1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    24.783
    Ова и не ти е лоша идеја, во најмала рака може пред сите родители да се прераскажат случувањата и да се каже јасно и гласно кој е насилник и што правел. Па нека му ја мислат сите заедно, можеби при повеќе притисок ќе има позитивни промени.
     
    На Adidas888, Nausicaa, SuperGirl24 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.830
    Ова е едно од попаметните работи напишани на темава.
    Мислам, што друго останува ако сите ги мрзи да ја работат работата според законски дадените можности?
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Супер разбирам јас, само твојата претстава за целото образование е чисто проектирање на твоето лошо искуство и не е целосна вистина.

    Да не бидам офтопик, ме интересира чисто од правен аспект - може ли во ситуацијава за која зборуваше џои да се спреми некаква тужба или било што со оглед на тоа што директорот не презема апсолутно ништо?
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Има многу голема разлика од тоа да не го осудиш и искараш детето ако врати на насилник во самоодбрана до тоа експлицитно да го учиш дома ,,ако некој се осмели да те удри одма да вратиш".

    Најбитно е да знаат веднаш да известат родител или друг возрасен на кој му веруваат. Потоа на возрасните е должност да направат сè што е во нивна моќ да не се повтори.

    Ова подучувањето да враќаат произлегува пак од тоа ,,никој не смее моето дете да го тепа", за другите нивните родители да си мислат. И добро сфаќам дека секој за своето си гледа, ама ако не го чепне вашето, ќе чепне некое друго. Дури и да не чепне ниедно друго откако вашето возвратило, големи се шансите да ја потиснува таа фрустрација до некоја точка понатаму во животот кога ќе најде некој послаб (партнер, дете) што ќе му ја прелие чашата.

    Директното подучување за враќање само му кажува на детето дека јак и неистепан ќе биде оној што посилно ќе удри, а слаб и подреден е оној што не знае или не сака да се тепа. Во суштина детето прима порака дека тепање е во ред, само битно е тоа да успее да се најде на врвот на тепачката пирамида. И бидејќи овој начин на размислување е толку широко распространет кај нас, самава тема е сведок дека тепање ни е прв инстинкт (он на МОЕ дете така).

    И уште ова. Неколку членки пишаа нешто во стил го учам да не се закача и да се држи настрана од насилници ако него не го закачаат. И ова мислам дека е погрешно. Ако дете види дека друго дете е тепано треба исто да постапи како што би постапило и самото да е тепано, веднаш да каже на возрасен. Знам дека тоа звучи поопасно за вашето дете, ама објективно само на ваков начин и само со ваков менталитет може на здрав начин да се искорени насилството. Со мрежа од поддршка со другите деца и возрасните околу нив. А не со борби за доминација и за тоа кој ќе се постави поагресивно.
     
    На mareane, La-loca, RainBow и 3 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Просветен инспекторат, општина. Во секое училиште има училишен одбор, треба и на нив да им се обрати.
    За се треба да има архивски поднесок, ако е само на муабет, нема да може да докаже дека училиштето не преземало ништо. Ќе биде нејзиниот збор, против директорот.
     
    На nextredstyle, Angie1432, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Мислите некој на протест ќе излезе? Па не било нивното дете тепано, што има да излегуваат на протест.
    Или се партиски врзани, па не смеат, или имаат врски во школото, па исто така не смеат и нормално дека никој нема да излезе на протест. Како и на се друго. Сосема се согласувам со @Lella , едно од најдобрите мислења на темава и зошто сме тука кај што сме.
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    Ај ќе пишам. Иако не ми е кејф.
    Јас глава на труп ставам дека детето НЕМА дијагноза.
    Детето НЕ ЗНАЕ што е љубов, емпатија...
    Зошто така мислам?
    Поаѓајќи од самиот факт дека родителите одбиваат соработка, немаат слух за однесувањето на детето, претпоставувам дека се работи за дете сосема запуштено од дома, невоспитано на човечки вредности и најголемата улога што игра во ова-НЕПРУЖАЊЕ ДОВОЛНО ЉУБОВ КОН СВОЈОТ СИН.
    Од друга страна, којзнае колку насилство гледа по дома.
    Да трпи врз себе- ќе е трауматизирано и повлечено. Но да гледа - применува. Децата се огледало на родителите.
    Со такви екстремни потези тоа дете само сака да привлече внимание и да го оправда секој збор што му е кажан (лош си, не си воспитан, не чиниш... ).
    Ете, така ми кажаа дека сум таков и таков сум.
    Не за џабе се вели, до седум години како ќе го воспиташ такво ќе биде. Ова чим почнало од градинка, родителите си нашле некој систем на функционирање каде детето е буквално колатерална штета и мислат нема да им се удри од глава. Ете сега им се удира. ДЕТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАПУШТИ ВО ПРОЦЕС НА ВОСПИТУВАЊЕ!
    Не сакам ни на момент да сум во главата на тоа дете. Ниту во срцето.
    Првично родителите треба да одат по психијатри да научат како да се однесуваат, а потоа да се лечи таа траума на детето што неговите му ја направиле.
    Жално е колку можеме да си ги упропастиме децата и да ги направиме штетни за општеството.
    Уште едно детство упропастено.
     
