Дечко ми ме удри Верченце, искрено ми е многу жал што си западнала во долга врска со таков дечко. Сега ќе ти треба долго време за да се одлучиш на некој покрупен чекор. Размисли, дали ти би можела да го трпиш ова секогаш? Дали тоа значи дека секогаш кога тој ќе биде изнервиран ти ќе бидеш таа на која што тој ќе ја исфрла нервозата? Мој совет ти е да ја прекинеш таа врска, пред да прерасне во нешто поголемо и посериозно. Едно извинување не ја брише болката, траумата и тагата која ја нанесува неговиот удат. Бракот со себе носи многу притисоци и проблеми, значи човеков би бил многу напнат и нервозен дури и во брак. Јас навистина можам да те сфатам, дека ти е тешко да раскинеш 3 годишна врска. Можам и да претпоставам дека бараш дури и трошка најмало оправдување за неговата постапка, за да продолжиш со него. Но, да бидеме реални и да ги отвориме очите- овој дечко не те заслужува. Никој кој ќе се обиде да крене рака на девојка, не ја заслужува истата Пиши што си направила. Ја имаш мојата поддршка
Дечко ми ме удри Јас само ќе те замолам да размислиш ,што доколку во тие 5 минути озбилно те повреди или не дај боже за нешто повеќе ?????? Мене ваквото несвесно однесување ми е многу пострашно од свесно удирање(не ги оправдувам и двете). Бидејќи твојот дечко не може да се контролира не заслужува да бидеш со него,ни ти ни било која друга девојка .Бегај од него додека можеш!!!
Дечко ми ме удри Пази молим те, не можел да се контролира ??? Чекај, чекај, чекај! Како тоа тој не може да се контролира ? Животните можат да се контролираат, за луѓето па да не правиме муабет. Самоконтролата е потребна за да одиш низ животот, тоа е тоа што не раздвојува од животните, мада тврдам дека и тие можат да се контролираат, се разбира со наша помош. Секој цивилизиран човек има самоконтрола врз себе, затоа и живееме во заедница нели, затоа ги толерираме другите луѓе, одиме на школо, работа, имаме проблеми... Запрашај се што ќе се случи ако никој од нас нема самоконтрола ?? Така да финтата дека НЕ МОЖЕЛ да се контролира не важи за мене. Потоа, како може да те сака и да те тепа на секоја кавга ?? Алооо, девојко, не е еднаш работава! Ти не го сакаш, ти МИСЛИШ дека го сакаш. Тврдам дека не може да се сака некој што не третира така лошо, одбивен му е на самиот организам. Мислам оти ја сакаш сликата што си ја имаш зацртано за него во главата, а тој самиот ни себе не се сака, не па ти да го сакаш. Мој совет и од лично искуство, ти кажувам да се мавнеш од таму пред да ти направи нешто посериозно. Не знам зошто си го трпела до сега, стварно не знам. Да бидам искрена, не ми изгледаш како некоја оноа, ОСТРА женка, со свој став, па само го користи тоа што ти му го дозволуваш. Никој не прави будала од нас самите освен ако ние не го дозволиме тоа. И ти сама знаеш што е правилно што не, само не сакаш да го признаеш тоа. Епа отвори очите, љубовта е слепа, и бегај да те нема од таму. Ќе се чудиш по некоја година кај ти бил паметот.
Дечко ми ме удри Мојата баба секогаш велеше,на маж да не му се научи раката да мава,ако еднаш удри тоа никогаш нема да има крај. Мене воопшто ме запрепастуваат, девојките што успеваат да пронајдат објаснување и оправдување за тепањето. Што се однесува за мојот став,доколку еднаш крене рака на мене толку ке му биде не ме гледа повеќе. Иако од друг агол има и други ситуации,пример познавам девојка која што имаше долга врска, во таа долга врска која што траеше со години- постојано беше малтретирана, и тепана. Го напушти, дечкото што ја малтретираше, физички и психички. Откако поминаа неколку месеци,започна врска со друг дечко, сосема различен од предходниот, разликата помеѓу стариот и новиот дечко, ден и ноќ. Новиот дечко со кој започна врска, фин, добар,интелигентен,чуствителен,знае да ислуша,да даде паметен совет, спремен се да стори за неа ,и најважно од се не би повредил ни на сон, дечко по кој што трчат 90% од девојките,едноставно господин совршен. Првите неколку месеци од врската им беа супер, потоа девојчево започна да си измислува банални проблеми, за на крајот да започне таа да го малтретира него на психички план. Па и несвесно да си поставува самата себе си пречки и сопки во врската, нејзе започна да и фали малтретирањето и тепањето, ма колку тоа било глупо и нереално тоа така беше. Затоа девојки не дозволувајте да ве малтретираат,ке ве осакатат за цел живот. Можеби онаа анегдота, не ме истепа денес !? Сигурно не ме сака повеќе,сигурно си фатил швалерка. Сепак до некаде е вистинита.
