1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наставниците бараат 25% покачување на платите, на 2 септември предупредувачки штрајк

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 25 август 2019.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    27.263
    Побогу овие наставнициве со статусите и мислењата се...
    Став "ја заслужувам се оти сум наставник".
    Браво,ако не ви чине,откажете се.
    Со штрајкот,како и се во оваа држава,нема да ги биде.
    Ретко кој штрајк успеал.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.339
    Допаѓања:
    90.059
    Пол:
    Женски
    Е сега веќе се разбираме и се согласувам со тебе дека помладите имаат повеќе ентузијазам за работа,а постарите го злоупотребуваат тоа,а во пензија не одат.
    Старите мрзливи немаат 5 работни саати работено летово.
    Потребна е евалуација и чистка.
    Тебе ти се работи,сакаш да ти имаат децата резултат,ќе се трудиш и резултатот ќе дојде.
    Ама се додека има екипа на наставници/ професори кои одат на работа и ке ви ја тупнат работата на вас помладите, зошто не знаат на компјутер или нешто ги боли ,и со 1000 еур плата нема да имаме ефикасно образование.
    Само евалуација на кадарот,( на кој вие младите треба да инсистирате)и кој нема резултати, чистка.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Платите на мнозинството во државава им се мали.
    Тоа никој не го спори.
    Ама пак и квалитетот е битен.

    Во државни фирми, како што веќе реков, а и сите знаете, повеќето се вработуваат оти се пријатели или роднини на ојле-дојле, а не оти се квалификувани и способни.
    Рачунај да имаш приватна фирма, внук ти ќе го вработиш, кој е мрза, ништо не фаќа и наоколу се фали дека работи таму-и таму, или некој кој е со добри квалификации, одговорен и работлив?

    Многу е прост проблемот, а воедно и комплициран, оти ние не знаеме поинаку.
    Ќе се навратам по милионити пат на разликата меѓу словенците и македонците.
    Исто бевме во Југославија, исто живеевме во квази-комунизам, ама кај се сега словенците, а кај ние?
    До културата на еден народ е, до ништо друго.
     
    На Feminka192, Doozy, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.806
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Јад мислам тие подготовките на час да не ги потенцирате премногу со оглед на тоа дека исти работи повторувате 20 години и лекцијата пак ја читате пред да влезете на час што е малце срамно, а тоа дека плаќате од свој џеб тестови и не знам што, тоа на друг да го лажете
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Па и јас тоа зборувам цело време. Се потценува просветителската професија со толку ниска плата. Ако после покачувањето не се мотивираат за работа нека се спроведуваат казни. Два пати нека ги удрат на платата и третиот пат-црвен картон. Доволно е двајца-тројца да избркаат и казнат и сите ќе почнат да си ја работат работата. Меѓутоа тоа не е доволно за да се подобри квалитетот на образованието Потребно е реновирање на училиштата, работни средства, не постојат учебници по некои предмети и на крај - поголема свесност на родителите за нивните деца, бидејќи многу родители не можат да прифатат дека нивното дете згрешило за нешто и дека не може нивните деца да бидат секогаш најдобри и дека баш поради тоа постои оцена од 1 до 5, постои и повторување на година. Кој денес повторува година? Еднаш на 10 години повторува дете со татко алкохоличар и болна мајка. Да, тоа дете заслужило да ја повтори годината, не велам дека не, ама заслужиле и многу други, само за ова дете нема кој да се побуни во училиште, нема кој да се закани на професорите. И ќе повтори година оти некој некогаш мора.
     
    На sierra и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Kaмо да се сите вака темелни и посветени и инвентивни. И тоа не само во просветата, туку секаде.
     
