било кој да ме удри, а камоли некој што сум во врска со него... не оправдувам никакво насилно однесување... удар и крај, џабе после било што
     
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Дечко ми ме удри

    Знам многу да попуштам во врска. Ама ова е претерано. Не само што те изневерил, па уште си дозволува да те нарекува секако и да крени рака на тебе. Наместо да моли, да коленичи и да проба да зачува нешто од вас после тоа што си го дознала тој се дрзнува да биде вулгарен и агресивен. Ова баш докажува колку не си го запознала во тие 2 години врска. Те разбирам заљубена си, и сакаш преку се да поминиш само да го задржиш. Јас можам да ти кажам дека колку и да сакаш некој, секогаш треба да си ја задржиш почитта кон самата себе. Колку се почитуваш самата, толку ке те почитува и околината.
    Понекогаш не ги гледаме своите грешки, се додека не начекаме некој што нема да ни ги прости. За него можи не е толку сериозно и не е свесен што направил. Твое е да му покажиш. Мој совет, исклучи го дечково тотално од твојот живот, никоја жена на светот не заслужува да биде нарекувна к*р*а од било кое машко, а камоли од тој што се ти значел, а да не правам муабет за тоа што лренал рака на тебе. Сакај се самата девојко, размисли зошто ти е во животот ваков некој. Можеби лошо звучи но сепак има нешто добро во оваа случка, си видела една нова страна од него, извлечи поука од ова постави се како што заслужил.
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Дечко ми ме удри

    многу е лесно да се каже остави го ваков е таков е и се слагам но.... но што ако со години сте заедно и сте пред брак речиси како тогаш да го оставиш?

    еве јас овде решив да прашам мислење з апроблемот мој за да не отварам друга тема. со години заедно сме, заедно живееме речиси се е совршено но неможе да си го контролира бесот кога го нервирам.
    утрово се скаравме за чорапи(глупост) па го плеснав онака нежно но ми врати со шамар што ме изненади и ми вратив и јас и почна да ме удира три пати по ред ми удри шамари со цела рака онака од срце. јас само си заминав почна да се извинува да моли, најлошо е што мисли дека тоа не е ништо сериозно дека ние си се ударавме дека треба да му простам дека е последен пат. а не му е прв пат , кога "го збеснувам" секогаш ме удира.

    се случило некои 3-4 пати, си о велев ајде не ме удира силно може го нервирав ставрно но денес претера ми се руши светот му кажав дека не го сакам и сакам да се одалечам од него, но како ? заедно живееме , никогаш нема да прифати да ззаминам на неколку дена незнам воопшто не е лесно да се остави некој а ова за мене е неприфатливо до кога ќе се извинува до следниот пат кога ќе крене рака на мене?
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    секогаш е лесно да се дава совет од страна, знам тоа.
    тешко е да го преживуваш сето тоа.
    и искрена да бидам, верувај дека ова е само почеток, џабе се извинува, и кажува дека нема да се повтори, јас гарантирам дека ќе се повтори (дај Боже да грешам)
    и не е битно дали викаш дека те мавнал со причина или без. ЗА ТЕПАЊЕТО НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ!
    имаш СОС телефони кај што можеш да се обратиш, тие се анонимни јавувања, и можеш да се јавиш чисто за совет, можеш да се консултираш со стручни лица
    лесниот начин е да го оставиш. тешкиот начин е да се реши проблемот, па сега види дали вреди!
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. supermenka

    supermenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Дечко ми ме удри

    жената не смее да трпи насилство од никого, 21 век сме, самопочитта малце нека ви профунцкионира
     
    На khaleesi1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Дечко ми ме удри

    Никој нема право да крене прст врз тебе а камо ли да те тепа. И во никој случај не смееш да го оправдуваш и да викаш дека си заслужила, си го испровоцирала. Се се решава со муабет на фин и мирен начин, а на тепање не смее ни да помисли!!! Не е оправдување тоа што неможел да си го контролира бесот. Не смееш ти да трпиш заради тоа. Седни и разговарај со него, објасни му дека ти не си предмет за исфрлање на неговата нервоза. За секој проблем има решение!
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Дечко ми ме удри

    никогаш не реков дека мислам дека заслужив да бидам удрена едноставно се прашувате како може да го направи тоа и си барате објаснение не оправдување. сабајлево му реков да оди да се консултира со некој затоа што ова веќе е поблем а меѓувреме јас ќе стојам настрана од него . ви благодарам
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Џоел, далеку од тоа дека некој заслужил. И нормално дека тој што го сакаш ќе бараш било каков начин да го оправдаш. Ама тоа не било веќе еднаш. И тоа сега, во врска, а во брак? И тогаш ли така. Едноставно не смее. Убаво разговарајте, ако си ја признава грешката нека проба да не ја повторува понатаму. Значи него муабет му е ни две ни три шамари за мала кавга. Пробај дистанцирај се малку, а сепак, извини што ова го кажувам, размисли дека не треба воопшто ова да го трпиш. Ако не бидува па остави го. Подобро е да кркаш шамари или да си среќна и намсеана со некој кој знае да си ја контролира агресивноста? Ајде, биди храбра, направи некаков чекор. Ти посакувам се најубаво :)

    И да, нема да го оставиш сега, затоа што го сакаш. Ама верувај, тој ако продолжи со неговата најсилна страна, а најчесто продолжуваат, по година две ќе зажалиш. НЕли, подобро да се спречи него да се лечи. После тоа нема спас.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Знам дека е лесно некој отстрана за нешто да ти каже онака ладно:"Остави го" , но верувај најправилно е тоа, а што ќе направиш ти тоа е твое.
    Тешко е да се остави некој после толку долго време, на подобро додека сте во врска, отколку во брак и не дај боже кога ќе имате деца. Тогаш ќе МОРА, а ќе биде далеку потешко од сега.
    Сигурна сум дека кога би те изневерил, би раскинала со него. Епа ова е полошо од тоа! Не смее да крева рака на тебе, посебно не за таква глупост што сте се скарале!
    Ако веќе толку сакаш да останиш со него, дај му последна шанса! Нека разговара со стручно лице или нека проба да се смири, нека превземе нешто. Се надевам свесен е дека греши, така би било полесно да се среди ситуацијата, инаку...тешко.
    Ти посакувам се најдобро! :*