    На Camille84, andromedae, Black girl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Истово го читав од тебе и во темана за неспособни доктори, упорно ги бранеше. Моето мислење е дека намерно ја поддржуваш лошата страна, за да си најдиш занимација на форумов и можност да изнервираш некого. Истото и во анксиозност, истото и со други членови. Како pattern ти е.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.830
    Уште многу детства... и животи упропастени.
     
    На sonuvana, Viveki и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно. И поради ова не смеат да се решаваат проблемите на своја рака, туку институционално.
    Да се натераат стручните да си ја работат работата. А,не насилство , со насилство.
    Децата можат полесно или потешко да се провлечат низ школувањето, но секогаш им остануваат на своите родители, како проблем или гордост.
     
    На LiliBoz, nextredstyle и MissChievous им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    Жено дај врати се во реалноста малку. Која лоша страна ја поддржувам, освен ако не си ме прочитала да ги бранам насилниците во школо, немаш основа да кажуваш дека поддржувам некоја "лоша страна".
     
  12. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Кога не сте информирани подобро не коментирајте, постојат онлајн програми за хоумскулинг со многу пообемна содржина отколку во школо што се предава.
     
  13. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Најјако ми е што немате решение а продавате памет.
    Кога веќе институциите не сакаат да реагираат најдобра опција е хоумскулинг.

    Школо како институција е еквивалент на затвор, не можеш да си ги бираш школските другари, затворен си и приморан да трпиш тортура, и тоа многу подолг период од некои затворски казни.
     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Јас основното го мразев зашто трпев од една забегана психичко малтретирање. Не сакав да одам. Немаше ни дружба. Средното го сакав, се дружевме сите.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.830
    Каков архивски поднесок? Што се поднесува, каде?

    За другите, што се оф-топик- Ова е тема за насилство, за булинг во училиште https://forum.femina.mk/threads/Булинг-во-училиштата.31168/page-15
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Секакво барање или поплака до училиштето се поднесува писмено во архива. Усмени разговори и поплаки може и да ги преиначат во непостоечки ако така им одговара, оти нема траг. А ако поднесеш писмен поднесок, имаат обврска да ти одговорат. (ова на потежок начин го научив)
     
    На st-el, Biljarkata и nextredstyle им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.830
    Нормално траг нема, ама кој да знае каква е процедурата.
    И во принцип, и тоа е дел од проблемот, оти не се раѓаш автоматски запознаен со сите законски права, па и обврски. Затоа и прашав, се надевам некому ќе помогне. Фала:).
     
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.541
    Допаѓања:
    8.079
    Пол:
    Женски
    Хоумскулинг или на наш мајчин јазик ,домашна настава ,е бегање од проблемите
    Во ни една ситуација бегање од проблем не треба да е решение..
    Доволно тој хоумскулинг за време на корона ги остави децата пола неписмени .
    Не ни треба тоа. Ни требаат добри наставници и институции кои работат.
     
    На sonuvana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    На Просветен инспектор за жалба на работата на училиштето најдобро е да се пријави писмено за да одговорат,(ние поднесовме по препорака на просветен инспектор)може и усмено има телефони на страната на просветен инспекторат и останати дрн дрн процедури.

    Проблемот е што е блесаво да чекаш институционално решавање кое трае,а твоето дете пати,не сака да оди во школо,се повлекува во себе,анксиозно може и депресивно станува и е во континуран секојдневен страв и стрес.

    И така секој ден додека траат процедури кои поради задолжително основно образование единствено можат да завршат со укор(чудо големо)опомени,советувања за родителите и преместување во друго школо, а тоа не е решавање,ке биде некое друго дете жртва, не

    Тоа е млатење празна слама, додека на детето жртва ќе остане доживотен траг од физичкото малтретирање што го доживеало.

    За него ситуацијата мора да престане и да се реши веднаш.
    Не смее да се чека.
    Не смее со страв да оди во школо.Агонија е тоа за него да биде секој ден во иста просторија 6 часа, додека ти чекаш институционално решавање.
    Или отпиши го детето или стави му на знаење на малиот насилник дека не смее да ја пипне .
    Друго нема.
     
    Последна измена: 18 ноември 2023
  20. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Нема добри наставници и институции, што предлагаш?
     
    На Bouncing Joy му/ѝ се допаѓа ова.