1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство над жената

Дискусија во 'Психологија' започната од pupi.girl, 9 август 2013.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Па еднаш ако е удрена и ако дозволува тоа да стане секојдневна навика... тогаш проблемот е преголем... Се сложувам дека жените што се секојдневно малтретирани треба да одат на ваква терапија. Никоја жена не смее да биде малтретирана ниту да дозволи некој да ја удри по втор пат :)
     
    На 1mama и XMaN им се допаѓа ова.
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    А оние што на улица напаѓаат жени, ко во Кенија или во Индија, и тоа би требало да се подразбира под тема со ваков наслов, не? Што ако си физички спретна ако има 5-10 души спроти себе? Помага тоа во голем дел случаи, да, ама..
    Друга работа, не СИТЕ ДРУГИ (нели оние што немале таков проблем или искуство) сакаат обука. Јас познавам добар број девојки кои не сакаат ни да слушнат за тренинзи и останати работи, такви се, дел се и шмизли и имаат анимозитет кон спортски и боречки вештини. И со нив шо праиме? Ако не знае да се тепа, не значи дека некој треба да ја тепа неа. А низ психичка обука нема што сите да сме поминувале, мене доволно ми е јака психата и знам што треба да направам ако ме чепне само некој од мое опкружување. Ако сме друг пол не сме животинки, па сега дресирање.
    Нека се донесат построги закони ако навистина постои волја да се спречат потенцијални жртви и да им се помогне на оние кои веќе искусиле таква работа, друго што може да се прави.

    Не знам, јас со толку затуцани луѓе не сум дошла во контакт и не ми е многу сфатливо да има такви, ама пак се враќаме на тоа дека сепак е до личното поимање. Ако има средства и образование, таа може да се обиде покрај мажот да ја отпише и фамилијата, што ќе и се коа се такви. И не знам зошто овие работи се врзуваат со менталитетот, тоа што некој повеќе сака да ја гледа ќерка си во ковчег или секој ден со модрици само заради зачувување на брак (што ќе речеле луѓето, а чекај, што побогу можат да речат луѓето за насилство?) е некаков проблем во главата, нема врска со навиките во местото на живеење.. А навиките на живеење кај нас по дефиниција и не се такви, според мене, само некои се позаостанати..

    Ако не можеш да победиш придружи се :x трагикомично. Па викам дека не е секој за жалење.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    вистнски маж не удира жена . а оној кој што тоа го прави не е човек туку животно !
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    E...V...I...L не си ја рабрала баш проблематиката, не е ова два и два четири :). Точно дека не секоја жена ќе сака или ќе може да помине соодветна обука ама ќе има многу што ќе сакаат (ако знаат дека имаат таква можност) и на нив животот може од корен да им се промени. Ако една соодветна обука им помогне на 3 жени од 10 да не бидат жртви на насилство тоа е веќе огромен успех.

    „Шмизлите“ кои ги спомна можеби сега не би вежбале но ако имале можност како девојчиња да вежбаат од каде знаеш дали би биле така неспортски конституции како денес? Има деца што се антиталенти за спорт но со правилен психолошки пристап и вежби развиваат ем талент ем желба за вежбање.

    Впрочем правилна обука учи да развиеш осет за евентуални опасни ситуации, тоа не значи дека секогаш 100% ќе избегнеш секоја ситуација но кој и процент да се зголеми е веќе успех и нечиј спас.

    Да не спомнувам дека девојчиња што се правилно обучени ретко или никогаш нема да дозволат како возрасни некој да ги злоставува ни психички а уште помалку физички.

    Не си видела какви ефекти има соодветна психофизичка обука, јас сум и ги знам предобро ефектите кои често пати на почетокот не можат ни да се замислат :)

    Насилникот тешко да го смениш ама себе си можеш и те како добро да се обучиш и да спречиш да бидеш нечива жртва за изживување.
     
    На Arya Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Секое насилство предизвикува појава на траума. Ако жената после одредено време не може да се соземе би било препорачливо да се консултира со стручно лице. На тој начин подобро ќе може да помине преку тоа што и се случило, ќе почне да биде посамоуверена, подобро ќе и биде на некој начин.
    Сите си знаеме до каде е границата, не смееме да си дозволиме некој да си помине само така преку неа. Ако некој ме удри нормално е дека и јас ќе го удрам. Во случај да претрпам траума без размислување ќе си побарам сручна помош. :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^^

