Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Discussion in 'Политика и настани' started by cresa-jagoda, Aug 25, 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    16,903
    Likes Received:
    130,078
    Gender:
    Female
    Во моето основно и средно не ни бараа пари за копирање,само ни рекоа сами да си купиме и носиме марамици и сапуни за нас.
    Ама,не се жалеа на платите.
    Со разумно трошење и соодветно штедење се преживува.
     
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,279
    Likes Received:
    2,814
    Gender:
    Female
    Треба да се покачат платите,од проста причина,што можеби тогаш би му дозволиле на вашето супер паметно дете,да се школува за учител или професор,доколку го посакува тоа.
    А не утре,нејзиното дете да и го учи најлошата соученика од клас,која не можела да запише програмирање или економоја,па ете станала професор,за жал...
     
    BloodElf and DAngel like this.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    16,903
    Likes Received:
    130,078
    Gender:
    Female
    Чекај малце...
    И за да се стане наставник/професор потребен е одличен успех.Па и од тие примените преку врски има петкаши.
    Ако тој/таа работи добро,тоа треба да се цени.
    Ама да не се преценува.Идат да се бунат,а земаат пари и од партиски ангажмани,возат коли,полнат колички во маркети...
     
  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2016
    Messages:
    2,417
    Likes Received:
    34,778
    Gender:
    Female
    Мое мислење е дека штрајкот е оправдан, но не за сите. Всушност кај нас најчесто најгласни се оние кои се најмалку оштетени. И искрено би рекла ако, нека им се зголемат платите и на неработниците ако тоа им биде стимул за понатамошно подобрување, но знам дека нема да им биде.
    Не е фер за тие кои се навистина посветени и се трудат околу напредокот на децата да земаат пониски плати само поради неработниците.
    Решение би било да се вршат анонимни анкети за децата да одговорат дали предавањата се доволно јасни, а професорите доволно коректни и достапни за прашања. Исто така да има анкета и за родителите дали децата си идат дома со повеќе хаос во главата отколку знаење.
    Само вакво нешто тешко би успеало тука. Сосем јасно е дека и тука ќе се вмеша политика и се враќаме на старо.

    Инаку верувам дека правилен метод за предавање на лекција не е давање обврска на децата да ја прочитаат и да ја раскажат додека професорката си ги лакира ноктите. Исто така не верувам дека е должност на ученикот да го среди на компјутер наставниот план за професорката, да оди по банки и пошти да плаќа сметки за време на час, да отиде до маркет да му купи доручек на професорот и слични некои „ученички“ обврски. Кога ќе се сетам на ваквите примери токму тука ми се создава револт поради кој под ниеден услов не можам да оправдам колективно зголемување на примањата.
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Joined:
    Aug 28, 2017
    Messages:
    3,097
    Likes Received:
    6,688
    Gender:
    Female
    Ко ке нема да бидат примани преку Рајко, Стојко тогаш нека се борат за високи плати а не вработат ги(наместат) и ајдее одма дама из лондона понижува ги децата и нивните родители.
     
    EMMA EMILY and cresa-jagoda like this.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    16,903
    Likes Received:
    130,078
    Gender:
    Female
    Најдобро би било да се спроведат анонимни истраги за нивната работа и да бидат платени по заслуга.
     
