Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Не можам да знам како е во сите училишта низ државава. Зборувам за таму каде што знам. Дали одат по натпревари не знам. Не им водам сметка, ниту се распрашувам по други наставници или ученици. Дека има неодговорни наставници-има, ама дека се речиси сите, како што кажувате тука, тоа не е точно. Е сега ти да си наставник и одиш на работа, не наоѓаш никој, што ќе правиш? Затоа што мене ми се има случено да одам на работа во сабота и да видам катанец на вратата. Нормално, се јавив да прашам што е работата и добив одговор дека немало ученици, седеле неколку саати и на крај си заминале. И немој да мешаш допаѓање на професија со немање основи услови и средства за работа. Оди биди доктор без никаков инструмент и лек или програмер без компјутер. Заборавате дека имаме факултети на кои нема доволно компјутери па студентите програмираат на хартија. Учат програми за програмирање кои се застарени и веќе не се користат наместо тие што се користат. И кој е крив? Професорот што предава на тој факултет? Смешки.
    И да, имеме 8 часа работно време. Предвиден е еден час работа дома за спремање на часот, и уште еден час за да се одржи тој час во настава. Ете замисли се ти наставник. Имаш определена лекција за предавање. И така ќе си излезеш пред ученициците без да испланираш што точно ќе кажеш на час, без да спремиш примери преку кои ќе ја сфатат теоријата, без да спремиш прашања и вежби за крајот на часот, така? Тебе тогаш се' ќе ти текне, во моментот ќе смислиш. Епа не оди тоа така, драга моја. Не можеш ти да застанеш пред учениците и да се мислиш за пример. Или да предаваш, па да ти текне дека тоа и тоа си пропуштила да го кажеш и да се враќаш назад за да го предадеш и со тоа си го направила мозокот на децата каша-попара. Без ти дома да седнеш, да си го загрееш столчето (исто како ученик) за да ги испланираш тие 45 мин. - твоето предавање не е ефективно, воопшто ќе го нема и да го има ќе биде конфузно предадено и учениците ништо нема да сфатат. И да бидам реална: онај наставник кој ќе ти рече дека тој се' си знае и дека не треба дома да седне барем да го повтори материјалот за предавање - те лаже! Тоа е исто како филм или роман. Го гледаш/читаш, наредната година се сеќаваш на главните настани, ама на детали не се се сеќаваш. Значи јас за да излезам пред ученици и да предавам не само што треба да ги осмислам тие 45 мин. туку треба и да си повторам, да се потсетам. Мене ми е срам да излезам со книга пред табла, или да застанам да се мислам за пример. Не велам дека нема професори што не им е срам. Секогаш и секаде има секакви. И да, сите до еден се влезени со партиски книшки. Тоа е точно. И тоа не значи дека сите се неписмени. Демек тие со просек 9-10 не одат по партии? Ги има многу со високи просеци и стипендии што влегле на работа преку партија. Зошто? Затоа што се свесни дека со нивниот факултет можат да работат само државна работа, а до државна работа се стигнува само преку партија. Ете затоа. Кога не гледаш друг излез, ќе те уценуваат како сакаат за да влезеш на работа. А кога ќе влезеш ќе те ти прават сопки колегите од другата партија или тие што го предаваат твојот предемет затоа што мислат дека си дошол таму да им ја земеш ктуната и тронот. Ќе те уценуваат и ќе ти се закануваат сите. И ти треба да си ја погазиш гордоста, да си ги погазиш сопствените принципи, да работиш во никакви услови, во училиште кое се распаѓа, да даваш пари од свој џеп за да можеш да оствариш настава. Не ги осудувам тие што не си ја работат работата како што треба, а не ги ни оправдувам. Мислам дека секој нормален би изгубил и енергија и желба во такви услови. Дури и би попуштил психички. И некој од страна ќе ми дојде и ќе ми кажува дали мене требало или не требало да ми се покачи платата. Демек вие гледате што се случува. Ајде да речеме гледате, а дали разбирате?
     
    На Angie1432 и sierra им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.747
    Допаѓања:
    129.146
    Пол:
    Женски
    Кој сака да работи,ќе работи и кога сто души му го загорчуваат животот.
    Една моја професорка секој ден ја маваа со креди.Слушаше 300 прекари.
    Таа само се насмевнуваше и предаваше.
    Ама тикви со расол дека скоро цел ден работат. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Имаат време да пијат кафе и да јадат во канцеларија и да излезат да пушат цигари.
     