    Не е дека не сум разбрала. Ти како решенија предлагаш методи кои во многу околности се и непрактични.. Шмизлите (ај добро рачунајте во наводници дека ги ставам) ги знам уште од девојчиња, бегаа од физичко. И не се само шмизли во прашање, мислам дека убаво напишав во претходниот пост, дел од нив.
    Тоа за што зборуваш токму од таму може да започне, од училиштата, спортот е задолжителен предмет, тука би требало да се врши некаква подготовка и поттик кон практикување спортски активности, ама сите знаат дека тоа е слаба карика, а и во ретки случаи кога часовите се искористуваат продуктивно, не можеш секого да натераш да вежба, затоа што не секој е спортски расположен.
    Ако целиш кон приватна обука, оние општествени слоеви кои се најзагрозени од ваква појава не можат да си ја дозволат. А веројатно дека на повеќе од 90% од оние кои поминале низ континуирано насилство им е потребна психолошка терапија, ама тоа треба да го овозможат повисоки инстанци. Зашто мислам дека темата е првенствено отворена за насилство во врска, брачна или љубовна, ако ситуирана жена влегува во брак и ако мажот понатаму крене рака, ако е физички подготвена ќе му врати, добро, ама таа и без тоа ќе биде свесна дека треба да замине и да расчисти тука. Инаку, што, ќе остане и ќе се тепаат по дома? А насилникот дека е психопат нели, јасно е дека не можеш да го измениш, тој треба да се казни и да се изолира. Тоа што жената/жртвата ќе му враќа не е нешто што ќе го запре. Јас поддржувам и тренинзи и се останато, ама тука нешто друго не штима, во друго е проблемот. Тоа три од десет веќе и сама го заклучив
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Грешка си, предлагам методи што се и практични и даваат конкретен резултат, ова од искуство ти кажувам.

    Тоа што ти предлагаш е нормална постапка за општо намалување на насилство врз жените, работа со психолог, улога на социјални служби, едукација на децата, казни за насилниците итн.

    Јас на темата кажав метода за која ми е проверено дека дава резултат но тоа не значи дека треба да се остане само на тоа, комплексна е темата и си бара комплексно и обемно решение во подолг временски период во кое мојата метода е само една но многу важна алка.

    Инаку квалитетна дискусија без разлика што можеби не се согласуваме за методите :).
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Официјални статистики
    60% од жртвите на семејното насилство се женски лица; (голем процент од другите 40% се децата)
    • Кај жените 80% од жртвите на физичко насилство се невработени или неактивни;
    Примерокот покажува нулта бројка во однос на сопруги извршители на физичко насилство;
    • Во однос на сексуалното насилство (прашање упатено само на жените) 100% од извршителите
    биле сопрузите или поранешните интимни партнери (сопрузи или други)
    *повеќе од 3/4 од инцидентите НЕ се известени кај ниту една од јавно достапните
    служби;

    Од кога почнав да ја истражувам и да работам на темава се запрепастив... Физичкото насилство постои и кај оние кај кои најмалку ќе очекуваме (вклучувајќи и високо образовани лица), кај девојки (кои по секоја цена сакаат да останат со дечко-насилник заради х причини), кај фамилии кои однадвор изгледаат совршено. Она што е уште пострашно од физичкото насилство е сексуалното насилство, односно принуденост да се има секс со партнерот, и покрај тоа што вие одбивате (ова спаѓа во категорија силување, иако многу малку жени се свесни дека за истото постои казна во кривичен законик). По комбинирано малтретирање (психичко, физичко и сексуално) дури и на краток период, нема жена која излегла со здрав ум... Страшно е да се види состојбата на жената која излегла од таков брак/врска...
    Има многу причини со кои жените го оправдуваат насилникот и не прифаќаат помош. Наше е да оние кои ги знаеме да ги убедиме дека тоа не е во ред и дека сепак постојат некои места кои може да им помогнат на жртвите
     
    На mimiiiii, XMaN и tessie им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Ќе се изненадите какви жени трпат физичко насилство , јас останав ваква :o
    Не се затуцани туку успешно успеваат да ги сокријат маките , може вам ви личи банално дека не е важно што ќе рече околината , но тие не сакаат да бидат етикирани како такви и поважно им е мислењето на другите отколку самите нив :worried:
    Сметам дека обука би помогнала на млади девојки за да стекнат самодоверба , но верувајте жртвите на насилство не ретко се жени етаблирани во општеството и за жива глава нема да признаат дека се малтретирани ..
    Ме интересира дали некоја жена која поминала ваква обука а била жртва го оставила мажот ?
    Бидејки овие жени не би се пријавиле за вакво нешто туку тивко ќе патат ...
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    mimiiiii ќе ти пратам пп :)
     
