Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во врската

Дискусија во 'Врски' започната од blacklady89, 20 септември 2010.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Дечко ми ме удри

    Моите дома никогаш немаат кренато рака на мене.. нема да дозволам некој си трет кој нити ме гледа нит ме пораснал ниту ме храни да ме удри. Ова може да го направи само опсесивен , несигурен маж .. Ако еднаш ве удри, ќе го направи пак и пак.. никогаш не залажувајте се дека сте вие криви.. Колку и да сум погрешила НЕМА право да удира по мене.. јас на моите им се имам качувано на глава, па секогаш сме се разбирале со зборови... :!:
    Јас никогаш не би дозволила вакво нешто.. па колку и да го сакам .. еднаш да крене рака на мене и се ќе пропадне.. Затоа бегајте далеку, додека имате време.. после е касно..
     
    На sanooo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Дечко ми ме удри

    Досега никој ме немал удрено...
    А ако се случи такво нешто... Прво нешто што ми текнува е дека ќе вратам :lol: Стварно не ми текнува зошто би ме удрил :?: Иако познавм девојки кои и тоа како си заслужуваат :wasntme: (Пр. Ако сакаш да му раскинеш-оди и кажи си фино лепо не мора тајно да се гледаш со друг)
    Да не се разбереме погрешно НИКАКО не сум за насилство и покажување сила ама тука е прашање на разбирање и односот на партнерите во врската... (Тука спаѓа и не/доволното познавање на дечкото, неговите проблеми, што сака а што не)
    Оти маж кој тепа жена не е маж, а жената која го искористува мажот не е к**** :^)
    Не мора веднаш да се донесуваат заклучоц од типот: Психопат е и слично...
    Сеедно секој според заслугата, не се сите исти и поради X причини некој ете не можел да се исконтролира во моментот...
    Секако ова не би требало да се повтори а мој совет за девојките е никако да не пружат втори, третти и десетти шанси зашто потоа ќе си дискутираат на тема "Сопругот ме тепа" :worried:
     
    На anabela931 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Дечко ми ме удри

    Сосема се согласувам со тебе :D
     
  4. dushka-07

    dushka-07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Дечко ми ме удри

    Јас таквите како него, ги нарекувам КЛОШАРИ ,батали го, не е единствен
     
  5. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    Дечко ми ме удри

    Никако не му се враќај ке стане и полошо,,, знам од искуство....... се по4на така и сега е полошо што дури не ми дозволува да го оставам.....
     
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Чисто се сомневам дека некој кој еднаш кренал рака на девојка и ја нарекол к*рв* дека ќе успее во наредна ситуација на бес да се контролира! Јас искрено вакво нешто да ми се случи страшно би се разочарала од тоа во каква личност сум се заљубила..насилството и таквите навреди не се решение за било каков проблем,туку работата е што ти треба да си се запрашаш дали навистина сакап таква личност покрај тебе? убаво испитај ја ситуацијата иако како што веќе кажав ретки се случаите кога дошло до промена во односите! среќно ;)
     
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Дечко ми ме удри

    ако еднаш се одлучи да удри, навредува и слично тогаш наредниот пат нема воопшто да се мисли едноставно некои луѓе се такви идиоти и не се менуваат
     
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Дечко ми ме удри

    Не си најдена на улица па некој да те тепа.Алоо што е со луѓево?! Се користи ГОВОР денес,не физичка сила за да докажеш нешто..
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    значи не ми е јасно !
    ќе ве удрат и уште барате совет што да направам како да направам :fubar:
    епа ако не останете си со таквите бре бре :x
    па и тој што би ме удрил да го претставувам како дечко? да чекам некој ден да ме претепа до смрт :x
     
  10. sanooo

    sanooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Дечко ми ме удри

    imav decko koj bese okolu pola godina so mene.no ednas se skaravme..se srekavame posle nekoj den a toj bez razmisluvanje kreena raka na mene:(togas bev razocarana,vljubena no i resena,NASATA VRSKA KE ZAVRSI!!!Dolgo go nemav videno..a koga go vidov srceto mi biese 100 na saat...Pocnavme pak da zborubvavme,i taa nok se sekevam me isprati..No go odbiv...A togassss...slusnav samo eden kup zakani,TI NEMA DA SI FATIS DECKO!TI NIKOGAS NEMA DA SI IMAS DECKO!AKO SI FATIS DECKO JAS KE GO UBIJAM!:(
    E otogas veke sekoj den go odminuvam na ulica i nikogas ne go poglednuvam vo oci!Samo znam deka mi go bese unistil zivotot,se dodeka ne razgovarav so edna postara drugarka koja me sovetuvase deka toj treba da bega i da se srami a ne jas!!!zatoa ne se misli bidi resitelna i trgni se od kaj nego zosto samo ke ti donese bolka vo zivotot!!!!!
    [mod-kirilica:2g5chmkz][/mod-kirilica:2g5chmkz]
     
  11. vercence

    vercence Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    0
    Дечко ми ме удри

    Имам голем проблем. Со дечко ми одиме 3години. Постојано сме заедно но кога ќе се скараме тој дига рака на мене. Ке ме удри и потоа му е многу мака ме моли да му простам. Ми вели дека кога е таков да бегам од него затоа што не е свесен што прави. Тоа му поминува за 5минути и потоа е оној истиот и се кае
    Помош ве молам
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    А ти го сакаш или се плашиш од него? :^)

    Зошто наместо да те удри, не те гушне, а?
    Нели е за тоа врската осмислена, за да се љубиш, мазиш, милуваш, љубиш, гушкаш, зборуваш... врската е нешто мило, убаво и надежно, а надеж во насилство нема. Ниту пак милост имаат таквите.