    На 1992g му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.806
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Какво повторување на година што зборуваш! Методи од 12ти век и барате покачување на плата? Неуспехот на детето е апсолутна вина на школото, школото не пронашло индивидуален пристап кон детето, сите ги редите во ист калап и очекувате сите да имаат ист успех, школото треба да се прилагоди на детето, а не детето на школото. Свесна ли си ти што без срам поддржуваш повторување година, кој стрес е тоа за децата? Јас ти гарантирам дека ниедно дете кое би повторило година не би се мотивирало да учи, напротив би западнало во депресија. Пак ќе ја спомнам финска, до 16 години немаат оценки а не пак повторување година. Уште покачување бараш. Намалување на плата, па и одземање на лиценца никогаш да не ви се дозволи да работите со толку ранлива група како што се децата во развој. Секој стана наставник денес Што читам, боже
     
    На An-na, Feminka192, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  8. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    11.776
    Ајде ви се молам, овие задачи ги има и докторот и правникот и инженерот. И докторите имаат еден куп административна работа за секој пациент, значи по прегледот тоа треба се да се внесе електронски. И правникот колку подготовки има пред да излезе на состанок со клиент - и тој отвара книги, чита последни измени во закони, точки и подточки. И инженерот пред да направи проект - истражува, пресметува, мисли.
    Не е само плукни залепи. Тоа што се жалат наставниците на подготовките...мислам, што сакаат? Да предадат лекција само и после да си дремат, кафе да пијат и да озборуваат по канцеларии?
    Кој нема подготовка за работа знаете ли? Само работите позиции од ниски профили - продавачки, пекари, келнери, магацонери и сл. Зашто нивната работа е механичка, не бара претходно знаење, ама и платите им се ниски, работното време хпл, работат и викенди и празници и лето и зимо. Наставникот на Бадник се седи дома со фамилијата, а продавачката работи и тој ден до 4.

    А тоа што велите да им се покачат платите - па после ако не работат да се казнуваат...што мислите колку ќе биде ефективно во нашата држава? Секој на некој е роднина, другар, кум или трет братучед, каква инспекција, какви казни бе луѓе?
    Со казни ќе се мотивираат да си ја работат работата?
    Ако до тоа дереџе сме дојдени, да наставниците се мотивираат со казни - шта речи...
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.806
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Професорите за да се мотивираат дајте им поголема плата. Па и децата можи ќе се мотивираат да учат повеќе, стајте им 5ки на сите, па одпосле ако не учат ќе им ги симните оцените.
    А не оваа погоре збори дека требало да повторуваат година. Ама дајте им поголема плата...
     
    На wendy2 и fina erika им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.751
    Допаѓања:
    129.158
    Пол:
    Женски
    Каква мала плата,бе? :rofl::rofl::rofl:
    Мала е до 15,17 илјади,а над 20 илјади е доволна плата за наставник.
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda, wendy2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Нека се исфилтрира кадарот и нека бараат покачување.
    Вака со сите партиски попчиња на чело ,преберени од штаб, и не заслужуваат многу.
     
    На Nausicaa, Peperutce1115, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Да не се лажеме дека не треба да им се зголемат платите.
    Ама не 25%.
    Што фалеше на предлогот од 5% покачување ?
    Тие се под Буџетот.Знаете ли колкаво оптоварување е тоа ?
    На 22 000,00 колку што е просекот на просветните работници, зголемувањето е 5.500,00 од наставник.

    Во Законот за основно образование, во чл.38 вели:

    Во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитнообразовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат, за време додека трае штрајкот.

    Значи, кој сака да штрајкува-нека си штрајкува, НО мора да има наставници кои ќе го одржуваат континуитетот.
     
    На fina erika, EMMA EMILY, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Абе сите заслужуваат да поминат година. Со помината година и ниски плати ќе тргне нагоре образованието! Браво :clap:, како смислувате вакви одлични решенија.... затоа отиде се' во провалија... штета... (facepalm) Не знаете од каде смрди рибата
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    А извини, да те прашам: која мерка би била ефикасна и правилно спроведена во нашата држава? Без разлика кој е на власт. Бркање? Ок, ајде, а знаете кој ќе биде избркан?
    Власта не е крива, работникот е крив.
    Ама ок, лета магарето-лета. Тоа е, не ќе се објаснуваме до бескрај. Нема поента.
     