  11. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Јас не предлагам нормална постапка, напротив ја критикувам таква каква што е. Законите треба да бидат поригорозни и поефективни.
    Мими, нема тука ништо изненадувачки. Фактори и причини има многу. Од најбанални па се до парите кои играат голема улога. Некои жени можеби преферираат да продолжат да уживаат поголеми материјални благодети во брак, отколку да застануваат сами на свои нозе. Ама уште еднаш, тука кој и што може да направи ако сами не сакаат да си помогнат иако се во можност?
    Секој случај се разликува еден од друг, затоа што и „актерите“ не се исти. Веќе напишав дека знам за еден случај, а знам и уште два кои овде нормално не би ги откривала затоа што не е во ред, иако така би било полесно да ја доловам поентата. Затоа нема ни што да пишувам повеќе, да не се повторувам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Врз мене не, ама врз најбитната женска личност во сечиј живот- мајката имам гледано и гледано и гледано...
    Одново и одново. Бевме многу мали со брат ми, а и мајка ми не сакала да го остај татко ми.
    Нас никогаш не нема гибнато, напротив...
    А неа... Сега од ко поминаја 12 години од нејзината смрт, вервам во развод.
    То беше лекот. Умре од жал, од срам. Камо да бев поголема да знаев... 7 години имав.

    Цел живот- траума!
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Ете не ми е јасно како жените кои се психичко-физички здрави се определуваат да останат и да живеат до човек кој ги злоупотребува.
    Жал ми е кога гледам дека жените се способни самите себеси да се осудат на таков тежок и мизерен (не)живот.

    Жените, без разлика дали растеле во среќно или несреќно семејство, треба да научат да се сакаат и да се почитуваат себе си. Доколку не го научат тоа тие нема ни да знаат дека таквите нешта природно треба да ги очекуваат и добијат од нивните партнери.
     
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.839
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано. Ама најголем проблем е што колку и да се сакаат себеси, го сакаат партнерот (или во многу случаеви децата) повеќе од себе. Се надевам дека никогаш нема да го доживеам ова. Ама за џабе не рекле љубовта е слепа. Најважно е да научиме дека прво треба да се сакаме себеси за да и другите не сакаат.

    Неодамна разговарав со девојки кои работат во засолниште за жени. Според нив, најголем дел од жените таму не се спасиле од брачното насилство порано заради страв и срам. Е тоа се надевам дека брзо ќе се искорени од нашето општество. Жените да не бидат "дадени" кога се мажат, за да после тоа мислат дека надвор од таа заедница повеќе никој нема да ги прими.
     
  15. elena1990

    elena1990 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Заостанала темава..
    Јас да си кажам што ми се случи.
    Завчера кога се вракав од на работа околу 22 часот поминав како и обично покрај мојата улица.Ме сретна еден човек што не го познавав/познавам. И ми се развика : ДОБРА ВЕЧЕР МАЛЕЧКААА ! Јас се преплашив до смрт и не му одговорив. Човекот излезе од колата,се затрча кон мене и ме удри со стаклено шише од скопско пиво во вратот. Јас незнаев што да правам (срека што имав капа и шал можеше и полошо да биде) и човекот седна на земја и се смееше. Јас со насолзени очи од страв отодов дома кај дечко ми и му кажав се. Дечко ми брзо слезе долу и отиде кај него но тој избегал со колата. Регистарските таблици му беа покријани со најлон веројатно за да не го пријавиме во полиција. Тој е моментално пријавен во полиција и се надевам наскоро ке пронајдат кој е овој идиотски манијак ;(
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Леле ова што ти се случило е престрашно. Мора да е некој нетокму чим единствен успех на животот му се вакви гадости. Ваквите не полиција, ќотек тежок колку што е пореметен да не може да фати шише со рацете додека е жив. Се потресов. Каде се има случено ова? Да знаеме, чим еднаш нападнал, ќе нападне пак.
     
    На elena1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena1990

    elena1990 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Ова се случи пред мојата зграда. Да многу беше страшно,јас сум сеуште потресена од случувањата.. Досега не ме има нападнато повторно,не го имам ни видено :(
     
  18. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Да не беше потресена по ваков настан ќе беше чудо. Не верувам дека ќе се повтори, ама за секој случај носи си со себе некое деодорантче што не ти треба. Инаку мислев во кој град се случи ова?
     
  19. elena1990

    elena1990 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Во Струга... :|
     
  20. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    @elena1990
    Страшно. Нормално е да си потресена, кој не би бил после вакво нешто. И стварно е среќа што си носела капа и шал, можело да биде многу пострашно.
    Се прашувам, што постигна тој манијак со ова? Од која причина стори вакво нешто, бог да чува ..
    Се надевам ќе го најдат и ќе биде казнет!

    Ќе звучам како некој лик од турска серија, зошто баш таму ја слушнав реченицава ама: Господ на мажите не им ја дал силата за да ги тепаат жените, туку за да ги заштитуваат!
     
    На elena1990 му/ѝ се допаѓа ова.