1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство над жената

Дискусија во 'Психологија' започната од pupi.girl, 9 август 2013.

  1. elena1990

    elena1990 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Точно така...незнам која корист ја имаше од тоа,тоа е одвратно,никогаш не би го направила тоа.. :|
     
  2. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Тргнувам од фактот дека постојат многу случаеви каде што имало доста покварени женски кои точно знаат како да ја погодат слабата точка и да го испровоцираат машкото, а на многу машки и неретко толку им треба да кренат рака. За после овие што го предизвикале тоа да се прават жртви и невини, кога они тоа го направиле со некоја цел. Е сега кога жените се бореле за еднаквост во минатото, зошто не се еднакви и тука? Па макар и до тепачка да дојде.
    Не може кога не им одговара да се понежен пол, а кога им одговара да се појакиот пол. Штом биле доволно силни да се изборат за еднаквост, тогаш верувам дека можат да бидат и доволно силни да се соочат со последиците од намерното провоцирање. Но не значи дека секогаш постојат последици. Ако машкото е доволно интелегентно ќе сфати дека нема потреба да се возврати на таа провокација со шлаканица или насилство, туку дека е најдобро да си замине.

    Меѓутоа да се изјаснам дека не сите женски се вакви и не сите машки креваат рака.

    Колку и да звучи глупаво и ниско, да јас оправдувам шлаканица доколку сето тоа е намерно сторено или пак доколку го „удирала по болни места“ со тоа што не бирала зборови. Но, никогаш не оправдувам насилство или шлаканица без причина.
     
    Последна измена: 24 март 2018
    На ЕденЧлен, Feminka22, Isobel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Isobel

    Isobel Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    212
    Поштовање.:clap::clap::clap:
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Насилникот е секогаш испровоциран од нешто „намерно сторено“ и за него секогаш постои причина.

    За мене е ниско демонстрирање сила врз послаб, а бидејќи повеќето мажи се сепак посилни од повеќето жени, што особено е точно и е непишано правило во парови (врски и бракови), не оправдувам дигање рака врз жена од страна на маж, освен во случаи кога личната безбедност и живот на машката личност се загрозени. Сфаќам дека постојат и афектни состојби, ако во краен случај мажот е толку испровоциран, згреши и удри шлаканица, тогаш би требало самиот да си се намести, да ја прими назад и можеби сметките би биле израмнети.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    458
    Пол:
    Женски
    Последно нешто што треба да помислите е дека тоа го заслужувате. Никој не заслужува да биде удрен. За се постои разговор, со насилство не се решава ништо. Луѓе сме, сепак. :)
     
    На ane.bella и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  6. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Го почитувам твоето мислење. И особено се согласувам со горнонаведеното дека насилникот е секогаш испровоциран од нешто, за него не постои причина.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Би можела и да се согласам со твоето претходно мислење кога се работи за одредени ситуации. Само што во поголем дел случаи тоа е изговор. Од набљудување сфатив дека повеќето што кренале рака на жена се само погрешно воспитани насилници, не дека навистина не можеле да се исконтролираат. Инаку, наместо нормален маж да си дозволи афектна состојба, не е ништо тешко да стои настрана од жени кои го вадат најлошото од него.
     
    На alexa_dimoska и RAF Camora им се допаѓа ова.
  8. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Мажите кои креваат рака на жена се всушност оние личности кои имале тешко детство. Каде што нивниот татко бил алфа и омега во семејството и кој или имал психички проблеми, проблеми со самоконтрола или проблеми со алкохолот и тие како деца биле сведоци на насилството. Истата состојба после неколку години се отсликува и кај нив, стануваат агресивни и лесно раздразливи и го прават истото што го правел нивниот татко. Мал дел од ваквите личности успеваат да не ги повторат постапките на татко им. Јас никогаш не би кренал рака на жена бидејќи според мене јас ќе бидам само една обична кукавица ако го сторам тоа, се може да се реши со разговор и со аргументирано мислење од двете страни. Еднаш во средно едно девојче ме малтретираше психички и ме навредуваше и за да престане да ми додева на шега и реков ќе видиш ти после што ќе ти се случи. После завршување на часовите ме чекаше со двајца нејзини другари кои беа слични по градба како мене. Јас само си поминав покрај нив и и се насмевнав на девојката.
     