    Дека ќе се кае, ќе се кае и после една секунда од чинот, и после само еден удар, а не последователни во подолг период. Зошто не си ја чукне главата пред да направи нешто? Да сфати дека ти си неговата љубов, а не предмет за истурање бес?

    Ти се чудам и досега како си издржала. :|
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Дечко ми ме удри




    I ti seushte si so nego???????????????????????????????????????????????????????????????????/
    Soberi hrabrost i otkachi go po itno
    Nikogash nema da se smeni , a rabotite ke odat samo na polosho
    Soberi sila i kazi Stop ednash za sekogash
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Дечко ми ме удри

    Мој совет: само подалеку од таков дечко... Колку и да е добар кога "не е во форма" не треба да поминеш преку ќотекот. Зарем можеш постојано да предвидуваш кога е он при свест или не? Зарем можеш да бегаш секогаш кога не е расположен? Одговорот сум сигурна дека го знаеш, па затоа реагирај на време и терај понатаму со животот.
     
  15. vercence

    vercence Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    0
    Дечко ми ме удри

    Го сакам тоа е најголемиот проблем
    На моменти го мразам посакувам да го убијам, но веднаш потоа кога ке ми побара прошка кога ќе ме гушне силно се заборавам. Заборавам во тој момент но потоа постојано размилсувам на тоа и не знам што да правам се чуствувам немоќно.
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дечко ми ме удри

    Ти дозволуваш лесно да манипулира. Не се потценувај и погазувај себеси. :!:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.083
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Тешко стварно...ама па не можеш да му бидеш ти предмет на истресување и мене и тебе и секому на моменти му доаѓа да го мавнеме по муцката тој што ни е најблиску во моментот ама бре има нешто што се вика самоконтрола. Штознам што да правиш...се ми оди умот натака дека разговор му е мајката. Кажи му се што ти пречи и дека не би можела да издржиш. Јас со мојон кога ќе се скарам па остава белег тоа неколку дена, не можам да бидам истата, се прашувам па нели можеше и тој потрпелив да биде ова она, не па да ме удри. Самопочитување душо...и сериозен разговор.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    ти кога си тргнала сестро со такви изговори го сакам ова она значи незнам со каква цел бараш овде совети и незнам како можеш да сакаш некого кој врши физичко насилство врз тебе па колку и да го сакам искрено ќе ми се одмили и дечко и све
    не е работата само го сакам за вакви работи треба малку да се размисли со главата не само со срцето и да размислиш како утре ќе имаш иднина со него кој почнал со таква работа нема да престани тој е навикнат така да ги решава работите тоа е во неговата психа утре може да те претепа и што на крајот ќе ти рече извини не сакав :fubar: стварно земи трезвено размисли
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.982
    Допаѓања:
    11.632
    Пол:
    Женски
    Дечко ми ме удри

    Бегај побрзо од него. Нема подобро решение. Неможам да ти кажам ако сега прави вака, утре ако бидете во брак можам да замислам, затоа што тој веќе често те малтретира.
    Искрено ти си крива. Еве се знае дека он е ѓубре, ама па ти го трпиш. А зошто? Тоа не е љубов, навика можеби?
    За секоја навика има и одвика, а ти и те како имаш јака причина да го оставиш. Ако ти е страв, збори со твоите, тие ќе ти помогнат во секој случај.
    Не си го зацрнувај животот, тој нема да се смени
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Дечко ми ме удри

    Да не звучам грубо, но јас мислам дека сами си ги правите проблемите огромни! Зашто бе дозволувате некој не еднаш,не двапати туку при секоја кавга да крене рака на вас? Каде ви е самопочита?
    Не можеш да го толерираш таквото однесување, а тој не може да бара оправдување за тоа што го прави! Колку повеќе му попушташ толку повеќе му покажуваш дека си зависна од него,дека си лесна за манипулирање и дека си попустлива!
    Сегашните проблеми (кои верувам дека не се којзнае колку сериозни) ги решавате со ќотек,ами како ќе ги решавате вистински сериозните проблеми кои ви претстојат во животот???
    Предупреди го дека повеќе нема да толерираш такви нервозни испади и кажи му дека нема да простиш, а ако се случи истото изгуби се од неговиот живот! Мислам дека тоа ти е единствено решение!