    На fina erika и sierra им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Па пола и поише вака не работат не па платите ако им ги качат.
    Моиве професори ниеден не нѐ мотивирал со поголема оценка за да учиме поише, зашто они да бидат мотивирани со поголема плата?
    Па прва ќе се бунам во понеделник, пошто знам кој заслужува кој не заслужува.А само 2-3ца заслужуваат.
     
    На Golden, cresa-jagoda, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Од каде оволку омраза према професорите, се читате ли ?
    Ако вака говорите за истите и пред вашите деца, а претпоставувам дека е така, не ме ни чуди што еден професор во својата училница нема ни трошка авторитет и глас.
    Срамота.
     
    На fina erika, oblace1, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.177
    Допаѓања:
    178.242
    Сеуште ништо не се знае
    до петок имаат време од владата да кажат дали прифакаат ако не од понеделник штрајк
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Јас не знам каде и во какви улилишта сте учеле, ама јас кога учев, а тоа не беше далечно минато, туку пред само 9 години, имав само двајца професори кои не си ја работеа работата.За останатите грев е да се пожалам. Секој си добиваше оцена колку што знае. Ако имаше двајца-тројца на кои ќе им беше поклонета по некоја оцена. А денес гледам дека се сменати работите затоа што сите поминуваат одлични. Од клас со 36 ученици 28 поминуваат одлични, 6 многу добри и 2 добри. Доволен нема во цело училиште. И сето тоа е така поради притисоците, врските и заканите кои се вршат на професорите. Јас не знам како не те мотивирале со повисоки оцени кога ете сите врват одлични... освен ако си постара генерација, ама па тогаш ретко кој професор не си ја вршеше работата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    4та ќе сум.
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.103
    Допаѓања:
    174.286
    Пол:
    Женски
    И јас сум била ученик и јас сум јадела лајна за наставници и професори пошто ... Хормони, сите "ребле" бевме, баѓи зачинети дури. Дали има професори кои не заслужуваат да бидат таму? Да. Дали голем дел си ја вршеа работата? Исто така да.

    Сериозно не сфаќам шо треба да напрат, на гла да застанат и сите деца да се совршени и 5каши? Па родители, не е до наставникот, до детето е. Ако стилот на предавање не одговара на секој или едноставно преферирате друг - не е крив наставникот. Као, се сеќавам и основно и средно наставници знат кои деца учат и ги мотивираат доволно за да продолжат. Остаток од часови се фокусираа на деца кои не учат, за да почнат да учат. Е са тука сфаќам децата да јадат лајна за такви наставници, и јас математика кога ќе ме станеше на табла барав агол кај шо нема да ме гледа кај шо рачунам на прсти и после дома зборав како професорката е без разбирање, само вика, не објаснува, а јас дома книга не сум фатила. И вервам ова е вистината за повеќето деца.

    Од друга страна мислам дека ова не е исправно. Во мои очи децата кои се квалитетни треба уште поќе да се шуткат напред, а не да пробваме да шуткаме мрзи кои неќат ни домашно да напишат. Ама пошто наставниците сакаат шо поќе деца да им поминат со солидна оценка, во мое искуство, се грижеле сите да сфатат барем основата од денешната лекција. Бар подолу од 3 да не мора да пиши. И во ред е.

    Тоа не значи дека нема наставници кои лошо си ја вршат работата, имало, има и ќе има. Ама не треба да се казнат останатите со непокачување на плата, туку овие кои не заслужуваат да се во училиште треба да бидат казнети соодветно. Зошто и овие кои ги бива ќе станат исфрустрирани и после нема да има воопшто квалитетен кадар во државава. Од инает. А, како велат, на гла се качвал.
     
    На senjorita-v, M.B., Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.