Дечко ми ме удри Симона раскини додека е сеуште свежо, разговарај и кажи му дека неможеш да поминеш преку тоа и крај. Ќе го заборавиш не е ни прв ни последен, подобро сега одколку по некое време пак да му се „испушти„ шлаканица или бокс
Дечко ми ме удри Јас не би дозволила да крене рака на мене. Татко ми не ме тепал, нема ни никое друго машко, тој не ме ни храни ни гледа, не сум зависна од него.
Дечко ми ме удри Види сеа...тоа шо ти рекол курва не е ок,тоа што те варал не е ок...знам дека го сакаш,ама физички удар?? не тоа не се простува
Дечко ми ме удри Jas sum imala takov slucaj....i mene mi se sluci istoto!!!Bev zatreskana mn vo eden decko mn mn mn premnogu go sakav.Eden den se karavme za negova bivsa i on mi mavna samar....nezz kako ama mu prstiv,si rekov ajde nervozen bese ke mu prostam zs mislev deka veke nikogas nema da se povtori takvo nesto...no zgresiv.GAdot pocna se pocesto i pocesto da mi povisuva ton da mi se zakanuva i da kreva raka na mene...eden den si rekov dosta e veke ova odamna trebase da zavrsi.Togas staviv kraj na taa EBANA vrska za koja sega premnogu se kaam.Moj sovet ne mu prostuvaaaaaaaaaaaaa koj ednas te mavna ke te mavne i tret pat i cetvrt pat itn.Pozz
Дечко ми ме удри Луге пред 3 дена имав некоја слична ситуација, значи двајцата бевме многу пијани и признавам дека ја минав границата беше една обична кавга што јас ја претворив во ужас.Причината беше банално што почнавме многу да се караме му споменам еден дечко кој 5 месеци ме бараше ми се јавуваше иако не му кревав и толку го изнервирав, и јас го стиснав за раката мн мн силно му оставив синица огромна и он мене ме удри не силно. И правевме муабет многу ми се извинуваше, многу е мирен многу трпи од мене, ми оди по газот буквално но јас премногу си правам филмови и доведува до такви ситуации. Сакав само да споделам со вас дека и јас имам таква ситуација а инаку одиме 2 години и еве за 3-4 дена ке одиме на одмор.Совет на другите неможам да дадам затоа што само вие знаете која е причината како се чуствувате и како мислите дека ке биде најдобро да постапите. А за мојот случај знам дека не е решение да ме удри но го провицирав премногу и јас имам кривица а и неговата реакција беше ужасна.Но пијани луге што можат да направат, па сега си ветивме дека нема веке пиење до таа мерка затоа што не води кон добро...
Дечко ми ме удри ^Ако само ти правдај си го дека ти си крива и си го испровоцирала. Утре коа ќе се шеташ со модрици ќе се чудиш девојче
Дечко ми ме удри Скрши му ги рацете .... Кога ќе му заздрават може да продолжите ... Ако тој го заборави тоа , тогаш и ти ова ќе го заборавиш, Ако сега паднеш ... Си пропаднала !!!
Дечко ми ме удри Не ве сфаќам како може да ги оправдувате таквите потези на некој кој нема никакво право да дигне рака на вас. Мајка ми сум ја вадела од колосек, сум ги преминувала сите можни граници па никогаш не дигнала рака на мене, а мајка ми е таа ме родила и исчувала и сега некој мочко ќе ме тепа, аха можда Непостои причина да ме удри, ако го изнервирам нека вика, нека се дере, нека крши покуќнина но никако не смее да удри зошто јас не сум боксерска вреќа за да служам за истурање нервоза и бес . Јас и Петко се тепаме ама на шала, од досада, а во една жестока караница (во која според вас сум заслужила шамар) тој го тресна пивото од земја и си замина во соба. И двајцата се гадиме од ваквото однесување, и знае дека тој шамар него повеќе ќе го здоболи отколку мене. Мој совет до сите девојки со вакво искуство е да бегате што подалеку од ваквите „мажишта“ зошто ако еднаш го сторил тоа, а вие го оправдувате и вината ја пронаоѓате во себе тоа ќе биде неговото алиби и кога повторно (а сигурно ќе има повторно) ќе го стори тоа.
Дечко ми ме удри Секој си има своја приказна, јас ни малко не го оправдувам ни пак го правдам него. Секој во своја кожа може да си каже како се осека. А ако има следен ке ви писам
Дечко ми ме удри Анабела нема никој право да дигне рака на тебе . Немаат ни твоите родители , а не некојси што можда утре на улица нема обично здраво да ти каже. Колку и да си ваква и онаква , ако не те трпи - нека раскине . Кога ти мавна шамар , што не зема да го истрескаш од негде , не го трпиш , нели ? Што ќе ти направеше он на тебе ? Ќе те отераше во п.м . Мајка ми порано кога ќе ме мавнеше лута и бев по неколку дена , а дечко ми во истиот момент кога ќе ме мава може да се прости од мене . Сакам да кажам , во истиот момент останува без девојка. Како и да е , твој е дечкото , твоја е и одлуката.