    На fana и An-na им се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    А ти да си на нејзино место би работела како неа?
    Кој е тој што на работа не смее да има време да јаде или да се напие кафе? Па тоа е човеково право, ти свесна си што кажа? Да се чуди човек. Немам коментар....(facepalm) (сега и јас имам потреба од смајлито на Вајлд што се крсти)
     
    На candy.cane, lovestoneddd, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.747
    Допаѓања:
    129.146
    Пол:
    Женски
    Да,имаат право на тоа.Ама,има некои кои прават работи кои не смеат да ги прават на часови.Тоа вклучува проверување на на ФБ страни,листање списанија и пиење кафе додека пак на учениците им е кажано дека не смеат.Или велат дека прегледуваат тестови и читаат лекции,а горе ги начекувавме како пијат кафе,гнетат и оговараат.
     
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    5.591
    Пол:
    Женски
    Методи кои моите професори од средно ги применуваа во наставата:
    * делење лекција на делови, група ученици добива дел кој подоцна го презентира
    * читање и подвлекување белешки од лекцијата како најважни делови од истата
    * самостојно читање на лекција и одговарање на прашањата во учебникот после неа
    * спремање лекција дома од страна на ученикот која ќе ја раскаже наредниот час пред цел клас, за плус за активност
    * учење нов материјал од power point презентации однапред направени од ученици, исто за плус за активност...
    .
    .
    .
    Дел од овие методи потикнуваат тимска работа, но ретко отвараат дискусија затоа што за дискусија се потребни аргументи. За ученик да биде способен да даде критичко мислење на тема освен напишаното во учебникот, треба да го слушне и професорот со свое лично излагање. Тоа кај нас беше редок случај.

    Сите погоре наведени методи не бараат време за подготовка однапред, чинам затоа и беа омилени меѓу моите професори. Не сакам да кажам дека немаше такви кои учителската дејност си ја извршуваа како што им доликува, туку дека за жал, беа малцинство. За нив секогаш имав и ќе имам пофални зборови.

    Но, за поголемиот дел кои поминаа како просветни работници низ моето образование, јас лично сметам дека не заслужуваат повисоки примања во ваква ситуација.

    Можеби плата од 25.000 денари е ниска за просветен работник, но плата од 12.000 денари е бедна за било каков работник.
    Прво покачување на минималната, па на сите други.
     
    На BlackNight, cresa-jagoda, ForeverYoung и 3 други им се допаѓа ова.
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Има. И сега треба да не ни ја зголемат платата поради тоа? Платата на просветата треба да се зголеми. А тоа кој и колку си ја работи работата е друга тема. За тоа постојат директори. Жалете се кај ниив за конкретни професори. Ако не ви успее има Совет, има општина, министерство за образование, собирајте потписи за бркање. Каква врска има платата со тоа што поединци не си ја работеле работата.
     
    На sierra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.243
    Пол:
    Женски
    Не заслужуваат,со многу малку исклучоци.
     
    На cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.747
    Допаѓања:
    129.146
    Пол:
    Женски
    На факултет сум.И тогаш имаше побуни и сега,но џабе е.
    Извини,ама градежните работници,келнерите и садомијачите се оние кои заслужуваат да добијат покачување на платите бидејќи се мачат,а наставниците не.Дури треба да им се намалат платите.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Јас бев сведок на собирање петиција од страна на родители за бркање на прпфесор. Петицијата беше успешна.
    Драга, секоја професија заслужува да биде платена. А да сакаш нечија плата да биде намалена или да не се зголеми е злоба. Факт!
    После вакви твои одговори излишно е да дискутирам со тебе. Се надевам дека ти утре ќе бидеш добро платена. Поздрав и секое добро.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.747
    Допаѓања:
    129.146
    Пол:
    Женски
    Не е дека сакам.Не сакам.Коментирав претходно,треба да бидат платени по заслуга.Кој работи добро треба да добие покачување,ама кој не,не заслужува ни денар.Мрзливци и лошотилаци уништуваат благородна професија.Тие не заслужуваат награда.
     
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Платите треба да се зголемат за сите. А тој што нема да си ја сработи работата треба да биде казнет со одреден процент на плата. А забушанти во работата има и во приватните фирми. Сум работела и таму. Кај нив важи правилото: јас нема да сработам ама ќе те наместам тебе. Млада си, ќе работиш и ќе видиш.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.747
    Допаѓања:
    129.146
    Пол:
    Женски
    Нема да биде фер за сите.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.338
    Допаѓања:
    90.039
    Пол:
    Женски
    Ако не можеш да знаеш како е во други училишта,тогаш не тврди дека децата не доаѓаат.
    Второ припремата за час дома не влегува во ефективно работно време.
    Од 15.08 сте на работа, зошто овој летен период не го користите за припрема за час?
    Дали имате евалуација за успешност на просветниот кадар?!
    Нема.
    Генерално успехот кај учениците е многу слаб,на сите тестирања,тоа говори за слаб систем и слаб кадар.
    На страна тоа.Друг е проблемот на кој посочувам.
    Зошто школската год.да биде продолжена поради тоа што сега сакате да почнете да штрајкувавте ?!
    Децата ќе губат часови, зошто да губат?
    Зошто не почнавте на 15.08 па до почетокот ќе имаше време да се договорите.
    Зошто преку грб на децата,срамота е тоа за воспитно образовната професија да ги користи децата за да дојде до покачување на плати!
    Нека ги покачат платите,ама требаше летово, не сега.
     