    На Aquamarine93, blonde_supergirl и sjdgo им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Не поштувам насилство врз жената.Не е тоа начин да се покажете колку сте јаки.А тие што мислат дека на машките ќе им газат на нерви и ќе поминат тукутака (јас бев таква) тие се очигледно многу храбри.
     
    На ЕденЧлен и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  10. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски

    Ти ја сфаќам поентата, и да точно, повеќето кои креваат рака се погрешно воспитани насилници. Меѓутоа постојат исклучоци кои ги оправдувам. Како што се имам изјаснето и претходно, сметам дека ако со право кренал рака, тогаш тоа е прифатливо за мене и не го прави насилник. Насилник е оној кој тепа и удира без причина, како што кажа и ти претходно, на него не му треба некоја посебна причина или повод. Али на крајот секако е подобро воопшто да не се стапува во конфликт, или поточно физичко насилство затоа што може да има страшни последици кои подоцна ќе се афектираат на личноста.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што сè уште ќе се изрелативизира за да се испадне уникатна индивидуа и да се издвои од феминизам или било каков -изам... (facepalm)
    Ај ако не да земеме да шамараме сè пред себе што не ни чини без разлика на полот, м? Испровоцирани сме бе...
    Како и секој друг човек, ме имаат во животот и навредено, и испровоцирано до крајна граница барем еднаш досега, и врсници и личности на позиција над мене - па ми нема паднато на памет да кренам рака (wow, не сум знаела дека супермоќ станало ова :party: )... И секако тоа го очекувам од секој нормален човек околу мене, без разлика на пол или возраст.
    Во други теми (донекаде оправдано, донекаде не) изразено се нагласува разумот и самоконтролата како нешто што нè дели од животните во контраст со инстинктите и нагоните (обично сексуални), а овде ќе оправдуваме насилство (во било кој степен) поради неможност да се исконтролираш на вербална провокација? Супер логика, нема што...
    Нема никакво оправдување за насилство и точка. А насилството сè уште е поприсутно кон жената, и феминистките што го истакнуваат истото имаат во рака статистики и докази.
    Баш противењето на овие факти е помодарство и, pardon my French, преп*ч - а не феминизмот.
    ФМП :)
     
    На Lella, ♣ Alba Viduam ♣, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  12. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Кога го видов насловот на темава ми текна на онаа посебна сорта на жени која дефинитивно ја има во голем број во нашава Македонија. Да кажеме дека после многу пати викање полиција од страна на комшиите оти нели, идете брзо, овој ја отепа. Идат тие. Ја гледаат во крв и модринки. Ја прашуваат што се случи. Одговорот е паднав по скали. На прашањето зошто лажи и не го пријавува говедото таа има одговор: "Па мене мажот ми ме тепа. Не некој друг. Како можам мажот ми да го пријавам."
    Она што ме интересира е зошто. Зошто остануваат во таков брак? Финансиска состојба? Страв од осуди? Лошо воспитување? Страв да останат сами?
     
    На crimson, DAngel, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Насилството не е во ред, но реално, не е во ред ниту провоцирањето. Акција - реакција. Но не велам дека треба да има таква реакција. Самоконтролата е многу важна во животот. Ако сите се тепавме и кршевме при провокација или некоја друга причина, што ќе беше од нас луѓето... Треба да бидеме разумни и смирени.
    Пред некое време пишав и во СДК, за жал, многу од жените кои се жртви на насилство молчат за истото. Треба да се покрене свеста и жените да се охрабрат да ги пријавуваат случаите. Вака, самите се помируваат со тоа што се жртви а не е нормално да се биде жртва.
     