    cresa-jagoda likes this.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2015
    Messages:
    656
    Likes Received:
    2,637
    Gender:
    Female
    Професорите одат на работа кога се одработуваат саботи. Учениците се тие кои не доаѓаат. Родителите се тие кои сметаат дека не треба да ги праќаат своите деца во училиште. Настава не се држи со 20 ученици во цела генерација. После првиот час, кога ќе видат тие 20 дека се единствени во училиштето, 15 од нив ќе си заминат после првиот час, а останатите 5 ќе бидат осободени. Професорите секогаш ги убедуваат учениците дека мора да дојдат во сабота, им се ветува скратени часови и што не, дури им се закануваат со неоправдани само да одат на училиште и тие пак нема да отидат, а родителите ќе ги оправдаат.
    Професори работат со години, а нивниот труд не го цени ни државата, ниту родителите. Кога еден прпфесор не го ценат родителите тогаш уште помалку ќе го ценат учениците. Професорот во нашата држава е деградиран и нема никаква почит од никого. Секој му се обраќа како сака и секој си зема право да му се заканува и да му бара што сака. Нема ни основни средства за работа, нема доволно функционални столчиња, клупите се нишаат, таблите е испукани. Само 2 прожектори и еден телевизор во едно цело училиште (со исклучок на училиштата во Скопје, бидејќи нас по другите градови никој не не ферма). Наставната програма бара примена на ИКТ во 40% од часовите, а компјутерите-расипани, па ајде професорите влечкаат од дома лап-топ, звучници, кабли и триста чуда и прашање е дали прижекторот ќе биде слободен оти може го зел друг професор пред тебе, па ти џабе си спремал дома презентации, извадоци од филмови, документарци и слично. Дали прпфесорот треба да си купи прожектор за да ја исполни наставната програма? Тестовите не се принтаат во училиште, туку се принтаат дома, секако ако имаш принтер, ако не ги печатиш во фотпкопирница. Даваш пари од свој џеп. Замислете по 36 ученици во пет класови во генерација, а предаваш на 2 генерации. Тест се прави најмалку 4 пати годишно. Удрете математика. Ако побараш пари од учениците, ќе се најдат паметни и ќе препрашуваат, што, како и зошто. Така, на голем дел од професорите им е срам да побараат пари од учениците и си плаќаат од свој џеп. Наставната програма бара прпфесорот да биде креативен, да прави хамери, игри сп листови во боја, креди во боја. Вие мислите дека училиштето го има тој материјал? Не! Професотот сам го купува. Ако дојде инспекција и професорпт нема хамери, презентации преку прожектор и слично тогаш ќр биде оценет неговиот час како не ефективен, а може да биде и казнет на плата. И на сето тоа ти да земаш под просечната плата. И тоа не малку под просекот туку далеку под! Мотивацијата опаѓа во таква работна атмосфера и последователно е тоа да се јави незаинтересираност кај професорот. Секоја чест на тие што и покрај сите деградации и непочит кои доаѓаат од сите можни страни, издржале и ја солувале својата мотивација и елан за работа. Ама факт е дека мнозинството ќе се разочара во својата професија. Таа незаинтересираност јас би ја нарекла разочараност. Ги оправдувате мајките во пост-породилна депресија кои искажуваат незаинтересираност за сопствените деца, а не професорите? Не велам дека не треба да ги оправдувате таквите мајки, туку сакам да кажам дека разочараноста е иста. Мислите дека се' она што го напоменав не го води професорот во депресија? Грешите страшно!
    Пред некој ден читав исповед на одделенска учителка. Родителите ги учат децата да читаат и пишуваат уште пред да тргнат во школо за да можат да се фалат дека нивните деца се паметни и интелегентни, а забораваат да ги научат самостојно да знаат да се облечат и закопчаат јакна, да си го избришат носот и газето после какање, да си ги врзат врвките... и пак, наставната програма бара часови по Природа со тоа што ќе се изнесат учениците надвор. Меѓутоа што се случува. 70% од учениците научиле да пишуваат пред да тргнат во училиште, а од тие 70%, 30% не знаат да си ја закопчаат јакната, 30% не знаат да си ги врзат врвките, а на останатите 10% им се кака и мочка, ама не знаат да се избришат. Додека учителката да ги стокми сите - поминал часот. Учителките им сугерираат на родителите дека нема потреба да ги учат дома учениците да пишуваат, тие се за тоа тука, туку да ги научат сами да се облечат и да одат во ве-це. На тоа родителите се лутат, се навредуваат, се закануваат....И после учителката е крива, не ги изнела учениците надвор. А како да ги изнесе? Друга ситуација- ученикот не носи домашно затоа што мајка му ја редела чантата, па заборавила да го стави и домашното. Кој е крив? Мајката? Детето е оправдано, така? Не! Редењето на чантата никако не смее да биде обврска на родителот, а мајката не може да биде крива за тоа што детето нема домашно! Детето е тоа што треба да мисли далк домашното го ставило или не во чантата. Тоа го учи на исполнување на обврски и самостојност. Утре тоа дете се' ќе чека од мама, затоа што мама така го научила. И по 20 години мама ќе кука и коси ќе куби, ама во сегашноста учителката е крива. Така е полесно. Ако, нека ви биде лесно. Се додека само учителите, наставниците и професорите ви се криви, а вие родителите сте супер ќе имаме осакатена, неписмена и неспособна младина. Што мислите како се вработил неписмениот кадар со дипломи? Кој ги платил тие дипломи? Кој се тепал, карал и заканувал на професорите и наставниците во средно за нивите деца да имаат петки? Родителите! Да, да, вистината боли и подобро ви е да ја прифатите и да се сносите со вината.
     