Дечко ми ме удри Зашто нема тема Девојка ми ме удри??? Ако он неможел да се контролира и те удри , некој ден ќе му се откачи посилна , и може сериозно да ти наштети. Го сакаш , ама мој совет е раскини... Ќе фатиш некој што те сака , гали и ќе му значиш се на овој свет Не си непослушно куче па ај една заушка ти си цура која треба да се цени , најпочеток сама а после други . Очигледно не се цениш , погледни во огледало . Мислиш дека ти заслужуваш ? Поздрав
Дечко ми ме удри dali nekogas otkako ti pobara proska si pomislila deka so istata raka sega te miluva te guska kako nisto da ne se slucilo.nemoj!Pravis golema greska,da ljubovta e golema no bolkata uste pogolema....zamisli si koga ke bides vo brak so nego,ke dozvolis sekoe utro da te udira?namesto nezno da te pogali i da ti sepne te sakam...Razbudi se od sonistata koi navistina znam deka se ubavi i pogledni vo realnosta,zavrti se okolu sebe ke svatis deka ima nekoj sto tolku te saka a nesmee da ti kaze zosto si zafatena so drug..
Дечко ми ме удри мислам дека не треба да му простис , туку веднас да му раскинес . ако еднас те удри ке те удри и втор и трет и ... пат. НЕМОЈ ДА МУ ПРОСТУВАС
Дечко ми ме удри Дечко или маж кој ја сака и почитува својата девојка, жена не би дигнал рака на истата . Животно не се тепа а не жена . Ако тоа се случило еднаш ќе се случи и нареден пат. Имате очи и право на избор, па пред да биде касно гледајте со каква личност сте .Понекогаш љубовта знае да заслепи и од тоа слепило цел живот да се пати
Дечко ми ме удри Од денеска веќе го избегнувам, не му звонам ниту пак му велам да се видеме. Сакам да се навикнам да бидам без него. Сакам и тој да се навикне дека неможе веќе така. Не ме цени иако ми е единственото машко во животот. Мислам во секоја смисла на зборот. Никој друг освен него не сум имала. Поради тоа ќе се одалечам за да видам како ке ми е.
Дечко ми ме удри Мене не ми е јасно како може и по тој удар понатаму да го сакате и да се чувствувате исто кон него? Па во моментот кога ќе посегне да ме удри ќе исчезне се и љубов и се... нема ни да ми текне на него, а не па уште да го сакам. Не сте нормални
Дечко ми ме удри Ма како после тоа можете да останете заедно? Зар можеш тоа да го заборавиш? Па тој треба да е мој заштитник, моја потпора а не мој насилник! Не ми се јасни ни тие мажи Кој проблем го имаат во главата? Со дечкоми сме заедно скоро 6 години и никогаш ама баш никогаш му се нема случено да ми подкрене рака, да сме се карале сме вриштиле, урлале ама рака да ми крене НЕ! Можам да поверувам во нервоза да каже нешто што не го мисли ама да направи нешто што не го мисли тоа потешко. Девојки бегајте од таквите ако несакате цел живот ќотек да си кркате! Тој не е способен со зборови како и сите цивилизирани луѓе да го реши проблемот, неговото решение е во ударот, во твојата повреда. Никогаш да не ве убедува поточно дека ве сака само за да му се вратите! Па како може да те сака кога ти причинува болка мани физичка па и душевна болка па и трауми после на секоја кавга за било што да се плашиш немој да те претепа. Веќе животните со збор се разбираат, ќотекот е децении, децении позади нас!
Дечко ми ме удри само ќе се одалечиш?? девојко свести се, тој е МОРОН !!! Како бе можеш да легнеш со него, како можеш да го гледаш после еден шамар, а не па 3 години??? И не ти дошло никад да вратиш?? Мене ми се има десено еден дечко да крене рака ама инстикт ли беше што беше му ја фатив раката во вис и со другата јас му влепив шамар. Не ти има дојдено да го акнеш под појас па да види што е болка? Море мавни ја таа стока која не заслужува да има жена крај себе, а ти под итно да си поработиш на себе, ако треба да си идеш на психолог за да видиш што понатаму зашто сакала не сакала ти си осакатена психички. Како што наведоа горе, после ти ќе бидеш таа што ќе малтретира. И ќе ти фали ќотек. Тоа ли сакаш??? Такво ли семејство за твоите деца сакаш?? Свести се додека е време. Не 3 и 30 години да си со него не вреди после 1 шамар да се остане ни 5 мин со него веќе.