Дечко ми ме удри Без разлика каква и да е причината не оправдувам такво нешто бидејќи сепак се работи за понежниот пол. Велам за понежниот зашто кога станува збор за тоа девојката да го удри момчето тогаш поголемиот дел од женските го оправдуваат, зошто дискриминација? Според мене, тоа не е во ред, но сведок и носител сум на некои такви застарени предрасуди, за жал, иако никогаш немам влезено ни во едната, ни во другата улога. Ќе се потрудам така да остане секогаш. Но, нели треба да се водиме и според тоа - Никогаш не вели никогаш. Физичкото малтретирање (кога веќе зборуваме само за тоа) на еден или друг начин не е правилното и најдобро решение да се излезе од проблемите и сите оние негативни чувства кои ги чувствуваш во даден непогоден момент (било тоа дали ќе биде кавга со девојка, сопруга, дете, другар/ка и сл.). Секогаш треба да се стремиме кон тоа што е можно порано да пресечеме пред да биде предоцна. Бидејќи колку повеќе ја продлабочуваме кавгата и се осудуваме едни со други, па почнеме да се навраќаме назад во минатото (ти тоа го направи тогаш, јас не направив итн.) ситуацијата само повеќе се замрсува и после крајот не можеме да си го најдеме. Трпението, смиреноста, ладната глава, толеранцијата, со еден збор човечноста треба да бидат пред се' и на тој начин сите ќе бидат свесни дека доколку посегнат на таков непромислен чекор всушност посегнуваат по своето Јас, својата личност и хуманост (она што е својствено за нас, луѓето, а и те како со нашите интелектуални способности сме над животните и другите организми) и дека оние кои нам тоа ќе ни го направат заслужуваат прошка, но не и втора шанса.
Дечко ми ме удри Се нафрливте накај мене се шалам, сакате да помогнете секако да дадете совет. Но нашето не беше толку сериозно после тоа се смеевме можеби не ни требаше тука да го сместам.После тоа се смеевме оти двајцата пијани и се затепавме малко.Еве и сега ми звучи смешно, можеби си мислите оваа глупа оваа онаква заљубена но верувајте врз мене никој не гази и нема да гази
Дечко ми ме удри Тогаш ти се имаш погрешно изразено во претходниот коментар кога веќе другите не те разбрале. Има разлика меѓу тоа да се шегувате со момчето (верувам дека сите знаат на што мислам... да не опишувам сега) и сериозно ама онака убаво да се изнатепате.
Дечко ми ме удри девојки немојте бре да се залажувате демек сте засужиле шамар...колку пати дома сте заслужиле па ни татко ни мајка не ве удриле? Абе бегајте подалеку од такви психопати (исфустрирани идиоти кои си го дигат егото со тепање на девојка) Кој еднаш дигне рака ке дигне пак...тоа нека ви е јасно за секое решение проблем стојат зборови да се разјасни а не шамари боксови,и уште нешто ај ударајте ги вие дечковците па да видите дали они ке кажат дека се заслужиле или ем ке ве помодрат ем ке ве отерат кај што не треба ако не се цениш сам-не очекувај од некој друг дека ке те цени
Дечко ми ме удри Нека ме удре па ке виде што ке го снајде Само кукавиците креваат рака.Нека отиде нека се пресмета со некој како него,а не да покажува сила на женско.Така ако се решаваат проблеми треба сиот свет да се истепа.Како што вика некој мајка ми и татко ми не ме удриле тој ке ме удара.Па чекај бе човеку?кој си ти да употребуваш физичка сила врз мене??Се чудам на тие девојки кои не знаат што да праваат ако дечкото ги удара?па сместа ке го избришам од мојот живот бе,тоа говедо за мене не постои повеке и точка.
Дечко ми ме удри јас не ми би простила на дечко ми у случај недај боже да ме удри. Па и маж да ми е, исто така. каков и да е проблемот се решава со Дијалог а не со Монолог. и Едноставно неможам да ги разберам оние девојки кои можат да пројдат низ тоа само да се со НЕГО!! ВИСТИНСКИОТ МАЖ НИКОГАШ НЕ УДИРА ДЕВОЈКА/ЖЕНА ако те цени доволно и те сака никогаш нема ни да помисли да те удри а Не и да крене рака!! ако еднаш крене рака или ве изневери тогаш е крај, чим еднаш можел може и друг пат!! боље спаси се со време него да си трескаш глава од ѕид една ден...
Дечко ми ме удри Ако те удрил еднаш, ке те удри уште еднаш...Подалеку од него додека е време.После ке биде касно