    На RoseRain му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Кога си провоциран најдобар начин да се реши ситуацијата е да постапиш како човек со разум, не куче со инстинкти. Макар што моето куче ме слуша кога ќе му кажам да не реагира на провокациите на другите кучиња што сакаат да покажат статус во паркот. Еве, не знам, но сигурна сум дека тоа подобро ги знае човечките принципи од повеќето мудри луѓе на темава.
     
    На Lella, crimson, RoseRain и 3 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не може реакција на провокација или тригер да биде семејно насилство. Не постои оправдување за насилство.
     
    На theowndemon, crimson, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски

    Знам дека те погодува кој што напишал на форумот, каде лајкува и со кого дели ставови, зашто обичен форум доживуваш како бојно поле каде се пресметуваш со ветерници, па обично не им обрнувам внимание на твоите промашени толкувања.

    Но, ме интересира крајниот, болдиран дел и по трет пат го поставувам истото прашање од темата за феминизмот, во надеж дека конечно ќе го добијам одговорот. Што постигнаа модерните феминистки последниве години по однос положбата на обесправената жена и ставање крај на дискриминацијата? Јас не гледам резултати, напротив, нивниот однос кој не би го коментирала во оваа прилика (ниедно време е, ми се спие) е контраефективен и предизвикува реакции на негодување.
    И не можеш да кажеш дека нема никакво оправдување за насилство и точка, бидејќи постои нешто кое го викаме самоодбрана, а постои и состојба на афект, земена предвид како олеснителна околност во правото, замисли.
    Сепак, за силеџии по нарав нема изговор и против нив треба да се постапи соодветно.
     
    Последна измена: 30 март 2018
    На baba Rada, carangigia и alexa_dimoska им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @sjdgo, самоодбрана=одбрана од друго насилство, што не е овде темата, како што не се ни провокациите. На ваква тема сѐ тоа ви е релативизирање.

    А феминистките, драга, можат да предизвикуваат контраефект кај конзервативци, и кај универзални хејтери што не знаат кај тераат (како тебе). Толку само ќе ти одговорам, не можам да се разберам со луѓе што со сета сила се прават најуникатни и одвоени од секакви идеали на форум на кој никој не ги познава. Штета, порано имаше издржани ставови на место :)
     
    На crimson и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Некогаш "си го бараа" само оние кои беа силувани. Сега гледам и за насилство почнале "да си го бараат", е супер. Уште ова ни фалеше за се да биде комплетно.
    Срамно.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, cresa-jagoda, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.994
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно тоа дека има жени кои намерно провоцираат. Има разни случаи. Баш знам за една, долг период имаше некои проблеми со нејзин сосед, нешто околу дворот и постојано запаѓаше во многу жестоки расправии со него. Самата си кажуваше дека намерно не бира средства со кои го нервира со цел да му се сојат жичките и да ја удри за да го тужела после тоа и да му правела проблеми. И тенденциозно гледаше постојано некој да биде сведок на ситуацијата. Немам коментар, стварно крајно безобразно од нејзина страна. Искрено го жалам човекот. Јасно е дека кревањето на рака не е за оправдување ама пак никој не е должен ниту психички да биде измачуван. Навреда знае да боли многу повеќе од шлаканица.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valeria50

    Valeria50 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ne postoi opravduvanje za kakov bilo vid na nasilstvo, od fizicko do psiholosko. Povekjeto svoi klientki ( da, za zal, 90% od niv se zeni) gi sovetuvam da ne se pomiruvaar ni so ednoto, ni so drugoto. Izrazot SI GO BARASE e izmislen od napagjacot, a ne od zrtvata. Sprotivstavete se, zivotot sekogas nagraduva za hrabrosta.
     
    На cresa-jagoda, gjoker4e, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.