Многу ме интересира зашто ќутели девојчево, а и другарка ѝ. Ај нејзе ако ѝ било страв, ама оваа другава зашто ќутела? Дома бар да кажеле, има полиција има социјално.. 2020 година е не е 19ти век па ај ќе се срамиме. Мене да ми удри ќутек некој, не само што нема да ќутам. Секој ден по социјални мрежи ќе го правам од гомно подоле да не може низ вратата од дома да искочи. Многу ме буни моментот на ќутенката.
А кога била повикана девојкава на разговор во Центарот за социјални работи во Штип, не дала согласност да се бара од судот да изрече мерки на претпазливост...е ај сеа оди разбери ја.
https://kukuriku.com.mk/pepi-mi-bes...fuW0FMYs6Frp133e2ZgImyxasOghCv8i2o0C279NEYwhA Девојката била пред два месеца тепана, видеото вчера и го дала на нејзиниот татко да го виде. Мислам дека се е во ред и со бебето, и се познава мешето.
Имаш слична тема. Можеш и таму да пишуваш. https://forum.femina.mk/threads/Семејно-насилство.172/page-43
Оо не, среќа не сум за таму. Трпев булинг и сега ми се враќаат спомени, пораѓајов буквално ме уби, се мислам на моето дете ќе му се случува истото, па си барам утеха тука, знам дека на форумов има добри луѓе
Ве молам некој што се рачуна како психолог или половин психолог нека ми пише во порака да му ја објасам мојава ситуација и да ми даде некој совет
оди на матичен лекар и кажи да ти даде упат пробај на некој од онлајн платформиве за психолози како Е-психолог (epsiholog.mk) најди некој приватен ако ти препорачаат
На сите што ви кажав за мојава ситуација/ моево минато немојте да пријавите никаде, тоа беше само минато... Но многу лошо минато
Само кастрација, и за физичко и за вербално-психичко вознемирување на жените од "машка" страна! Доволно жената трпела во минатите времиња и била потиснувана, држена во страв.
Колку е убаво кога читам дека и вие не поддржувате насилство. Моето дисфункционално семејство тоа го поддржува, и дури ми викаат ако партнер те удри ќе си ќутиш и ќе бараш што си згрешила. Се скарав со нив бидејќи им кажав дека имам други планови за животот и место да се радуваат се нервираат и ми викаат дека сум срам за генерацијата,до сега ако не сум магистрирала ќе сум израснела деца, сите имале големи деца, никој немало да ме сака, сум имала дијагноза што не сакам деца,и сум среќна што не живеам кај нив туку сум 2000км далеку. Не им се ни јавувам, нека си оправдуваат насилство.
За жал постарите генерации сеуште се заглавени со застарени "сфаќања" околу семејството, бракот и "правилата". Многу стресно за тебе е што твоите најблиски така размислуваат. Те поддржувам во тоа дека не ги прифаќаш тие малоумни старински мислења, што си се одстранила од нив и што го сведуваш контактот со нив на минимум.