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,279
    Likes Received:
    2,814
    Gender:
    Female
    Можеби има...но,факт е дека многу деца кои сонувале да држат дневник и шират знаење,се откажуваат од тој свој сон,ако веќе можат да изберат нешто што е подобро платено.
     
    Someonespecial and DAngel like this.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    16,903
    Likes Received:
    130,078
    Gender:
    Female
    Еве ситуации во средно...
    Професор им вели на учениците да трчаат 10 круга во сала.Они почнуваат,он излегува од салата,си пали цигара и буља во смартфонот.Учениците престануваат со трчање,го чепкаат дневникот,земаат топки и се маваат.
    Професорка им вели на учениците сами да прочитаат текст на Германски и да одговорат на прашањата во учебникот.Тие ја прашуваат што значи некој непознат збор.Она си гледа во ноктите и си листа списание.Се прави дека не ги слуша.
    Ова за награда ли е?
     
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,279
    Likes Received:
    2,814
    Gender:
    Female
    Ете ти пример на личност која никогаш и не посакувала да биде професор.
    Но,некои кои сонувале за тоа, се откажале од тој сон,поради малите плати и поради севкупната слика во која тавори образованието.
    Од некаде мора да се почне.
    Нека тоа биде од платите.
     
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2011
    Messages:
    1,552
    Likes Received:
    8,265
    Gender:
    Female
    Никој не се тепа за по висока оценка. И по факултети и по средни и основни училишта е така. Ќе пуштат родителите евричи или некој добар подарок. Или ќе му речеме на Стојан да му каже на професорот кои ми се мама и тато за по висока оцена.

    А професорите ако не сакаат таков третман од родителите, имаат претпоставен кој може да ги санира проблемите.
    Ама чекај малце Маќедоња сме. Партиски све е вработено. Претпоставениот може да го вработи Стојко кој ја чека мојата позиција работејќи со диплома и знаење у фабрика (како општ работник) за минималец.
     
    cresa-jagoda likes this.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,971
    Сите требa дa се кренете нa штрaјк зa ветените 500 еврa.
     
    Martka, Peperutce1115, SexiLy and 7 others like this.
  13. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Joined:
    Aug 17, 2012
    Messages:
    778
    Likes Received:
    11,875
    Секој има свое видување на темава, во право се и тие што велат дека треба покачување но и другите.
    Наставничката професија не е платена високо никаде во светот, отприлика секаде платите се само просечни.
    И оние што завршуваат за таква професија се свесни дека нема да имаат напредок во кариерата, а и платата е фиксна. Немаат напредок во кариерата. Цел живот се наставници, единствено да стигнат до поголема плата е со фондот на часови, или ако успеат да се мушнат со некоја улога плус во администрација.

    Нивната плата, споредена со други професии за кои исто така треба високо образование, се добри.
    Се разбира и во однос на тежината на работата. Дали е во ред доктор да зема 30 000 а наставник 24/5 000? Докторот се школувал 6 години, тежок факултет завршил, од него зависат животи на луѓе, постојано е на повик а наставникот со 4 години, притоа факултет е каде-каде полесен од медицина, работното време им е варијабилно, некогаш може и со 4 часа да завршат, некогаш имаат и 6. Саботи и недели им се слободни, летен одмор 1 месец летно време, плус уште еден месец од летото кога одат до школо само да титнат картички и седат во канцеларија два саати и си бегаат дома пред да фати топлото.

    Океј е да им се покачат платите, ама платите на сите работници - усогласено со инфлацијата. Не само на една група, бидејќи на тој начин веднаш се деградираат други групи и професии. Стварно не било океј ако им се покачи платата само на наставниците, на тој начин процентуралната разлика во платите меѓу нив и докторите се намалува а тоа доведува до револт.

    Патем, од мое досегашно искуство, сите наставници се партиски вработени, без соодветно знаење. Доаѓа една влада- си става нивни, доаѓа друга влада, ги остава старите што имаат неопределено решение другите ги брка и си става нивни.
     