    На Doozy, fana, EMMA EMILY и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.634
    Допаѓања:
    174.889
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е на режија. Нема норма.
    Празници Не работат.
    Прва сабота во месец работат, другите не.
    Не велам дека 'обичните шивачки' во истата конфекција не земаат по 14.000 плата ( меѓу кои има и со високо образование) , но еве мајка ми како шивачка на 'потешки операции' со основно образование зема толку ( малку повеќе од просветен работник). Лошо.
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.190
    Допаѓања:
    16.434
    Не ефер, повеќето работат и државно и приватно и земаат пари.
    ШТО УШТЕ САКААТ?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.338
    Допаѓања:
    90.039
    Пол:
    Женски
    Мајка ти има вештина која се плаќа и од која зависи производство,и надвор би била платена.
    Така и треба да биде.

    Ама знам текстилен инжењер кој зема 17.000 ден.во приватна текстилна фабрика.:(
    Нека ги зголемат платите и на просветните работници,немам против.
    Но начинот не е во ред.
    Штрајк на штета на децата.
     
  17. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    A volonterite koi ja rabotat istata rabota i ne im plakaat nisto, i dobivaat samo vetuvanja ovoj mesec, ne naredniot i taka trae i trae... Ne partiski oboena... Moze da bev, ke bev veke so nekoj status no vaka ne . No ete ke se ponadevam uste malku.
    I da ima prosvetni rabotnici koi zasluzuvaat mnogu poveke, a ima i takvi koi definitivno si ja zgresile profesijata. Resenie nema, ponekogas vodeno i od peticija i od roditeli za sankcioniranje na takov kadar
     
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Не почнавме сите со работа од 15.8. Тие што имаат 20 години стаж, да, почнаа од 15.8. Колку повеќе стаж-толку поголеж одмор.
    Ајде размисли логички. Дали е ефективно ти да ги спремиш наставните подготпвки, кои како што веќе кажав-претставиваат подоготовка и осмислување на тие 45 мин од часот. Спремаш замисли 500 подготовки, бидејќи годишно да речеме остваруваш толку часови. Што би било подобро? Подготовката да ја спремиш ден пред одржување на часот или преку лето? Моето искуство вели подобро воопшто прави подготовка отколку да правиш преку лето.
    Си имаме ние друга работа за во лето, а тоа се: изготвување на наставен глобален план, план за ИКТ, план за МИО, пан за додатна и план за дополнителна настава, запишување на ученици (прв, втор, трет уписен рок), рангирање на ученици, сортитрање на ученици на кои им следува превоз и на кои не им следува. Подготвување свидетелства, дипломи, пополнување главни книги, пополнување електронски дневник, проверка на дневници, распредечба на часови, подготвување на распоред...... и што уште не веќе ми се смачи да пишувам.
    Уште ова ќе кажам и веќе не коментирам, бидејќи наместо дискусија прераснува во други облици:
    Нека не ни ги зголемат платите и учениците нека останат неписмени. Браво имтелегенцијо! Барајте начин за да има ефективно образование, а не начин да не ни ги зголемат платите. На погрешна врата сте! Поздрав.
     
    На ines.h и sierra им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.338
    Допаѓања:
    90.039
    Пол:
    Женски
    Добро вие помладите почнавте на 12.08.
    Колку часа дневно сте на работа летово?!
    Од 1о-12ч. или 20 минути ?
    Треба да се биде реален.
    Јас бев еден дел од образовниот процес,пред 7 год.на замена во основно училиште,бев и во градинка и од љубов кон работата,работев 9 месеци без плата,замисли.
    Добро ги знам работите.
    Не треба да се оправдуваш колку многу работите, едноставно тоа ви е работа,секоја работа има своја тежина и одговорност.
    Кога има љубов кон работата,амбиција,тогаш имаш ефикасно образование.
    Не е секој за оваа работа,ниту пак оваа работа носи голема заработувачка.
    Повторно ќе кажам нека ви ги зголемат платите и 50% ако тоа влијае нашите ученици да не се најслаби во регионов ,ама штрајк на штета на децата и да ги користите како жив штит,тоа не е начин.
     
    На Mimmi39, An-na, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  20. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Ако толку те интересира јас почнав на 7.8.
    Постарите знаат да седат 20 мин и нивната работа да ни ја тупнат нас младите оти сме биле млади, па така сум останувала и до 3 на работа. Јас не сум член на СОНК и немам никаков удел во нивните работи и одлуки. За штрајкот разбрав исто како тебе-од медиумите. Затоа немој да ме обвинуваш како да сум водач на штрајкот, кога не сум ни дел од него.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.