Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.006
    Допаѓања:
    24.856
    Пол:
    Женски
    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на своето членство донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк. Одлуката доаѓа по долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, а синдикатот не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти и бара покачување од 25 отсто.

    И покрај обидите од страна на Министерот за образование и наука Арбер Адеми да го убеди членството на СОНК дека во иднина ќе има зголемување на платите, СОНК одлучи да стапи во предупредувачки штрајк. Тие бараат што е можно поскоро да се се подобри лошиот социо – економскиот статус на просветните работници во кој тие се наоѓаат.

    https://republika.mk/vesti/makedoni...a-kje-zapochne-na-ulica-namesto-vo-uchilnica/

    Кое е вашето мислење?

    Јас сметам дека имаме премногу неквалитетен наставен кадар во училиштата, вработен преку партиски врски. Учениците според одредени истражувања ни се функционално неписмени, па сметам дека немаат право да бараат покачување на платите. Зашто и овие им се многу што ги земаат според нивната нестручност да образоваат и воспитуваат ученици.

    Ретки се оние наставници кои навистина вредат и кои си ја работат работата како што треба, кои се вложуваат целосно за учениците да стекнат знаење и да постигнат високи резултати. На таквите да треба да им се зголеми платата, да земаат и 500€.

    Ама вака зголемување на платата на сите за 25% не поддржувам.

    Плус ова одложување на почетокот на учебната година навистина не е во ред. Зашто учениците ќе бидат тие кои ќе страдаат, кои ќе мора во саботи да одработуваат, заради нечии глупости.
    Па доста сите си гледаат за себе и за својот џеб, дај нека помислат малку и на тие деца.

     
    На Victorian, НаталиЛили, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.148
    Допаѓања:
    141.879
    Ако ги сменат критериумите за вработување, а не како сега, и шуто и рогато да се напика преку врски, може да бараат покачување.
     
    На Gosh, Purplelilac, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Нека штрајкуваат колку сакаат бар настава нема да имаме :rofl: :devil:
    А иначе, бар кај мене во школо пола и повеќе не заслужуваат ни 1% покачување бидејќи идат на работа колку да се рече а не ги бива
     
    На Golden, Kimberly11, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.006
    Допаѓања:
    24.856
    Пол:
    Женски
    Да де сега нема да имате, ама сигурно нема да ти одговара во саботи кога ќе треба да учите, па кога ќе бидете 6 дена на училиште, а само 1 дома
     
    На Victorian, kukla21, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.154
    Допаѓања:
    123.965
    Пол:
    Женски
    Како дете на професор знам дека и нив не им е лесно, имаат работа, а и одговорности, па до некаде и сум за покачување на платата.
    Во процесот на моето школување, во средно и во основно се соочив со секаков тип професори, некои воопшто незаинтересирани што со сила работат и некои што тотално се заинтересирани, се гледа дека ја сакаат работата и максимално се посветуваат.
    Во образованиот систем недостига чистка на оние од првиот тип, незаинтересираните.
    Да бевме држава во која не преовладуваат врските, партиските книшки, би предложила ние учениците анонимно да дававме оценка за професорите, нивното предавање и вложување во наставата и према тоа да беше и висината на платите, да бидат наградени професорите што навистина заслужуваат.
    Но, бидејќи тука такво нешто нема да успее, сметам дека покачувањето на сите нема да биде фер моментално, бидејќи навистина многу од тие што се моментално професори воопшто не го заслужуваат тоа работно место.
     
    На Multipotential, senjorita-v, Victorian и 19 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.148
    Допаѓања:
    141.879
    Нема врска..
    Саботи за обработување, се само колку официјално да пишат дека го сработиле денот..
    А ќе се промафтаат само, и ќе си отидат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    36.819
    Пол:
    Женски
    Треба да организираме контра штрајк,ова е безобразно,цело лето не штрајкуваа сега ќе штрајкуваат на штета на децава.
     
    На happygirl, mime87, KomP и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум отишла во сабота лани ниеднаш.Се договараме цел клас да не идеме и не идеме.
    Или ќе отидат 2-3ца.Ја си зимам оправданија или нè правда класната.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    280.358
    Во тој "сектор" кој ни ги описменува идните генерации треба да се има пристојна плата.
    Ама не и преку леб погача.
    Сега им текна?
    На 1-ви септември?
    Или го истераа од одморот, дојде време за на работа па ај сеа ќе привлечеме внимание.
     
    На JoanaS, kukla21, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.148
    Допаѓања:
    141.879
    Баш така..
    Преку лето може и да не се запримети толку, ама кога треба да има настава, нема да има човек кој нема да знае дека ќе се штрајкува, и за што.
    Добар ПР.
    Ќе да е политичко масло.. според моето скромно познавање на нештата
     
    На candy.cane, boomsleng, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ми рече немало ништо да има да не се радувам со време.
    Исто вика дека било политичко масло, ради целиов хаос во државава.Ама греота е професори- ПРОСВЕТНИ работници да се мешаат во тоа.Поготово ние што ќе испаштаме за нив и ќе треба во саботи да одиме- ја нема да одам фала Богу.Ќе се заебава некој на наш грб па уште и да му учам во саботи, ахахахај никогаш.
    Башка 25% не се малце пари.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.148
    Допаѓања:
    141.879
    Како не ќе се мешаат, кога повеќето се преку некоја партија вработени.
    Работното место им зависи од политиката.
    Затоа и толку 'квалитетно' образование имаме
     
    На candy.cane, dayla, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    18.471
    Пол:
    Женски
    Свесна сум веруј ми.Кај мене во школо сите знаеме кој професор од која партија е.
    Апла се знае, плус што некои си дозволуваат и на час да зборат за политика.Мада од околу го пуштаат муабетот бидејќи нели не смее за политики, религии и такви теми да се збори.
     
    На Golden, WildMk и Amelia им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    36.819
    Пол:
    Женски
    Од 10 јуни до до 10 август имаа 2 месеци да штрајкуваат.
    Ама не,на грб на децата сега ќе штрајкуваат.
    Срамота.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    91.521
    Акo -штрaјк знaчи престaнoк нa рaбoтa, кoјa е лoгикaтa дa штрaјкувaaт вo месеци кoгa не рaбoтaт?
     
    На Stressed Out, mareane, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    36.819
    Пол:
    Женски
    Па работат ,како не работат.:|Не се на одмор цело лето,мора да одат во училиштето секој ден.
     
    На kukla21, candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    91.521
    Уште дa oдaт редoвнo.
     
    На candy.cane, boomsleng, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    8.447
    Пол:
    Женски
    А колку се ангажирани и колку работат со елан, се гледа по резултатите во образованието.
     
    На WildMk, boomsleng и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    23.966
    Искрено, ако тоа им е стимул да се подобрат и надградуваат себе си во работата, нека бараат покачување. Ама повеќето не сакаат да чујат за промени и за личен напредок, а сакаат повишување на платите. Тука е проблемот мислам. Нека оди тоа правопропорционално.
     
    На kukla21, WildMk, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    11.490
    Пол:
    Женски
    А квалитетните професори да не добијат покачување оти има неквалитетни што не заслужуваат. Чаре за ова?
     
    На candy.cane, mareane, sierra и 3 други им се допаѓа ова.