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,912
    Likes Received:
    36,752
    Gender:
    Female
    Зошто не кренавте штрајк заради лошите услови, лошата програма... туку за пари? :^)
     
  15. 1992g

    1992g Популарен член

    Joined:
    Jan 9, 2014
    Messages:
    999
    Likes Received:
    9,626
    Gender:
    Female
    Мајка ми е професор по англиски јазик во средно училиште, англискиот и е и мајчин јазик, исто така и има завршено и англиски јазик и книжевност. Веќе 25 години работи како професор и досега била класен раководител на 6 генерации.
    Некоја година ќе има полн фонд часови, некоја година ќе и скратат минимум што ја лутеше дури и да даде отказ, за среќа после 15 години во просвета доби решение и не мора да се нервира дали ќе и варира платата од часовите. Сега зема 24.000 и нешто чинам, а е 25 години во просвета, животот од 7 наутро до 4 попладне, или втора смена од 1-2 до 8 навечер го има посветено на учениците.
    Бидејќи едноставно платата не стигнува, таа работи и во центри за странски јазици викендот, како и заменик професор по англиски во приватни школи.
    Има добар, непристрасен однос према учениците, ниту се врзува за нив, но, ниту е дива, но за својот клас на крај од 4 та година кога ќе матурираат дома е недела дена под депресија.
    Штом ќе влезе на час, за да им крене адреналин на табла пише зборче или фраза за лекцијата што треба да се предава и бара brainstorm ideas, и тоа на сите ученици креди да си ги запишаат идеите. Така дури пишаат идеи, таа го запишува часот и тие седнуваат и најдобрите идеи според неа ги заокружува и ги фали учениците што направиле конекција со таа идеја, иако како што вели ни една идеа не е лоша. Потоа прашува за отсутни и едно 10 минути по број на номер зависи кој датум сме, прашува ученици за претходната лекција. Ако е 26 ти, го станува број 26, па 6, па 16 се така. Потоа, ја предава лекцијата и на крај пред да ѕвони прашува ШТО НАУЧИВМЕ ДЕНЕС ?
    Домашна никогаш не дала, нема ни да даде, само ги замолува да читаат тоа што го учеле сега на час, како и што дава по 1 лектира за зимскиот распуст и по 2 за време на летниот.
    Како што вели, олеснителна околност е што денешните генерации веќе течно зборат англиски, но најголемата мака доаѓа кога мора да им објасни граматика, а тие не ја знаат ни македонската, а камоли англиската за да ја сфатат, па мајка ми исто така е и неформален професор по македонски јазик.
    Затоа сметам дека мајка ми заслужува отскок од минимум 25% покачување на платата, барем и викенди нема да мора да работи.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,971
    Кaј смеaт глaс дa кренaт. Oвa зa плaтите изгледa дoгoвoренa рaбoтa е дa им ги кaчaт, пa демек aј штрaјк, дa не биде декa влaдaтa тaкa леснo се рaсфрлa сo пoкaчувaњa.
     
    candy.cane and cresa-jagoda like this.
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2015
    Messages:
    656
    Likes Received:
    2,637
    Gender:
    Female
    А зошто мислиш дека ништо не правиме за тој проблем? Од каде се информора дека ништо не превземаме за да го решиме проблемот? И дали воопшто од некаде проба да се информираш?
     
    candy.cane likes this.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    9,376
    Likes Received:
    90,419
    Gender:
    Female
    Одат во сабота?
    Можеби, ретки исклучоци.
    Во сабота кај керка ми беа 15 деца од 26 ,а од професорите дојде 1 ,да добро читаш 1 предметен наставник од 7 часа дента.
    Е нема да ја пуштам во сабота.
    Второ ,на државни натпревари децата си ги носиме ние,родителите,бидејки наставниците не им одговара дека е сабота ,а натпреварите се најчесто во сабота,па ми се има случено да се потпишам како ментор бидејки наставникот не се појави на регионален натпревар.
    И после децата не доаѓале,родителите биле криви.
    На кој не му се допаѓа професијата нека се преквалифицира,тоа во нормален свет е нормално,и немој да ме убедувате дека имаат 8 часовно работно време,ве молам.
     
  19. sierra

    sierra Истакнат член

    Joined:
    Aug 15, 2019
    Messages:
    203
    Likes Received:
    908
    Gender:
    Female
    Како не бевте вака гласни кога одлучија да им ги зголемат платите на воспитувачките од градинките? За тука немате некој пример со "готово кафе и цигарче" на кој не му се работи?
    И како од сите партиски вработени во државни установи само наставниците по автоматизам се неквалификувани?
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2010
    Messages:
    2,072
    Likes Received:
    5,132
    Не подржувам
     
    cresa-jagoda likes this.