Дечко ми ме удри а спремна си целиот твој живот да го поминеш во страв да не знаеш кога тој ќе се изгуби и да крени рака на тебе? дали го сакаш или си со него само заради тоа што се плашиш да му раскиниш? не знам како можи да ти биде мил и да го сакаш после сето ова. мораш да се спасиш и да бегаш од него бидејќи тој никогаш нема да се смени
Дечко ми ме удри Девојко ти и самата знаеш каква ти е ситуацијата и сама знаеш каква ќе ти биде доколку останеш со него. Ако останеш, заедно ќе треба да врвите проблеми, а тој гледаш каде има издувен вентил кога ќе го нападнат тие проблеми - кај тебе. Има едноставно такви личности во момент на бес не можат да се контролираат, и удираат таму каде што знаат дека ќе им е простено. Нема ти што да се тргаш кога тој е лут, тој нека научи да се контролира. Тој си е навикнат, ќе ја истепам оваа ќе ми прости и пак ќе си бидиме заедно. Дури јас мислам дека него му е потребна стручна помош, за да може да го контролира бесот. Убаво ти кажаа, што ако те повреди?! Психички веќе те повредил, не дозволувај и физички. Едноставно оддалечи се од него, ќе видиш дека ќе те побара по некое време, ама немој да му попушташ освен ако си 100% сигурна дека го надминал тој проблем. А и не заслужуваш да си со некој тепач, сигурна сум дека лесно можеш да најдеш дечко што како кралица ќе те гледа. Едноставно немој да дозволуваш да бидеш боксерска вреќа, не си заслужила. Мажите доаѓаат и си одат, ама здравјето еднаш ако замини неповратно, после со ништо не можеш да го вратиш.
Дечко ми ме удри Девојки Хелп! Имам Дечко Идеме Веке 1 год...ама дечко што е сон на секоја девојка(има многу што сакаат да го лапнат ама фала богу се нема десено до сега ).Мојот проблем е што Тој е супер се има многу женски приателки а јас малце сум љубоморна на тоа како и секоа девојка имав сомнеж дека ме изневерил и тие глупости...така да минатиот петок бевме во дискотека и тој стоеше пред мене и која девојка и да помини ке го задени едно друго ке направат муабет а јас стоев сама на шанк..ии ми се смачи веке и му направив сцена на сред дискотека пред многу народ му реков дека од неговите приателки ми е преку к*р му удрив шлаканица и си заминав (расплакана)....А кога ја разбрав работата дека сакал да ми подготви изненадување ми се идеше да полудам...Сега дали да му се извинам или не! Не знаете колку ми олесни ова што го напишав. Чекам Некој Совет. Како Да му се извинам да му приредам некое изненадување? Потребни ми се идеи Ви Благодарам Однапред...
Дечко ми ме удри Не е овде местото на прашањето, ама вака Не си требала да изреагираш така. Ако сакал да ти приреди изненадување, си направила гооооллема грешка. Нема потреба од толку љубомора, ти си со него, не тие А за извинување , секако дека ќе се извиниш, твоја грешка е. НЕма потреба од изненадувања од твоја страна, доволно е едно искрено извинување и објаснување Остатокот зависи од него
Дечко ми ме удри па редно беше да каже некоја дека го нашлакала дечкото доста беа само поплаки од типот ме удри дечкото плс хелп. хахах извинимусе нема др чаре па од него зависи дали ќе прифати или не
Дечко ми ме удри За Верченце Утре и ќе те изневерува и ќе се вади на тоа дека не може да се контролира,ќе те претепа и ќе завршиш во болница ама ќе трпиш пошто господинот не можел да се контролира,ма немој па што е тој?Ретардиран?Па да не може да се контролира?Извини ама сама си правиш полошо со тоа што го оставаш така,искрено чим ти прави вака сега и знае дека му простуваш утре не сакам ни да замислам што ќе ти прави.
Дечко ми ме удри ГО ОСТАВИВ ВЕКЕ 3 ДЕНА НЕ СУМ СЕ ВИДЕЛА СО НЕГО, МНОГУ МИ Е ТЕШКО МИ ДОАЃА ДА МУ ПРОСТАМ СЕ И ПОВТОРНО ДА СЕ ВРАТАМ, НО РАЗУМОТ НЕ МИ ГО ДАВА ТОА СЕПАК УШТЕ Е СКОРО И ЗАТОА МИ Е ТЕШКО
Дечко ми ме удри Нешто слично ми се случи мене.Мојот ме турна како да турка машко, а јас му се развикав и му реков што ти е тебе бе нормален си !!!!! Многу ми беше страв, а другиот ден официјално се скаравме. Сега ми пишува на мсн и на фб дека ме сака и дека сака да се смириме, но после тоа што го направи и што ми се развика нема шанси. Иако си заљубена во него, јас мислам дека не треба да му се смириш зошто нешто како тоа ако се случило еднаш, може да се повтори. Има подобри и некој што ќе те заслужи ќе те има во иднина